Пејачката Марија Шерифовиќ сподели фотографија од својот син Марио, на која неговите нозе се во преден план додека носи боксерки. Откако стана мајка, Марија зрачи со посебна енергија, и јасно е колку нејзиниот син Марио го исполнува и го разубавува нејзиниот живот. Иако е многу активна и ангажирана во бизнисот, таа често покажува дека мајчинството ѝ е на прво место и дека ужива во секој момент поминат со својот наследник. „Па, тој носи ...

Принцот од Велс и неговиот син Џорџ оваа недела волонтираа во добротворна организација за бездомници во Лондон, во посета што потсетува на сопственото воспитување на Вилијам, кога тој беше запознаен со засолништето од неговата мајка Дијана, покојната принцеза од Велс. Вилијам и 12-годишниот Џорџ ја посетија „Пасаж“, британска организација за бездомници во центарот на Лондон, за да помогнат во подготовката на традиционалниот божиќен ручек. Во ...

Големи дози на витамин Ц значително можат да го намалат штетното дејство на ситните честички во воздухот врз белите дробови, покажува ново истражување на Универзитетот за технологија во Сиднеј (УТС). Научниците спровеле експерименти направени врз глувци и лабораториски одгледувани човечки ткива и откриле дека витамин Ц го намалува губењето на митохондриите, ги ублажува воспаленијата и го спречува оштетувањето предизвикано од оксидативен ...

Основното јавно обвинителство – Битола поведе истражна постапка против лице на возраст од 36 години, поради кражба во куќа на улица „Елпида Караманди“ во Битола. Како што информираат од Обвинителство, на 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол на спрат од куќа и одзел 2.500 денари, при што бил затекнат од сопственикот на куќата, на кој, додаваат, осомничениот му се заканил дека ќе го прободе со скалпел. – На 15 декември, ...

Кривична за лихварство против двајца кавадарчани, поднесе неготинската полиција до Обвинителството, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес. – ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Според пријавеното, тие во периодот од ...

Во текот на ноќта на 17 и 18 декември 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица, информираат од ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, откако ги обезбеди сите докази и со соодветни вештачења ги утврди причините за сообраќајната несреќа која се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино. Прес-службата на Јавното ...

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна ...

СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово. На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје. – Во незгодата со телесни повреди се здобил ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син од гевгелиското село Богородица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес со судска наредба во домот на осомничениот татко на 17 декември, како што ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија. По повеќе преземени истражни дејствија во текот на вчерашниот ден, како што информира Јавното обвинителство, се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Против него е поведена постапка за делото „напад ...

Извозот на германски автомобили во САД во првите три квартали од оваа година се намалил за речиси 14 проценти, што оваа германска индустриска гранка ја прави најтешко погодена во трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, покажува анкетата објавена денеска од Ројтерс. Според договорот меѓу Вашингтон и Брисел, САД од 1 август воведоа основна царина од 15 проценти за автомобили од Европа, што е значително помалку од ...

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ги обвини САД за сериозно кршење на меѓународното право откако САД пресретнаа танкер за нафта што се упати кон Кина крај брегот на Венецуела. -Венецуела има право да развива односи со други земји, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан на денешната прес-конференција, додавајќи дека Кина се спротивставува на сите „еднострани и нелегални“ санкции. ...

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека е постигнат голем напредок во мировните преговори за Украина, но додаде дека сè уште не може со сигурност да каже дека е можно мирно решение, објави денеска британскиот сајт UnHerd. Во интервју за оваа веб-страница, Венс рече дека напредокот се состои во фактот дека сите прашања сега се дискутираат отворено. „Она што го видовме од украинската и руската страна во изминатите неколку недели е ...

Европската комисија смета дека одлуката на Кина за воведување привремени „контра-давачки“ за увозот на млечни производи од Европската Унија е неправедна и неоправдана, изјави денеска заменикот главен портпарол на ЕК, Олоф Гил. Кина денеска соопшти дека воведува времени царини за увозот на некои млечни производи од ЕУ, вклучувајќи разни видови сирење, млеко и павлака, кои ќе се движат од 21,9 до 42,7 отсто. Овие царини стапуваат во сила од ...

Кондиторската индустрија забележала загуба од 4,4 милиони евра во 2024 година, во споредба со нето добивка од 6,3 милиони евра една година претходно, според анализата на работењето на претприемачите во секторот за какао, чоколадо и бонбони, објавена од Финансиската агенција (ФИНА). Во 2024 година, во овој сектор работеле 27 претприемачи, кои вработувале 2.172 лица, што претставува намалување на бројот на вработени за 5,1 процент во споредба ...

Смртта на началникот на одделот за оперативна обука на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал-потполковник Фанил Сарваров, во Москва рано утрово е „ужасно убиство“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ова е, секако, ужасно убиство, ова е обид за атентат, а специјалните служби ќе спроведат истрага и ќе сторат сè што е потребно во таква ситуација“, рече Песков. -Педесет и шестгодишниот Сарваров почина од раните откако беше ...

По неодамнешната забрана на социјалните мрежи во Австралија за лица под 16 години, Бауме-Шнајдер изјави дека Швајцарија би требало да разгледа слични мерки. „Дебатата во Австралија и Европската Унија е важна и мора да се одржи и во Швајцарија. Јас сум отворен за забрана на социјалните мрежи“, рече министерот, член на централнолевичарските социјалдемократи. Детални расправи ќе започнат во новата година на основа на извештај за ова прашање, ...

