Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од пет до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 13 до 22 степени. Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно времено, со услови за повремен дожд и умерен ветер ...

Регулативата за противпожарна заштита е толку ригорозна што деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, проценува дека доколку се спроведе, ќе мора да се затворат 80 проценти од зградите. Тој подвлече дека доколку се биде изградено согласно законите, прописите и стандардите во областа на градежништвото, особено во делот на противпожарната заштита, нема да има трагедии. Во интервју за Радио Слободна Европа, тој нагласува дека во Македонија ...

Тешката трагедија во Кочани го шокираше целото општество, но нанесе голема траума на семејствата кои ја чувствуваат болката поради загубата на своите најблиски. Психолозите велат дека овие семејства, како и преживеаните, треба веднаш да добијат психолошки третман за да се избегнат нарушувања кои произлегуваат од посттрауматски стрес. „После секоја голема трагедија како онаа во Кочани, но и претходно доживеана од нашите граѓани, емоционалната ...

Марш во Кочани во чест на 59-те жртви кои ги загубија животите во катастрофата во дискотеката „Пулс“. Граѓаните во тишина и без транспаренти маршираа низ градот поминувајќи пред полицијата, а потоа и пред судот во Кочани, барајќи правда и одговорност. Молкот и денеска се слушаше во Кочани , една недела по трагедијата во која загинаа деца и млади во пожарот во импровизираната дискотека. За денеска во скопскиот градски парк беше најавен митинг во ...

Вкупно 138 контроли во последните три дена извршило Министерството за транспорт, преку Државниот инспекторат за транспорт, како дел од зголемените контроли во областа на превозот. Од извршените проверки од страна на инспектори за патен сообраќај, откриени се 21 неправилност кај правни и физички лица кои превезувале патници и стока. Меѓу фирмите кои работеле нередовно е транспортната компанија „Дурмо турс“ од Гостивар и уште неколку фирми како ...

Една недела по трагедијата од пожарот во Кочани, дел од пациентите кои се лекуваат во болниците во и надвор од државата ќе можат да бидат пуштени на домашна нега. Директорот на Клиниката „Свети Наум Охридски“ рече дека следната недела ќе почнат првите испусти на пациентите хоспитализирани во оваа клиника. Директорот на Клиниката, Небојша Настов, најави дека во моментов се подготвуваат протоколи и се врши координација меѓу надлежните институции ...

Здравствената состојба на повредените кои се лекуваат во Белград е стабилна, но 2 пациенти се уште се на механичка вентилација. Директорот на Клиниката за пластична хирургија, Милан Стојчиќ, во изјава за РТС рече дека кај повеќе пациенти е извршена трансплантацијата на кожа а хируршки интервенции очекуваат уште 6 пациенти . „Имам добра вест, некои пациенти можеби ќе можат да бидат префрлени на одделение, бидејќи им се подобрува респираторната ...

5 пациенти кои се лекуваат во странство и понатаму се во критична а останатите 100 се во стабилна состојба. Во стабилна состојба се и пациентите хоспитализирани во клиниките низ земјава, а според министерот за здравство Арбен Таравари утре се очекува да бидат пуштени на домашна нега уште 9 пациенти кои се лекуваат овде. Во среда и четврток се очекува да пристигнат првите пациенти кои се враќаат од странство. За нив е подготвен протокол за прием. ...

Вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост – кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп. Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево ...

Во врска со новите информации поврзани со трагичниот настан во Кочани, Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува загриженост за сомнежите што се појавуваат во однос на транспарентноста и независноста на институциите надлежни за истрагата. Како што велат од ДУИ, според информации објавени од истражувачките стории на медиумите, кабарето „Пулс“ било официјално затворено и пломбирано од страна на УЈП во втората половина на декември 2024 ...

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС, јави дописникот на МИА од Белград. Стојичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми. „Нивниот постоперативен тек ...

Следната недела се очекува да почне враќањето на првите пациенти од трагедијата во Кочани кои се лекуваат во странство. Во Министерството за надворешни работи се одржа координиран состанок за следните чекори и мерки за организирање на враќањето на пациентите, или за продолжување на нивната терапија во земјата. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објасни дека сите трошоци за лекување во странство се покриени од соодветните земји, a ...

При изградбата на угостителските објекти, да се користат огноотпорни материјали, кои можат подолго време да издржат повисока топлина, за да се има повеќе реме, гостите да можат да го напуштат објектот во случај на пожар, апелираат од територијалнбата противпожарна единица во Охрид.Но наместо тоа,нивните искуства говорат дека, многу често, се користат лесно запаливи материјали, со цел да се избегнат поголеми трошоци. Пожарот во дискотеката во ...

За кривичното дело „Тешки дела по општа безбедност од член 292, за кое се товарат 27 осомничени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани каде животот го загубија 59 лица, а околу 200 други се повредени, во последните 10 години во скопскиот Кривичен суд, кој е најголем суд во државата, донесени се пресуди за вкупно 105 лица. Најавите од Обвинителството се дека обвинетите ќе бидат осудени на казна затвор до 20 години, но сепак досегашната ...

Турските власти приведоа повеќе од 300 лица на протестите одржани во текот на ноќта во неколку градови кои се одржуваат по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протести се одржаа во десетици градови, вклучително и во Истанбул и во Анкара. Во соопштението се вели дека апсењата се со цел да се спречи „нарушување на јавниот ред“ и се предупредува дека властите нема да толерираат „хаос ...

