
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Со внимание ја следиме јавната дискусија иницирана од истражувачката сторија и документарниот филм „Украдени животи” на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ). Групацијата на небанкарски финансиски друштва, како и досега, со должна почит пристапува кон сите новинарски извештаи и ја почитува професионалноста и независноста на новинарите во земјата. Во поддршка на истражувањата, меѓу кои е и последното на ИРЛ, финансиските друштва се на иста ...
„Свет полн со добрина е свет полн со можности“ Празниците се време за споделување и дарување, среќа и радост за секого. Сепак, не сите можат да ја почувствуваат празничната магија и да си обезбедат достојна празнична трпеза. Токму затоа, во духот на хуманоста и солидарноста, НЛБ Банка ги замени традиционалните корпоративни подароци со значајна донација во храна за оние на кои таа им е најпотребна. И годинава, Банката во соработка со Црвениот ...
Заклучно со ноември, штедните влогови на граѓаните во домашните банки достигнаа 6,2 милијарди евра. Истражувањето на јавното мислење што го спроведе Фондот за осигурување депозити (ФОД) покажа дека дури 72,7 % од испитаниците изјавиле дека банките се сигурно место за чување на нивните заштеди. Резултатите покажуваат дека 83,6 отсто од анкетираните знаат дека ФОД ги гарантира банкарските депозити. Сепак, сè уште има луѓе што се убедени дека тоа ...
На неколку дена пред празниците, Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите. Причина за ова е спор во индустријата за транспорт на пари и други вредни предмети. Всушност, станува збор за работниците за транспорт на пари до финансиски институции низ државата. Работниците се уште не нашле заеднички јазик со работодавачите, поради што се закануваат со штрајк, пренесува Б92. Надлежните признаваат дека е можно поради штрајкот да ...
Економските експерти со поделени мислења околу предлогот за зголемување на ДДВ. Едни се против зголемувањето и сметаат дека тоа уште повеќе ќе ја зголеми сиромаштијата и сивата економија во државата, други, пак, сметаат дека потребно е да се зголемат даноците за да се намали државниот долг. Според нив, Владата тактизира и чека да поминат локалните избори, а потоа да го зголеми ДДВ. Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ смета дека ...
Таа оцени дека премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, потфрлиле во најважниот сегмент – економијата и животниот стандард на граѓаните. Цените на основните производи секојдневно растат, храната е прескапа, животот за граѓаните во Македонија станува се поскап и се потежок. Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошница за месец декември изнесува 62 861 денар, што е зголемување за 840 денари во споредба со ...
Повеќе од половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија очекуваат подобрување на економската активност во нивниот сектор во текот на наредната година, покажува истражувањето спроведено во рамки на Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП). И покрај инфлацијата и растот на цените кои и понатаму претставуваат главен предизвик за стопанството, голем дел од менаџерите изразуваат умерен оптимизам во ...
Од МЗШВ информираат дека продолжува тековната исплата на финансиска поддршка и денеска кон земјоделците. Кон 32.798 земјоделци се исплатија 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година. Плаќањето се изврши кон 23.626 корисници во износ од 392.148.316 денари за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ...
Народната банка на Србија соопшти дека донела прописи кои се во нејзина надлежност, со кои, како што се наведува, ќе се овозможи имплементација на државната програма за станбен кредит за млади. Извршниот одбор на Народната банка на Србија на вонредна седница одржана на 20 декември 2024 година донесе прописи од надлежност на НБС со кои ќе се овозможи спроведување на Државната програма за станбени кредити за млади, соопшти централната банка. ...
Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа го кажавме и тоа ги правиме, правиме измена на Законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските платаи. Оваа законска измена наскоро ќе биде пред пратениците, најави премиерот Христијан Мицкоски. -Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но тоа право нема да ...
