Топлотниот бран во Европа се помести кон истокок. Словачка забележа национален рекорд за температури од 41 степен Целзиусов, а Унгарија се приближи до највисоката забележана вредност на сите времиња со речиси 42 степени. Властите низ целиот регион воведоа мерки за заштита од жештината, со која се борат и жителите на балтичките земји. Балканските земји се соочуваат и со висок ризик од шумски пожари. Во некои делови од Романија, температурите ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на социјалните мрежи објави дека при украински напад погоден е рускиот сателитски комуникациски центар во Московската област. Тој наведе дека Русија нападнатиот центар го користи за собирање разузнавачки податоци и за координација на руските сили во Украина. – Нашите одбранбени сили веќе погодија четири такви руски центри, не само во Московскиот регион, туку и во Владимирскиот регион, ...

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека пет лица починале во Италија во изминатите 24 часа како резултат на екстремни жештини, додека регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге ги повика властите низ целиот континент да ги зајакнат превентивните мерки поради топлотниот бран. Клуге, како што јавува италијанската новинска агенција АНСА, предупреди дека актуелниот топлотен бран во Европа е еден вид „генерална проба“ ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска во Анкара ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во пресрет на самитот на НАТО, што идната недека ќе се одржи во главниот град на Турција, а разговорите ќе бидат посветени на подготовките за собирот и регионалната безбедност, изјавија за бриселскиот Политико европски претставници запознаени со плановите за посетата. Калас ...

Околу еден милион имигранти во Шпанија аплицирале за регулирање на нивниот статус откако Мадрид воведе мерка за интегрирање на странците кои живеат и работат во земјата без дозвола. Програмата за аплицирање беше промовирана во јануари, а стартуваше во април. Денеска е последниот рок за аплицирање. Програмата им дава на имигрантите без легален статус едногодишна дозвола за престој, која може да се обнови ако живеат во земјата најмалку пет ...

Во саботата и неделата во Софија се одржаа два мирни протести, антивладин и синдикален, предизвикани од политиките на новата бугарска Влада, предводена од Румен Радев, во однос на нацрт-буџетот на земјата за оваа година и особено за улогата на земјата во руско-украинскиот конфликт. Демонстрантите во саботата го блокираа сообраќајот на централните улици во Софија, на кои со повици и транспаренти беа побарани оставка од премиерот Радев и ...

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе. Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт. По две години владеење, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту правда, ништо. Ниту едно изборно ветување не е исполнето. ...

За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс. Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат – системот е во дефект. Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни. Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Ова е уште еден доказ за целосната негрижа и ...

Пожар избувна утринава на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, пожарникари преземаат дејствија за гасење на пожарот. Од Министерството за внатрешни работи потврдија за МИА дека пријавата за пожарот била примена утринава. -Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на пожарот, информираат од ...

Артилериска граната од 75mm од Првата светска војна била пронајдена денеска во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната граница со Грција. Според ДЗС, станува збор за неексплодирано убојно средство, кое веднаш било обезбедено од надлежните служби. Неексплодираната граната ќе биде безбедно транспортирана и уништена на армискиот полигон „Криволак“. -Пиротехничарите на ДЗС предупредуваат дека пронајдената ...

Утре во 12:05 часот, овде ќе се одржи настан за кој не се знае кој го организира, не се знае кои се учесниците и не се знае која е вистинската цел. Единствено што се знае е темата: „Политичкиот плурализам и состојбата на опозициското делување“. Во превод, тоа значи создавање на повеќе опозициски блокови по моделот на Вучиќ од Србија – разбивање на гласовите и збунување на граѓаните. Еве ја поканата, не се гледа кој е организатор, кои се ...

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит. – Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ја лишиле од слобода Т.А., 39-годишна штипјанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026, К.Б., на возраст од 26 години од ...

Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град. Во ...

Собранието во рамките на 106. седница ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот. Со законот се редефинира точка 57 „лесно електрично возило“ од поимите што се употребуваат во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата имајќи ги предвид компаративните искуства на повеќе земји во регионот, како и ...

Пожар утринава избувнал на локацијата Владаја во Општина Дојран и сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од подружницата на ЦУК во Гевгелија, пожарот е пријавен околу 10 часот, а на терен се две противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран” со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со тројца пожарникари. Местото е обезбедувано и од едно полициско ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по седницата на Извршниот комитет на партијата го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет по разговорите со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ за владина реконструкција. Мицкоски соопшти дека нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување, а на негово место ќе дојде Златко Перински, досегашниот министер за ...

Канада вечерва ја победи Јужна Африка со гол во судиското продолжение и се пласираше во осминафиналето на Светското фудбалско првенство 2026. Натпреварот се одигра во Инглвуд, Калифорнија, САД. Единствениот гол го постигна Стивен Еуштакиу во 90+2. минута. Канада за прв пат во својот трет Мундијал стигна до плејофот за Светското првенство. Во осминафиналето северноамериканскиот тим ќе се соочи со победникот од натпреварот Холандија – Мароко. ...

