Одлична комбинација од сирење, шунка и домати во тесто – состојки типични за традиционално предјадење. Состојки: Тесто: 240 грама брашно 120 грама ладен путер 1/4 лажичка сол 60 грама рендан пармезан 4 лажици кисела павлака 2 јајца 200 грама рендан кашкавал (што добро се топи) 100 грама шунка 6–10 шери-домати Подготовка: Направете го тестото со мешање на брашното, солта и пармезанот; потоа додадете го исецканиот путер и темелно втријте го во ...

Американските вооружени сили извршија нови воздушни напади врз Иран, само неколку часа откако три трговски брода беа нападнати во Ормуската Теснина. Светските агенции јавуваат дека станува збор за нова ескалација во размената на удари меѓу двете земји, што дополнително го доведува во прашање привремениот договор за прекин на непријателствата. Според американски официјални претставници, нападите биле насочени кон повеќе воени цели и ...

Товарен авион со пет члена на екипажот синоќа исчезна во близина на пакистанското пристаниште Карачи, откако претходно почнал брзо да се спушта и изгубил контакт со контролата на летање на Обединетите Арапски Емирати. Пакистанската управа за цивилно воздухопловство објави на социјалните медиуми дека во тек се спасувачки операции во Арапското Море. Причината за исчезнувањето на авионот се уште не е позната. Авионот од типот „Боинг 737“ на „K2 ...

Најмалку четири танкери за превоз на нафта и течен природен гас се откажале од пловидба низ Ормуската Теснинаи го промениле курсот, покажуваат податоците за следење на движењето на бродовите. Новите напади врз пловни објекти во тој стратешки важен поморски коридор дополнително ја зголемија загриженоста за безбедноста на пловидбата. До промената на рутите дошло откако во вторникот, во близина на теснината, беа оштетени катарски танкер за течен ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од самитот на НАТО во Анкара изјави дека новите американски напади врз Иран биле „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал решително да реагира по, како што изјави, кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран. „Кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши, мислам дека е апсолутно клучно САД силно да реагираат“, изјави Руте пред почетокот на самитот во Анкара, јавија ...

Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа нови напади врз Иран по објавата дека Техеран нападна три брода во Ормуската Теснина. Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, рано утрово скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел, додека цената на американската референтна сурова нафта исто така се зголеми за 2,6 проценти на 72,25 долари за барел, објавија американските медиуми и ...

Македонската берза денеска официјално ќе го почне проектот за поттикнување и подготовка на македонски компании за пазарно финансирање. Проектот е поддржан од ЕБРД врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, а ќе се имплементира од PWC Северна Македонија и PWC Хрватска. Во рамки на проектот, најмногу десет компании ќе добијат професионална и независна проценка на нивната подготвеност за пристап до пазарот на капитал преку издавање акции ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 548-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на извештај со предлог листа на кандидати за претседател на Основен кривичен суд Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје. На дневен ред, е и усвојување на измени и дополнувања на Годишната програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, како и избор ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска втор ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на Буџетот. На првиот ден беа разгледани десетина амандмани со коишто се бараа повеќе средства за Министерството за односи со заедниците и за плати за вработените во одбраната и Армијата. Со дел од амандманите се бараше и зголемување на блок дотациите за општините наменети за противпожарните бригади и за изградба на објекти за ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес земјата доби 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи. За време на посетата комесарката Кос ќе се сретне со премиерот Христијан ...

На Мицкоски и на ВМРО не им е ниту до реформи, ниту до подобрување на Изборниот законик, ниту до консензус. Целта е една – изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови од дијаспората. Истата ВМРО што тврдеше дека веќе обезбедиле договор со Левица и ДУИ, сега сака да го префрли проблемот кај СДСМ. Нели седнаа заедно со Левица и со ДУИ, нели се договорија? Постојано само лаги и спинови. Ја укина техничката Влада на сила и без консензус. ...

