
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Овоштарите и лозарите можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции доколку производството го продале на регистрирани откупувачи, преработувачи, на пазар или е користено за домашни потреби. Крајниот рок за поднесување на барањата е 25-ти декември 2024 година… Овоштарите кои имаат насади со праска, вишна, малина, капина и кајсија, и се корисници на директните плаќања за одржување на постоечки овошни насади, имаат право на дополнителни ...
Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски од собраниската говорница нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ најавувавше реализација на 100 милиони евра оваа 2024 година и 250 милиони евра идната 2025 година за општините. Првата манипулација беше откриена при ребалансот на буџетот за 2024 година кога констатиравме дека нема 100 милиони евра на располагање, туку има некаде околу 70 милиони евра, а втора беше манипулацијата од страна на власта дека наредната 2025 ...
Цената на биткоинот достигна нови рекордни височини, надминувајќи 107.000 долари, откако предлогот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за национална резерва на криптовалути внесе нов ентузијазам на пазарите. Овој пресврт е одраз на зголемениот интерес за дигитални средства и очекувањата за поволна регулаторна средина под новата администрација. Водечката криптовалута го достигна врвот од 106.533 долари на 16 декември 2024 година, што ...
Флаерите остануваат еден од најефикасните и најдостапните начини за рекламирање во Македонија. Со FlaerServis.mk, добивате професионален сервис кој ги покрива сите аспекти на процесот – од дизајн и печатење до дистрибуција. Придобивки од рекламирање со флаери: Со нашиот сервис, добивате гаранција за квалитетна дистрибуција и транспарентност во процесот. 👉 Вашиот бизнис заслужува поголема видливост! Аплицирајте сега и дознајте како флаерите ...
Новогодишната кошница нема да предизвика драстични промени на зелените пазари. Новогодишната кошница нема да предизвика драстични промени на зелените пазари. Наместо намалување можно е и зголемување на цените на храната за време на празниците, категорично тврдат производителите, бидејќи според нив и со моменталните цени се на раб на рентабилноста. Ќе стане ли сезонското овошје и зеленчук луксуз за граѓаните? Тие велат мерката е добредојдена, но ...
На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со ...
Инфлацијата во Велика Британија во ноември порасна на највисоко ниво во последните осум месеци. Потрошувачките цени на годишна основа се зголемија за 2,6 отсто минатиот месец, наспроти 2,3 отсто пораст во октомври и значително над растот од 1,7 отсто во септември. Тогаш, за прв пат по речиси три и пол години, инфлацијата падна под целното ниво на централната банка од два отсто. Стапката на инфлација во ноември беше највисока од март и е во ...
Трговскиот биланс на еврозоната во октомври оствари суфицит од 6,8 милијарди евра, а податоците покажаа дека таа бројка е намалена од суфицит од 9,4 милијарди евра во октомври 2023 година. Извозот од еврозоната во остатокот од светот во октомври се зголемил за 2,1 отсто на годишна основа на 254 милијарди евра, додека увозот е зголемен за 3,2 отсто на 239,4 милијарди евра, објави Евростат. Во меѓувреме, Европската унија регистрираше трговски ...
Во третиот квартал од оваа година платите во еврозоната се зголемени за 4,4 отсто на годишно ниво, забавувајќи се во однос на растот од 4,9 отсто во вториот квартал, објави Евростат. „Вкупните трошоци за работна сила на час во еврозоната, вклучително и компонентите што не се на плата, се зголемија за 4,6 отсто на годишно ниво во третиот квартал“, се додава во соопштението. Гледано по сектори, платите во индустријата се зголемени за 4,4 отсто на ...
До 25-ти декември производителите на органска храна можат да поднесуваат барања за субвенции. Пријавувањето е електронски преку платежната агенција, а парите се наменети за поддршка на одредени активности во производството и во трговијата во оваа прехранбена дејност … До 25-ти декември земјоделците може да се поднесат барања за финансиска поддршка за органските производи, нивните преработки, доработка, пакување и продажба. За преработките од ...