Народната банка за наредната година очекува умерено забрзување на растот којшто би се искачил на 3,3%, со позитивен придонес од сите компоненти на растот, меѓу кои и најавениот јавен инвестициски циклус и повисокиот прилив на странските директни инвестиции. Се очекува забрзување на извозот со понатамошно закрепнување на светските услови, како и позитивен придонес на личната потрошувачка при раст на расположливиот доход и очекувања за солидно ...
Не е тајна дека Бил Гејтс е оптимист за вештачката интелигенција, но тој сега предвидува дека технологијата ќе биде трансформативна за сите во следните пет години. Подемот на вештачката интелигенција предизвика стравувања дека технологијата ќе елиминира милиони работни места ширум светот. Меѓународниот монетарен фонд објави оваа недела дека порастот на вештачката интелигенција може да влијае на околу 40 отсто од работните места ширум светот. ...
Германија е наш најголем трговски партнер и секако кризата во оваа држава се одразува и врз македонската економија. Експертите не очекуваат следната година да биде нешто многу поразлична од претходните две во овој поглед, а од текстилната индустрија веќе ги чувствуваат последиците со намалување на извозот за 20-тина проценти. Од Германската стопанска комора, пак, уверуваат дека кризата во Германија нема да се рефлектира врз работните места во ...
Апликацијата за пораки Телеграм во 2024 година постигна приходи повисоки од милијарда долари, изјави извршниот директор на компанијата Павел Дуров. „Годината ја завршуваме со повеќе од 500 милиони долари во готовински резерви, без да се вклучи крипто имотот“, истакна Дуров преку својата платформа. Според него, 2024 година се покажала како исклучително успешна за Телеграм, а по првпат во трите години од монетизацијата, компанијата станала ...
Минималните трошоци на едно семејство во декември се зголемени за 840 денари во однос на ноември, покажуваат податоците со кои се пресметува висината на синдикалната потрошувачка кошничка. Најмногу пари, односно 23.075 денари се потребни за храна и пијалоци или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.728 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.020 денари или 9,6 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот ...
Критичарите го нарекоа Илон Маск „претседател во сенка“ на Соединетите држави, откако тој се вмеша во усвојувањето на нацрт-законот за финансирање на федералната влада. Ова го објави Вашингтон пост. Милијардерот го искористи својот влијателен профил на социјалните мрежи X во средата за да ги притисне републиканците во Претставничкиот дом да го отфрлат предлог-законот за трошење што би ја држел федералната влада отворена три месеци. Според ...
Процесот за распределба на средствата од унгарскиот кредит е во завршна фаза, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, по новогодишните празници, банките ќе почнат активно да ги пренесуваат средствата до компаниите. На прашање од новинарите, премиерот не можеше да предвиди дали ќе се искористи целиот износ од 250 милиони евра достапни преку кредитот. Иако првично се очекуваше дека фирмите ќе почнат да ги добиваат средствата уште во ...
Податоците објавени од Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Женева покажуваат дека мигрантите играат сè поважна улога на светските пазари на труд. Во Северна, Јужна и Западна Европа, уделот на странски работници се зголеми од 22,5 отсто на 23,3 отсто помеѓу 2013 и 2022 година. Уделот на мигрантите во работната сила е особено висок во Европа, Северна Америка и арапските земји. Ова делумно се должи на стареењето на населението во тие ...
За 550 денери се зголемила просечната плата во октомври во однос на септември. Статистиката пресмета дека вработените во просек земаат нешто над 42.000 денари плата. Оваа сума е за 2,300 денари повисока од октомвриската лани. Но, скокот на платите, не го следи поскапувањето на храната. Од Синдикатот велат дека и со покачувањето, платата не стига за нормална живеачка. – И овие плати се ниски. Мора да најдеме начин да се подобри стандардот на ...
Голем број европски земји, вклучувајќи ги Германија, Белгија и Луксембург, стравуваат од ова Голем број европски земји стравуваат дека, доколку се спроведе, конфискацијата на замрзнатите средства на Централната банка на Руската Федерација може да го прекрши меѓународното право и да влијае на еврото како резервна валута, објави Блумберг. Европските земји, вклучувајќи ги Германија, Белгија и Луксембург, се загрижени дека конфискацијата може да го ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 71 денар за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за ...
