Поранешниот претседател на Република Српска Милорад Додик повторно се послужи со националистичка реторика и закани за одвојување на РС од Босна и Херцеговина, а причина за тоа беше одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина да ја отфрли неговата жалба против казната со која беше осуден на една година затвор и поради која му беше одземен мандатот. „Јасно е дека Уставниот суд на Босна и Херцеговина е дел од кланот чија цел е да го укине ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција по објавувањето на Извештајот на Европската Унија за Македонија, изјави дека документот јасно потврдува дека државата назадува во сите клучни области, а причината за тоа е неспособноста и недостигот на политичка волја на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Во извештајот јасно стои дека реформската агенда е целосно блокирана. Не постојат суштински реформи ...

Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основниот кривичен суд Скопје на 28 октомври годинава го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз ...

Основниот кривичен суд Скопје соопштува дека е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост за осомничениот во случајот на тешка сообраќајна несреќа на булевар „Гоце Делчев“ кога управувајќи автомобил „фолксваген пасат” удрил во сега починатиот Јорго Ќука, кој на велосипед се движел по обележаниот пешачки премин. Мерките на претпазливост за осомничениот кој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации. „Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција дека нема понатаму да имаме ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочи дека Европската Комисија во најновиот извештај нотира дека во Буџетот не се предвидени пари за потребните реформи,што е алармантно. Тоа како што кажа Филипче, го загрозува спроведувањето на Планот за раст. „Во Буџетот не се предвидени доволно финансиски средства за да се спроведува Планот за раст. Значи не се предвидени пари за да ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на седница, расправаше по повеќе точки од дневниот ред, меѓу кои и за 72 претставки и поплаки поднесени од граѓани и правни лица за работата на судиите, претседателите на судовите и самите судови. Советот за три претставки и поплаки против судии и судови одлучи дека се основани, три ги повлече, а за останатите констатираше дека се неосновани. Дополнително, во продолжение на седницата која ја ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција по објавувањето на Извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија, истакна дека документот јасно го покажува длабоко назадување на државата под власта на ВМРО-ДПМНЕ особено во делот на демократијата и владеењето на правото е особено загрижувачки. „Во делот на демократија и владеење на правото не беа направени обиди за усвојување уставни измени поврзани со ...

Ситуацијата во центарот на Белград е мирна, каде веќе четврти ден Дијана Хрка, мајка чиј син загина лани при уривањето на бетонската настрешница во Нови Сад лани, штрајкува со глад пред Народното собрание барајќи ја вистината за смртта на нејзиниот син, како и распишување вонредни парламентарни избори. Во знак на нејзина поддршка се повеќе луѓе од претпладнево се собираат за да и дадат поддршка. Еден ден по големиот комеморативен собир одржан на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро одговори на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го обвини во едно интервју дека „го поддржува Путин“ со блокирање на преговорите за пристапување на Украина со Европската Унија. Зеленски рече дека нема намера да понуди отстапки на Будимпешта, на што Орбан одговори дека Украина не ја брани Унгарија и дека Будимпешта не му должи ништо, пишува Евроњуз (Euronews). Во интервју објавено ...

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија. Шестмината ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата, нагласувајќи дека е најлошиот извештај којшто Македонија го добила во изминатите десетина години. „Објавувањето на Извештајот за напредокот со оцена дека Македонија не постигнала напредок на европскиот пат, ...

Министерството за образование и наука објави повици за доделување средства во основните и во средните училишта за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици, програми за спречување дискриминација и програма за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции и малолетничка деликвенција за учебната 2025/2026 година. На ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека извештајот на Европската Комисија потврди дека државата е во целосен застој – економијата е во стагнација, во образованието има дебакл, а институциите се парализирани. „Во делот на економија и јавните претпријатија, има ограничен напредок кон функционална пазарна економија, реализацијата на јавни инвестиции останува слаба. ...

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново истражување потврди – најмалите деца најмногу шират вируси, објави „Еуроњуз“ (Euronews). Написот објавен во списанието „Педијатрикс“ (Pediatrics) посочува дека децата на возраст од три до 10 години имаат поголема веројатност да пренесат ...

„Гугл“ привремено го отстрани својот нов модел на вештачка интелигенција, „Џема“ (Gemma), од својата платформа „АИ студио“, откако беше откриено дека четботот генерирал лажно обвинување за сексуален напад, против американската сенаторка Марша Блекбурн. Несаканата случка настанала кога сенаторката го поставила прашањето: „Дали Марша Блекбурн е обвинета за силување?“. На тоа, „Џема“ одговорила со измислена приказна, тврдејќи дека за време на ...

