Таксистите во областа Атика, поширокиот регион на Атина во 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) кои реагираат за министерската одлука со која им се дозволува на приватни комбиња да пренесуваат патници, но и одлуката од 1 јануари 2026 година такси возилата задолжително да бидат ...

Напорите на земјите-членки на Европската Унија да се договорат за нови климатски цели се одолговлекуваат. По околу 15 часа преговори до раните утрински часови денеска, министрите за животна средина на ЕУ во Брисел не успеаја да постигнат компромис за климатската цел до 2040 година. Тие, исто така, не беа во можност да се договорат за обврската за намалување што се бара според Парискиот договор за климатските промени од 2015 година – документ што ...

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ синоќа по вторпат беше затворен повеќе од час и половина поради забележан нов дрон, само неполн час откако водушниот сообраќај од и кон него беше возобновен по речиси едночасовен прекин, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ. „Зевентем“ првично беше затворен за сообраќај нешто пред 20 часот откако во воздушниот простор над аеродромот беа забележани три дрона. По нешто повеќе ...

Поранешниот европски комесар за правда и министер во неколку белгиски влади, Дидие Рејндерс е официјално обвинет за перење пари, откако бил сослушан од истражните органи на 16 октомври, објавија синоќа бриселските медиуми. Обвинението против Рејдерс е покренато поради сомнежи дека „перел“ пари со сомнително потекло, на тој начини што најчесто со готовина купувал т.н. „е-билети“ за игри на среќа, чија вредност е помеѓу едно и 100 евра и може да ...

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина. Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови. Според најавит еод ...

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но важно е земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“. Ова се наведува во вчера објавениот Извештај на Европската комисија за ...

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ. Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Вечерва тешка трагедија ја потресе Босна и Херцеговина, откако најмалку девет лица ги загубија животите во катастрофален пожар што избувна во дом за пензионери во Тузла, пренесува порталот „Аваз“. Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека сите расположиви екипи на противпожарната служба, полицијата и итната помош се испратени на местото на несреќата. Пожарот бил пријавен околу 22 часот, а според првичните информации, ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (прв носител) успеа да се пласира во четвртфиналето на АТП 250 турнирот во Атина. Тој направи подвиг откако дури во третиот меѓусебен меч го совлада Чилеанецот Алехандер Табило со 2:0 во сетови. Првиот Ѓоковиќ го доби по голема борба и тајбрејк со 7:3 на поени, а во вториот сет беше убедливи сетот го заврши со 6:1 во сетови. Во следната рунда ќе игра со победникот од мечот меѓу Нуно Боржес и Елиот Спицири. МИА ...

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим веќе десет години не добива равноправен третман од страна на судиите во Премиер лигата. „Сините од Манчестер“ викендов изборија важна победа од 3:1 на домашен терен против Борнмут. И покрај победата Гвардиола имаше сериозни забелешки на судењето и тоа во моментот кога не беше досуден фаул на голманот Џанлуиџи Донарума, при голот за изедначување. – Дејвид Брукс му ја собори раката ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, не е загрижен за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по неговата лута реакција на заменувањето во поразот од Барселона со 2:1 во шпанското првенство. Дваесет и петгодишниот фудбалер доби повик во репрезентацијата за пријателските натпревари против Сенегал (15 ноември) и Тунис (18 ноември). -Имам добар однос со Винисиус, како и со другите играчи. Разговарав со него, му кажав сè што ...

Поранешниот фудбалски капитен на Англија, Дејвид Бекам беше меѓу оние што примаа почести денеска во замокот Виндзор, каде што доби витешка титула. Имено, 50-годишниот некогашен фудбалер е награден за неговите заслуги во спортот и добротворните настани. Сер Дејвид, по тој повод, изјави дека е неизмерно горд оти е спомнат во почестите за роденденот на кралот. Спортската ѕвезда од североисточен Лондон го имаше своето деби во Премиер лигата за ...

Џонатан Бејли е „Најсексипилниот маж на денешнината“ за 2025 година, според списанието „Пипл“. Извонреден во сè што прави, се вели, англискиот глумец ја краде сцената – и срцата на обожавателите, зацврстувајќи го својот статус како една од „најмагнетните“ ѕвезди во Холивуд. Бејли (37) пораснал на село во Оксфордшир со три постари сестри, неговата мајка Керол, и татко му Стјуарт. Знаел дека сака да биде глумец на петгодишна возраст откако ја ...

Глечерот Хекторија кај Источниот Антарктички Полуостров во 2022 -2023 година се топел со најбрзо темпо забележано во современата историја, според истражување објавено вчера. Според тимот научници, предводени од Универзитетот на Болдер, Колорадо, САД, речиси 50 отсто од глечерот се распаднал во текот на два месеци. До откритието истражувачите дошле по анализа на геофизички податоци и сателитски снимки. Така, мразот се повлекол за околу 25 км меѓу ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, на 3 ноември, управувајќи автомобил „фолксваген пасат” по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата, поради сомневање дека очувот подолг период сексуално злоупотребувал малолетно девојче, а мајката не го спречила ниту пријавила случајот. Според обвинителството, осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови ...