Судскиот совет денеска ја избра судијката Даниела Димовска за претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Советот кои ја поддржаа кандидатката, како клучни предности ги посочија нејзиниот акциски план, визионерскиот пристап во раководењето, капацитетот за унапредување на независноста и транспарентноста на судот, како и резултатите постигнати во текот на изминатата година додека ја извршуваше функцијата в.д. претседател. ...

Европскиот првак Шпанија ја продолжи серијата победи без примен гол на Светското првенство и со триумф вечерва во судиското продолжение над Португалија во Далас со 1-0 се пласираше во четвртфиналето. Победата на Шпанија ѝ ја донесе Микел Мерино во првата минута од судиското продолжение, само шест минути откако влезе на теренот на местото на Дани Олмо. Првото полувреме изобилуваше со шанси за гол на двете страни. Шпанија прва се закани во 3. ...

По убедливиот пораз утрово од Белгија (1-4) домаќинот на Мундијалот САД го заврши настапот во осмина финалето. Со квалитетна игра селекцијата на Белгија оствари сигурна победа, пред сè казнувајќи ги грешките на домашната репрезентација. Белгија поведе со голот на Шарл Де Кетелере во 9.минута. Американците изедначија во 31.минута преку Малик Тилман, но осум минути подоцна Де Кетелере повторно и донесе водство на Белгија од 2:1. Во 57.минута ...

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо синоќа против Шпанија во Далас го одигра последниот натпревар во дресот на Португалија на Светско првенство. Неговата репрезентација го загуби осминафиналето со 1:0, што значеше и елиминација на Португалија. – Тажен сум. Дадов сè од себе, дадов се од себе и си заминувам со чиста совест. Тоа е фудбалот, тоа е животот на еден фудбалер. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш и мора да продолжиш. Да ...

Репрезентацијата на САД доживеа непријатно изненадување откако ноќеска беше елиминирана од Белгија по поразот од 1:4 и со тоа Мундијалот го заврши во осминафиналето. Охрабрени по победите во групата, американскиот тим влезе со оптимизам во дуелот со Белгија. – Не го покажавме нашиот вистински квалитет како тим. Не ја поврзавме играта. Белгија беше подобра од нас, и тоа е тоа. Беше многу лош ден. Не беше наш ден, колективно или индивидуално. ...

Новата, трета генерација на Ауди Q7 носи голем напредок, особено во технологијата на осветлување и луксузот во внатрешноста. Наместо само обично освежување на изгледот, Ауди се фокусираше на паметни дигитални Матрикс ЛЕД предни светла кои овозможуваат максимална видливост без да ги заслепуваат возачите од спротивната насока, додека задните светла нудат избор од осум различни дигитални изгледи. Како посебно интересна карактеристика, трепкачите ...

Лесни, сочни и вкусни… Состојки: 8 големи домати 1 праз 150 грама шампињони 200 грама брокула 2 чешниња лук 3 свежи листови босилек 100 грама кускус 150 мл вода 1 лажица масло и малку путер (за кускусот) сол, бибер, сув зеленчук 3 лажици пармезан Подготовка: Измијте ги доматите, исечете им ги врвовите (капачињата) и издлабете ја внатрешноста. Исцедете ја издлабената средина, исецкајте ја и оставете ја настрана. Брокулата искинете ја на мали ...

Главниот град на Данска, Копенхаген е прогласен за град со најдобар квалитет на живот во светот втора година по ред, според годинашната листа објавена од истражувачката рубрика „Оддел за информации“ на британското списание „Економист“ („Economist Intelligence Unit“ (ЕИУ)). Во списокот најдобри мета за живеење, вклучени се 173 градови низ целиот свет, а данската престолнина го задржа првото место пред Виена (Австрија), којашто претходно беше ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“. Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ. З., во својство на управител и сопственик на правното ...