Веб-страниците на белгиските телекомуникациски оператори „Проксимус“ и „Скарлет“ утрово беа цел на хакерски напади, за што одговорност презеде прорускиот колектив „NoName057“. Засега нема индиции дека при хакерските напади биле предизвикани прекини или проблеми во интернет и телекомуникациските услуги на корисниците на двата телекома. Според последните информации, и „Проксиум“ и „Скарлет“ ја повратиле контролата над своите веб страници. Нападот ...

Градоначалникот на Тузла Зијад Лугавиќ претпладнево потврди дека во пожарот во Домот за пензионери загинале 11 луѓе. Голем број повредени се превезени во Универзитетскиот клинички центар Тузла, каде им се укажува итна медицинска помош. Тројца полицајци и петмина пожарникари се задржани на лекување, сите се надвор од животна опасност. Меѓу повредените се и медицински работници, како и вработени во Домот за пензионери Тузла. Директорот на Домот за ...

Белгискиот премиер Барт де Вевер за утре закажа вонредна седница на Советот за национална безбедност на Белгија, на која главна тема ќе бидат зачестените инциденти со појавата на дронови над аеродроми и воени бази во земјата. Седницата е закажана на предлог на министерот за внатрешни работи Бернар Квинтан, кој синоќа по временото затворање на аеродромите во Брисел и Лиеж поради забележани дронови во нивниот воздушен простор, побара од премиерот ...

Италијанскиот новинар Габријеле Нунцијати доби отказ од новинската агенција Нова откако на брифинг на Европска комисија постави прашање дали Израел ќе ја плати обновата на Појасот Газа. Тој со прашањето направи паралела со барањата на Европска Унија, Русија да ја финансира обновата на Украина Нунцијати истакна дека по брифингот имал „тензични разговори“ со претпоставените, а на 27 октомври бил известен за прекин на договорот. Агенција Нова ...

Тековното затворање на владата на САД стана најдолго во историјата на САД, достигнувајќи го својот 36-ти ден денеска, бидејќи Конгресот останува без одобрен федерален буџет. Претходно, најдолгото затворање на владата во историјата на САД се случи за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, оставајќи многу федерални операции во голема мера запрени повеќе од пет недели во периодот на крајот од годината 2018-2019. Колку долго ќе трае ...

Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери. Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем. – За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една ...

До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен за постапката за сумирање и утврдување на ...

Добар ден од Брисел. Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, пријателска средба. Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба. Повторно разговаравме за актуелните ...

Новоизбраниот градоначалник на американската метропола Њујорк – Зохран Мамдани, изјави дека ќе стави крај на „културата на корупција“ од која имаат корист милијардери како американскиот претседател Доналд Трамп. Триесет и четиригодишниот кандидат на прогресивното крило на Демократската партија ја доби трката против поранешниот гувернер Ендру Куомо и претставникот на Републиканската партија на Трамп – Кертис Слива. -Ќе ставам крај на „културата ...

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив и ќе го конфискува неговиот имот, додека претреси се вршат и во две други исламски здруженија, објави денеска Министерството за внатрешни работи. Седум згради беа претресени во Хамбург од раните утрински часови, додека 12 згради поврзани со здруженијата Генерација Ислам и Реалност Ислам беа претресени во Берлин и покраината Хесен како дел од прелиминарните истраги. -Ќе одговориме со полна ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Truth Social“ изјави дека поразите на неговата Републиканска партија на изборите се должат на тоа што неговото име не е на гласачкото ливче, како и на парализа на буџетот. „Трамп не беше на гласачкото ливче и затворањето на владата се двете причини зошто републиканците ги загубија вечервашните избори, велат анкетарите“, напиша претседателот. Во Вирџинија, дом на многу федерални ...

Мафини совршено меки, миризливи и полни со вкус. Состојки: Подготовка: Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови. Намастете ги калапите со масло и наросете ги со пченкарно брашно. Измешајте пченкарно брашно, обично брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, црн бибер. Во мал сад измешајте јогурт, маслиново масло и јајца. Измешајте ги сувите и влажните состојки и додадете ги тиквичките и пармезанот. Ставете по 1 полна лажица од смесата во ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради основано сомнение за сторено кривично дело Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, на 30 октомври четворицата делувале како група и со употреба на физичка сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Настанот се случил во двор на мотел во Скопје. Оштетениот најпрво со една од ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 5 978.9 милиони евра и бележи раст од 2.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8 494.3 милиони евра, што е за 3.5 % повеќе во споредба со лани, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
1028
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.65
95%
1026
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1029
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.24
85%
1021
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
91%
1024
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
96%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.57921

Цинк

3.32

Кобалт

58.42

Бакар

10.99

Паладиум

48644.08

Родиум

256402.20

Платина

57093.34

Злато

139455.71

Алуминиум

2.89

Калај

40.69

Сребро

2065.03

Никел

464385.38

Иридиум

145787.60