Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот. Со импресивни 95 IWC поени, „Babuna Red 2023“ се издвои меѓу највисоко оценетите вина во својата категорија, ...
Денеска, 21 мај 2026 година, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески ќе се обрати на отворањето на меѓународната конференцијата „Општество и технологија – 2026“, 30 -та јубилејна манифестација на која СКСМ е еден од ко-организаторите на заедно со: Стопанската комора на Хрватска, Коморите на Индустрија и Трговија, и на занаетчиство и мали бизнис на Словенија, Регионалните комори на Приморска, Словенија и Штаерска од Австрија, како и ...
Технолошкиот гигант Мета започнува голема внатрешна трансформација со која се укинуваат околу 8.000 работни позиции, додека истовремено нема да се пополнат уште приближно 6.000 отворени места. Промените се дел од стратегија со која компанијата целосно го засилува фокусот на развој на вештачка интелигенција. Според интерна комуникација до вработените, извршниот директор Марк Цукерберг нагласил дека компанијата влегува во нова фаза на ...
Ефикасен систем за управување со отпад согласно стандардите и регулативата на Европската унија која е пресликана и во националното законодавство е возможно само преку воспоставување на одржлив регионален систем за управување со отпад. Овој систем ќе овозможи решавање на проблемите со отпадот, ќе овозможи негов соодветен третман, селекција, рециклирање и одлагање, со што ќе се отворат можности за развој базирани на кружна економија. Во ЕУ ...
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, со брзина која на места ќе надминува 50 километри на час. Температурите ќе се движат од 6 до 14 степени минимална, додека максималната дневна температура ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви ...
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предложи Украина да добие статус на „придружена членка“ на Европска Унија како преоден чекор кон полноправно членство, што според него би можело да помогне во постигнување договор за завршување на војната. Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на Европска Унија, но без право на глас. Фридрих Мерц смета дека таквиот модел би можел да ги ...
Регионална конференција „Граѓанска енергија: политики, практики и регионална размена“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација Еко-свест во соработка со партнери од Србија. Според организаторите, настанот доаѓа во клучен момент, кога двете земји се соочуваат со предизвици поврзани со пристапот до субвенции, административните процедури за приклучување на мрежа, правната сигурност и потребата од поголема инклузивност, особено за ...
Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и ИНОФЕИТ ЕДИХ денеска ќе презентира ново интегрирано дигитално решение за следливост на свежо овошје и зеленчук од парцела до финален купувач, со фокус на придобивките за компаните. Решението е изработено за потребите на Здружението на производители и трговци на свежо овошје и зеленчук – МАКФРЕШ, Гевгелија. Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ...
Компанијата Костал Македонија денеска одбележува 10 години од присуството во земјава. Компанијата Костал груп има фабрика во Охрид за изработка на делови и компоненти за автомобилската индустрија. На одбележувањето во Охрид се најавени обраќања на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, германската амбасадорка Петра Дрекслер, Виктор Мизо генерален директор на КОСТАЛ Македонија и потпретседател за владини прашања во Костал груп, ...
Без вода денеска ќе бидат дел од жителите на Општина Центар. -На ден 21.05.2026 дека поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Дане Крапчев 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица .Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности (Општина Центар), соопшти РЦУК, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“. Без вода денеска ќе бидат дел од жителите ...
Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија ќе отпочне општествено-економска кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и ...
Граѓаните во Македонија ги очекува продолжен викенд по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, кој е државен празник и неработен ден за сите граѓани. Празникот традиционално се одбележува во чест на браќата просветители, кои се сметаат за основоположници на словенската писменост и култура. Тие ја создале глаголицата и го поставиле темелот за развојот на словенската книжевност, образование и духовност. Во ...
Европската Унија постигна политички договор за укинување на дел од увозните давачки за американски стоки, во обид да се избегне нов трговски судир со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Потегот доаѓа по неколкумесечни тензии и закани за дополнително зголемување на американските царини за европските производи. Договорот, кој е дел од рамката усогласена минатото лето меѓу Брисел и Вашингтон, предвидува олеснет пристап ...
Од Зелениково до центарот на Скопје за 25 минути: „Градскиот воз“ треба да го намали сообраќајниот хаос Жителите на Зелениково во иднина би можеле да стигнуваат до центарот на Скопје за само 25 минути, доколку се реализира проектот за воведување „Градски воз“ во главниот град. Проектот е дел од поширок план за подобрување на јавниот превоз и намалување на сообраќајниот метеж во Скопје. Според најавите, првата линија ќе се движи на релација ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатко-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ. -Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат ...
На меѓународните берзи денеска барел нафта се тргуваше за помалку од 107 долари. Намалувањето на цената на нафтата се должи на пораките од САД за брзо завршување на војната со Иран и поминувањето на супертанкер низ Ормуска Теснина. На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше за 106,84 долари, што е за 4,44 долари помалку во споредба со вчера. На американската берза нафтата поевтини за 3,70 долари во споредба со вчера и барел ...
Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации предупреди дека евентуално затворање на Ормуската Теснина би можело сериозно да го наруши глобалниот пазар на храна и да предизвика нов бран поскапувања во наредната година. Според ФАО, сегашните одлуки што ги носат владите и земјоделските производители ќе бидат клучни за тоа дали светот ќе се соочи со дополнителен ценовен шок кон крајот на 2026 или почетокот на 2027 година. ...
Компанијата М Кар, официјален увозник на BMW за Македонија и Косово, денеска пред македонската јавност го претстави новиот BMW iX3 – првиот модел од револуционерната Neue Klasse платформа на BMW, која означува почеток на една целосно нова ера за брендот. Уште пред официјалното пристигнување на пазарите, новиот BMW iX3 веќе доби значајно меѓународно признание, освојувајќи ги титулите „World Car of the Year 2026“ и „World Electric Vehicle ...
– Забрана за поставување фотоволтаични централи во заштитени подрачја од мрежата НАТУРА 2000, во шуми и национални паркови, забрана за поставување ветерни електрани во Солун и Атина, на места на надморска над 1,200 метри и на мали острови, предвидува, меѓу другото, новата специјална просторна рамка за обновливи извори на енергија на Министерството за животна средина и енергетика на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството ...
Вкупната вредност на синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај оваа година достигна 68.743 денари. Во споредба со април, кога таа изнесуваше 68.797 денари, забележано е намалување од 54 денари, информира денес Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Кога станува збор за трошоците за изнајмен стан од 60 квадратни метри, синдикалната минимална потрошувачка кошничка за мај се искачува на 84.117 денари. Во текот на мај, средствата ...
Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше една од клучните пораки на четвртото издание на Firestarter 2026, конференцијата која отвори важен разговор за иднината на бизнисот, корисничкото искуство, искуството на вработените и новата организациска култура. Во фокусот на Firestarter 2026 беше ...
Македонскиот бренд за одржливи чанти YOVA воведе дигитален пасош за своите производи, отворајќи ново поглавје во својата приказна каде традиционалната рачна изработка се поврзува со современата технологија. Развиен во соработка со италијански партнери, овој систем овозможува секоја YOVA чанта да добие сопствен уникатен дигитален идентитет — доказ за нејзиното потекло, автентичност и приказна. Со воведувањето на дигиталниот пасош што поставува ...
Во организација на КИБС АД Скопје, во Скопје се одржа престижната Годишна конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association) – единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи. Настанот собра близу 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на европски клириншки куќи и оператори на платни системи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски ...
Ве известуваме дека на 16 мај 2026 година, во хотел „Изгрев“ во Струга, се одржа 71-то годишно Собрание на Адвокатската комора на Република С. Македонија, на кое беа избрани нови членови на органите на Комората за наредниот мандатен период. За претседател на Управниот одбор на Адвокатската комора на Република С. Македонија е избран адвокат Лазо Ѓорѓиевски од Скопје. За заменици претседатели се избрани адвокатката Хамдије Адеми Тафа од Кичево ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) официјално го конституираа своето партнерство насочено кон поттикнување на фер, сигурен и прифатлив енергетски премин во државата. Двете организации денеска склучија Заедничка декларација со која УНДП формално беше прифатена како соработник на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (Just Energy Transition ...
Велика Британија направи значајна промена во енергетската политика. Според новите правила, на британските компании им се овозможува да увезуваат дизел и авионско гориво кои биле преработени во трети земји, дури и ако првичната суровина потекнувала од Русија. Одлуката е образложена како неопходна мерка за стабилност на транспортниот сектор и непречено функционирање на авиосообраќајот во пресрет на летната сезона. Британските власти процениле ...
НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитално решение, достапно преку мобилната апликација NLB Pay, им овозможува на корисниците на платежни картички на НЛБ Банка едноставен трансфер на средства од која било НЛБ платежна картичка, кон сите ...
Македонија и натаму ќе биде под влијание на нестабилно време, а метеоролозите предупредуваат дека во текот на следните денови се можни локални невремиња, засилен ветер и нагли промени на температурите. Иако се очекуваат и сончеви периоди, атмосферата останува нестабилна, особено во попладневните часови. Според најавите, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи во повеќе региони низ земјата. ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе присуствува на следниот Самит на Г7, што ќе се одржи во јуни во Евијан, Франција. Според француските медиуми претседателот на Франција Емануел Макрон со недели се обидувал да го убеди Трамп да присуствува на Самитот. Трамп изминатиот период ги напаѓаше земјите-членки на Г7 поради што не го поддржаа во војната против Иран. Првично беше планирано Самитот на Г7 да почне на 14 јуни, но е презакажан и ќе трае ...
Приближно 770 милиони денари се одобрени од страна на Владата за поттикнување на науката, обелодени денес од страна на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Како одговор на прашања од новинарските екипи, по свеченото поставување на камен-темелник за проширување на основното училиште „Јоаким Крчовски“ во населениот дел Волково-Орман, општина Ѓорче Петров, тој истакна дека издвоениот финансиски износ претставува двојно зголемување во ...