
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Во последните неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство. За реално да пораснат платите мора да порасне економијата. Изминативе години примањата на работниците растеа со побрзо темпо од економијата. Ова резултира со пад на продуктивноста, тоа е проста економска логика ...
Целта не ги оправдува сретствата, ова е заклучокот од анализта на Институтот за економски анализи Фајнанс тинк за исплатената државната помош во земјоделството, туризмот и привлекувањето на странските инвестиции. „Кај нас државната помош треба да претрпи одредена реформа, и дадените средства да бидат врзани за аутпути. Затоа што не секаде идентификувавме дека зголемената државна помош дава и крајни резултати. Особено во делот на земјоделие но ...
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска денеска објави дека се обезбедени 500 милиони евра за навремена отплата на Еврообврзницата со договор за заем со унгарската Експорт- импорт банка Обезбедивме 500 милиони евра за навремена отплата на Еврообврзницата во јануари 📍Денеска во Будимпешта потпишавме договор за заем од 500 милиони евра под поволни услови со унгарската Експорт-импорт банка. Со овие средства обезбедуваме целосна и ...
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија би можела да се соочи со царини доколку Унијата не го намали растечкиот дефицит со САД со купување американска нафта и гас, пишува Ројтерс. Според податоците на американската влада, ЕУ веќе го купува најголемиот дел од американскиот извоз на нафта и гас, а дополнителни количини во моментов не се достапни, освен ако САД не го зголемат производството или не ги пренасочат пратките ...
Во ноември годинава, на годишно ниво, вкупните депозити забележале раст од 11,0%, а вкупните кредити од 9,7%, соопшти Народна банка. Паричната маса во ноември, бележи месечен раст од 0,6%, пред сè поради растот на долгорочните депозити до две години и депозитните пари, при помал позитивен придонес и на готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити забележаа пад. Годишниот раст на паричната маса изнесува 9,1% и е резултат на растот на ...
Албанија пред две години издвојувала 0,5 отсто од БДП, Србија била најдарежлива со 5,9 отсто, а Македонија за оваа намена определила 1,9 отсто од БДП или 235 милиони евра, информира Благица Петрески, директорка на Фајненс Тинк Од доделените 235 милиони евра на име државна помош во 2022 година, најголемиот дел од колачот, односно над 60 отсто отишле во земјоделскиот сектор, а остатокот кај компаниите и за привлекување на странски директни ...
Европскиот систем за безбедност на храна го вклучи алармот поради големото количество мандарини кои доаѓаат од Албанија. Во последните недели Хрватска, Чешка, Италија и Литванија, земји кои увезуваа овошје од Албанија, по контролата ги вратија товарите на границата. Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и забранети за продажба во ЕУ. Особено, високите остатоци од хлорпирифос и фосмет пестициди, кои ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42 134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10.7 %) и Образование (10.6 %). Зголемување на просечната месечна ...
Италијанската банка „UniCredit“ во средата соопшти дека го зголемила својот удел во „Commerzbank“ на 28 отсто, зголемувајќи го притисокот врз германскиот заемодавател додека се понудил за помалиот домашен ривал „Banco BPM“. „UniCredit“, кој ја налути германската влада кога стана најголемиот приватен инвеститор во „Commerzbank“ во септември, бара дозвола од Европската централна банка (ЕЦБ) да го зголеми својот удел на 29,9% – веднаш под нивото ...
Дополнителни субвенции можат да побараат градинарите кои своето производство го продале на регистрирани откупувачи, на пазар или е користено за домашни потреби. Услов е да имаат произведено минимални просечни приноси во зависност од културата… До 25-ти декември земјоделците можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции за градинарско производство на отворено и во пластеници. Оствареното производство треба да е предадено на регистриран ...
