
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска остварија средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), предводена од Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР во нашата земја. Поводот за состанокот беше консултативната мисија на делегацијата за финализирање на новата Стратегија за земјата за периодот од 2025-2030 година. Целта на состанокот беше да се споделат видувањата и разменат ...
Анализата на норвешкиот информативен и финансиски портал Finansplassen, кој користеше јавно достапни податоци од повеќе институции, покажа дека нордиските земји се најподготвени за иднина без готовина во споредба со остатокот од Европа. Меѓу другото, во анализата се користени податоци за бројот на банкомати и бројот на терминали за плаќање со картички на 100.000 луѓе, лимитот што може да се потроши при плаќање со картичка и бројот на оние кои ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат компаниите за банкарски кредити за стопанството обезбедени од страна на Владата и како ќе се врши исплатата, изјави: „Ја поминавме на владина седница одлука, во вторникот. Со тоа практично го овластивме Министерството за финансии да ги префрли средствата на сметка на ...
Франција за првпат ги изедначи трошоците за задолжување на Грција, со висок јавен долг и слабо балансирање на владата меѓу незадоволството на граѓаните и крајниот рок за усвојување на буџетот за следната година. Во екот на должничката криза во еврозоната во 2012 година, трошоците за задолжување на Грција, мерени преку приносот на 10-годишните државни обврзници, беа за 37 процентни поени повисоки од приносот на француските обврзници со таа ...
Германската автомобилска индустрија е во трескавичен пад: платите се намалуваат, фабриките се затвораат и работниците се отпуштаат. Но, тука не е крајот на проблемот: луѓето едноставно престанаа да купуваат германски автомобили. Илјадници нови возила седат во магацини и до една година и чекаат купувачи, пишува Билд. Речиси шест илјади нови скапи автомобили се паркирани на огромен простор на северот на Есен. Оваа област веднаш до пристаништето ...
Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на продажните акции за „Black Friday“ со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства. Од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно Законот за заштита ...
Пад на индустриското производство од 1,1 процент во октомври во однос на истиот период лани бележи Државниот завод за статистика. Според денеска објавените податоци, пад од 20,9 проценти е забележано во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 8,2 проценти во секторот Рударство и вадење на камен. Во секторот Преработувачка индустрија е забележан раст од 3,1 процент и тоа е резултат, пред сѐ, на зголеменото ...
Податоците на Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври бележи годишен пораст од 0,40 процентни поени, додека кај вкупните кредити има пад од 0,11 процентни поени. Според податоците на централната банка, просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,07 проценти, а на вкупните кредити 5,38 проценти. Кај корпоративниот сектор, забележан е месечен пад на каматната стапка на ...
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот Бизнис Муабети. – Пошта мора да преживее. Тоа ми е огромна битка иако многумина не сакаат. Пошта има околу 1900 вработени, планираме да ја рационализираме на 1400 вработени со еден план што го работиме, но мора да преживее затоа што има големи приватни интереси кои сакаат Пошта да ...
Победата на Доналд Трамп, чија крипто-пријателска администрација ја придвижи цената на биткоинот близу до 100.000 долари, но сепак ќе ѝ бидат потребни нови вести за да се скрши таа психолошка бариера. Цената на биткоинот падна во последните 24 часа, за повеќе од пет отсто, а во вторник наутро, по средноевропско време, се тргуваше за околу 93.000 американски долари. Се чини дека инвеститорите одлучија да ги заработат своите добивки, имајќи ...
Комерцијална банка со голема чест и задоволство го прими признанието од АмЧам за донациите во јавното здравство како најдобри практики за корпоративна филантропија. Проектот на Банката, „Донираме за подобро јавно здравство“ во 2023 година беше избран од страна на АмЧам и Конект меѓу шесте најдобри практики за корпоративна филантропија во рамките на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“. Со своите значајни и вредни донации Комерцијална ...
Комерцијална банка започнa со исплата на пензиите за ноември од денес (петок, 29.11.2024 година). Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од петок, 29.11.2024 година, и можат да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 29.11.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на ...
Советот на Народната банка на својата редовна седница го разгледа Извештајот за учеството, препораките и активностите на Народната банка во процесите на интеграција во ЕУ, во периодот ноември 2023 – октомври 2024 година. Во Извештајот се дава осврт кон препораките од Програмата за економски реформи 2024 – 2026 година, наодите од поткомитетите во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во кои учествува Народната банка, проектите на ...
Објавен е јавениот повик за давање под концесија на Охридско езеро за стопански риболов. Концесијата го опфаќа риболовното подрачје на езерото во 7 зони. Стопанисувањето со рибниот фонд ќе биде за период во траење од 12 години … Право на учество на јавниот повик за доделување на концесии за стопански риболов на Охридското езеро имаат правни лица кои ги исполнуваат условите и се регистрирани за дејноста рибарство, а странските правни лица треба ...
Британија има намера да воведе специфична рамка за криптовалути до 2026-та година, објави Управата за финансиско однесување на земјата, цитирана од АФП. Во својот нов патоказ, регулаторот што го надгледува секторот планира да објави различни работни документи, особено за злоупотреба на пазарот, пред конечните правила кои треба да се појават на почетокот на 2026-та година. Британската управа за финансиско однесување, исто така, има намера да ...
