Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Децата во Северна Македонија се сè поизложени на повеќе климатски закани истовремено. Мнозинството од нив се погодени од топлотни бранови, суши и загаден воздух, според новиот глобален извештај на УНИЦЕФ, се наведува во денешното соопштение. – Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 година открива дека заканите што доаѓаат од климатските промени се широко распространети во Северна Македонија и веќе влијаат врз здравјето, развојот и ...
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил. Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е ...
Oбразовниот систем денес е распарчен, бирократизиран и брутално партизиран. Лабораторија за политички експерименти на ВМРО, на штета на учениците и просветните работници. Се носат закони со сериозни штети врз образовниот систем и квалитетот на oбразованието со кои уште повеќе ќе се зголеми одливот на млади кадри од државата. Училиштето е сведено на фабрика за оценки, факултетот е често само чекална за Бирото за вработување или биро за ...
Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, соопшти Царинската управа. При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со ...
Натпросечно топло и посушно лето најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Според анализите, во текот на летото се очекува температурите да достигнат натпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа. На територијата на Македонија надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да ...
Мицкоски лаже ама бројките ја кажуваат вистината. Во време на СДСМ или поточно од 2021 до средината на 2024 година се исплатени вкупно 30 милијарди денари за субвенции за земјоделците. Во последните две години од мандатот на СДСМ се исплатени 20 милијарди евра. А во време на ВМРО, за две години само 15 милијарди денари. Не може помалку да биде повеќе, ниту обратно. Овие бројки и податоци се јавно објавени и достапни на Платежната агенција. ...
Трите малолетни деца кои вчера беа пронајдени во бессознание биле донесени во Општа болница Куманово каде и биле прегледани од педијатар и од интернист. Во болницата ги донела екипа на Итната медицинска помош во придружба на полициски службеник, откако биле пронајдени вчера на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. Од болницата информираат дека при приемот децата биле стабилни, но во запуштена состојба, свесни, со проширени зеници и ...
Шведска го победи Тунис со 5:1 рано утрово во Монтереј, Мексико, во нивниот прв натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Стрелци на головите за победничката репрезентација беа Јасин Ајари (два), Александар Исак, Виктор Ѓекерш и Матијас Сванберг. Единствениот гол за Тунис е дело на Омар Рекик. Шведска е на врвот на групата Ф со три бода, Јапонија и Холандија имаат по еден, Тунис е на четвртото место без освоен бод. Во ...
Ако сте љубители на традиционалните јадења со богат вкус, оваа мусака со модар патлиџан и мелено месо е одличен избор. Сочните слоеви од печен патлиџан, ароматично месо и кремаст прелив создаваат совршен спој кој ќе ги воодушеви сите на трпезата. Состојки: 2 поголеми модри патлиџани 500 грама мелено мешано месо 2 свежи домати 3–4 лажици доматно пире1/2 главица кромид 1 праз (белиот дел) маслиново масло сол по вкус мелен црн бибер по вкус 1 ...
Италијанската актерка и поранешна манекенка Моника Белучи нагласи дека не вреди убавината доколку немаме талент за глума, а годините се само бројка. -Искрено, не ме интересираат годините. Бесмислено е да се бориш со времето кога веќе знаеш дека ќе изгубиш. Треба да среќни што старееме, особено ако сме опкружени со луѓе кои ги сакаме и нè сакаат. Работите поради кои се чувствувам жива и кои не го одразуваат минувањето на времето се моето ...
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер најави дека владата ќе воведе забрана за користење на социјални мрежи за деца помлади од 16 години. Тоа претставува една од најстрогите мерки во областа на заштита на малолетниците во дигиталниот простор. Стармер денеска истакна дека социјалните мрежи можат да имаат сериозно негативно влијание врз менталното здравје на децата и оти пласираните содржини често носат ризици од зависност. Тој нагласи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е постигнат мировен договор со Иран. Претходно договорот го објави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој посредуваше меѓу двете завојувани страни. „Договорот со Исламската Република Иран е постигнат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“. Засега не се познати конкретните услови од договорот. Шариф изјави дека тој предвидува „итен и траен прекин на воените операции на сите ...
Цените на нафтата денеска забележаа пад на азиските берзи откако беше објавено дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства. Цената на нафтата од типот „Брент“ се намали за 3,8 проценти на азиските берзи, на 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта поевтини за 4,1 процент, на 81,40 долари за барел. За договорот за прекин на огнот првично соопшти Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање крај на ...
Германија, Франција, Обединетото Кралство и Италија изразија подготвеност да помогнат во обезбедување слободна пловидба низ Ормуската Теснина, вклучително и нивно учество во евентуална таква мисија. Во заедничката изјава на германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и италијанската премиерка Џорџа Мелони, се наведува дека итното отворање на Ормуската Теснина за „безусловна и ...
Хуманитарната организација „Оксфам“ ги критикуваше земјите од Групата седум (Г7) поради намалувањето на буџетите за развојна помош, оценувајќи дека станува збор за најголемите кратења во историјата на групата. Во пресрет на самитот на Г7 во францускиот град Евијан на Женевското Езеро, организацијата соопшти дека средствата за развојна помош биле намалени за 48 милијарди долари во периодот меѓу 2024 и 2025 година. Истовремено, според ...
Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Луксембург треба да разговараат за нови санкции против Русија и за дополнителна поддршка за Украина. На дневниот ред се и конфликтот на Блискиот Исток, како и односите на Унијата со Кина. Се очекува министрите да одобрат санкции против уште десетици бродови кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“ – термин што се користи за танкери и за товарни бродови кои Москва ги ...
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по израелските напади врз цели на „Хезболах“ во Бејрут, јавуваат медиумите повикувајќи се на извори запознаени со разговорот. Разговорот се одржал само неколку часа пред очекуваното потпишување на договорот меѓу САД и Иран, додека Трамп претходно јавно ги критикуваше израелските напади. „Израел повеќе не би требало да изведува напади никаде ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска го поздравија постигнатиот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија. Во соопштението објавено од Европската комисија, Фон дер Лајен оцени дека договорот треба да овозможи итно повторно отворање на Ормуската Теснина. Таа изрази очекување дека договорот ќе придонесе и за ...
Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа го прослави својот 80. роденден со поздравување на прелиминарниот договор за прекинување на конфликтот со Иран и со организирање спортско шоу на Јужниот Травник на Белата куќа. Трамп со недели ја најавуваше претстојната спогодба, а последните дипломатски чекори во конфликтот речиси го засенија настанот организиран од УФЦ (UFC), во кој борците, затворени во метален осмоаголен кафез се обидуваа да ...
Врховниот совет за национална сигурност на Иран објави денеска дека го финализирал договорот со Соединетите Американски Држави, со одобрение на врховниот лидер на земјата Моџтаба Хамнеи, јави ДПА. Соопштението на Советот со ваква содржина денеска беше објавено од страна на иранската новинска агенција „Тасним“. Преговорите завршија вчеравечер, прецизираа од Советот. Според соопштението, рамковниот договор предвидува итен прекин на борбените ...
Првите реакции на бродските компании за постигнатиот договор за завршување на војната на Блиски Исток и за планираното повторно отворање на Ормуска Теснина се поделени. Германското здружение на бродосопственици ВДР соопшти дека останува да се види дали договорот помеѓу САД и Иран за завршување на војната и повторно отворање на Ормуска Теснина всушност ќе овозможи безбеден премин низ клучниот бродски пат. – Сепак, ние сме претпазливо ...
Албанскиот премиер Еди Рама денеска предупреди дека протестот против инвестицијата во Зврнец и Сазан се на штета на имиџот на Албанија и на туристичката сезона, хранејќи ја „негативната и лажна перцепција за земја еколошки непријателска, негостољубива за странски инвестиции и небезбедна за туристите“. Во реакција на социјалните мрежи, Рама наведува дека протестите повеќе не се поврзани со Сазан или Зврнец, бидејќи целата документација за ...
Министерството за надворешни работи на Србија доцна синоќа соопшти дека го примило соопштението на МНР на Црна Гора и оцениле дека тоа претставува „потврда за хибридната природа на постапките на одредени кругови во Црна Гора кон политичкиот живот на Србија“. „Наместо вакви груби и во суштина неиспровоцирани најави и јавни навреди и обиди за замолчување, јасно насочени кон идејата за прекумерно влијание врз политичкиот живот на Србија, ...
Голем пожар избувна утрово во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград и засега нема информации за повредени. Пожарот го гаснат 30-на пожарникари со 10 противпожарни возила и се обидуваат да спречат да се прошири на други објекти. Трговскиот центар е од полуотворен тип со околу 400 локали. Жителите на околните згради се предупредени да ги затворат прозорците. Густ црн чад е видлив од неколку делови од градот. МИА Голем пожар избувна утрово ...
На социјалната мрежа Фејсбук се забележани нови кибер-напади насочени кон кражба на лични податоци и кориснички сметки, при што измамниците користат внимателно осмислени манипулативни пораки со цел да ги доведат во заблуда корисниците, предизвикувајќи панични реакции. Според првичните информации, станува збор за психолошки манипулации, при што жртвите се наведуваат да поверуваат дека нивните профили се соочуваат со трајно бришење. Овој тип на ...
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Минатата недела како да се споија во ист период три-четири работи коишто ги работиме 10-тина години наназад. I. Инвестициона платформа 1. Премиерот на средбата во Комора со здружението за градежништво и потпретседателите на комората, званично обелодени дека од 1 септември ќе профункционира инвестициониот пакет на кој работиме веќе една година, како заедничко тело на ...
Во 2025 година, деловните субјекти изградиле 3 733 станови, чија просечна корисна површина е 75.2 м2, од кои 3 677 се во индивидуална сопственост, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу се градело во Скопскиот регион. Изградени се вкупно 1 852 објекти со вкупна станбена површина од 280 644 м2, а вредноста на извршените градежни работи изнесува 44.5 милијарди денари. Индивидуалните сопственици, пак, извршиле градежни ...
Горивата од полноќ поскапуваат од половина до два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи бензините да поскапат од 1,5 до 2 денари за литар, а дизелот за половина денар. Поевтинуваат екстра-лесното масло за домаќинство и „мазутот“. Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува за 1,50 ден./литар и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар, а „евросупер БС-98“ поскапува за два денари и новата ...
Прометот од продажбата на услугите е намален за 1,8 отсто во првото тримесечје од 2026 година во однос на истото тримесечје претходната година, соопшти Државниот завод за статстика (ДЗС). Во првото тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од 2025 година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 5,5 отсто има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најголемо намалување од 4,8 проценти во ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од ...