Лидерите на 32-те земји членки на НАТО денеска во Анкара почнуваат дводневни разговори за одбранбените трошоци и договорите за набавка на оружје, во време кога Европа се наоѓа под сè поголем притисок од Соединетите Американски Држави да преземе поголем дел од безбедносниот товар на алијансата. Самитот, чиј домаќин е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неговата палата, ќе ги стави на тест повеќемесечните напори на генералниот секретар ...

Земјите членки на НАТО ќе потпишат одбранбени договори вредни десетици милијарди долари на самитот во Анкара на 7 и 8 јули, најави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за „Вашингтон пост“. – За време на самитот на НАТО во Анкара ќе бидат потпишани нови договори со компании од Европа и Северна Америка вредни повеќе десетици милијарди долари. Исто така, ќе потврдиме дека инвестираме во клучни технологии за да ги исполниме ...

Бројот на загинатите во двата силни земјотреси што пред две седмици ја потресоа Венецуела се искачи на 3.535 лица, покажуваат синоќа објавените официјални податоци. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа низа послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените е крајбрежната сојузна држава Ла Гуаира, а илјадници лица се уште се водат како исчезнати. ...

Американскиот Стејт департмент изрази „сериозна загриженост“ по однос последните активности на кинеската армија односно спроведеното тестирање балистичка ракета, способна да носи нуклеарна боева глава, а лансирана од подморница во Тихиот Океан. „Во време кога САД работат поинтензивно од кога било за да го спречат ширењето на нуклеарното оружје, Кина го прави токму спротивното. Брзото и нетранспарентно зголемување на нуклеарниот арсенал на ...

На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал. Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината. – По настанот, геолози и други стручни лица излегле на терен за да ја испитаат причината ...

Француската метеоролошка служба соопшти дека 61 департман во земјата денеска е ставен во портокалово ниво на предупредување поради високите температури, со очекувања топлотниот бран да продолжи до крајот на неделава. Метеоролошките служби најавија температури меѓу 35 и 38 степени Целзиусови низ поголемиот дел од земјата, додека на југозападот на Франција тие би можеле да достигнат и 41 степен. Пожарот во департманот Источни Пиринеи што зафати ...

Русија ги укинува домашните задачи за првоодделенците, почнувајќи од новата учебна година, објави „РИА Новости“, повикувајќи се на документ од руското Министерство за образование и наука. „Налогот утврдува дека во прво одделение, наставата се изведува без домашни задачи. Одредбата за вкупниот обем на домашни задачи за сите предмети во траење од еден час е исклучена“, се наведува. Претходно, според „Методолошките препораки за организација на ...

Турската полиција утринава приведе дел од учесниците на демонстрациите против НАТО во централниот дел на Анкара откога тие ги прекршија строгите безбедносни мерки и целосната забрана за протести за време на самитот на алијансата – јавија локалните медиуми. На видеоснимка на опозицискиот весник „Џумхуриет“ (Cumhuriyet), објавена на Х, се гледа како полициски службеници им ставаат лисици на демонстрантите и ги влечат кон полициски автобус во ...

Најмалку 18 лица, вклучувајќи четворица полицајци, беа повредени денеска во двете детонации на импровизирани експлозивни направи во Дамаск, соопшти Министерството за внатрешни работи, јавува ДПА. Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, група со седиште во Велика Британија, соопшти дека по почетната експлозија за неколку секунди следела уште една посилна експлозија, во близина на хотелот каде што престојува францускиот претседател ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.06
65%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.13
83%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.37
80%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.47
50%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.31
52%
1011
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.79
93%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
65%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.8
67%
1013
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.36
93%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
69%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
60%
1007
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.39
100%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Рутениум

53852.50

Платина

50958.93

Калај

53.50

Злато

130265.18

Цинк

0.00

Сребро

1870.85

Родиум

263636.12

Алуминиум

3.17

Паладиум

39448.97

Кобалт

56.29

Бакар

12.74

Иридиум

252383.36