Голем студентски протест наречен „Сè се гледа на Видовден“ ќе се одржи денеска во Краљево. Централниот дел од програмата е закажан за 18:00 часот на градскиот плоштад. Студентските организации и Студентите во блокада го објавија точниот распоред и локациите на сите активности за денеска. Вторпат, студентското движење ќе го одбележи празникот Видовден, претходно во 2025 година, голем протест се одржа на плоштадот Славија во Белград. Се очекува ...

Франција од 24 јуни досега регистрираше околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното поради топлотниот бран, соопшти денеска Националната агенција за јавно здравје, предупредувајќи дека реалниот број на починати ќе се зголеми. „Од 24 јуни, регистрирани се околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, покажуваат привремените бројки споредено со смртните случаи регистрирани во претходните месеци“ – феномен што ги погодува главно луѓето ...

Единаесет лица загинаа при пад на мал цивилен авион во близина на градот Нанси, во североисточна Франција, соопштија локалните власти. Според првичните информации, несреќата се случи во местото Томблен, а станува збор за лесен авион што превезувал група падобранци. Весникот „Ест репибликен“ објави дека леталото било во сопственост на школа за падобранство. Меѓу загинатите се пилотот, петмина инструктори и пет лица кои биле на обука. ...

Помалку од две недели по потпишувањето на рамковниот договор за прекин на конфликтот, САД и Иран повторно разменија напади, откако Вашингтон го обвини Техеран за напад врз трговски брод во Ормуската Теснина. Американските сили извршија напади врз повеќе цели во Иран, а иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) соопшти дека нападнал американски воени објекти во Кувајт и Бахреин, каде што се наоѓаат американски бази. Во ...

Русија минува низ тежок период, но тој ја научи земјата на многу нешта – изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Путин вети дека ќе ја гарантира безбедноста на државата и ќе се справи со предизвиците, додека Киев продолжува со нападите врз руската воена и енергетска инфраструктура во обид да ги ослабне воените капацитети на Москва. – Ги гледаме проблемите. Ги признаваме и реагираме на нив. Но, без сомнение ќе ја гарантираме ...

Истекувањето амонијак од сигурносен вентил на ладилник во Гуча е запрено, а шестмина граѓани се испратени на лекарски преглед, јави утрово РТС. „Во Одделот за итни случаи на Општата болница Чачак, шест лица беа прегледани поради изложеност на амонијак во Гуча. Сите пациенти се во добра општа состојба, а по дијагностиката беа пуштени на домашно лекување“, се наведува во соопштението на болницата. Истекувањето амонијак се случило кога на ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 ...

Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ повеќе не постои ниту во ...

До вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според УХМР, наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува ...

Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб. Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија. Наместо да го зајакне вториот пензиски столб, Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење. Според ...

Додека граѓаните стојат по неколку часа во редици на јужната граница, чекајќи да влезат или да излезат од Македонија, Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да ја изолираат државата. Денеска на Богородица се чека со часови, има километарски колони. Ова е директна последица од политиката на изолација што ја спроведува ВМРО. За само две години, Мицкоски успеа да ги влоши односите со соседите, да ја блокира европската интеграција и да ...

Македонската музичка сцена вечерва изгуби едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина познатиот музичар и пејач Владо Јаневски. Јаневски зад себе остава богата музичка кариера со безброј хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении. Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори, чии рефрени се пеат од многу генерации. ...

Белгија рано утрово забележа убедлива со 5:1 над Нов Зеланд во 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2026. Леандро Тросард постигна два гола за Белгија. Играчот од средниот ред на Арсенал постигна гол во 28. и 50. минута. Кевин Де Брујне (66), Ромелу Лукаку (86) и Алексис Салемакерс (90+4. минута) исто така постигнаа голови. Елија Џаст го постигна единствениот гол за Нов Зеланд во 84. минута, негов трет гол на Светското првенство. ...

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, нема да биде во почетниот состав за натпреварот од третото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година против Јордан. Триесет и деветгодишниот напаѓач ќе го започне натпреварот на клупата, но подоцна ќе влезе како замена. Ставот на селекторот Скалони е разбирлив. Аргентина веќе го обезбеди пласманот во плејофот, па дури и го дозна противникот во 1/16 финалето – сензацијата на Мундијалот, ...

Холандската влада ја повика Европската Унија да ја забрани продажбата на гуми за џвакање што содржат пластика, тврдејќи дека гумата за џвакање е главен извор на загадување со микропластика и дека претставува скап отпад што општините тешко го отстрануваат. Предлогот е доставен до Европската комисија и, доколку се усвои, забраната би можела да стапи на сила најрано во 2030 година, објавува НЛ Тајмс. Холандија побара да се дозволи продажба само ...

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека САД ќе одговорат на иранскиот напад врз трговски брод, изјавувајќи „ќе дознаете“, кога беше прашан дали Техеран ќе се соочи со последици. Кратко потоа, иранските медиуми јавија дека во Сирик, во јужниот дел на Иран, се слушнала експлозија, но не беше познато што ја предизвикало. Порталот „Аксиос“ објави дека американските вооружени сили извеле напад во Ормуската Теснина. Подоцна, Централната ...

