Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Шумски пожари денеска беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат од нивните домови и поттикнувајќи ги властите да им забранат на гледачите пристап до етапата на познатата велосипедска трка „Тур де Франс“. Стотици пожарникари се борат со пожарите кои уништија повеќе од 19.000 хектари земја ширум Португалија, Шпанија, Франција и Грција. Температурите повторно растат, а се предвидува дека ќе достигнат 40 степени ...
Здравствените власти на градот Њујорк објавија дека бројот на потврдени случаи на легионерска болест на Горниот Ист Сајд на Менхетен се зголеми на 14 и ги повикаа сите што неодамна биле на источната страна од Централ Парк да бидат внимателни доколку развијат симптоми слични на грип, вклучувајќи треска, кашлица, треска и болки во мускулите. Службениците велат дека сè уште ја истражуваат причината за епидемијата и ги тестираат кулите за ладење ...
Продажбата на нови автомобили во Франција се зголеми за 11,4 отсто во јуни на годишно ниво, со 188.787 нови патнички возила регистрирани минатиот месец, според податоците објавени денеска од Француската автомобилска платформа (ПФА). Растот на продажбата продолжи во јуни, но францускиот пазар на автомобили сè уште не го достигна нивото што го имаше пред корона-пандемијата, според „Ле Фигаро“. ПФА, којашто ги поврзува производителите на ...
Претседателот на Европскиот совет, Анонио Кошта, ќе присуствува на самитот на НАТО утре и во среда во Анкара. Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во среда ќе се сретнат со домаќинот, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. „Посилна Европа значи посилно НАТО. Поголемите инвестиции во одбраната се претвораат во реални капацитети, поотпорна одбранбена индустрија и поголема подготвеност. Како што Европа ја ...
Зголемување за 20 отсто на принудните и доброволните враќања на мигранти и намалување на нелегалните пристигнувања по морски пат, за 27 проценти биле регистрирани во Грција во првата половина од 2026 година, според извори од Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина. Во споредба со истиот период лани, принудните депортации се зголемиле од 915 на 1.292, односно за 41 отсто, доброволните враќања преку Меѓународната ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Ова е трет ден од општата расправата во матичната собраниска Комисија, по што ќе продолжи со амандманска расправа. По предлог ребаланост на Буџетот за 2026 година, поднесени се вкупно 224 амандмани, од кои од ДУИ – 87, СДСМ – 78, Левица – 51 и од Коалицијата ВРЕДИ осум ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица. ...
Без електрична енергија денеска од 08:00 – 09:30, се до 14:30 – 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од општина Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. РЦУК информира дека по добиено известување од ЕВН Македонија АД без електрична енергија во периодот од 08.00 до 15.00 часот, чќе бидат корисниците од улица „Тодор Чангов“, во општина Аеродром Без струја во периодот од ...
Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта. И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните – нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности. Не му е ...
По иницијатива на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, денеска започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со цел да се утврдат причините за неговото нефункционирање и институционалните пропусти во неговата имплементација. Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција посочи дека иницијативата беше поднесена уште на 23 март, но поради одолговлекување од ...
Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов. Се презентираа СМС пораки и вибер комуникација на Дејан со контакти како што ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 29.6.2026 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 денари за литар, на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар, на Екстра лесното масло за домаќинство ...
Предложениот ребаланс на Буџетот е признание дека Владата потфрли во планирањето и повторно ги товари граѓаните со поголем дефицит, нови задолжувања и неизвесност, обвини пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. „Овој ребаланс ја открива главната слабост, Владата сака да ја задржи реториката на стабилност, но бара инструмент на нестабилност. Поголем дефицит. Не може истовремено да ...
Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната комисиска расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година посочи дека Владата создава привид дека штеди, но во реалноста ги намалува средствата токму во програмите што треба да обезбедат развој, подобар живот и поддршка за граѓаните и стопанството. Тренчевска нагласи дека иако Владата тврди дека ги намалува непродуктивните трошоци, тоа е само дел од сликата, бидејќи истовремено растат ...
Во периодот од февруари до јуни оваа година бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 отсто, од 55 жртви во истиот период минатата година на 34 оваа година – соопшти Министерството за внатрешни работи. Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина. – „Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи расправата по ребалансот на Буџетот. За власта, ребалансот е развоен, реален и овозможува економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, а опозицијата со критики дека ребалансот потврдува дека проекциите во Буџетот за 2026 година биле преоптимистички. Според Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот се темели на реален раст, а бројките покажуваат дека земјава може да има ...
Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа во Филаделфија со доста мака го совлада Парагвај со 1-0. Килијан Мбапе го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи од пенал во 70. минута. За Мбапе ова беше седмиот гол на ова Светско првенство, со што се израмни со аргентинскиот капитен Лионел Меси на листата најдобри стрелци. Франција во четвртфиналето на 9 јули ќе игра против Мароко, кој претходно ...
Македонската карате репрезентација оствари извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, што се одржа вчера во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија, освојувајќи вкупно 58 медали и прво место во генералниот пласман. Како што информира Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), македонските натпреварувачи освоија 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што се пласираа на врвот меѓу учесниците на турнирот. Второто место во ...
Соединетите Американски Држави се дом на слободата и „крунисување на човечката историја“, изјави претседателот Доналд Трамп синоќа во Вашингтон за време на прославата на 250-годишнината од американската независност, поточно 250 години од потпишувањето на Декларацијата за независност во Филаделфија, што го означи прекинувањето на врските на Тринаесетте колонии со британската круна. Во говорот што беше одложен за неколку часа поради бурите над ...
Двата земјотреса што ја опустошија северна Венецуела пред десет дена досега одзедоа речиси 3000 животи, покажаа официјалните бројки објавени вчера, додека меѓународните спасувачки екипи постепено ја прекинуваат потрагата по преживеани во урнатините. Во градот Ла Гваира, епицентарот на катастрофата, лоциран четириесет километри северно од главниот град Каракас, на 24 јуни се урнаа и срамнија со земја бројни згради. Многу жртви се уште се на ...
Членови на националистичката група „Патриотски Фронт“ вчера маршираа низ Вашингтон за да ја одбележат 250-годишнината од независноста на земјата. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажаа десетици маскирани лица кои носеа знамиња во близина на Јунион Стејшн, во населбата Вашингтон Капитол. Весникот „Вашингтон пост“ објави дека „стотици“ униформирани членови на бела супремациска група марширале кон американскиот Капитол, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на Самитот на НАТО во Турција ќе се сретне со украинскиот и со сирискиот претседател Володимир Зеленски и Ахмед ал Шара. Предвидено е Трамп во Анкара да пристигне на 7 јули, а прва средба ќе има со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган. Неименуван извор од Белата куќа истакна дека Трамп и Зеленски ќе разговараат за завршување на војната со Русија. „Бојното поле очигледно е замрзнато изминатите неколку ...
Во Тирана синоќа беше одржан најмасовниот протест во историјата на земјата, со учество на неколку стотици илјади учесници, меѓу нив и голем број Албанци од дијаспората, кои пристигнаа во метрополата од неколку европски земји, но и Албанци од соседните земји, објавија медиумите. Протестот почна во 19 часот, од плоштадот “Скендер бег”, до плоштадот “Народни херои” и пред владата каде се обратија повеќе говорници повторувајќи ги веќе познатите ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Се потврди она што го говори СДСМ со месеци, сите маски паднаа, се покажаа вистинските лица на платформата ЗНАМ 2.0. Игор Ивановски Шема јавно призна дека платформата не била за некакви „разговори за иднината“ на Македонија туку за рушење на СДСМ од внатре. Откако му пропадна ЗНАМ сега Мицкоски со препакуван проект се обидува да го слабее СДСМ и јавната дебата наместо за криминалот на власта да ја пренасочува внатре во СДСМ. Затоа платформата ...
„Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година. Со него ќе се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на ...
Вчерашната нарачана анкета на ВМРО-ОКГ и последната „анкета“ на нивниот партнер Максим Димитриевски објавена денес, се огледало на истата лажна реалност во која живее владејачката тендер коалиција. Во анкетата на ВМРО-ОКГ, СДСМ е веќе втора партија, а ВМРО бележи нов пад од 3,5% за само два месеци. Во анкетата на Максим, ЗНАМ е прва партија во Македонија и посилна од ВМРО-ОКГ. Партија која повеќе не постои во ниту една сериозна анкета, која ...
Опозициската СДСМ обвини дека платформата „ЗНАМ 2.0“ не е иницијатива за јавна дебата, туку проект чија цел е, како што наведуваат од партијата, да го ослаби СДСМ одвнатре. Во партиското соопштение, СДСМ тврди дека се потврдиле нивните претходни обвинувања, повикувајќи се на, како што наведуваат, јавна изјава на Игор Ивановски – Шема дека платформата не била формирана за „разговори за иднината“ на државата, туку за рушење на СДСМ одвнатре. ...
Почна функционирањето на новиот состав на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за новиот мандатен период (1 јули 2026 – 1 јули 2029) по конститутивната седница на Сенатот одржана на 23 јуни 2026. Универзитетскиот сенат ги извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на УКИМ. Како што објави Универзитетот, по спроведено гласање на конститутивната седница проф. д-р Владо ...