Ефикасноста на јавната администрација во Македонија останува клучен предизвик. Иако веќе подолго време се апелира за реформи, според Светска банка и Европската комисија, напредокот е ограничен. Проблемите со продуктивноста, ригидноста на платите и политизацијата го попречуваат развојот на јавниот сектор, кој учествува со 22% од вкупната вработеност во земјата. Светска банка: јавната администрација е голема, но неефикасна Според податоците на ...

Американската централна банка (ФЕД) ја заврши 2024 година со трето последователно намалување на каматните стапки, што повторно укажува на ризикот од инфлација. Претседавачот Џером Пауел призна дека проекциите за инфлацијата за крајот на годината се „малку намалени“ и додаде дека ќе биде потребно подолго од очекуваното за да се достигне целта од 2 проценти. Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) го префрли својот фокус од пазарот на трудот ...

Различни движења може да се забележат во другите класи на инвестиции во текот на изминатата недела. Приносот на американската десетгодишна државна обврзница по повеќе од половина година повторно надмина 4,50 отсто. Вредноста на еврото падна под 1,035 долари. Како и акциите, златото беше под притисок по состанокот на ФЕД. Биткоинот ја започна неделата брилијантно, со рекорд над 108 илјади долари, за во втората половина од неделата да падне под ...

Од 1 јануари 2025 година, Романија и Бугарија ќе станат дел од Шенгенската зона, со што ќе се овозможи слободно движење меѓу земјите-членки на ЕУ. Оваа одлука доаѓа по повеќегодишни одложувања, иако уште во 2011 година Европската комисија потврди дека двете земји ги исполнуваат сите критериуми. Со приклучувањето на Романија и Бугарија, Шенгенската зона ќе има 29 земји, овозможувајќи значително олеснување на патувањата. Од 1 јануари 2025 година, ...

Највисок раст на платите во земјава се забележува во секторите уметност, забава и рекреација 11,5%, информации и комуникации 10,7% и образование 10,6%. Врвот на листата го држи секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, со просечна плата од 97.404 денари. Во споредба со претходниот месец, најголем пораст е забележан кај секторите дејности поврзани со недвижен имот 7,5%, образование 5,0% и градежништво 3,1%. Во исто ...

Без претходна најава, „Транснеф“ престана да пумпа преку гасоводот „Дружба“, кој ги поврзува рафинериите во Унгарија, Словачка и Чешка со руските полиња. Последните текови на руска нафта кои продолжуваат да течат кон европските земји и покрај ембаргото воведено на крајот на 2022 година престанаа во четвртокот, на 19 декември. Како што пренесува Ројтерс, без претходна најава, „Транснеф“ престана да пумпа преку гасоводот „Дружба“, кој ги поврзува ...

Вредноста на биткоинот денеска нагло падна на нешто помалку од 92.000 евра. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 116,75 милијарди евра, што претставува зголемување во однос на вчерашните вредности, пренесува CNN. Индексот на страв и алчност за Биткоин моментално е на 74-то место во категоријата „алчност“, што покажува дека расположението на инвеститорите е сè уште добро, но малку намалено од вчера. Падот на ...

Годините на лоши одлуки и лоша среќа го урнаа германскиот економски модел токму кога на остатокот од Европа му требаат индустриски „мускули“ за да му помогнат на регионот да одржи чекор со Кина, да се справи со војната во Украина и да одговори на сè поизолаторните политики од САД. Наместо тоа, Германија се соочува со најголема криза од обединувањето. Германија доаѓа до точка од која нема враќање. Бизнис-лидерите го знаат тоа, луѓето во земјата ...

Банките во државата располагаат со вкупни депозити од 570.298 милиони денари или 9,27 милијарди евра. На годишно ниво се зголемени за 11 насто, а месечната промена октомври-ноември е 0,9 насто. Движењата се главно стимулирани од штедачките навики на граѓаните. Истовремено, кредитирањето бележи раст по нагорна линија од 9,7 проценти, а минатот месец поместувањето е за 0,7 проценти, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Или, со ноември, ...

