
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Државниот пазарен инспекторат ги заврши контролите на маркетите и дистрибутерите се со цел да се открие зошто се толку високи цените на производите. ТВ21 пренесува дека неофицијалните информации се дека се откриени прозиводи со бруто маржа од 40 до 70 отсто што директно го кршат Законот за нефер трговски практики кој предвидува далку помалку маржи на производите. Од ТВ21 посочуваат дека дистрибутерите на производи од странство, користејќи ја ...
Работниците на велешка „Колска“ ја добиле декемвриската плата и штрајкот го ставија во мирување, односно, блокирањето на железничкиот сообраќај на железничка станица Велес најавен минатата недела, за денеска, не се реализираше. Претседателот на синдикалната организација на ССМ, Тони Арсовски, за ТВ 24, потврди дека има поместување на работите во нивна корист. Покрај исплата на платата, тие минатата недела на протестот пред капијата на фабриката ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 % во однос на одлуката од 7.02.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,198%, кај дизелот намалувањето е за 0,043%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,055% и кај мазутот ...
– Европската унија ќе се спротивстави и соодветно ќе одговори на сите царини што и ги наметнаа САД, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро. – Нема двоумење кога станува збор за одбрана на нашите интереси, рече Баро во интервју за TF1. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека Вашингтон ќе се придвижи оваа недела да воведе царини од 25 отсто за производите од челик и алуминиум. И германскиот ...
Нова инвестиција во земјава до крајот на овој месец најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот кажа дека во завршна фаза се преговори со петнаесетина потенцијални инвеститори, со што очекува да биде надмината бројката која ја соопшти во ноември од една милијарда односно 1,040 милијарда евра. -Во завршна фаза сме на околу 15-тина инвестиции, дел од нив се веќе завршени, со дел од нив преговараме. Со дел од нив сме во потесна ...
На наредната владина седница во вторник, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе поднесе извештај во врска со последиците од бојкотот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи, а можно е Владата да преземе мерки за контрола на цените, најави премиерот Христијан Мицкоски. „Очекувам детално реферирање на седницата, по што ДПИ, заедно со Министерството за економија и труд, ќе излезат со конкретни параметри. Ако системот не ...
Американскиот претседател Доналд Трамп (Трамп) синоќа побара од Министерството за финансии да го запре производството на ковани центи, сметајќи дека е прескапо и со цел да се намали јавната потрошувачка. – Предолго САД коваа монети и тоа е расипништво. Побарав од министерот за финансии да престане да произведува нови центи, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл. Милијардерот Илон Маск, кој ја предводи Комисијата за владина ...
Телешката кртина се продава по цени недостижни за најголемиот дел од граѓаните. Одамна ова месо не е дел од секојдневната исхрана, но со новите цени од 700 до над 1.000 денари, стана луксуз. Телешката кртина достигна цена од над илјада денари, јунешкото се продава од 700 до 800 денари. За најголем дел од граѓаните телешкото е луксуз кој не можат да си го дозволат. Ги прашавме кога последен пат купиле телешко месо. За домашните производители, ...
Како да се раскине синџирот на посредници меѓу производителите и купувачите, а со тоа-да се намалат цените? Направивме истражување и сето наведува на едноставното-поддршка и зголемување на домашното, локално производство … Зголемување на домашното производство, поттикнување на локалните производители, загарантирани откупни цени, но и на продажните трошоци, се дел од предлозите за да се стопира дивеењето на цените и да се скрати синџирот на ...
Владата бара решение за Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска и решение ќе се најде со сигурност, вети при денешната посета на Велес премиеро Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. Воедно информира дека во заеднички договор со вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски, во понеделни вработените на Колска ќе добијат плата. Премиерот Мицкоски појасни дека кога биле избрани за Влада, дел ...
