Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Европската комисија денеска не ја исклучи можноста да обезбеди европско финансирање за центри во земји надвор од Европската Унија каде што би биле сместувани мигранти без право на престој во ЕУ додека се подготвува нивното враќање во матичните земји. – Подготвени сме да разговараме за зрели предлози – изјави портпаролот на Европската комисија на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања. Тој појасни дека земјите членки самостојно ...
Врховниот суд на Шпанија денеска го осуди поранешниот министер за транспорт Хосе Луис Абалос на 24 години затвор поради корупција, што претставува прва пресуда од серијата скандали кои ја засегаат владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија. Абалос беше прогласен за виновен по обвиненијата за учество во криминална организација, примање поткуп, злоупотреба на средства и за трговија со влијание. Обвиненијата се поврзани со местење ...
Европа оваа недела се соочува со нов топлотен бран кој веќе се засилува и ги принуди властите во повеќе земји да преземат вонредни мерки, меѓу кои се затворањето на училиштата во Франција и откажувањето на железнички сообраќај во делови на Белгија. Ова е втор голем топлотен бран во Западна Европа за помалку од еден месец. Научниците предупредуваат дека климатските промени предизвикани од човековата активност доведуваат до сè почести екстремни ...
Двајца неименувани членови на Националниот извршен одбор на главното управно и административно тело на Лабуристичката партија денеска изјавија дека може да се очекува Енди Бернам да стане нов британски премиер до 17 јули, доколку нема други кандидати. Премиерот во оставка Кир Стармер денеска изјави дека Националниот извршен одбор ќе ги отвори номинациите на 9 јули и дека процесот ќе биде завршен до летната пауза, која се очекува на 16 јули, ...
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 3,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 4 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС ...
Организираната криминална група ВМРО гордо соопшти дека завршиле првичните разговори за реконструкција на Владата. Исто како да го реконструираат Титаник, а не Влада. Рокот истекол, резултатот го знаеме. По долги и „конструктивни“ разговори, дојдоа до епохално откритие: ќе сменат неколку министри или ќе направат рокади на ресори. За да оваа Влада доживее вистинска реконструкција, прво би требало да го реконструираат премиерот. Затоа што токму ...
На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на отворен простор од кои два се уште се активни, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Активни пожари, според ЦУК, има нмеѓу селата Грчец и Шишево во општина Сарај каде гори ниска вегетација и мешана шума и кај селото Калаузлија во општина Радовиш. Останатите осум пожари се изгаснати. МИА На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на отворен простор од кои два се ...
Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци. Со ребалансот, како што најави Кочовска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот. Ова е потврда на се што СДСМ говори. Ветуваа намелен буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината Ова е врв на финансиска и фискална ...
Египет ноќеска го победи Нов Зеланд со 3:1 во натпревар од второто коло по групи на Светското фудбалско првенство 2026. Оваа победа е прва за Египет на Светските првенства. Претходно имаа три нерешени резултати и пет порази. Исто така, тоа беше првпат Египет да губи на полувреме во натпревар од Светското првенство. Египет со четири бода од два натпревари е лидер во групата Г, Иран и Белгија имаат по два бода, последен е Нов Зеланд со еден ...
Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ призна дека заспал за време на натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2026 година помеѓу Белгија и Иран. Средбата се одржа синоќа во Инглвуд и заврши без голови, 0:0. -Во првото полувреме речиси заспав. Во второто полувреме всушност заспав. Нема многу што да се каже за тој натпревар, изјави Ибрахимовиќ за Фокс. Во последниот натпревар од групната фаза, Иран ќе игра против Египет, ...
Египетскиот фудбалски репрезентативец, Мохамед Салах, ги сподели своите емоции по победата над Нов Зеланд остварена ноќеска со 3:1 во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. – Неверојатно е. Не знам како да го опишам чувството со зборови. Ова е големо достигнување за сите играчи, за тренерскиот персонал, па се надевам дека ќе можеме да продолжиме вака во групата, да направиме историја и да ја поминеме ...
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги сподели своите мисли за натпреварот против Ирак во второто коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година, што би можело да биде неговиот 100. настап за националниот тим. – Секогаш е убаво да се има можност да се игра за репрезентацијата. Ништо не е поважно од репрезентацијата. 100-тиот натпревар е историски настан. Особено кога е Светското првенство. Дали ќе можам да влезам во историјата како ...
Во топлите летни денови нема ништо поосвежително од чаша ладна домашна лимонада. Состојки: 60 мл вода 2–3 лажици сок од лимон 180 грама јагоди 200 грама мраз 1–2 лажици јаворов сируп (или мед, по вкус) За декорација: листови нане Подготовка: Во блендер ставете ги водата, сокот од лимон, јагодите, јаворовиот сируп/мед и мразот. Блендирајте додека не добиете мазна и густа смеса. Истурете ја лимонадата во подготвените чаши и украсете со свежи ...
