Торонто е најмултикултурен и најкосмополитски град во светот, каде живеат и се интегрирани луѓе од сите краеви на светот. Во главниот град на канадската провинција Онтарио бројни се имигрантските заедници, кои непречено ја негуваат традицијата и културата на земјата од каде потекуваат, а најчесто тоа е преку верските објекти. Речиси да нема кварт во која нема верски објекти, како на најголемите религии, така и на некои помали религиски групи. ...

Кошаркарите на Германија се првите финалисти на Евробаскет 2025 откако попладнево во првото полуфинале ја совладаа Финска со 98:86 (30:26; 31:21; 20:26 и 17:13). Во второто полуфинале вечерва играат Грција и Турција. Кошаркарите на Финска подобро го почнаа натпреварот и поведоа со 14:6, но потоа на сцена беа играчите на светскиот првак Германија и до крајот на првиот период Германија го презеде водството – 30:26. На крајот на првиот дел беа и ...

СAД го суспендираа на неодредено време планираниот стратешки дијалог поради загриженост во врска со дејствијата на Владата на Косово кои ги зголемија тензиите и нестабилноста, ограничувајќи ја способноста на САД продуктивно да работат на заедничките приоритети, соопшти Амбасадата на САД во Приштина. -Нашиот однос со Косово се темели на заедничка цел: зајакнување на мирот и стабилноста како основа за меѓусебен економски просперитет. За жал, ...

Социјалистот Нико Пелеши, кој беше единствен кандидат, доцна попладнево е избран за претседател на новиот албански парламент. Со тајно гласање тој доби 84 гласови од 87 пратеници колку што учествуваа во гласањето. Опозицијата, која беше против името на Пелеши да биде на оваа функција, го бојкотираше гласањето и наместо гласачко ливче, Сали Бериша, фрли транспаренти против владата „Рама 4“ во гласачката кутија, но не успеа да го попречи текот на ...

Тропската бура „Марио“ се формираше денеска покрај мексиканскиот пацифички брег и се очекува да донесе ветер, дожд и ненадејни поплави, соопштија метеоролозите. „Марио“ беше опишан како „мала бура“ во утринското предупредување на Националниот центар за урагани, но имаше максимална брзина на ветровите од 64 километри на час. Тропска бура беше прогласена за делови од државата Мичоакан. Таа ја зафати областа од Лазаро Карденас до Пунта Сан Телмо. ...

Одлуката за климатската цел на Европската Унија за 2040 година, планирана за следната недела, е одложена, објави данското претседателство со ЕУ денеска. Овој потег дојде откако германскиот министер за животна средина Карстен Шнајдер се откажа од своето барање министрите за животна средина на ЕУ да одлучат за целта овој месец. ЕУ претходно си постави цел да стане климатски неутрална до 2050 година. Во јули, Европската комисија предложи да се ...

Собранието попладнево во рамки на 68. седница без расправа и едногласно донесе повеќе закони, сите во второ читање. Донесени се измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, на Законот за социјална сигурност за старите лица, на Законот за инвалидски организации и на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци. Пратениците ги изгласаа и измените на Законот за ...

Со Законот за контрола на индустриски емисии, што го изгласа денеска Собранието, заклучоците за Најдобри Достапни Техники (НДТ) од европските директиви стануваат обврзувачки за домашните индустриски капацитети. Тие ќе мора да ги усогласат своите услови за работа како и постојано да ги намалуваат негативните влијанија врз животната средина. Во изјава за МИА, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, вели дека се ...

Скопјани попладнево излегоа на протест во Аеродром, револтирани од енормното загадување кое последниве недели го чувствуваат на своја кожа. Причина за незадоволството се честите пожари на депониите Дрисла и Вардариште, кои дополнително го влошија квалитетот на воздухот. „Тешко се дише, секојдневно живееме во магла од чад и отрови,“ велат граѓаните кои побараа од надлежните итно да преземат мерки. Криминалистичката полиција денеска разговараше со ...