Социјалното претприемништво во земјава го чека новиот закон. Има проекти за активирање мали бизниси преку повратниците од странство. Според економските експерти-на земјава и требаат: активирање на работната сила, Законот за социјално претприемништво како и стратегија за развој на регионите… Социјалното претприемништво и искористувањето на потенцијалите на повратниците во државава може многу добро да влијаат на развојот на локалната економија. ...

Како што завршува 2024 година, извршниот директор на Binance, Ричард Тенг, споделува што можеме да очекуваме во криптоиндустријата во 2025 година. Криптопазарот во 2024 година и неговата врска со 2025 година Оваа година година претставуваше нова ера за криптовалутите со значајни достигнувања, вклучувајќи највисоки историски вредности (ATH) на биткоинот и вкупната криптопазарна капитализација, како и воведувањето на спот Биткоин ЕТФ-и во САД ...

Во знак на солидарност и поддршка за пациентите и здравствените работници во Клиничкиот центар ”Мајка Тереза” во Скопје, Компанијата Кожувчанка денеска донираше 8,5 тони природна Изворска вода, со цел да помогне во справувањето со моменталниот недостиг на вода во главниот град. Како Компанија која секогаш посветено се грижи за доброто на своите граѓани, Кожувчанка ја препознава сериозноста на состојбата во која се наоѓа Скопје, со оглед на ...

Во последните неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство. За реално да пораснат платите мора да порасне економијата. Изминативе години примањата на работниците растеа со побрзо темпо од економијата. Ова резултира со пад на продуктивноста, тоа е проста економска логика ...

Целта не ги оправдува сретствата, ова е заклучокот од анализта на Институтот за економски анализи Фајнанс тинк за исплатената државната помош во земјоделството, туризмот и привлекувањето на странските инвестиции. „Кај нас државната помош треба да претрпи одредена реформа, и дадените средства да бидат врзани за аутпути. Затоа што не секаде идентификувавме дека зголемената државна помош дава и крајни резултати. Особено во делот на земјоделие но ...

Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска денеска објави дека се обезбедени 500 милиони евра за навремена отплата на Еврообврзницата со договор за заем со унгарската Експорт- импорт банка Обезбедивме 500 милиони евра за навремена отплата на Еврообврзницата во јануари 📍Денеска во Будимпешта потпишавме договор за заем од 500 милиони евра под поволни услови со унгарската Експорт-импорт банка. Со овие средства обезбедуваме целосна и ...

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија би можела да се соочи со царини доколку Унијата не го намали растечкиот дефицит со САД со купување американска нафта и гас, пишува Ројтерс. Според податоците на американската влада, ЕУ веќе го купува најголемиот дел од американскиот извоз на нафта и гас, а дополнителни количини во моментов не се достапни, освен ако САД не го зголемат производството или не ги пренасочат пратките ...

Во ноември годинава, на годишно ниво, вкупните депозити забележале раст од 11,0%, а вкупните кредити од 9,7%, соопшти Народна банка. Паричната маса во ноември, бележи месечен раст од 0,6%, пред сè поради растот на долгорочните депозити до две години и депозитните пари, при помал позитивен придонес и на готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити забележаа пад. Годишниот раст на паричната маса изнесува 9,1% и е резултат на растот на ...

Албанија пред две години издвојувала 0,5 отсто од БДП, Србија била најдарежлива со 5,9 отсто, а Македонија за оваа намена определила 1,9 отсто од БДП или 235 милиони евра, информира Благица Петрески, директорка на Фајненс Тинк Од доделените 235 милиони евра на име државна помош во 2022 година, најголемиот дел од колачот, односно над 60 отсто отишле во земјоделскиот сектор, а остатокот кај компаниите и за привлекување на странски директни ...

Европскиот систем за безбедност на храна го вклучи алармот поради големото количество мандарини кои доаѓаат од Албанија. Во последните недели Хрватска, Чешка, Италија и Литванија, земји кои увезуваа овошје од Албанија, по контролата ги вратија товарите на границата. Мандарините содржеле остатоци од неколку супстанции опасни по здравјето на луѓето и забранети за продажба во ЕУ. Особено, високите остатоци од хлорпирифос и фосмет пестициди, кои ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42 134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10.7 %) и Образование (10.6 %). Зголемување на просечната месечна ...