Експлозија во клучен терминал за извоз на природен гас во Катар во текот на ноќта предизвика пожар во кој беа повредени најмалку 54 лица, а 18 други се водат како исчезнати неколку часа подоцна, објавија светските агенции. Инцидентот во индустриската зона Рас Лафан би можел дополнително да ги наруши глобалните енергетски пазари, бидејќи Катар е еден од најголемите светски производители на природен гас. Земјата го запре производството додека ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија ќе ја продолжи окупацијата на „безбедносната зона“ во јужен Либан долж израелската граница „колку што е потребно“. – Воспоставивме безбедносна зона во Либан и ќе ја задржиме сè додека е потребно за да го заштитиме нашиот народ, рече Нетанјаху на конференција во Ерусалим. Лидерот на Хезболах, Наим Касем претходно изјави дека Израел нема да остане во Либан, додавајќи дека ...
Разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцарија се одржаа во позитивна и конструктивна атмосфера. Техничките разговори за сите прашања ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското одморалиште Биргеншток, се наведува во заедничкото соопштение на Катар и Пакистан, кои посредуваат во разговорите. Во соопштението, кое го испрати Министерството за надворешни работи на Катар, се наведува дека вчера на разговорите на високо ниво, во ...
Четири танкери за течен природен гас, кој ги контролира Катар, впловија денеска во Ормуската теснина и покрај намалувањето на бродскиот сообраќај откако Иран објави дека повторно го затворил водниот пат за време на викендот, покажаа податоците за бродскиот сообраќај. Танкерите влегоа во теснецот преку иранската рута за прв пат од почетокот на американско-израелската војна со Иран, на крајот на февруари. Бродот, кој плови под знамето на ...
Британскиот премиер Кир Стармер денеска соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Тој рече дека утрово разговарал со британскиот крал Чарлс Трети за да го информира за својата одлука да поднесе оставка. Стармер побара од Лабуристичката партија да утврди распоред со отворање номинации за лидерство што ќе започнат на 9 јули и ќе завршат до летниот распуст. Тоа ќе значи дека нов лидер ќе биде назначен пред да почне со работа Парламентот во ...
Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет. Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 ...
Цела Шпанија, освен Канарските Острови и Мурсија, денеска е во состојба на готовност поради жештини, а во северните делови е издадено црвено предупредување за високи температури. Шпанската метеоролошка агенција Аемет соопшти дека највисоките дневни температури во земјата ќе се движат меѓу 38 и 42 степени Целзиусови, пренесува ЕФЕ. Кантабрија е под портокалово предупредување поради температури до 38 степени во регионот Лиебане и во центарот на ...
На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и ...
Во Белград денеска почнува 21. Светски конгрес на економисти на Меѓународната економска асоцијација (ИЕА). Тоа е најголем меѓународен научен собир во областа на економијата. Меѓу клучните теми ќе бидат иднината на глобализацијата и прашањето дали тој процес завршува или продолжува во нови облици. Во следните пет денови на конгресот ќе учествуваат околу илјада учесници од повеќе од 80 држави. Меѓу нив се и тројца добитници на Нобелова награда ...
=Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена ...
Скопје од денеска до 26 јуни е домаќин на четвртата светска конференција за религиски дијалог и соработка на тема „Религијата како оружје на војната: во минатото, сегашноста и иднината“, во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. – На свеченото отворање на конференцијата вечер во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност во ...
Организираната криминална група ВМРО и нејзината тендер коалиција со ЗНАМ завршија со првичните разговори за реконструкција на Владата. Сега следуваат „финални консултации“. Преведено на јазикот на реалноста: тендер коалицијата се префарба за да продолжи со истата политика на криминални тендери, задолжувања и изолација. ЗНАМ, приватно здружение на Максим Димитриевски финансирано од Мицкоски, како партнер кој повеќе не постои во вистинска ...
После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните. Единствено нешто што се забрзано се зголемува овие две години се цените, трошоците за живот, сиромаштијата. Македонскиот ...
По речиси две децении присуство на македонскиот и регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, Агенција Рејтинг станува ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија Latenta, со што станува една од ретките агенции во земјата која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти. Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија која Latenta веќе ја ...
Поминаа две години од владеењето на Мицкоски и ВМРО, младите загубија години и загубија надеж. Во Платформата 1198, Мицкоски и ВМРО ветуваа намалување на иселувањето, подобар животен стандард, задржување на младите во државата и дури 70.000 нови работни места. Ветуваа поддршка за образование, домување, претприемништво и конкретни мерки што ќе им помогнат на младите да останат и да ја градат својата иднина дома. По две години, нема ништо од ...
Репрезентацијата на Германија ја оствари втората победа на Мундијалот откако ноќеска забележа победа од 2:1 над Брегот на слоновата коска со гол во судиското надополнување. Јунак на германскиот тим беше Дениз Ундав, кој беше стрелец на двата гола за својата екипа. Но, не беше сè така лесно за Германците бидејќи африканската селекција поведе преку Франк Кеси во 30.минута. Првиот гол Ундав го постигна во 68.минута, а голот за победа го постигна ...
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос објави на социјалните мрежи дека српскиот тренер Жељко Обрадовиќ се врати во грчкиот клуб. На тој начин најтрофејниот европски тренер по вторпат ќе биде тренер на Панатинаикос. По дадената оставка во Партизан, постојано Обрадовиќ беше поврзуван со враќање во Атина, каде после 14 години повторно ќе биде тренер. Тој за тригодишниот договор ќе добие 11 милиони евра според грчките медиуми. Во ...