Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет по основ на даноци и придонеси се собрани 3,97 милијарди евра што е повеќе за 268 милиони евра во однос на истиот период лани, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова. Како што информира Петрова, има пораст на приходите од даноци за 6,5 отсто и пораст кај придонесите за 8,7 проценти во однос на истиот период минатата година. -Трендови на пораст во однос на ...

Сите даночни резиденти во својата држава треба да го пријават и оданочат целокупниот свој доход остварен во други земји, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова. Според неа, воопшто што не се работи за ретроактивно оданочување, ниту за покривање состојби како немање пари во буџетот, туку за обезбедување фер и правично оданочување. -Не се работи ниту за некоја нова законска одредба која сакаме да ја ...

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието, поптврдуваат од Министерството за финансии (МФ). -Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5 проценти на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата. „Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе ...

Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички договор, висока сметка и раскинување на договор со наплата на казнени пенали, се најчестите причини поради кои граѓаните лани се обратиле до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) со барање за решавање спор. До регулаторното тело годинава пристигнати се 346 барања за решавање спор наспроти 363-те регистрирани во 2024 година, изјавија за МИА од АЕК. Од вкупниот број на донесени ...

Во новата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со петте експерти во Комората, кои со својата работа оставаат силен и препознатлив печат во коморското работење: м-р Анета Димовска, м-р Наташа Јаневска, д-р Татјана Штерјова-Душковска, м-р Игор Тасевски и м-р Михајло Донев. Во фокусот на разговорот со претседателот на СКСМ беа клучните аспекти од нивната работа, како ...

Народната банка ги објави информациите за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција за крајот на третиот квартал од 2025 година. – На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, ...

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска на прес-конференција ќе информира за објавувањето на првиот том од првиот Македонски етимолошки речник. Автор на речникот е проф. д-р Гоце Цветановски. – „Македонскиот етимолошки речник“ е од особено значење за македонскиот јазик бидејќи претставува научно втемелено сведоштво за историскиот развој на македонскиот јазик, нуди научно аргументирана анализа на потеклото на македонските ...

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште е предвидено сведочење на законски застапници на оштетените во случајот. На изминатото рочиште на предлог на обвинителството сведочеше сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката кој зборуваше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како и ...

Без струја денеска од 8:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата 27 во Белимбегово и од 9 до 15 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија во општина Илинден. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека без електрична енергија во периодот од 11 до 11 часот ќе останат и дел од корисниците на улицата Љубљанска во општина Карпош. МИА Без струја денеска од 8:30 до 15 часот ...

Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ: тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода. Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“. Томовски велеше „бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе ...

По усвојувањето на Резолуцијата за забрана на слободата на говор, по примерот на Декретот на Третиот рајх, ВМРО требаше да остави место во ова козметичко „средување“ на Владата и за најважната функција – министер за пропаганда, како што на Хитлер му беше Гебелс. Со тоа Владата целосно би се усогласила со владата на Третиот рајх. Местото за нивниот најважен нов/стар министер за пропаганда – Геро. Во новиот текст Геро, т.н. новинар и уредник ...

Во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март годинава избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени бил пронајден мобилен телефон со сим картичка. На почетокот на денешното рочиште, судијата Дијана Груевска Илиевска, информираше дека Судот добил известување дека во келијата на Јованов, кој се наоѓа во притвор во затворот во Куманово бил пронајден мобилен телефон Нокиа ...

Граѓаните се вклучија во борбата против корупцијата и криминалот, до Антикоруцпискиот тим секојдневно пристигнуваат пријави. АКТ веќе го објави скандалот за тендерот од 1,2 милиони евра кои го добива фирма БС КЛИНИНГ ДООЕЛ блиска до ЗНАМ од Пошта кој беше пријавен преку плтформата МИЦКО.мк Денеска ќе прочитаме наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. исто така доставено до нас, со основано сомнение за тоа како преку овој тендер се пумпаат ...

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ објави писмо од свиркач, вработен во Пошта АД, со сериозни наводи за испумпување јавни пари, поврзани со тендерот од 1,2 милиони евра во АД Пошта, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција. „Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ“, наведува свиркачот во писмото кое го ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесува нова претставка до Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поради навредливиот и недоличен речник кој Бранко Героски, одговорен уредник на порталот Плусинфо.мк, го користи во свој авторски текст со наслов: „Јебо вас ‘српски свет’, будали едни!“ Во наведениот текст, како и во повеќе претходни објави, Героски користи говор кој не претставува ниту критика, ниту ...

