Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Две години Христијан Мицкоски ги лаже и ги понижува македонските земјоделци. Нема пари, нема субвенции, нема откуп, нема грижа, македонското земјоделството е на колена поради кримналната власт. Државата им должи дури 70 милиони евра по различни основи, а субвенциите доцнат со месеци. Во екот на жетвата, земјоделците не знаат по која цена ќе ја продаваат пченицата. Откуп нема, откупувачи нема, а се шпекулира со понижувачка цена од само 10 ...
Од денес, заради високите дневни температури се воведува целосна забрана за движење во Паркот на прородата Езерани. Од Општина Ресен информираат дека со цел да се спречат секакви можности за пожар на отворено, и како поука од минатогодишните пожари, се воведува целосна забрана за движење во Паркот на природата Езерани. -Паркот на природата Езерани е едно од најзначајните заштитени подрачја во Преспанскиот регион. Со своите трски, влажни ...
Денеска ќе бидеме тука – да ги погледнеме во очи оние кои зад затворени врати ја кројат нашата иднина. Да ги видиме луѓето без имиња, политиката на иднината без лице и иднината што ни ја подготвува Христијан Мицкоски. Ние, младите, ќе бидеме тука да видиме кој во наше име, зад затворени врати, под превезот на тајноста и странските принципи на доверливост, крои наша судбина. Да ги погледнеме во очи и да им порачаме јасно: Нема да одлучуваат ...
10.000 амандмани. Една цел – да се спречи изборна кражба. СДСМ и коалицијата ќе се спротивстават на секој обид за носење криминален изборен закон. Демократијата нема цена, напиша пратеникот Оливер Спасовски на социјалните мрежи. 10.000 амандмани СДСМ и коалицијата денес поднесоа 10.000 амандмани на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, предложен по скратена постапка, додаде Спасовски во неговата објава денеска ...
Утре и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град. По завршувањето на ...
Изборниот законик вака како што е предложен не е ниту европски, ниту демократски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конферениција. Филипче посочи дека сегашното предложено законско решение, особено во делот на гласањето на дијаспората по електронски пат, отвора сериозни сомнежи за регуларноста и легитимноста на изборниот процес. „Денеска, премиерот го слушнавме сите, рече би прифатил измени во поднесениот ...
СДСМ нема да дозволи носење на Изборниот законик во форма што отвора сериозни сомнежи за злоупотреби, нерегуларности и нарушување на легитимноста на изборниот процес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека партијата ќе го блокира законот. „Токму овој начин на гласање на дијаспората, кој што го предлага Христијан Мицкоски да се имплементира кај нас, не е ниту европски, не е ниту ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, кој се товари за кривично дело „примање поткуп“. Како што соопшти Јавното обвинителство, по спроведената истражна постапка е утврдено дека обвинетиот, во својство на службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање посочи дека не постои никаква оправданост власта да брза со спорното решение за електронско гласање на дијаспората во предложениот Изборен законик, уште сега, кога станува збор за избори што треба да се одржат во 2029 година. Филипче, нагласи дека наместо наметнување на законски измени, потребни се темелна анализа, експертска расправа и јасни гаранции за безбедноста на ...
Додека Црна Гора напредува на европскиот пат и веќе добива значајна финансиска поддршка од Европската Унија, Македонија останува без напредок, власта не исполни ништо од тоа што вети, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.Филипче нагласи дека Македонија нема никаков исчекор кон ЕУ, а власта не ги исполни ветувањата за европска интеграција, додавајќи дека ВМРО не може два пати да ги излаже граѓаните. ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството ги изведе доказите кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а на следното рочиште, кое е на 6 јули, како што е најавено, ќе се изведуваат листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази на ...
Проблемите со водоснабдувањето во општина Гостивар наскоро треба да бидат надминати и да се обезбеди вода за пиење за сите корисници, ова го кажа градоначалникот Ваљбон Лимани во одговорот на новинарско прашање на настан во Гостивар. Тој појасни дека локалната самоуправа, во координација со Јавното претпријатие „Комуналец“, по проблемите кои се појавија минатиот месец, презеде серија мерки за стабилизирање на состојбата. – Во моментов активно ...
