
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Четири департмани во Франција остануваат во црвена состојба на тревога поради екстремна топлина, што значи дека е на сила „апсолутна будност“, соопшти француската метеоролошка служба Метео-Франс. Јулските температурни рекорди беа срушени или изедначени на многу места, особено на југот од земјата, каде што вчера беше на сила портокалова временска тревога за речиси целата територија, објави француската BFM. Поради екстремно високите температури, ...
Во Србија, третата ноќ од граѓанските и студентските блокади на главните улици и раскрсници низ целата земја помина насилно и беа регистрирани неколку инциденти. Граѓаните и студентите блокираа околу 20 градови, вклучувајќи ги Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Суботица, Чачак, Шабац, Краљево, Заечар и други, во знак на поддршка на уапсените студенти и дипломирани студенти. Исто така, вчера се одбележаа осум месеци од ужасната трагедија во Нови ...
Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, сѐ уште не е ставен под контрола. Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот фејсбук профил, пожарот има четири критични точки и тие се покриени од рано наутро. -За жал во вчерашниот пожар лесно беа повредени и двајца колеги од ЈП ...
Во натпревар со две сосема различни полувремиња, фудбалерите на Борусија Дортмунд изборија победа од 2:1 против Монтереј во осминафиналето на Светското клупско првенство. За противник ќе го има тимот на Реал Мадрид. Веќе по само 14 минути игра Адејеми забележа асистенција, а Гираси го постигна голот за водство на Дортмунд. Само десет минути подоцна, резултатот беше 2:0 и повторно истите актери: Адејеми асистент, Гираси стрелец. Но, на самиот ...
Серијата изненадувања на Вимблдон продолжија и денеска. Францускиот тенисер Артур Риндеркнеш кој е на 72 место на АТП листата, со 3:2 во сетови го елиминираше Александер Зверев, во меч кој започна вчера а заврши денеска и тоа по речиси пет часа борба. Уште од стартот на мечот стана јасно дека ова ќе биде многу неизвесен и израмнет меч. Во првите два сета воопшто немаше ниту еден брејк, па се играа тај-брејка. Во првиот сет подобар беше ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го повика претседателот на Русија, Владимир Путин, да се согласи на прекин на огнот со Украина, во вчерашниот прв телефонски разговор меѓу двајцата лидери од 2022 година. Елисејската палата соопшти дека за време на двочасовниот телефонски разговор одржан вчера, Макрон и Путин разговарале за тековниот конфликт во Украина. Макрон во оваа смисла ја нагласил непоколебливата поддршка на Франција за ...
Сончево со мала до умерена локална облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 28 до 38 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе бидат од минимални 20 до максимални ...
Расправата во Собранието по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, почнува денеска на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Десет дена трае општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Според информациите објавени на собранистака страница, за Предлог-буџетот се поднесени над 200 амандмани од овластени предлагачи. Со Предлог ребалансот што го усвои Владата на ...
Шумскиот пожар во близина на Измир во Турција не стивнува веќе трет ден, пожарот се шири кон станбените области, граѓаните од пет села и две населби се евакуирани, едно лице е спасено од пламенот, а повеќе од 20 лица се примени во болница поради вдишување чад. Голем број пожарникари се на терен и се обидуваат да го стават пожарот под контрола, објави „Сабах“. 🚨Turkey controls forest fire in Izmir for second day, 50,000 people evacuated. Forest ...
Поглавјата можат да се отворат веднаш по уставните измени, без други услови, изјави комесарката за проширување Марта Кос по состанокот со регионалните лидери во Скопјe. Таа рече дека ЕУ е најдобрата опција за зачувување на идентитетот. Кос не коментираше за неодамнешните напори во Европскиот парламент за додавање на зборот „модерен“ на македонскиот јазик и идентитет. „За Европската комисија, ситуацијата е јасна, ако Северна Македонија ќе го ...