Три лица се тешко повредени денеска во експлозија и пожар во хемиска фабрика во близина на југоисточниот француски град Лион, соопштија локалните власти. Префектот на департманот Рона на „X“ напиша дека на луѓето им е советувано да ја избегнуваат областа и да останат во затворен простор, но дека „во овој момент“ нема ризик од труење за локалните жители. Четврто лице е полесно повредено и пожарот е под контрола, додаде тој. На местото на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека моменталната задача е да се организира самото производство на системи за воздушна одбрана и ракети за нив во Украина, објавија украинските медиуми. Зеленски го изјави ова во говорот за време на свечениот настан по повод Денот на дипломатскиот персонал. „Украина мора да го задржи своето лидерство во Европа во однос на квалитетот и обемот на производство на оружје. Мора да забележиме уште ...

Најмалку девет лица се повредени, од кои три потешко, кога автомобил вечерва влетал во гледачи на „Парадата на светлата“ во градот Нунспет во централна Холандија. Локалната полиција соопшти дека сè уште не е јасно што точно се случило, но оти според првичните сознанија на истрагата, не станува збор за „чин на насилство“. Засега не е соопштено што се случило со возачот на автомобилот, како ниту неговиот идентитет. Холандските медиуми јавија ...

Американската мултинационална компанија Амазон блокира повеќе од 1.800 пријави за работа под сомнение дека се поднесени од севернокорејски агенти. Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. – Нивната цел е обично едноставна: да добијат работа, да бидат платени, а потоа да ги пренасочат ...

Минатиот петок во раните утрински часови, нешто пред три часот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во објава на Икс обелодени дека лидерите на земјите членки на ЕУ постигнале договор за начинот на финансирање на Украина за 2026 и 2027 година. – Имаме договор. Одлуката за обезбедување поддршка од 90 милијарди евра за Украина за 2026-27 година е одобрена. Се обврзавме, исполнивме, наведе Кошта во објавата. Со ова, по 16 часа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на САД им е потребен Гренланд за „националната заштита и затоа мора да го имаме“. Како одговор на прашањето на Би-Би-Си за новата улога на Џеф Ландри, републиканскиот гувернер на Луизијана, кој беше назначен за специјален пратеник за Гренланд, тој, исто така, изјави дека Вашингтон „ќе мора да го реши тоа“ и дека на САД „им е потребен Гренланд за национална безбедност, а не за минералите“. ...

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го посети поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, во Хаг, кој е во притвор од ноември 2020 година, под обвинение за воени злосторства. Во објава на социјалните мрежи, тој напиша дека го нашол во добра форма и спокоен, иако со апсурдни ограничувања на минималните права, оценувајќи го притворањето на Тачи и поранешните водачи на ОВК како „очигледна неправда во срцето на демократска Европа, со благослов ...

Продолжување на активности, но и заострување во следните денови, одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок на кој учествуваа претставници на над 50 блока од цела Грција, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за средба, јави дописничката на МИА од Атина. Претставници на земјоделците велат дека по денешниот состанок и со одлуките, покажале дека блоковите од цела Грција функционираат како еден обединет блок, објаснија дека ...

Комесарката за бегалци и миграција на Србија, Наташа Станисављевиќ, соопшти дека во текот на 2025 година во центрите за прием и азил биле регистрирани само 9.500 мигранти. Таа оцени дека ова е најнискиот мигрантски притисок врз Србија од почетокот на кризата во 2015 година. Станисављевиќ истакна дека државата активно им помага на бегалците, внатрешно раселените лица и оние кои се вратени врз основа на Договорот за реадмисија. За оваа намена ...

Во Албанија започнува имплементацијата на проектот за инсталирање на безбедносен систем, преку интелигентни камери „Смарт Сити“ (Smart City – Безбеден град). На означувањето на почетокот на реализација на проектот премиерот Еди Рама рече дека тоа нема да биде едноставно систем на камери, туку ќе ѝ даде можност на државната полиција да има „магично око“. „Ова е проект кој во секундата што ќе започне и ќе се спроведе во пракса експоненцијално ...

Лидерот на албанската Демократска партија, Сали Бериша, по средбата со претставниците на Обединетата опозиција, обвини дека социјалистите го уништиле Парламентот, кој според него „повеќе не постои“. Тој зборувајќи за националните протести, кои почнуваат на 22 декември, најави дека ќе бидат „диверзифицирани со штрајкови со глад“. – Нашите протести ќе бидат диверзифицирани со штрајкови со глад, во сите форми. Сè додека не ја исполниме нашата ...

Населението на Албанија се намалува со многу повисоки стапки, речиси два до три пати повеќе отколку во другите земји во регионот, според ажурираните податоци од Евростат за населението на земјите кандидати за членство во ЕУ. Во 2025 година, официјалното население на Албанија броело 2.363.314 жители, со намалување од околу 27.628 луѓе во рок од една година, додека со релативни термини намалувањето изнесувало 1,2 проценти, што е највисока ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
54%
1015
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
10.29
36%
1019
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
7.2
52%
1020
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
7.2
47%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
8.38
44%
1020
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
62%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
6.26
75%
1009
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
39%
1010
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
54%
1011
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
9.77
42%
1022
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
8.75
36%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
9.26
72%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Калај

47.03

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.36

Цинк

3.19

Бакар

11.49

Платина

66937.85

Иридиум

258288.78

Сребро

2840.84

Паладиум

50058.71

Родиум

366518.51

Рутениум

56199.51

Злато

166450.52