Секој ден се празнат куќите, а младите во Македонија пакуваат куфери и купуваат билети во еден правец – Словенија. Во последните три години, речиси 12.000 македонски граѓани се вработиле во оваа држава, според официјалните податоци. Нивната главна цел не е само подобра плата, туку и чувство на сигурност и достоинство кое, како што велат, не можат да го најдат дома. „Заминав бидејќи овде работев две години и не добивав плата на време. Таму, иако ...
Глобалната огласувачка индустрија за прв пат оваа година ќе надмине 1 трилиони долари во приход, при што се очекува дека Google, Meta, ByteDance, Amazon и Alibaba ќе заработат повеќе од половина од вкупниот износ на пазарот доминиран од технолошкиот сектор – пренесува Фајненшал Тајмс. Медиската агенција GroupM, дел од групацијата WPP, проценува дека глобалните приходи од огласување ќе пораснат за 9,5% во 2024 година, повеќе отколку што се ...
Владата на Соединетите Американски Држави е на само еден ден од останување без пари додека Конгресот се обидува да донесе краткорочен план за финансирање. Претставничкиот дом синоќа не го усвои ревидираниот план за трошење предложен од републиканците за да се избегне затворање на владата. За усвојување беше потребно двотретинско мнозинство во Претставничкиот дом, но тој услов не беше исполнет. Дури 38 републиканци гласаа против, заедно со ...
Во Скопје денеска ќе се реализира економскиот форум со наслов „Трка до дното“ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан“. Како што информираат од „Фајненс тинк“, на економскиот форум ќе бидат презентирани наоди од новата студија за видовите и износите на државна помош за домашни и странски компании, со осврт на транспарентноста и одговорноста на надлежните институции во земјите од Западен ...
Црна Гора и Албанија веќе се приклучија кон овој европски платежен систем. Македонија би требало наскоро да се приклучи, но не се знае точно кога. Црна Гора и Албанија пред неполн месец беа примени во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) како први земји од Западен Балкан, а Македонија очекува наскоро да се приклучи како 39. членка на овој систем на плаќања на Европската унија кој ги поедноставува банкарските трансфери деноминирани во ...
Енергетски компании од Централна Европа ја притискаат ЕУ за продолжување на договорот за транзит на руски гас. Молбата на компаниите до ЕУ доаѓа кога регионот се соочува со прекин на снабдувањето со гас од Русија преку Украина подоцна овој месец. Најголемите енергетски компании од Централна Европа испратија писмо до шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен во обид да се продолжи договорот за транзит на руски гас низ Украина, што претставува нов ...
Поскапувањето, според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), значи дека едно просечно домаќинство во државата што има сметка од 2.300 денари ќе има зголемен трошок од 21 денар. Од 1 јануари, со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, граѓаните добиваат минимално покачување на електричната енергија Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти. Во првиот блок ...
Да се создаде бизнис околина што ќе биде предвидлива и ќе ги намали трошокот и времето на фирмите во делот на административните и бирократските барања, формирање на иновативен еко систем којшто ќе ги доближи новите технологии и знаења до македонските фирми, финасиски сектор кој ги опфаќа сите форми и ќе нуди разновидни финансиски услуги со кои ќе се подобри ликвидноста и инвестициската способност на фирмите и пазарна интеграција и на ...
Според Вунш, сепак, ниското ниво на еврото во однос на доларот ќе го намали ефектот од нивното наметнување. „Еврото веќе е амортизирано за 4-5 отсто во однос на доларот. Ако се постигне паритет, тоа би ја неутрализирало царината од 10 отсто“, истакнува белгискиот банкар. Слабото евро кое се движи кон паритет со доларот ќе го намали влијанието на можните нови американски царини за европските стоки, но од друга страна би можело да ја зголеми ...
Германската влада ги засили своите критики за обидот на Уникредит да ја преземе Комерцбанк и ја повика италијанската банка да го намали својот удел во германскиот заемодавач. Тоа се случи само неколку часа откако UniCredit објави дека го зголемил својот удел во Commerzbank на 28% со дополнително користење на деривати за да ја зголеми контролата врз германскиот заемодавател. „Уникредит повторно презема некоординирани и непријателски дејствија ...