Во регион каде што единството би било попотребно од кога било, албанските политички лидери избираат да се дистанцираат сè повеќе и повеќе – идеолошки, дипломатски и симболично. Синоќешните и денешните средби се повеќе од загрижувачки: Изет Меџити, лидерот на владејачката ВЛЕН во Македонија, топло го пречека премиерот на Косово, Албин Курти, на граница. Во исто време, Али Ахмети – лидерот на опозициската ДУИ – во многу пријателска атмосфера го ...
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, во извештајот што се очекува да биде разгледан на пленарната седница на 8 јули, изразува загриженост за српското и унгарското влијание, преку кое се унапредува руското и кинеското влијание. Ова, според европратеникот, се прави преку дипломатија, медиуми, но и кредити и инвестиции со рестриктивни клаузули за Македонија. Европратеникот дури конкретно споменува дека некои владини ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за прв пат се огласи за одлуката на Уставниот суд со која се укинаа членовите од методологијата со кои населението се делеше на резидентни и нерезидентни. Ахмети синоќа го бранеше пописот, велејќи дека сè е спроведено во рамките на договорот. „Албанците никогаш не биле поделени, ниту пак ќе бидат поделени. Тоа е попис во рамките на сите договори“, рече Али Ахмети- претседател на ДУИ. Одбраната на Ахмети по секоја ...
Полицијата разбила меѓународен канал за трговија со дрога, а три лица се лишени од слобода, откри министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според неговите зборови, станува збор за поголема количина на дрога која била превезувана во Струмица, а која требало да биде пренесена надвор од границите на нашата држава. “Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи, СВР Струмица поточно, разбија еден меѓународен канал за ...
Пеплосаниот глисер кој вчера се запали во Охридското Езеро, а уште два други беа зафатени, говори за поголема катастрофа која можеше да се случи, а која за влакно беше избегната. Настанот се случи во каналот Студенчишта, каде во отсуство на т.н марина се паркираат стотина чамци, глисери, катамарани. Тие се паркираат од двете страни на каналот збиени еден до друг. „Има ли Охрид безбедни услови за паркирање на пловни објекти? Моментално ...
Расчистување на метежот на граничниот премин Богородица во летниот период и намалување на редиците за чекање, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, информирајќи дека годинава на овој граничен премин ќе бидат отворени две нови ленти за излез и една дополнителна за влез на товарни возила. Сето ова, според министерот ќе ги подобри условите за транзитирање меѓу двете земји. „Од моја страна и од страна на мојот тим констатиравме ...
Лидерите од Западен Балкан се собраа во Скопјe за да разговараат за спроведувањето на Агендата за реформи и Планот за раст, на две недели до изготвувањето на извештајот и неколку недели до добивањето на првите средства. Комесарката за проширување Марта Кос, како највисок претставник на ЕУ на овој состанок, изјави дека ЕУ е горда на исполнувањето и повика на интензивирање на работата околу неисполнетите услови. „Подоцна овој месец ќе извршиме ...
На вработените во Јавното претпријатие Комунална хигиена на град Скопјe, според информациите, веќе неколку месеци не им е платено здравственото осигурување. Загрижени, зад камерите, вработените во ова претпријатие велат дека поради ова не можат да обезбедат здравствени услуги, вклучително и посети на матичен лекар, лабораториски тестови и други медицински третман. Во прашање испратено до Јавното претпријатие Комунална хигиена на град Скопјe, ...
„Иако е едно од најубавите и најопремените училишта, со училници, амфитеатар и модерни објекти, во средното училиште „7 Март“ интересот на учениците за запишување е исклучително низок. Во првите два рокови, тука беше примен само еден ученик. Причината за незаинтересираноста на учениците е оддалеченоста и локацијата на ова училиште. Директорот вели дека следната година ќе се гради нов објект на друга локација. Исмаил Влаши верува дека во ...
Во време кога се покажува дека системите со вештачка интелигенција не само што измислуваат, туку и почнаa да ги лажат луѓето и кога самите инженери не го разбираат целосно однесувањето на моделите што ги развиваат, изложувањето на најмладите на оваа технологија не изгледа како најпаметна идеја. Експертите се согласуваат со ова. Како што објасни еден од претседателите на организацијата за права на потрошувачите, Роберт Вајсман, за „Индипендент“: ...