Две лица загубија живот а петмина се повредени при претекнување и судар на два автомобила кои се движеле во иста насока, појаснија вечерва од Јавното обвинителство, во однос на сообраќајната несреќа во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман. -Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска инсистираше дека „нема несогласувања“ со канцеларот Фридрих Мерц во однос на прашањето за сириските имигранти, откако се најде под силен притисок од сопствената конзервативна партија. Коментарите на Вадефул минатата недела во Дамаск, во кои тој предупреди дека е „тешко возможно“ Сиријците кои живеат во Германија да се вратат дома поради уништувањето во земјата, беа критикувани од ...

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ вечерва е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, соопшти белгиската Контрола на воздушниот сообраќај. Според белгиските медиуми, авионскиот сообраќај на бил запрен нешто пред 20 часот, откако бил забележан дрон над аеродромот. – Од безбедносни причини, целиот воздушен сообраќај е привремено запрен, изјави портпаролот на Контролата на воздушниот сообраќај, Курт Вервилиген. Сите полетувања се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека помошта во храна од програмата за сиромашните Американци (СНАП) ќе биде исплатена откако ќе заврши блокадата на федералната влада. Тој го изјави ова и покрај судската наредба со која се бара неговата администрација да ги изврши ноемвриските исплати до среда. – Помошта од програмата СНАП ќе биде исплатена само кога радикално левичарските демократи ќе ја отворат владата, што лесно можат да ...

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека актуелната влада на Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на Европската Унија. Ова го изјави коментирајќи го новиот извештај на Европската комисија за проширувањето на ЕУ и намерата на Брисел да почне преговори со Киев за членство до крајот на 2025 година. – Унгарскиот народ јасно стави до знаење дека не сака Украина да биде членка на Европската Унија. А ...

Бриселскиот меѓународен аеродром „Зевентем“ вечерва околу 21 часот е отворен за сообраќај, откако беше затворен нешто повеќе од еден час поради безбедносни причини, информира белгискиот авиопревозник „Брисел Ерлајнс“. Нешто пред 20 часот сите полетувања и слетувања на „Зевентем“ беа откажани, откако воздушниот простор над аеродромот беше затворен за сообраќај поради тоа што во неговото подрачје биле забележани три дрона. Инцидентот го потврди и ...

Албанскиот премиер Еди Рама, кој како што објави поради оправдани причини не допатува денеска во Брисел, реагираше преку платформата Х околу Извештајот на Европската комисија за неговата земја. Во документот ЕК го оценува континуираниот напредок на владата „Рама 4“ кон ЕУ, но повикува темпото на реформите, кое мора да биде сеопфатно, да не се запира. Во објавата Рама пишува дека ќе направат сè што е потребно за конечно Албанија да седне како ...

Буџетскиот дефицит на Србија на крајот на септември оваа година изнесуваше 75,8 милијарди динари, што е подобро од буџетскиот план за 76,4 милијарди, бидејќи планираниот дефицит е 152,2 милијарди динари, објави денеска Министерството за финансии на Србија. Приходите во буџетот изнесуваа 1.636,4 милијарди динари, а расходите 1.712,2 милијарди динари. Во септември е остварен дефицит од 11,5 милијарди динари. Во текот на септември се собрани ...

Во ерата на геополитичка неизвесност и економска нестабилност, една проширена Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна Европа, дома и во светот, па затоа проширувањето е најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме денес за нашата иднина, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на Самитот за проширување на ЕУ организиран од Еуроњуз. – Ако го прочитате денешниот извештај за проширување, ќе прочитате ...

Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава ќе го достигне својот полн обем околу 14:00 часот. Супермесечината се јавува затоа што Месечината не орбитира околу Земјата во совршено кружна орбита, туку во елипса, поради што понекогаш е поблиску, а понекогаш подалеку во ...

Околу еден милион лица добиле помош во храна од Светската програма за храна (WFP) откако започна прекинот на огнот во Газа, објави денеска претставник на оваа агенција на ОН, повторувајќи го својот повик за повторно отворање на сите премини на територијата. „Три и пол недели по прекинот на огнот во Газа, дистрибуиравме пакети со храна на приближно еден милион лица низ Појасот Газа“, изјави портпаролката на WFP, Абер Етефа, на прес конференција ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот унгарски колега Виктор Орбан да не го блокира пристапувањето на неговата земја во ЕУ, објавија француските медиуми. „Навистина би сакале унгарскиот премиер да нè поддржи или барем да не нè блокира“, рече Зеленски на форумот на „Еуроњуз“ за проширувањето на ЕУ во Брисел. Украинскиот претседател додаде дека би сакал неговата земја да се приклучи на ЕУ пред 2030 година, но дека неговата ...

Германската влада им понуди на авганистанските граѓани кои имаат дозвола за влез во Германија финансиска помош доколку доброволно се откажат од своите планови за преселба во земјата. Според германскиот портал „Фокус онлајн“, понудата се однесува на околу 660 лица кои се дел од две владини програми – таканаречената „листа за заштита на човековите права“ и „транзициска програма“. Лицата кои ќе се согласат да се откажат од своите планови за доаѓање ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
1028
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.65
95%
1026
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1029
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.24
85%
1021
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
91%
1024
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
96%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.57921

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Сребро

2065.03

Калај

40.69

Никел

464385.38

Злато

139455.71

Алуминиум

2.89

Паладиум

48644.08

Платина

57093.34

Цинк

3.32

Бакар

10.99

Родиум

256402.20