Раст на финансискиот пазар и диверзификација на понудата се клучните придобивки од зголеменото преземање на нефункционалните пласмани во земјава. Во развој на овој сегмент од финансискиот пазар клучна улога има усогласувањето на регулативата со новата директива на Европската унија за нефункционалните пласмани. Како резултат на солидната експертиза од повеќе европски пазари, ЕОС Матрикс во 2023 и во текот на 2024 година инвестираше 5 милиони ...
Нема да отстапиме од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра, бидејќи тоа е прагот под кој не смее да се отиде. Плата во висина од 450 евра не треба да добие никој од вработените во јавниот и приватниот сектор, тоа е социјална помош која државата ја дава на вработените, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. Како пример, Деаноски ја посочи Босна и Херцеговина која неодамна ја ...
Стратегијата 2025–2030 предвидува нови средства и поддршка за зелени проекти – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја зајакнува соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) Министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа продуктивна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и ...
Наскоро околу 600 производи низ маркетите ќе чинат поевтино. Во изјава за медиумите министерот за економија Бесим Дурмиши посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец, а ќе биде прецизирана веќе кон крајот на следната недела. „Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, ...
Имплементацијата на буџетот на Грција за периодот јануари – октомври 2024 година. покажа примарен суфицит од 13,528 милијарди евра, наспроти целта за примарен резултат од 12,930 милијарди евра и примарен суфицит од 6,080 милијарди евра за истиот период од 2023 година, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Соопштението на Министерството за национална економија и финансии гласи: Според расположливите податоци за реализација на државниот буџет ...
Бразил, најголемиот светски производител на кафе, оваа година се соочи со рекордна суша. Половина килограм арабика со која се тргува во Њујорк достигна 320,10 американски центи. Порастот на цената на стоките континуирано продолжи во текот на минатата година. Највисокото ниво на сите времиња беше 337,50 американски центи од 1977 година. Бразил, најголемиот светски производител на кафе, се соочи со рекордна суша оваа година, што предизвикува ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Охрид присустуваше на стартот на третата инвестициска фаза во компанијата „Костал Македонија“, за производство на полначи за електрични и хибридни возила во вкупна вредност од речиси 50 милиони евра. Како што беше истакнато, со неа се планирани отворање на нови производствени линии, како и над 250 нови работни места. – Импресивни се досегашните вложувања тука. Импресивни се плановите и за ...
Натписи со барања за работници можете да се видат на многу излози на приватниот сектор. Токму за недостигот на работна сила на меѓународната конференција за труд беше речено дека кризата со работната сила може да се надмине само со систематски решенија преку трипартитен социјален дијалог. Според министерот за економија Бесар Дурмиши недостигот на работна сила најмногу се забележува во приватниот сектор. Според Дурмиши, преку примена на активни ...
На Волстрит во средата, Dow Jones и S&P 500 се лизнаа од рекордно ниво, бидејќи новите податоци покажаа дека економијата постојано расте, додека инфлацијата остана над целните нивоа на централната банка. Dow Jones загуби 0,31 отсто, на 44.722 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,38 отсто, на 5.998 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,60 отсто, на 19.060 поени. Инвеститорите беа фокусирани на вчерашните нови макроекономски податоци кои ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на претседателот на опозицијата Венко Филипче околу кредитите за стопанството, рече дека од компаниите, наспроти тоа, „стигаат позитивни вести“. „Па јас понекогаш се чудам на изјавите од опозицијата и имам чувство како некој намерно да го мести, тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, од стопанствениците, од ...
Германија не беше подготвена за изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави и мора да се подготви за негативните последици што тоа ќе ги има врз растот на германскиот бруто домашен производ (БДП), покажа истражувањето на минхенскиот институт за економија. Истражување Ifo, во кое учествуваа 180 економисти. „Германската економија е силно извозно ориентирана и затоа ќе биде особено тешко погодена од планираната ...
Над 25.000 работници земаат минимална плата. Наредната недела треба да падне одлука дали таа ќе порасне на 450 евра. Поради ниските плати и третманот на работниците, тие заминуваат од Македонија, а државата кубури со кадар… Поради ниските плати и третманот на работниците, тие заминуваат од Македонија, а државата кубури со кадар, велат од Сојузот на синдикати. Недостигот од работна сила може да се надмине со системски мерки. Над 25.000 работници ...
Руската централна банка го одреди официјалниот курс на рубљата на повеќе од 105 рубљи за еден американски долар, што е нејзина најслаба вредност од првите денови на руската инвазија на Украина во 2022 година. Падот на рубљата доаѓа во време на нов бран санкции насочени кон Гаспромбанк и зголемени тензии со Западот, како и она што се чини дека е политиката на Кремљ која фаворизира послаба валута. Министерот за финансии Антон Силуанов во ...
Агенцијата за електронски комуникации го објави предлог финансискиот план за 2025 година заедно со Годишната програма за работа и од документите може да се забележи дека расходите за бруто плати на вработените ќе бидат зголемени за 20 проценти. За плати за вработените во Агенцијата за електронски комуникации кои и досега земаа натпросечни плати за јавниот сектор, ќе се издвојат 242 милиони денари или 3,9 милиони евра. За 2024 година планот ...
Она што е јасно во моментот е дека со законското усогласување во март, минималната плата ќе скокне за околу 8 проценти, односно, работниците ќе добијат зголемување кое ќе се движи меѓу 1.600 и 1.800 денари, потврди Слободан Трендафилов, претседател на ССМ Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, би сакал минималната плата да биде и 600 евра, но мора прво да се провери дали тоа Буџетот може да го издржи, а и да се види „расположението“ на ...