Под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, денеска, ќе биде потпишан договор за грант меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и АД ЕСМ, за изградба на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“, соопштуваат од Министерството. На настанот обраќања ќе имаат министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, амбасадорот на Европската унија Михаил Рокас, претставникот ...
На Волстрит вредноста на акциите вчера падна, а индексот Дау Џонс се намали деветти ден по ред, додека инвеститорите ги очекуваат одлуките и пораките од состанокот на лидерите на американската централна банка. Дау Џонс падна за 0,61 отсто на 43.449 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,39 отсто на 6.050 поени, а индексот Насдак падна за 0,32 отсто на 20.109 поени. Така, Насдак се лизна од рекордно високо ниво, додека Дау Џонс падна деветти ...
Со доспеани, а неплатени обврски во износ од 77,5 милиони евра, здравството е еден од најзадолжените сектори. По државните фирми и јавните претпријатија на локално и на централно ниво, здравството е еден од најзадолжените сектори во државата, со долг повисок од 77 милиони евра. Над 300 милиони евра, пак, должат само пет државни фирми и тоа од два сектора – енергетика и железница, пишува Порталб.мк. Од ЈП формирани на локално ниво, најголем ...
Ако пропадне некоја банка, граѓаните што имаат депозити ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување на депозити во поголем износ од 30.000 евра колку што е сега. Новитети има и за фирмите Фондот за осигурување на депозити (ФОД) интензивно работи на подготовка на нова регулатива во соработка со експерти од Светската банка, со цел целосно усогласување со Директивата за гарантирање депозити 2014/49, откриваат од Фондот за „Слободен печат“. ...
Германија се приближува до точката од која нема враќање. Високите цени на енергијата и падот на извозот го осиромашија секое германско домаќинство за 2.500 евра. Овој пад може да стане незапирлив. Бизнис лидерите знаат за ова, населението го чувствува, но политичарите се уште не успеале да најдат одговори на прашањата што се поставуваат. Како резултат на тоа, најголемата европска економија тргна на пат на опаѓање што се заканува да го направи ...
„Ние покажавме дека ја консолидиравме економијата и во третиот квартал покажавме раст од 3 %, нешто што никој не го очекуваше и еден од најдобрите во регионот, % во Европа. Подобри сме и од Германија, и од Бугарија, Грција и од Словенија, од Црна Гора и генерално од најголемиот дел од земјите во Европската Унија. Очекувам и во четвртиот квартал уште да биде посилен врз основа на параметрите што ги добив, за првите два месеца тоа се октомври и ...
Аналитика Тинк Танк ја презентираше најновата студија од истражувањето за „Ефектот на истиснување на потрошувачката на тутун врз буџетот на домаќинствата во РС Македонија“ и „Влијанието на цените на цигарите и политиките за контрола на тутунот врз иницијацијата со пушење кај младите“. Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика Тинк Танк која го презентираше истражувањето истакна дека во Македонија, процентот на пушачи кај возрасните изнесува 48,4%, ...
Македонија се наближува кон историската цел за странски директни инвестиции (СДИ) Осум нови инвестиции во вредност од над 700 милиони евра, кои потенцијално ќе вработат околу 2.800 граѓани, почнати се за неполни шест месеци, истакна премиерот Христијан Мицкоски по вчерашниот состанок на Советот на странски инвеститори, додавајќи дека инвестициите директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст и за локалниот економски развој. – Целта ...
Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето на банкарските производи, како и ...
Семејството Волтон, кое е сопственик на синџирот Волмарт, повторно го зазеде првото место како најбогато семејство во светот, со импресивни 432,4 милијарди долари. Семејството Волтон, кое е сопственик на синџирот Волмарт, повторно го зазеде првото место како најбогато семејство во светот, со импресивни 432,4 милијарди долари – богатство што е поголемо од индивидуалната нето вредност на Илон Маск, па дури и од комбинираното богатство на ...