Светското првенство во атлетика што се одржува во Токио стартува утре и ќе трае до 21.септември. Двајца македонски претставници ќе бидат дел од светскиот атлетски самит. И двајцата ќе трчаат на маратонските трки. Прва ќе настапи Адријана Поп-Арсова Рашиќ на женската маратонска трка која ќе се одржи на 14.септември – недела наутро. На стартната листа на машката маратонска трка ќе се појави и нашиот олимпиец и македонски рекордер во маратон Дарио ...

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, кој е идентификуван како Тајлер Робинсон (22), е уапсен, потврди шефот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута, е уапсен 33 часа по убиството на Чарли Кирк на Универзитетот Јута Вели. Властите потврдија дека член на семејството му кажал на семеен пријател дека Робинсон наводно имплицирал дека го извршил злосторството, а потоа тој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин „истекува“ и најави нови остри економски мерки против Москва поради застојот во мировните преговори со Украина. – Некако ми снемува трпение, и тоа со забрзано темпо. Ќе има тешки удари преку санкции кон банките, нафтениот сектор и преку царини, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Тој наведе дека неговата администрација веќе презела ...

Како одговор на нарушувањето на воздушниот простор на земјите членки на НАТО, Алијансата одлучи да ја започне операцијата „Источен стражар“ за заштита на своето источно крило, соопшти попладнево генералниот секретар на Пактот, Марк Руте. – Активностите ќе започнат во наредните денови и ќе вклучуваат низа мерки, изјави Руте на заедничката прес-конференција во седиштето на НАТО со врховниот командант на сојузничките сили во Европа, американскиот ...

Шеста година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра. На денешниот „Инвеститорски ден“ на Берзата се склучија вкупно 396 нормални трансакции што ...

Собранието попладнево со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите и за градоначалници на општините и на Градот Скопје. Декларацијата беше поднесена од претседателот на Собранието, Африм Гаши и координаторите на сите пратенички групи. Во неа, Собранието изразува натпартиско единство за одржување на фер, слободни и демократски избори што заедно со владеењето на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е приведен осомничен за убиството на неговиот соработник Чарли Кирк. – Мислам, со висок степен на сигурност, дека го имаме во притвор, рече Трамп за време на гостувањето на телевизијата Фокс њуз. Трамп додаде дека осомничениот бил „некој многу близок со него“, и оти повеќе детали ќе бидат објавени во текот на денот, пренесува Си-Ен-Ен. Изјавата на Трамп доаѓа по дводневна потрага по ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан присуството на руските дронови во воздушниот простор на Полска го нарече неприфатливо, но додаде дека таквиот развој на настаните бил очекуван. Во своето редовно радио-обраќање, Орбан нагласи дека не смее да се занемари фактот дека инцидентот се случил токму во Полска. Орбан ја истакна силната врска меѓу двете земји, без оглед на моменталната политичка клима. Тој нагласи дека Полјаците се историски сојузници и ...

Кремљ денеска соопшти дека преговорите меѓу Русија и Украина за ставање крај на конфликтот се „паузирани“, без да се одреди точен датум за следната рунда преговори. – Комуникациските канали постојат, добро се воспоставени. Нашите преговарачи имаат можност да комуницираат преку тие канали, но засега би сакале да зборуваме за пауза, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг. Разговорите што се одржаа претходно годинава во ...

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во моментов вршат службени разговори со вработени во ЈП „Дрисла“ за да утврдат евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот на депонијата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција во близина на депонијата. Според информациите со кои располага, Ангелов ...

Постои голем интерес за субвенции за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Од нив, 2.375 апликации се поднесени од домаќинства со ниски приходи, а 1.579 од домаќинства во кои единствен приход е пензија. Министерството за ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави пред новинарите дека „едноставно мора да ги победиме до бесвест“ „радикалните левичарски лудаци“, по убиството на конзервативниот коментатор Чарли Кирк. Трамп зборуваше на јужниот тревник на Белата куќа, пред заминувањето за Њујорк, одговарајќи на прашања за неговата порака до конзервативците кои се чувствуваат нападнати од радикални групи. – Мора да бидеме храбри во животот. Имаме голема земја, но има ...