Репрезентацијата на Парагвај го направи првото големо изненадување на Мундијалот откако по изведување на пенали со 4:3 – 1:1 успеа да ја елиминира Германија. Парагвај дека е подготвен за изненадување најави во завршницата на првиот дел со голот на Хулио Енцисо во 42.минута, но Германија на стартот на вториот дел изедначи на 1:1 преку Каи Хаверц. Во продолжението Германија постигна гол, кој по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен. По ...
Репрезентацијата на Мароко успеа да се пласира во осминафиналето откако утрово по изведување пенали ја победи Холандија. Натпреварот заврши нерешено 1:1, а по пеналите беше 3:2. Холандија поведе во 72.минута со голот на Коди Гакпо, додека Мароко изедначи во судиското надополнување на вториот дел (90+1) преку Иса Диоп. При изведувањето голови за Мароко постигнаа: Рахими, Талби и Саибари, додека стрелци кај Холандија беа: Копмајнерс и Вегхорст. ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска точно на пладне го игра својот прв меч на Гренд слем турнир. Таа на Вимблдон ќе игра против ланската финалистка Американката Аманда Анисимова, која е рангирана како шеста носителка. Ѓорческа за пласман се избори преку квалификациите каде постигна три победи. Во првото квалификациско коло македонската тенисерка ја совлада Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0 во сетови (62 64), потоа ја ...
Повеќекратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ доцна синоќа по голема борба и четири сета игра со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:4 и 6:4) го победи Јибинг Ву од Кина, кој се наоѓа на 102. то место на АТП листата. – Мислам, добро почнав. Но, тој едноставно го подигна нивото тенисот на што беше навистина импресивно. Мислам, сервирање, враќање како неверојатно длабоки, силни и брзи удари што ги играше од двата краја на теренот и од основната ...
Ланската финалистка на Вимблдон Аманда Анисимова од САД ја оправда фаворитската улога во мечот од 1.коло на Вимблдон против македонската тенисерка Лина Ѓорческа и славеше победа со 2-0 во сетови (63 62) за 61 минута. Ова за Ѓорческа беше прв настап на Гренд слем турнир откако успешно ги мина квалификациите и оствари три победи. Во првиот сет Анисимова единствениот брејк го направи во четвртиот гем кога поведе со 3:1 во гемови и предноста ја ...
Еден од фаворитите за завршницата на Светското првенство селекцијата на Германија неочекувано беше изненадена од Парагвај во 1/16 финалето. Но, германскиот тим постигна гол во продолжението преку Џонатан Тах, кој судијата Џалај Џајед го поништи поради фаул над голманот. За дадената ситуација и поништениот гол, Јирген Клоп, кој е во улога на аналитичар изјави: – Арсенал немаше да биде шампион на Англија, постигнаа 60% од головите на тој начин. ...
Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, објави дека напаѓачот Маркус Турам ќе го пропушти вечерашниот натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Шведска. Натпреварот ќе се игра во Њу Џерси, со почеток во 23 часот по средноевропско време, а Турам нема да биде во комбинација поради повреда на мускулот. Францускиот селектор посочи дека не станува збор за сериозна повреда, но оти е прашање кога Турам ќе ...
Како што се приближуваше летото, Касин забележа промена додека го средуваше својот гардеробер: имаше повеќе „машка облека“ отколку женска. Кошулите, маиците и шорцевите не беа купени за нејзиното момче или нејзиниот татко – тие беа таму за неа. Кесин не е сама во ова. Сè поголем број млади Кинескинки – и во нивните социјални кругови и онлајн – велат дека ја прифаќаат машката облека од слични причини, како што се подобар квалитет, пониски ...
Поп-пејачката Тејлор Свифт и нејзиниот свршеник, НФЛ-играчот Тревис Келси, се очекува да се венчаат оваа недела. Имено, иако американската двојката официјално не објави датум на свадбата, а тамошните медиуми не можат да го потврдат времето, ниту местото на церемонијата, според „Њујорк тајмс“, градските дозволи и другите показатели укажуваат дека свадбата би можела да се одржи на Менхетен. Но, дури и без официјална потврда, возбудата расте за ...