Советодавниот центар за финансискиот сектор на Светската банка (ФИНСАК) изработи студија за процена на финансиската одржливост, во која учество зедоа и експерти од Народната банка и којашто беше презентирана во присуство на тимот, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и делегацијата на Светската банка предводена од директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, ...
Неодамнешното истражување на Глобалната алијанса за електрични возила откри дека огромното мнозинство на сопственици на електрични возила не планираат да се вратат на традиционалните бензински или дизел автомобили. Според податоците, 92% од испитаниците ја изразиле својата непоколеблива лојалност кон електричните возила, наведувајќи различни причини за нивната предност. Главната движечка сила зад оваа промена се пониските оперативни трошоци ...
Вредноста на биткоинот падна за 2,85 отсто на 99.817,27 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 73,99 милијарди евра. Индексот на страв и алчност за Биткоин денес изнесува 81 во категоријата „Екстремна алчност“, што покажува дека расположението на инвеститорите е многу добро и дека тие веруваат во понатамошен раст на цената на ...
Аргентина излезе од рецесија бидејќи забележа квартален раст од 3,9 отсто во третиот квартал од 2024 година, што беше подобро од прогнозата на аналитичарите кои очекуваа раст од 3,4 отсто. Како што пренесува Блумберг, во третиот квартал од оваа година економијата на Аргентина паднала за 2,1 отсто во однос на истиот период минатата година, но овој пат резултатот е подобар од очекувањата на експертите кои предвидувале пад од 2,6 отсто. ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ги додели решенијата за субвенции за мали и средни претпријатија и занаетчии врз основа на објавените јавни повици… Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ги додели решенијата за субвенции за мали и средни претпријатија и занаетчии врз основа на објавените јавни повици по мерките од Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за ...
Новоизбраниот претседател Трамп ги повика американските пратеници да го отфрлат привремениот закон за одржување на финансирањето на владата и три дена пред истекот на финансирањето, побара од Конгресот да го зголеми плафонот на долгот, зголемувајќи ја веројатноста за делумно затворање. Трамп и новоизбраниот потпретседател Џеј-Ди Венс ги повикаа пратениците да донесат поинаков нацрт-закон за привремени трошоци од оној што беше воведен во ...
Овоштарите и лозарите можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции доколку производството го продале на регистрирани откупувачи, преработувачи, на пазар или е користено за домашни потреби. Крајниот рок за поднесување на барањата е 25-ти декември 2024 година… Овоштарите кои имаат насади со праска, вишна, малина, капина и кајсија, и се корисници на директните плаќања за одржување на постоечки овошни насади, имаат право на дополнителни ...
Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски од собраниската говорница нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ најавувавше реализација на 100 милиони евра оваа 2024 година и 250 милиони евра идната 2025 година за општините. Првата манипулација беше откриена при ребалансот на буџетот за 2024 година кога констатиравме дека нема 100 милиони евра на располагање, туку има некаде околу 70 милиони евра, а втора беше манипулацијата од страна на власта дека наредната 2025 ...
Цената на биткоинот достигна нови рекордни височини, надминувајќи 107.000 долари, откако предлогот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за национална резерва на криптовалути внесе нов ентузијазам на пазарите. Овој пресврт е одраз на зголемениот интерес за дигитални средства и очекувањата за поволна регулаторна средина под новата администрација. Водечката криптовалута го достигна врвот од 106.533 долари на 16 декември 2024 година, што ...
Флаерите остануваат еден од најефикасните и најдостапните начини за рекламирање во Македонија. Со FlaerServis.mk, добивате професионален сервис кој ги покрива сите аспекти на процесот – од дизајн и печатење до дистрибуција. Придобивки од рекламирање со флаери: Со нашиот сервис, добивате гаранција за квалитетна дистрибуција и транспарентност во процесот. 👉 Вашиот бизнис заслужува поголема видливост! Аплицирајте сега и дознајте како флаерите ...