Украина повторно ја потврди подготвеноста за можни разговори на лидерско ниво и за преговори за прекин на војната, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видеообраќање. „Украинските војници секој ден ја докажуваат прецизната сила на Украина. Нашите удари со долг и среден дострел целосно се спроведуваат. Тоа се нашите праведни одговори на Русија за оваа војна – ...

Американската сојузна држава Јута прогласи вонредна состојба и воведе ограничувања за употребата на огномети во пресрет на прославата на 4 Јули, додека најголемиот шумски пожар во САД продолжува да се шири. Националната метеоролошка служба издаде ретко предупредување за „особено опасна ситуација“, поради сувото време и силниот ветер што придонесуваат за појава на нови пожари на западот на земјата. Пожарот „Котонвуд“, кој избувна во ...

Руски и кинески воени авиони денеска влегоа во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Јужна Кореја, но не го нарушија воздушниот простор на земјата, соопшти јужнокорејската армија. Јужнокорејските вооружени сили следеа десет воени авиони што се приближија до воздушната зона на земјата и подигнаа борбени авиони, кои изведоа тактички маневри како мерка на претпазливост во случај на инцидент. Во краткото соопштение армијата не ...

Шри Ланка се соочува со епидемија на денга, откако бројот на потврдени случаи во 2026 година надмина 50.000, а досега починаа 29 лица, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на здравствените власти. Вршителот на должноста директор на Националната служба за контрола на денгата, Капила Кананагара, изјави дека во земјата дневно се регистрираат меѓу 600 и 700 нови случаи, што се должи на поволните временски услови, масовното размножување на ...

Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран што ја зафати Европа, предупредија експертите од швајцарската служба за мониторинг на глечерите ГЛАМОС. Според податоците на ГЛАМОС, се очекува сезонскиот снег и мраз, наталожени во текот на зимата, целосно да се стопат до понеделник, што би претставувало втор најран „ден на губење на глечерите“ откако се водат мерења. Експертите предупредуваат дека ...

Израелски дрон го погоди подрачјето на градот Набатија во јужен Либан, соопшти либанската државна новинска агенција. Инцидентот се случува само еден ден откако Израел и Либан постигнаа безбедносен договор со посредство на САД, чија цел е намалување на тензиите долж границата по обновените судири меѓу израелската армија и шиитското движење Хезболах. Договорот беше оценет како обид за стабилизирање на состојбата долж границата, каде што во ...

Во Германија и Италија денеска има високи температури, додека топлотниот бран поврзан со десетици смртни случаи во Западна Европа се шири кон исток по рекордните температури над 40 степени Целзиусови. Во Велика Британија, Франција, Швајцарија и Германија има рекордно високи температур месецов, а временскиот систем би можел уште да тестира рекорди додека се движи низ Германија кон Полска. Според научниците, топлотниот бран би бил практично ...

Данскиот метеоролошки институт соопшти дека ја регистрирал својата највисока температура откако почнале мерењата во 1874 година. „Со 36,6 степени северно од Оденсе, го доживеавме најжешкиот ден некогаш забележан откако започнале мерењата во 1874 година“, објави метеоролошката служба во Икс. Голем дел од Европа – од Франција до Полска, поминувајќи низ хрватското крајбрежје – е зафатен од топлотен бран, со температури што надминуваат 35 степени ...

Според најновите податоци од Европскиот завод за статистика – Евростат, Србија е меѓу европските земји со најниско ниво на потрошувачки цени, кои изнесуваат околу 62,5 проценти од просекот на Европската Унија. Само во одредени држави од регионот е поевтино, како што се Бугарија, Романија и Северна Македонија, додека највисоки цени се забележани во Исланд, Швајцарија, Норвешка, Данска и Ирска, пишува денеска Политика. Сепак, економистите ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена ...

Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит. Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји. Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок. Затоа веќе започнува со создавање на ново ...

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се осврна на победата со 1:0 ноќеска над Уругвај во третото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. – Чувствувам огромна радост. Овој тим беше извонреден. Нашиот тим беше неверојатен. Нашите напори нè доведоа до врвот на групата. Патот е долг. Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол. Можеме да го развиваме нашиот фудбал на многу начини, изјави селекторот по ...

Криминалната организацијата на власт сака да ме замолчи мене, да ги замолчи младите, да ги замолчи сите што гласно зборуваат. Под казна ме префрлија на 100 километри подалеку од моето работно место. Само затоа што гласно зборувам за ова најнеспособна Влада предводена од Христијан Мицкоски. Класичен партиски реваншизам што секојдневно се спроведува низ институциите. Не само врз мене, ова не е моја лична приказна, ова е секојдневие на многу ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а на одделни места ќе достигне и до 39 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Промена на времето се очекува од среда, кога е ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
53%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
77%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.12
66%
1011
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.84
51%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.69
45%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.53
87%
1013
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.79
61%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.58
92%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.02
62%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
62%
1009
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 22ᴼ
3.4
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Иридиум

252383.36

Сребро

1904.32

Родиум

263636.12

Злато

131467.62

Бакар

12.76

Алуминиум

3.17

Кобалт

56.29

Калај

54.05

Платина

51987.76

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Паладиум

40220.58