Од 115 пациенти кои се лекуваат во странство, шест пациенти се во критична состојба, додека другите се во стабилна состојба. Од понеделник се очекува пет пациенти да се вратат во земјата. Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека пациентите кои ќе се вратат прво ќе бидат примени во болниците во земјава, а потоа пуштени дома. „Пациентите со најтешка состојба се двајца во клиничкиот центар во Љубљана, а 4 на Воено-медицинската академија во ...

Следната недела се очекува да почне враќањето на првите пациенти од трагедијата во Кочани кои се лекуваат во странство. Во Министерството за надворешни работи се одржа координиран состанок за следните чекори и мерки за организирање на враќањето на пациентите, или за продолжување на нивната терапија во земјата. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објасни дека сите трошоци за лекување во странство се покриени од соодветните земји, a ...

Државниот пазарен инспекторат во координација со Министерството за внатрешни работи продолжува со вонредните контроли на угостителските објекти. Затворени се два објекта кои не биле во согласност со владината наредба, односно пуштале музиа во деновите на жалост и изречени им се парични казни на сопствениците. „Во овие контроли вчера е констатирано дека два објекта не ја почитувале владината наредба и работеле. По што се изрешени адекватни мерки ...

Со строги контроли и вонредна инспекција на гастрономските објекти, инспекторите на многу општини излегоа на терен. Инспекторите на Општина Центар, во соработка со полицијата од полициската станица „Беко“и за време на викендот ги проверуваа еден по еден сите угостителски објекти. Досега се изречени и парични казни за тие кои не ги исполниле условите, а каде е констатирано дека недостасуваат хидранти или противпожарни апарати, веднаш ги известиле ...

Во стабилна состојба се сите седум повредени од пожарот во дискотеката во Кочани кои вчера беа транспортирани на лекување во Шпанија, информираа за МИА од Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава. „Пациентите се пристигнати вчера, направени се првичните медицински контроли, истите се во стабилна состојба и веќе е отпочнат процесот на лекување и третирање во споменатите болници“, наведуваат од Амбасадата. Воедно, од Амбасадата ја споделуваат ...

На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е ...

На итен состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Центар, што се одржал вчера со присуство на инспекциските служби на општината и Командирот на ПС Беко Игор Стаменковски, била разгледана безбедносната состојба во општината и предложени мерки за подобрување на сигурноста и заштитата на граѓаните. На состанокот, одржан барање на градоначалникот Горан Герасимовски, се анализирала безбедноста на станбените објекти, при што биле утврдени ...

„Сите украински нуклеарни централи му припаѓаат на народот на Украина“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на прес-конференцијата со норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во Осло. Тие се во сопственост на државата. Кај нас нема приватна сопственост на нуклеарни централи. Што се однесува до зелената енергија, постојат приватно-јавни партнерства. „Постои и целосно приватен енергетски сектор, но целата нуклеарна ...

Протестите, кои се одржуваат и покрај официјалната забрана за јавни собири, добија масовна поддршка од опозициските партии, синдикати и граѓански организации. Во Анкара, стотици демонстранти се собраа пред седиштето на опозициската Народна републиканска партија (НРП), извикувајќи слогани против владата. Според министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, досега се уапсени 97 лица. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган жестоко реагираше, ...

Тој претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо Бајден, како и правото на заштита од Тајната служба за децата на поранешниот претседател Бајден – Хантер и Ешли. Американскиот претседател се соочи со Хилари Клинтон во претседателската кампања во 2016 година, а минатата година се натпреваруваше со Камала Харис, која го замени Бајден како кандидат на Демократската партија во трката за претседател ...

Сериозна, но стабилна им е состојбата на повредените пациенти кои во моментов се лекуваат од здобиените повреди од пожарот во Кочани. Се размислува и за враќање на дел од оние кои се лекуваат во странство. По извршената обдукција на починатите лица во пожарот, кај сите е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот. Според последните информации, вкупно 162 повредени пациенти моментално се лекуваат од здобиените ...

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 15.20 часот на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп осомничен дека претходно, околу 14.30 часот, на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева. Притоа се запалиле и изгореле дрва, бандера во сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите. Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот бил изгаснат од Територијалната ...

Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била укажана ...

Голем пожар беснее во близина на градот Струмица, кој се наближува до месноста Софилари. Мобилизирани се сите пожарникари од Струмица кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат тој да стигне до куќите и другите објекти. Напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови. Мобилизирана е и струмичката полиција. Директорот на Центар за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов објасни дека пожарот е настанат на стрниште, но дека ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во петокот дека Турција нема да потклекне пред „уличниот терор“ на третиот ден од протестите што избија поради апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, под обвинение за тероризам и корупција. „Турција нема да потклекне пред уличниот терор“, рече Ердоган, оценувајќи дека протестите што ги свика опозицијата ќе завршат во „ќорсокак“. „Нема да толерираме никакво нарушување на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
30%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
1.03
47%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
31%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.42
25%
1017
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.89
51%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.71
32%
1016
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
42%
1018
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
28%
1018
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
33%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
35%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
56%
1017
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62