За дополнителна субвенција можат да се пријават сите земјоделци кои имаат засеани и ожнеани површина со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион. Рокот за аплицирање ќе трае до 25 декември. Услов е, производството да го предале во домашни преработувачки капацитети или да е складирано кај регистриран откупувач… Право на дополнителни субвенции имаат земјоделците кои засеале и ожнеале површини со сончоглед, маслодајна репка и афион а ...
Со одлуката денеска на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), од утремалопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар за литар. Новата малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,00 ден/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ...
Министерство за транспорт соопшти дека е отворен jавен повик за доставување барање за доделување финансиска поддршка за воведување нова/нови дестинација/и од аеродромите во земјава. Финансиската поддршка се доделува за период од 1 јануари 2025 година заклучно со 31 декември 2027 година. Давател на финансиската поддршка е Владата која донесе Програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на ...
Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард денеска изјави дека креаторите на политиките во еврозоната дополнително ќе ги намалат каматните стапки доколку инфлацијата продолжи да паѓа на својот пат кон целта на ЕЦБ од два отсто. – Доколку дојдовните податоци продолжат да ја потврдуваат нашата основна линија, насоката на патување е јасна и очекуваме дополнително да ги намалиме каматните стапки, рече Лагард во говор во Банката на ...
Анализа: Како банкарскиот сектор го заврши третиот квартал од годинава? Тринаесет банки што работат во земјава за девет месеци направиле нето-добивка од 242,1 милион евра, покажува извештајот за билансот на состојба од Народна банка. Оваа добивка е за 45,1 милион евра поголема од пред една година, кога изнесувала 197 милиони евра. Состојбата, пак, пред две години, односно на 30.9.2022 година, по оданочување на банкарскиот сектор била добивка од ...
По повод нашиот роденден, ви подаруваме посебна понуда! Искористете 50% попуст на каматата за сите кредити до 300.000 денари. Како да го искористите оваа неверојатна можност? Со Mint Credit е лесно – следете ги овие четири чекори: 1️⃣ Пополнете ја апликацијата Внесете ги вашите податоци, изберете износ и рок на отплата и притиснете „Аплицирај“. 2️⃣ Вашата апликација е во изработка Нашиот кредитен референт ќе ве контактира за дополнителни ...
Грција ќе укине дел од банкарските провизии, а ќе има и други ограничувања како дел од мерките за помош на домаќинствата да се справат со кризата на трошоците за живот, соопшти премиерот Киријакос Мицотакис. Во процес на усвојување на буџетот за 2025 година е и буџетската рамка за следните три години. Во обраќањето пред пратениците, Мицотакис најави дека Владата со закон предлага да се постави плафон од 0,50 евра за трансфери на пари до 5.000 ...
Првиот човек на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски за „Република“ ја открива катастрофалната состојба во која се наоѓаат државните вили во Лазарополе и Охрид. Тој вели дека во лоша состојба е премиерската во Св.Стефан и претседателската „Билјана“, додека онаа во Лазарополе буквално се распаѓа. Двете вили во Охрид немаат ниту имотен лист. Вилите се во многу лоша состојба. Морам да кажам дека сите вили, освен таа во Лазарополе ...
Зголемени одливи, намалени приливи на средства забележале отворените инвестициски фондови во текот на ноември. Месецот го завршиле со минус од 2,8 милиони евра, што е голема разлика во однос на октомврискиот плус од 24,2 милиони евра. Вкупниот прилив на средства во ноември изнесувал 39,6 милиони евра. Во споредба со октомври, кој завршил со 46,4 милиони евра, регистрирано е намалување од 14,6 отсто. Податоците објавени во извештајот на ...
Германската економија ќе порасне маргинален во 2025 година, откако оваа година повторно ќе се намали, според новите прогнози на Бундесбанк. Бруто домашниот производ (БДП) на земјата најверојатно ќе падне за 0,2 отсто во 2024-та година, објави во петокот финансиската институција, намалувајќи ја јунската прогноза за раст од 0,3 отсто. Во 2025-та година производството ќе порасне за само 0,2%, а не за 1,1% како што се очекуваше претходно, па дури ...