Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на #СДСМ. Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици, кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7 Мај“ во Полициската академија. Како што информираат од МВР, кандидатите што имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе може да се пријават на јавниот конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во Средното полициско ...
Алармираме за една исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. После невремето во Скопје поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија. Протекла вода и во просториите каде се прима терапија со радиоактивен јод. Не станува збор за обична дождовна вода туку на избиена канализација! Ова значи дека најранливата категорија на ...
По насилното укинување на техничката Влада и рушењето на политичкиот консензус, Христијан Мицкоски сега сака да протне и Изборен закон кој отвора простор за нов изборен грабеж. Сака шверцерскиот да се воведе електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола, проверка и гаранција за тајноста на гласањето. Додека секој граѓанин кој гласа во татковината минува низ строга процедура – проверка на личен документ, потпис во ...
Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека испитувањето на сведоците беше одложено поради потребата од утврдување на статусот на повеќе класифицирани документи предложени како докази во постапката. На почетокот на рочиштето, Судот соопшти дека од Министерството за внатрешни работи е доставен извадок од Правилникот за ...
Повеќе пријави за поплави и нарушувања на инфраструктурата се регистрирани, според информациите добиени преку Единствениот број за итни повици 112 и надлежните институции, по невремето што го зафати Град Скопје и околината, а најголем број се однесуваат на поплавени станбени објекти, подруми, гаражи и сообраќајници, како и отежнато движење во делови од градот, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како најкритични подрачја се ...
Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку? Нема како да им објасни на дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво. Ова е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште побезобразно ќе го задолжува народот и државата. Зошто Кочовска не кажува колку изнесуваат скриениените долгови што Владата ги трупа преку ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2025 година во седум предмети, против 39 физички и 20 правни лица, има поднесено барања за замрзнување на имот во вкупна вредност од 27 милиони евра, што споредено со претходната 2024 година, кога изнесува 5,7 милиони евра е поголемо за пет пати. Постапките за овие предмети, како што беше посочено на разгледувањето на Годишниот извештај за работата на ОЈО ГОКК пред ...
Франција рутински ја победи Шведска изминатата вечер со 3-0 и обезбеди осминафинален натпревар против Парагвај на Светското првенство. Мбапе беше двоен стрелец во 45 и 74 минута, а гол постигна и Баркола (53 минута), но францускиот селектор Дидие Дешан истакна оти победата можела да биде поубедлива бидејќи неговиот тим пропушти голем број добри шанси во првото полувреме. „Направивме што требаше, иако бевме малку воздржани во првите 15 ...
Мексико се пласираше во осминафиналето на Светското фудбалско првенство откако рано изутринава по средноевропско време го победи Еквадор со 2-0 пред своите гледачи во Мексико Сити. Мексиканците прв пат по 40 години успеаја да ја минат првата пречка во нокаут фазата. Последен пат тоа го сторија во 1986 година, кога стигнаа до четвртфиналето. Мексико одигра брилијантно во првото полувреме и поведе во 22. минута со прекрасен гол на Хулијан ...
Со натпреварите од воведното коло претпладнево официјално стартува турнирот М25 Скопје Macedonian Open 2026. На терените на ТК „Југ“ ќе се појават шест македонски тенисери. Калин Ивановски учеството го избори со пласманот, додека организаторот „вајлд карти“ им додели на Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Обрад Марковски и Кристијан Јанев. На оваа петорка им се приклучи и Горазд Србљак, кој извојува три победи во квалификациите и влезе на главниот ...
Најмалку две лица смртно настрадаа во Мексико Сити за време масовната прослава на пласманот на мексиканската фудбалска репрезентација во осминафиналето на Светското првенство, соопштија денеска градските власти. Според министерот за здравство на мексиканската престолнина, 19-годишна девојка и 44-годишен маж го загубиле животот како последица на задушување. Локалните медиуми известуваат и за трет смртен случај, иако властите сè уште не го ...
ФФМ во почеток на оваа година, во соработка со УЕФА, го започна процесот на изработка на новата стратегија за развој на македонскиот фудбал. Во рамки на процесот, беше реализирана работна средба меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и претставниците на ФФМ вклучени во подготовката на новата стратегија, со претставниците на УЕФА – Илија Китиќ, Олександр Кучерјави, како и менторите Адам Вокер и Маркус Мекдоналд. Средбата беше посветена на ...
Освежителна, вкусна и лесна за подготовка, оваа ладна салата со тестенини е совршен избор за летен ручек, вечера или како оброк што лесно се носи на работа. Комбинацијата од пилешко месо, свеж зеленчук и пармезан создава богат вкус кој ќе го освои секој љубител на лесни и хранливи јадења. Потребни состојки за салатата: 250 грама фусили тестенини 120 грама шери домати 1 свежа краставица 150 грама пржен пилешки стек 2 лажици ситно сечкан свеж ...