Швајцарските банки во 2024 година одбиле рекордни 35,5 отсто од барањата за потрошувачки кредити, објави порталот „Кредитферглајх“, повикувајќи се на податоците од централниот регистар на кредитни информации. Станува збор за пораст во однос на претходната година, кога стапката на одбивање изнесуваше 30,8 отсто, пренесе „Свисинфо“. Главна причина за одбивањето е недоволната солвентност на клиентите. Вкупната вредност на активните договори за ...

Матео Патроне, потпретседател за банкарство во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја посети Северна Македонија на 10 и 11 септември, во неговата прва официјална посета на земјата, по именувањето на оваа функција. За време на посетата оствари средба со Премиерот Христијан Мицкоски, Министерката за финансии и Гувернер на ЕБОР, Гордана Димитриеска Кочоска и Министерот за транспорт, Александар Николоски. Господинот Патроне потпиша и три ...

Европските берзи денеска бележат неусогласено движење, додека цената на златото повторно расте и се приближува до рекордни нивоа поради очекувањата дека Федералните резерви на САД следната недела ќе ги намалат каматните стапки, што ја зголемува привлечноста на овој благороден метал за инвеститорите. Европската централна банка вчера ги задржа каматните стапки непроменети и сигнализираше дека циклусот на нивно намалување е завршен. Претседателката ...

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашања до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кои се однесуваа на постојаното поскапување на цените, лошиот животен стандард на граѓаните, како и одбивањето на власта да ги покачи платите, во време кога трошоците за живот растат. Во продолжение, интегрален текст од прашањето: Македонија станува земја во која трудот не ...

Поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, не постапувале во интерес на јавната установа и на пациентите, туку во свој личен интерес и во интерес на приватни компании, и со своите дејствија ја злоупотребиле и поткопале довербата во здравствениот систем и јавниот интерес, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор за случајот Онкологија 2. Гоговска ...

ЈП Дрисла денеска преку пишано соопштение апелира до МВР да ги најде и санкционира потпалувачите на пожарите во депонијата, за кои, како што се наведува, има сомненија дека се политички мотивирани. Од Дрисла тврдат дека работат според предвидените процеси и стандарди и оти тие не се причина за загадувањето. – Апелираме до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои се ...

Денеска, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлог-законот за изменување на Законот за вино, поднесен од пратеничката група на СДСМ да биде ставен на дневен ред по скратена постапка. Со тоа, директно застанаа против дополнителната финансиска поддршка за лозарите од 3 денари по килограм грозје и против укинувањето на одредбата која дозволува 8% намалување на откупната цена. Ова е срамен и нечовечки однос кон 11.000 семејства кои егзистираат ...

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на местото на експресниот пат Штип-Радовиш, каде што комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталиска река. МИА претходно информираше дека во несреќата се починати тројца странски работници, додека двајца се повредени, од кои еден работник и вториот е возачот на комбито со струмички регистерски таблички од селото Иловица. Во соопштението од ОЈО-Штип се наведува ...

Филмот „Кристи“, напишан и режиран од Дејвид Мишо – како вистинска приказна за американската боксерка Кристи Мартин, одглумена од Сидни Свини, го има првиот трејлер. Инаку, Свини веќе со месеци го најавува филмот. Таа, за „Индивајер“ (IndieWire) изјави: – Кристи засекогаш ќе биде една од најинспиративните личности во мојот живот. Таа се соочи со огромни предизвици во и вон рингот, а нејзината приказна ме инспирираше повеќе од сè, и едвај чекам ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
42%
1024
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
68%
1026
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
50%
1028
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
47%
1025
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
7.46
45%
1023
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.45
67%
1028
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
6.26
43%
1019
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
35%
1021
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.75
35%
1023
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
6.17
49%
1020
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
10.8
62%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
5.66
88%
1020
Currency

61.6217

Currency

53.013

Currency

70.7967

Currency

34.3259

Currency

37.8165

Currency

66.0719

Currency

7.45118

Currency

0.65636

Currency

0.3488

Currency

0.526

Currency

1.27085

Currency

0.59728