Пожар кај с. Марвинци, Валандово Гори сува трева и ниска грмушка. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожар кај с. Фурка, Дојран Гори сува трева и ниска грмушка. На терен се излезени: ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и тројца пожарникари ДППД Дојран со едно противпожарно возило и тројца пожарникари Центарот за управување со кризи (ЦУК) процесуираше ...
Лидерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот за раст на регионот, соопшти Европската комисија по повод денешната лидерска средба во македонскиот главен град. – По една година унапредување на реформите и интензивна соработка во области како што се финансиите, транспортот, дигиталното ...
Повеќе од 40 отсто од младите во земјава ја доживуваат Европската Унија позитивно, 24 проценти имаат негативен став за Унијата, додека нешто над една третина или речиси 35 проценти од младите се неутрални. Ова го покажуваат резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на јуни 2025 година со учество на над 1000 млади лица од земјава. Истражувањето е дел од поширока анализа за ставовите на младите кон Европската Унија и се реализира во рамки ...
Европа е зафатена од силен топлотен бран, кој веќе одзеде два живота во Италија. Во Болоња 47-годишен работник почина откако му се слоши на градилиште, додека 70-годишен маж се удави во ненадејни поплави во близина на Торино. Шумските пожари во Турција принудија повеќе од 50 000 луѓе да се евакуираат, додека пожарите се проширија и низ други провинции како што се Билеџик, Маниса и Хатај. Франција го забележа својот најтопол јунски ден досега во ...
По барањето што го упати гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во Македонската банкарска асоцијација (МБА), банките почнале да ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги. Претседателката на МБА Маја Стевкова-Штериева изјави дека тоа е индивидуална одука на органите на управување на банките, а упати и на ветувањето од Народната банка за намалување на надоместоци што банките ги плаќаат за користење ...
Патниците на луксузниот крузер „Дизни“ беа сведоци на драматична сцена кога мало девојче падна од четвртата палуба, а нејзиниот татко скокна во морето по неа во обид да ја спаси. Според очевидци, инцидентот се случил додека таткото ја фотографирал својата ќерка во близина на оградата на бродот. Бродот се движел со голема брзина во моментот на несреќата, а екипажот веднаш кренал тревога, извикувајќи „човек во морето“ и започнал спасувачка ...
Полска ќе воведе гранични контроли со Германија и Литванија од 7 јули, објавија светските агенции. Ова денеска го објави полскиот премиер Доналд Туск. Тој објасни дека станува збор за привремена мерка. Премиерот ја објави веста по состанокот на полската влада. Оваа одлука следеше по неодамнешното заострување на граничните контроли од страна на Германија и откако новата германска влада на канцеларот Фридрих Мерц ја презеде функцијата во Берлин. ...
40-ти пат по ред, на 1 јули, членовите на Косовското собрание не успеаја да го формираат парламентарниот состав што произлезе од изборите на 9 февруари. Ова е трет пат пратениците да не успеат да постигнат напредок во формирањето на Собранието откако Уставниот суд на Косово донесе одлука на 26 јуни со која се бара од нив да го формираат Собранието во рок од 30 дена – рок кој истекува на 26 јули. Демократската партија на Косово (ДПК), ...
Полициски тим на Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица вчера разбил меѓународен канал за трговија со дрога. Во акцијата, како што информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, полицијата запленила околу 100 килограми марихуана и биле уапсени неколку лица. Тошковски информацијата за акцијата ја соопшти одговарајќи на новинарско прашање за време на прес-конференцијата со својот литвански колега Владислав Кондратович по ...
Фудбалскиот клуб Баерн е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд (27), откако Астон Вила потврди дека нема да го откупи неговиот договор за 47 милиони евра. Германските медиуми објавија дека скаутите на Баерн ги следеле натпреварите на англискиот репрезентативец во Бирмингем минатата сезона. „Рашфорд совршено се вклопува во профилот на играч што му е потребен на Баерн. Тој е способен да игра на левата страна и како ...