Со сослушување на сведоци законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Прва сведочеше мајката на починатиот 24-годишен Андреј, која низ солзи одговараше на прашања од Обвинителството. Пред таа кобна вечер, рече дека биле просечно нормално скромно семејство, а сега само ...

Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата. МИА Под ...

Грчките земјоделци на граничниот премин Евзони кон нашата земја и денеска, како и во изминатите два дена, го блокираат сообраќајот на сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време), јави дописничката на МИА од Атина. По пауза од четири дена за божиќните празници и за да го олеснат патувањето на граѓаните, земјоделците низ цела ...

Собранието денеска во рамки на 79. пленарна седница со 73 гласа „за“и еден „воздржан“ го донесе Законот за Судски совет. Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет. Клучни новини кои се предвидени со законот се јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за ...

Екипата на Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои Супер купот на Италија. Во финалето што се играше во Ријад, Саудиска Арабија ја совладаа Болоња со 2:0. Стрелец на двата гола беше Давид Нерес во 34.минута и во 57.минута. Елмас беше дел од стартните единаесет на овој натпревар, а на теренот мина 68.минути. За Наполи кој има четири шампионски пехари, ова беше трет освоен Супер куп. МИА Екипата на Наполи каде ...

Регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор вечерва во 20.25 часот е пуштен за сообраќај во целост, соопшти АМСМ. Сообраќајот кај клучката Манастирец беше пренасочен околу час и половина односно од 19 часот. МИА Регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец кој беше пренасочен по регионален ...

На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го ...

Од 9 часот утрово до 15 часот денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев во Кисела Вода. Од ЕВН Македонија АД известуваат денеска без електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. МИА Од 9 часот утрово до 15 часот денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев во Кисела Вода. Од ...

Со дополнување на доказната постапка и завршни зборови на обвинителството и одбраната, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје заврши судењето против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата. Пресудата ќе биде објавена на 29 декември. Во текот на ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. во својство на извршен член на oдбор на директори на Друштво за спортски дејности кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 4 и 5 в.в со ст. 1 од КЗ на Република Северна Македонија. Пријавениот В.Б., во ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, повика на континуирана поддршка за Украина, предупредувајќи дека Европа „ќе се соочи со зголемени безбедносни ризици доколку нејзината решителност се разниша“, објави ДПА. За да се спречи рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да нападне членка на НАТО, Украина мора да остане силна, рече Руте во интервју за агенцијата. Тој, исто така, ја нагласи потребата членките на НАТО да ги зголемат своите ...

Бугарските новинари и граѓани денеска протестираа пред канцелариите на приватната телевизија бТВ, која ја отпушти од работа истакнатата водителка Марија Цанцарева поради нејзин наводен политички активизам во емисиите и кршење на уредничките правила. Бугарската агенција БТА известува дека новинарите и граѓаните се собрале за да „ја бранат слободата на говорот и правото на новинарите да поставуваат прашања, наместо само да следат упатства“. ...

Секретаријатот за етика при албанскиот Парламент, денеска донесе одлука на шест пратеника на Демократската партија да им изрече казна исклучување од работата на Законодавниот дом во рок од 30 дена поради хаосот што го создадоа на последната пленарна седница, кога палеа факели и се судрија со обезбедувањето. Шестмината исклучени пратеници се Белинд Келичи, Фидел Крека, Албана Вокши, Фламур Нока, Клевис Балиу, Елда Хоти, додека 23 други ...

За оние, кои преферираат парадокс, кои бараат, но не разговараат кога ги повикуваме на дијалог, ќе повторам: оваа Влада нема да подлегне на уцени и од друга страна не можеме да бидеме пристрасни кон една општествена група на сметка на останатите, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница осврнувајќи се на протестите на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис изрази надеж дека ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
54%
1015
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
10.29
36%
1019
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
7.2
52%
1020
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
7.2
47%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
8.38
44%
1020
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
62%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
6.26
75%
1009
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
39%
1010
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
54%
1011
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
9.77
42%
1022
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
8.75
36%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
9.26
72%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Иридиум

258288.78

Цинк

3.19

Алуминиум

3.36

Бакар

11.49

Калај

47.03

Злато

166450.52

Родиум

366518.51

Паладиум

50058.71

Платина

66937.85

Кобалт

66.14

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51