Астронаутите на НАСА, Џесика Меир и Крис Вилијамс, извршија седумчасовна вселенска прошетка за да ја поправат роботската рака на Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти синоќа американската вселенска агенција, пренесе ДПА. Астронаутите замениле зглоб од околу 90 килограми на раката за време на активност надвор од леталото, соопшти НАСА. Роботските раце на МВС се користат за задачи што вклучуваат приклучување на вселенски летала. Ова ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на армијата да ја уништи инфраструктурата на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран, во јужен Либан, наведе синоќа владината прес-служба, пренесува ДПА. За време на посетата на трупите, Нетанјаху се осврна на сите надземни и подземни објекти што милицијата ги користела за напади врз Израел, како што се тунелите. „Ова е наредбата: не оставајте ништо зад себе, а вие го правите тоа“, рече ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика земјите-членки да го затворат недостигот од 100 милиони долари во готово во Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), јавува ДПА. Покрај болните мерки за штедење и контрола на трошоците со кои се соочува, дефицитот ја спречува оваа агенцијата да ги исполни своите тековни обврски, изјави синоќа Гутереш на донаторската конференција ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестициите на неговото семејство, што покажува дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигиталниот имот што имал корист од неговите политики, објавуваат британските медиуми. Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до американската Канцеларија за владина етика откриваат дека неговите компании добиле речиси ...
Во Шпанија минатиот месец регистрирани се 1.028 смртни случаи поврзани со топлотниот бран што ја зафати Европа. Најголем број жртви има во Каталонија, Баскија, Кастиља и Леон, Мадрид и во Андалузија. Тоа е речиси двојно повеќе во споредба со 407 смртни случаи регистрирани во јуни 2025 година. На 23 јуни е регистриран најжешкиот јунски ден досега, со просечна температура од 29,6 степени за цела Шпанија. Според податоците на Министерството за ...
Потпретседателот на САД, Џеј ди Венс изјави дека не се согласува со ставовите на Ватикан за имиграцијата, нарекувајќи ги „вознемирувачки“. – Мислам дека некои од работите што произлегоа од Ватикан, особено за имиграцијата, се вознемирувачки и на крај не се согласувам со нив. Она што им го кажувам на католичките лидери со кои разговарам, а кои не се согласуваат со нашата имиграциска политика, е дека не сум непријателски настроен кон ова ...
Плановите за одржување на Самит на НАТО во Албанија следната година се доведени во прашање поради спротивставувањето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и незадоволството меѓу членките на НАТО поради ниските расходи на Тирана за одбрана, објавија денеска албанските медиуми повикувајќи се на изјави на неименувани дипломати од НАТО и европски официјални лица. Во нацрт-изјавата за Самитот на НАТО во Анкара, што треба да ...
Околу 2.000 Турци, мафијаши, од мафијашките криминални групи, се наоѓаат во грчките затвори, откри министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервјуто за телевизијата „Скај“, објаснувајќи дека членови на турската мафија доаѓаат во Грција и ги расчистуваат нивните сметки, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот во чија надлежност е полицијата, рече дека во Грција не постојат многу мафии, посочувајќи дека ...
Русија денеска го запре сообраќајот преку последните железнички гранични премини со Европската Унија. Одлуката за суспензија на целиот железнички превоз на луѓе, возила, артикли и товар со Финска, Естонија и Летонија е донесена синоќа, а стапи во сила денеска. Руското Министерство за надворешни работи официјално ги информираше балтичките држави за одлуката, без да прецизира дали затворањето е привремено или не. Многу фински железнички премини ...
Африканскиот центар за контрола и превенција на болести денеска соопшти дека во Уганда е пријавен изолиран случај на марбург треска, хеморагична болест со висок ризик. Во соопштението на Министерството за здравство во Уганда се наведува дека ниту еден од контактите на заразеното лице не развил симптоми на вирусната болест и оти во моментов нема други активни случаи на марбург треската. Болеста, предизвикана од вирусот марбург, кој е ист вид ...
Турција подготвува опсежно обезбедување за претстојниот самит на НАТО со распоредување на десетици илјади полицајци, ставајќи ја противвоздушната одбрана во висок степен на подготвеност, забранувајќи ги јавните собири и воведувајќи спорни ограничувања на слободата на изразување и здружување. Лидерите на 32 држави-членки ќе се соберат на 7 и 8 јули во главниот град на Турција, Анкара, вклучувајќи го и претседателот на САД, Доналд Трамп, чии ...
Бројот на загинати во пожарот во селото Лити во близина на Солун се зголеми на две лица, откако доцна синоќа беше пронајдено уште едно јагленосано тело, кое иако сè уште не е идентификувано, најверојатно му припаѓа на 12-годишното дете, кое се водеше за исчезнато, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција доцна синоќа информираа дека во куќа во шумската област во близина на селото Лити, во општина Ореокастро кај ...
Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава споредено со истиот период лани. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст, а опаѓање во Рударство и вадење камен од ...
Во мај годинава во однос на мај претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9.1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3.6 проценти, а реално е зголемена за 1.6 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6.2 проценти и ...
Со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште Обвинителството, презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, ...
На Конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Лилјана Ристевска е избрана за претседател на организацијата за новиот четиригодишен мандат. Со оваа одлука, таа станува првата жена претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата, информираат оттаму. Изборот на Ристевска, велат, претставува значаен историски момент за најголемата хуманитарна ...