Во ноември, во Велика Британија беа произведени 64.200 автомобили – 30,1% помалку од една година порано. Вакви податоци презентираше Британското здружение на производители и трговци на мотори (SMMT). Ова е најниското ниво на производство на автомобили во ноември од 1980 година. Производството на електрични автомобили падна уште повеќе – за 45,5%, на 19.200. Производството на автомобили за домашниот пазар во Велика Британија особено опадна – за ...
Европската централна банка (ЕЦБ) и швајцарската централна банка останаа единствените водечки централни банки кои одржуваа редовно намалување на каматните стапки. Вака може да се сумираат одлуките од декемвриските состаноци на ЕЦБ, Одборот на Федералните резерви на САД, Банката на Англија, Банката на Канада, централните банки на Норвешка и Шведска. Една од главните причини за очекуваното забавување на темпото на намалување на каматните стапки е ...
Како што германската економија продолжува да попушта, помалку компании планираат да вработуваат нови работници, додека повеќе размислуваат за отпуштања, покажува новото истражување на институтот ИФО. Месечниот барометар за вработување на институтот, кој се базира на редовно истражување на околу 9.500 германски компании, повторно падна во последниот извештај во четвртокот, јавува ДПА. Барометарот сега го достигна најниското ниво од почетокот на ...
Централните банки преку преземените макропрудентни мерки, како што е на пример противцикличниот заштитен слој на капиталот, му помогнаа на банкарскиот систем да се справи со економските предизвици и имаа клучна улога во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности. Ова се дел од пораките коишто ги упатија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Банката на ...
Повеќе од три децении, македонската економија се потпира на фиксниот девизен курс на денарот во однос на еврото – стратегија која, иако стабилизирачка во своите почетоци, денеска претставува кочница за економскиот развој. Во услови на висока инфлација и ослабен економски раст, фиксниот курс повеќе не одговара на потребите на динамичен и отворен пазар. Наместо да се придржува кон овој фиксен модел, Народната банка треба да го преиспита својот ...
Платата е клучен фактор за избор на работа. Токму тоа го покажа најновото истражување на „Инфостуд“ спроведено за време на Регионалниот саем за вработување, на кој учествуваа околу 6.000 испитаници вработени, невработени и оние кои моментално студираат, претежно од Србија. За повеќе од 66 отсто од нив, заработката била одлучувачки критериум- пишува Политика. Сепак, добрите меѓучовечки односи сè уште се исклучително важни, бидејќи повеќе од ...
Потпишано последното решение за користење на парите од ИПАРД 2. Со Платежната агенција во текот на оваа програма беа објавени 9 јавни повици и реализирани вкупно 2.170 договори со вкупната вредност од 68 милиони евра исплатена финансиска поддршка … За 9 години, почнувајќи март 2015 година, целосно искористена поддршката од ИПАРД 2. Вклучени беа 4 мерки, објавени 9 јавни повици и реализирани 2.170 договори. Вкупната вредност на исплатената ...
Министерството за транспорт објави нов јавен повик, втор оваа година, за воведување нови субвенционирани авионски линии од аеродромите во Скопје и Охрид од 1 јануари 2025 до 31 декември 2027. Апликациите ќе се разгледуваат и одобруваат според системот „прв дојден, прв услужен“ додека не се исцрпат средствата од 3,36 милиони евра што ги намени Владата за субвенциите. Тендерот е отворен за сите авиокомпании кои превезле над пет милиони патници и ...
Претставниците на шпанската влада и двата најмоќни синдикати во земјата потпишаа договор во саботата за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа без намалување на платата, а министерката за труд Јоланда Дијаз по тој повод рече дека потегот „ќе се проучува на универзитетите“ низ целиот свет“. Здружението на работодавачи не се согласува со оваа одредба и во ноември се повлече од повеќемесечните преговори, но владата во Мадрид ќе може да ...