Земјоделците можат самите да направат електронски увид на податоците во Платежната агенција поврзани со поднесените барања за субвенции. Министерството за земјоделство размислува и за промени во системот на субвенционирањето за негова поголема ефикасност … Преку електронскиот преглед на Платежната агенција земјоделците можат да ги добијат потребните податоци за поднесените барања за субвенции, односно за одобрување, исплатен износ и датум на ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 % во однос на одлуката од 5.02.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,055%, кај дизелот за ...
Речиси три и пол децении по напуштањето на Советскиот Сојуз, балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија веќе нема да бидат поврзани со електричните мрежи на Русија и Белорусија почнувајќи од овој викенд, бидејќи тие целосно се свртуваат кон своите сојузници од Европската унија. Прекинувањето на електроенергетските врски со Русија богата со нафта и гас има и геополитичко и симболично значење. Работата на ова се забрза откако рускиот ...
Во 2021 година Министерството за економија набавило софтвер вреден два милиони денари кои никогаш не бил ставен во употреба. Ова го утврдиле ревизорите на Државниот завод за ревизија. Тендерот бил распишан за набавка на софтвер за управување со апликации. Актуелниот министер за економија, Бесар Дурмиши, информираше дека постојат индиции за прекршување на процедурите при јавната набавка, бидејќи целиот процес бил завршен за само 15 дена, што е ...
Граѓаните и денеска ќе ги бојкотираат маркетите поради високите цени на основните прехранбени производи. Надлежните најавија мерки кои треба да бидат познати во текот на денешниот ден или во понеделник. До крајот на неделата треба да завршат и шестмесечните контроли на Пазарниот инспекторат со кои се опфатени дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците по што Инспекторатот треба да излезе во јавноста со податоци. По примерот на ...
Милијардерот и ко-основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изрази негативен став за криптовалутите, нарекувајќи ги безвредни и бескорисни. Во интервју за The New York Times, Гејтс одговори на прашањето за вредноста на криптовалутите велејќи: „Нема вредност (ништо)“. „Дури и луѓе со висок коефициент на интелигенција се залажуваат дека криптовалутата има вредност“, додаде Гејтс. Гејтс често изразува скептицизам и ги критикува криптовалутите. Во ...
Во неочекуван пресврт на ситуацијата, американската поштенска служба (USPS) денес објави во кратко известување дека од 5 февруари ќе продолжи да ги прифаќа сите меѓународни влезни пошта и пакети од кинеското копно и поштата во Хонг Конг. Претходно во вторникот, USPS објави дека повеќе нема да прифаќа пратки од Кина и Хонг Конг, откако САД воведоа дополнителни 10% царини за кинески стоки и го прекинаа царинскиот исклучок што дозволуваше пратки ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска пред медиумите соопшти дека одлуката на Уставниот суд да се поништи т.н. солидарен данок е конечна и мора да се почитува, а оти сите засегнати субјекти имаат легитимно право да си побараат надомест на име затезна камата. Тој на прашање на новинарите рече дека нема намера да ја коментира одлуката на Судот, а дека во рамки на Владата заедно со Министерството за финансии ќе направат мапирање на ...
Минатата година вкупниот обем на трговија со злато изнесувал 4.974 тони, што е зголемување од 4.899 тони во 2023 година. Во 2024 година, глобалната побарувачка за злато, поттикната од зголемените геополитички и економски несигурности, достигна ново рекордно ниво, коментира Шаокаи Фан, глобален шеф на централните банки во Светскиот совет за злато. Трета година по ред, глобалната трговија со злато надмина 1.000 тони, а апетитот на централните ...
Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека за годинава е можна „стабилизација“ на цените на становите. Но, тој додаде дека не очекува намалување на цената на квадратниот метар бидејќи, според него, потребни се многу мерки кои треба да се спроведат за тоа да се случи. „Веќе полека се појавува помал интерес на купување на готови станови, затоа што сите ...