На Светското првенство денеска на програмата се три натпревари, на кои настапуваат два поранешни светски шампиони и еден финалист на мундијалите. Воедно ова за трите селекции кои ја имаат улогата е првото искушение во дуелите од нок аут фаза. Трите селекции во групните натпревари остварија по две победи и го искористија правото на „кикс“. Бразил во Хјустон за противник ја има Јапонија, која пак во групната фаза одигра нерешено со Холандија. ...

Туна салатата е лесен, хранлив и освежителен оброк кој се подготвува брзо и едноставно. Благодарение на комбинацијата од свеж зеленчук и туна, оваа салата е идеална како лесен ручек, вечера или прилог. Највкусна е кога ќе отстои кратко време во фрижидер, за сите состојки добро да се соединат. Потребни состојки: 1 црвен кромид китка млад спанаќ 2 пиперки 6-8 шери домати 2 конзерви туна 2 лажици сок од лимон 3 лажици масло Сол по вкус Црн пипер ...

Во акциска контрола спроведена вчера од 17:00 до 23:00 часот на подрачјето на Битола, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување изрекоа вкупно 58 санкции за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Контролата, како што соопшти МВР, била насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен маж, осомничен за кривичното дело убиство, извршено при семејно насилство, и побара да му биде определен притвор. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека на 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. -Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од ...

Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, планира да се врати во земјата по разорните два земјотреса од минатата недела. Протераната лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, синоќа изјави за американски „Фокс њуз“ дека „е дојдено време“ да се врати дома. „Моја должност е да го придружувам мојот народ. Треба да бидеме заедно, да се прегрнуваме, да тагуваме и да жалиме заедно“, рече таа. Мачадо рече дека има намера ...

Во некои делови од Европа вчера температурите на воздухот достигнаа 40 степени Целзиусови, додека други области беа погодени од бури, а рекордната топлина ги преоптовари здравствените системи и го наруши сообраќајот и производството на електрична енергија низ Стариот континент. Илјада дополнителни смртни случаи поврзани со топлината се регистрирани во Франција, објави францускиот институт за јавно здравје Санте Публик. Повеќето од жртвите се ...

Тешко издржливите топлотни бранови во западна и северна Европа го вратрија на дневен ред прашањето – зошто таму нема климатизација? И дали ќе ги има повеќе? Во земји како САД, Австралија и Јапонија, топлите и влажни летни месеци се подносливи благодарение на студениот воздух што постојано го произведуваат клима уредите, пишува Дојче веле (DW). Меѓутоа, во поголемиот дел од Европа „решението“ е да се спуштат ролетните, да се вклучи ...

Влијателните ирански свештеници повикуваат на прекин на преговорите со САД по последните американски напади. Во соопштението од теолошките центри во градот Ком, каде се одржуваат аџилаци, вчера свештениците ги повикаа претседателот, членовите на Советот за безбедност и преговарачкиот тим веднаш да ги прекинат преговорите со САД во случај на уште едно кршење на договорот. Ова мора да се направи и од правна и од верска основа, бидејќи кршењето ...

Директорот на израелската Национална управа за кибербезбедност, Јоси Карди изјави дека е зголемен бројот на ирански хакерски напади од почетокот на војната во февруари. Тој наведе дека во јуни 2025 година, за време на првата војна со Иран, израелските власти регистрирала околу 1.600 непријателски кибернапади, додека овој месец нападите се искачила на околу 4.800. – Некои групи се многу вешти. Можеме да се справиме со нив, но мора да ги ...

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека САД остануваат во голема мера зависни од своите сојузници во Европа, без оглед на реториката од Вашингтон. Тој за германскиот весник „Ди Велт“ посочи дека и покрај немилосрдните критики на американскиот претседател Доналд Трамп кон НАТО, одбраната на САД започнува на границата помеѓу Европа и Русија. – Еден од најголемите нуклеарни арсенали во светот се наоѓа директно преку ...

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук откри што, според него, филмот „Социјална мрежа“ (The Social Network) целосно погрешно прикажал. „Цукерберг го основал Фејсбук на само 19 години на универзитетот Харвард, во 2004 година. Денес неговото богатство се проценува на околу 189 милијарди долари“, пренесе Јунилад (Unilad). Филмот од 2010 година е еден од првите големи холивудски хитови што го прикажува подемот на модерна технолошка компанија. Во ...

Вкупно 46.628 лица сè уште се водат како исчезнати по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела минатата среда, се наведува на веб-страница за пријавување исчезнати лица. Според овој извор, бројот на исчезнати лица е малку намален во споредба со претходниот ден, кога надмина 50.000, објави Скај њуз. Наведено е дека досега се пронајдени 15.097 лица кои претходно биле на списокот на исчезнати. Вкупниот број на лица пријавени како ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.66
49%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
71%
1012
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.12
63%
1011
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.84
51%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.35
46%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.45
80%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
47%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.79
61%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.64
93%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
60%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
61%
1008
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.4
100%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Цинк

0.00

Паладиум

40220.58

Калај

54.05

Бакар

12.76

Платина

51987.76

Иридиум

252383.36

Родиум

263636.12

Алуминиум

3.17

Злато

131467.62

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Сребро

1904.32