Зошто нашиот мозок постојано сака да скроламе низ „Тикток“ или „Инстаграм“? И што ќе се случи кога вештачката интелигенција може веднаш да креира цели видеа „само за Вас“? Имајќи ги предвид овие прашања, научниците предупредуваат за намалена концентрација и зависност кај луѓето. За многумина, денот почнува со тоа што, само што ќе ги отворат очите – веднаш посегнува по телефонот. Па во целото слободно време, сѐ до легнувањето в кревет, скрола ...
Уште едно здраво јадење полно со зеленчук.. Состојки: 2 средни модри патлиџани 1 голем кромид 1 праз 1 чешне лук 1 свежа црвена пиперка 100 грама свежи печурки 2 големи домати сол, бибер, свеж магдонос,пармезан маслиново масло Подготовка: Исечете го модриот патлиџан на половина по должина, извадете ја средината со лажица и исечете ги на коцки. Пржете ситно исецкан кромид и праз во маслиново масло. Додадете лук и исецкана пиперка. Пржете сè ...
За време на качување на патниците во авионот, персоналот врши кратка, но важна процена за да утврди дали лицата се способни за лет и дали во случај на потреба би можеле да помогнат. – Стјуардесите при влегувањето на патниците во авионот не ги поздравуваат само од љубезност, туку и поради безбедносни мерки пред полетувањето, изјавил Габриел Рандоне, инструктор за кабински персонал во авиокомпанијата Виз Ер. Кога ве поздравуваме додека се ...
Десничарската конзервативна претседателска кандидатка, Кеико Фуџимори, извојува тесна победа на претседателските избори во Перу, по долгото пребројување на гласовите, соопштија синоќа изборните власти во земјата, пренесе ДПА. Фуџимори (51) доби 50,13 отсто од гласовите, објави изборната комисија во оваа јужноамериканска земја, на повеќе од три недели по вториот круг, што се одржа на 7 јуни. Нејзиниот левичарски ривал Роберто Санчез освои ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази сочувство откако шест возрасни лица вчера беа застрелани во установа за социјална помош за млади во северниот град Штаде, јави ДПА. „Веста од Штаде е длабоко шокантна“, напиша Мерц на Икс, додавајќи дека многу луѓе „кои сакале да им помогнат и да ги заштитат другите биле убиени или повредени“. „Моето сочувство е до жртвите и нивните семејства“, рече тој, исто така заблагодарувајќи им се на полицајците ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги предупреди продавачите на гориво веднаш да ги намалат цените или да се соочат со „сериозни проблеми“. „Продавачите на гориво мора да ги намалат своите цени, СЕГА“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. „Нема да има зголемување на цените, што е целосно нелегално. Ако продавачите не го сторат тоа, тие се во голема неволја! Започнете да се стремите кон околу 2,50 долари за галон (3,785 ...
Руската воздушна одбрана пресретна и уништи 419 украински дронови во текот на претходната ноќ, објави руското Министерство за одбрана на социјалните мрежи. „Во текот на ноќта, помеѓу 20 часот по московско време на 29 јуни и 7 часот наутро на 30 јуни, воздушната одбрана пресретна и уништи 419 украински дронови“, се наведува во соопштението. Анектираниот црноморски полуостров Крим, соседниот руски регион Краснодар и руската престолнина Москва ...
Лидерката на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, денеска изјави дека Германија треба да го прекине бојкотот на руска нафта и гас и дека евтината енергија од Русија е клучна за силата на германската индустрија. Во интервју за Ројтерс, Вајдел оцени дека прекинувањето на енергетските врски со Русија по воведувањето на санкциите во 2022 година „ја врати Германија назад за наредните години“ и доведе до губење на стотици ...
Нападот во Монако не е терористички чин. Почна истрага за обид за убиство, а за вчерашниот напад има само еден осомничен, соопшти Обвинителството на Монако. Во вчерашната експлозија пред влез во станбена зграда во Монако повредени се три лица. Според медиумите еден од тешко повредените е украинскиот олигарх Вадим Јермолаев, кој престојува во Монако како ВИП-бегалец од почетокот на војната во Украина. Во моментот на експлозијата тој заедно со ...