Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани ја откажа планираната посета на Соединетите Американски Држави, по дипломатскиот спор меѓу Вашингтон и Рим, предизвикан од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека италијанската премиерка Џорџа Мелони го „молела“ заедно да се фотографираат за време на самитото на Г7 во Франција. – Грубите и навредливи зборови на претседателот Трамп упатени кон премиерката Џорџаа Мелони ...
Високо заразниот вирус на птичји грип H5N1 за прв пат е откриен во континентална Австралија, соопштија денска австралиските власти. Министерката за земјоделство Џули Колинс изјави дека кафеава скуа, вид морска птица преселница, пронајдена на оддалечена плажа јужно од Перт во Западна Австралија, била позитивна на болеста. Позитивниот резултат значи дека вирусот, кој инфицирал милиони птици низ целиот свет, сега се проширил на секој континент. ...
„Празна реторика и чиста глупост“ – изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко за обвинувањата од украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Белорусија и помага на Русија да врши напади со беспилотни летала врз Украина и заканите дека Киев ќе преземе мерки против Минск ако за една недела не биде осттранета руската опрема. Лукашенко нагласи дека Белорусија не планира да ја нападне Украина. – Тоа никогаш нема да се случи. Никогаш. ...
Во два одвоени случаи, во североисточна Грција во регионот на Еврос, во близина на копнената граница со Турција, уапсени биле три лица, кои со патнички возила незаконски во земјата внеле вкупно 19 нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во двата случаи, денеска и вчера, биле уапсени тројца странски државјани осомничени за криумчарење мигранти. Во првиот случај, вчера попладне, на регионален ...
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, со остар тон одговори на новите забелешки од американскиот претседател Доналд Трамп. упатени кон неа и кон Италија, пренесуваат италијанските медиуми. „Претседателе Трамп, овие континуирани и неосновани напади се бесмислени. Што се однесува до мојата популарност, тоа што сум твоја пријателка сигурно не и помага, но таа не зависи од моите односи со тебе. Мојата популарност зависи од мојата способност да ...
Топлотниот бран што зафати голем дел од Европа ги алармираше властите и службите во Франција и Германија, а им создаде проблеми и на туристите и жителите во Италија, додека температурите достигнуваат рекордни нивоа. Францускиот премиер, Себастијан Лекорну, за денеска свика кризен состанок откако националната метеоролошка служба „Метео Франс“ предупреди дека тропските температури ќе продолжат и следната недела, споредувајќи го актуелниот бран ...
Додека во земјата продолжуваат протестите против проектот, синоќа беше одржан 20. по ред, албанскиот премиер Еди Рама жестоко го брани контроверзниот проект за изградба на луксузно одморалиште, вреден 4 милијарди долари, во сопственост на инвеститорот Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, и сега тврди зад протестите стојат иранските хакери. -Имаме еден непријател, единствениот непријател е Исламската Република Иран, а тие веќе три години ...
Минималните трошоци на четиричлено семејство во јуни се намалени за 88 денари во однос на мај, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 84.024 денари. За храна биле потребни 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари. Околу 100 евра или поточно ...
Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов. Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени. Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
Претседателот на Боливија Родриго Паз денеска прогласи вонредна состојба во земјата, поради ескалација на кризата предизвикана од 50-дневните антивладини протести што ја парализираа националната економија. Одлуката, објавена од шефот на државата во обраќањата до нацијата, отвора врата за мобилизација на воени сили низ целата земја во обид да се воспостави ред. Боливиските медиуми објавија дека Паз постигнал договор со водечкиот синдикат, ...
На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува ...
Бројот на претплатници со пристап до интернет преку оптичка мрежа во четвртиот квартал лани во државава изнесувал 228.581 – раст од 2,57 проценти споредено со претходниот квартал, а од 14,24 проценти во однос на истиот квартал од 2024 година, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) во четвртиот квартал лани имале 1.654.137 претплатници, што ...
Додека граѓаните се соочуваат со економски колапс, поскапувања, зголемување на сиромаштијата, организираната криминална група ВМРО и ЗНАМ продолжуваат со театарска претстава наречена „реконструкција на Владата“. Денеска е закажана нова средба, меѓу ВМРО и ЗНАМ – непостоечко здружение, сателит на Мицкоски кое се распаѓа, и кои за себе велат дека нивните кадри „одлично работат“. Во исто време, Мицкоски на роденденската прослава на својата ...
Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Од Клиничката болница во Штип за МИА изјавија дека осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди. Од Противпожарната бригада во Свети Николе информираат дека ...