Минималните плати во Европската унија (ЕУ) покажуваат значителни разлики меѓу земјите членки, при што месечните бруто минимални плати се движат од 551 евро во Бугарија до 2.638 евра во Луксембург. Овие разлики се намалуваат кога се зема предвид стандардот на куповна моќ (PPS), но сепак остануваат значајни. Во регионот на Западен Балкан, минималните плати исто така варираат: Овие податоци укажуваат на значителни разлики во минималните плати меѓу ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во однос на замрзнувањето на програмите на УСАИД од страна на новата американска администрација на Доналд Трамп, изјави дека ова треба „да нè освести, да нè отрезни и да сфатиме дека во иднина ќе треба самите за себе да се грижиме, самите да градиме општество кое ќе биде наше заедничко општество“. Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски рече дека „ќе треба да бидеме свесни дека ова е наш заеднички дом и дека ...
Земјоделците кои сакаат да инвестираат во своето производство можат да се подготвуваат за аплицирање на новиот јавниот повик од ИПАРД 3 програмата. Неповратната финансиска поддршка се однесува за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства. Кофинансирањето е најмалку 60 проценти од вложените средства … инвестициите Прифатливи се набавките на градежни материјали за изградба или реконструкција на згради и објекти, на нова земјоделска ...
Групацијата на небанкарски финансиски друштва ги претстави резултатите од работењето. Компаниите од оваа дејност во последниот период се на удар на јавноста по се поголемиот број случаи на измами со брзи кредити, па и нивно подигнување во туѓо име… Месечните обврски не смеат да бидат над 70 отсто од приходот, утврден е максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот според новото законско решение кое ги штити потрошувачите на брзи ...
Бројот на работниците во индустријата минатата година е намален за 0.3 % во однос на 2023-та. Во декември лани, пак, во споредба со истиот месец од 2023, нивниот број е помал за 4.7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од ...
Земјоделците самостојно можат да направат електронски увид за најважните податоци поврзани со поднесените барања за субвенции. Министерството за земјоделство подготвува нова програма со одредени промени на системот во субвенционирање… Од оваа година субвенционирањето ќе претрпи одредени административни олеснувања за скратување на времето за аплицирање на земјоделците. Преку електронскиот преглед во платежната агенција ќе можат да ги добијат ...
Цената на кафето арабика продолжува да расте осми ден по ред достигнаувајќи го денеска својот историски максимум, како последица на намалените испораки и во пресрет на веројатното намалување на жетвата во Бразил во 2025 година предизвикано од топлото и суво време. Од почетокот на годината цената на арабиката порасна за 21 отсто. Фјучерсите за сортата арабика на берзата International Exchange Inc. (ICE) утринава пораснаа за 2,4 отсто до $3,87 ...
Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша указ со кој наложи Министерството за финансии и Министерството за трговија во наредните 90 денови да изготват план за создавање на суверен фонд за благосостојба на САД. -Политика на Соединетите Држави е да се максимизира управувањето со националното богатство исклучиво во полза на американските граѓани. Во таа насока, од интерес на американскиот народ е федералната влада да воспостави суверен фонд со ...
Цените на криптовалутите денеска забележаа остар пад, при што биткоинот достигна најниско ниво во последните три недели, а етереумот падна на најслабата вредност од септември, додека загриженоста за можен глобален трговски конфликт ги турка инвеститорите кон помалку ризични вложувања. На азиските пазари во денеска наутро, биткоинот падна на 94.476 долари, а во еден момент достигна тринеделен минимум од 91.441 долари. Етереумот загуби околу 24% ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го прекине целото идно финансирање за Јужноафриканска Република (ЈАР), сè додека не се спроведе истрага за, како што рече, „многу лошиот третман“ на „одредени групи луѓе“. „ЈАР конфискува земјиште и одредени групи луѓе ги третира многу лошо“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл, без да приложи докази за тврдењата. „САД нема да го толерираат тоа, ќе преземеме мерки. ...