Италијанската банка „UniCredit“ во средата соопшти дека го зголемила својот удел во „Commerzbank“ на 28 отсто, зголемувајќи го притисокот врз германскиот заемодавател додека се понудил за помалиот домашен ривал „Banco BPM“. „UniCredit“, кој ја налути германската влада кога стана најголемиот приватен инвеститор во „Commerzbank“ во септември, бара дозвола од Европската централна банка (ЕЦБ) да го зголеми својот удел на 29,9% – веднаш под нивото ...

Дополнителни субвенции можат да побараат градинарите кои своето производство го продале на регистрирани откупувачи, на пазар или е користено за домашни потреби. Услов е да имаат произведено минимални просечни приноси во зависност од културата… До 25-ти декември земјоделците можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции за градинарско производство на отворено и во пластеници. Оствареното производство треба да е предадено на регистриран ...

Секој ден се празнат куќите, а младите во Македонија пакуваат куфери и купуваат билети во еден правец – Словенија. Во последните три години, речиси 12.000 македонски граѓани се вработиле во оваа држава, според официјалните податоци. Нивната главна цел не е само подобра плата, туку и чувство на сигурност и достоинство кое, како што велат, не можат да го најдат дома. „Заминав бидејќи овде работев две години и не добивав плата на време. Таму, иако ...

Глобалната огласувачка индустрија за прв пат оваа година ќе надмине 1 трилиони долари во приход, при што се очекува дека Google, Meta, ByteDance, Amazon и Alibaba ќе заработат повеќе од половина од вкупниот износ на пазарот доминиран од технолошкиот сектор – пренесува Фајненшал Тајмс. Медиската агенција GroupM, дел од групацијата WPP, проценува дека глобалните приходи од огласување ќе пораснат за 9,5% во 2024 година, повеќе отколку што се ...

Владата на Соединетите Американски Држави е на само еден ден од останување без пари додека Конгресот се обидува да донесе краткорочен план за финансирање. Претставничкиот дом синоќа не го усвои ревидираниот план за трошење предложен од републиканците за да се избегне затворање на владата. За усвојување беше потребно двотретинско мнозинство во Претставничкиот дом, но тој услов не беше исполнет. Дури 38 републиканци гласаа против, заедно со ...

Во Скопје денеска ќе се реализира економскиот форум со наслов „Трка до дното“ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан“. Како што информираат од „Фајненс тинк“, на економскиот форум ќе бидат презентирани наоди од новата студија за видовите и износите на државна помош за домашни и странски компании, со осврт на транспарентноста и одговорноста на надлежните институции во земјите од Западен ...

Црна Гора и Албанија веќе се приклучија кон овој европски платежен систем. Македонија би требало наскоро да се приклучи, но не се знае точно кога. Црна Гора и Албанија пред неполн месец беа примени во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) како први земји од Западен Балкан, а Македонија очекува наскоро да се приклучи како 39. членка на овој систем на плаќања на Европската унија кој ги поедноставува банкарските трансфери деноминирани во ...

Енергетски компании од Централна Европа ја притискаат ЕУ за продолжување на договорот за транзит на руски гас. Молбата на компаниите до ЕУ доаѓа кога регионот се соочува со прекин на снабдувањето со гас од Русија преку Украина подоцна овој месец. Најголемите енергетски компании од Централна Европа испратија писмо до шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен во обид да се продолжи договорот за транзит на руски гас низ Украина, што претставува нов ...

Поскапувањето, според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), значи дека едно просечно домаќинство во државата што има сметка од 2.300 денари ќе има зголемен трошок од 21 денар. Од 1 јануари, со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, граѓаните добиваат минимално покачување на електричната енергија Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти. Во првиот блок ...

Да се создаде бизнис околина што ќе биде предвидлива и ќе ги намали трошокот и времето на фирмите во делот на административните и бирократските барања, формирање на иновативен еко систем којшто ќе ги доближи новите технологии и знаења до македонските фирми, финасиски сектор кој ги опфаќа сите форми и ќе нуди разновидни финансиски услуги со кои ќе се подобри ликвидноста и инвестициската способност на фирмите и пазарна интеграција и на ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
87%
1008
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
92%
1010
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.37
88%
1008
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
96%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
59%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
88%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
82%
1010
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
88%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
68%
1011
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56