Мицкоски денеска објави нов рок: реконструкцијата на Владата ќе биде готова до 1 јули. Ова е уште еден во низата рокови Мицкоски ги поставува. Пред само неколку недели, Мицкоски тврдеше дека до 1 јуни ќе бидат исполнети клучните реформи. Тој рок помина. Немаше реформи. Немаше одговорност. Немаше ниту објаснување зошто рокот не е исполнет. Сега, наместо да одговара за неисполнетите реформи, Мицкоски нè префрла на нов рок – 1 јули за ...
Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува ...
План за справување со ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но не е закана за капачите, доставило Министерството за земјоделство и храна на Грција до Европската комисија и по примерот на Кипар се разгледува можноста за воведување парична награда за рибарите за нејзино ловење, според генералниот секретар во Министерството Спирос Протопсалтис, ...
Вештачката интелигенција нема да доведе до намалување на бројот на работни места, туку напротив, ќе создаде недостиг од работна сила, бидејќи ќе им овозможи на луѓето да препознаваат и решаваат повеќе проблеми отколку досега, изјави американскиот милијардер Џеф Безос. Основачот на Амазон на технолошкиот саем Виватек (VivaTech) во Париз, се осврна на сè почестите тврдења дека вештачката интелигенција ќе замени голем број работници. – Воопшто ...
Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот „Хондиус“ што беше жариште на хантавирус, добиле дозвола да се вратат во своите домови по завршувањето на карантинот во Холандија, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според податоците на СЗО, на бродот се регистрирани и потврдени 12 случаи, како и еден случај поврзан со бродот, од кои три лица починале. Епидемијата предизвика ...
Репрезентацијата на Канада оствари убедлива победа од 6:0 против Катар на ноќешниот дуел од 2.коло од групата Б одигран во Ванкувер. Јунак на натпреварот беше Џонатан Дејвид кој постигна три голови, а репрезентацијата на Катар дуелот го заврши со девет играчи поради двата црвени картона на Хомам Ахмед (33.минута) и Асим Мадибо (51.минута). Канада поведе во 16.минута со голот на Клај Ларин, а до крајот на првиот дел Џонатан Дејвид постигна два ...
Кремаст, природен и неодоливо освежителен – овој домашен сладолед од ванила е вистинско летно уживање. Подготвен со вистинска ванила и збогатен со освежителен малинов прелив, ќе ве освои со својата нежна текстура и богат вкус. Совршен десерт за топлите денови, кој лесно може да го направите и дома. Потребни состојки: 180 мл слатка павлака (за шлаг) 5 јајца (по можност домашни) 300 мл полномасно млеко 1 стапче ванила (само семките) 115 грама ...
Во Будимпешта има седум мостови над Дунав, кои ги поврзуваат двете страни на градот – ридестиот, аристократски Будим на запад и рамниот, енергичен Пешта на исток. Секој од овие мостови има своја приказна, заедно создавајќи една од најпрепознатливите панорами во Европа. Верижниот мост со калдрма е првиот изграден мост уште во 1849 година по наредба на грофот Иштван Шечењи. Како прв постојан мост преку Дунав, тој претставувал револуционерен ...
Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“. – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со ...
Царинската управа соопшти дека поднела кривична пријава против доктор и медицинска сестра, кои се обиделе да прошверцуваат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата, како што се наведува, е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, шверцување и царинска измама, казниви во согласност со ...
По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела „убиство“ од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или ...
ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против 52-годишен неготинец поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. – На земјиште во негова сопственост на место викано „Дубровско“ во Неготино, без да поседува соодветна документација, изградил неколку објекти и вршел ...
Кубанскиот премиер, Мануел Мареро Круз, вчера пред пратениците претстави пакет од 175 економски мерки што предвидуваат широка приватизација на делови од социјалистичката економија, во обид земјата да се справи со засилените американски санкции. Доколку бидат одобрени и спроведени, реформите би претставувале најголема промена на економскиот модел на Куба од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година и значаен чекор кон пазарно ориентирана ...
Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во швајцарското планинско одморалиште, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Соопштението уследи откако портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. На средбата требаше да се разговара за спроведувањето на меморандумот што Вашингтон и Техеран ...
Белгија увезува повеќе гас од Русија отколку пред почетокот на војната во Украина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од белгиското Министерство за економија. Според податоците, рускиот гас учествувал со повеќе од 11 проценти во вкупниот увоз на гас во Белгија минатата година. Слични количини биле увезени и во 2019 година, додека по почетокот на воените дејствија во Украина уделот на рускиот гас се намалил на околу пет ...
Израелската армија денеска соопшти дека четворица нејзини војници се убиени за време на воени операции во јужен Либан, што се првите загуби по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран со кој се предвидува прекин на воените дејствија на сите фронтови на Блискиот Исток. Војниците биле убиени за време на операции во пограничната област со Либан. Израелската армија претходно соопшти дека нејзините сили во текот на ноќта гаѓале ...