Земјата штотуку доби нов придружник во вселената – мал астероид наречен 2025 PN7. Астероидот беше откриен оваа година, но патува со нас од 1960-тите години. НАСА потврди оваа недела дека карпата, откриена од Универзитетот на Хаваи, е официјално квази-месечина, редок вид небесно тело кое патува речиси точно синхронизирано со Земјата. Значи, не е вистинска Месечина, но ја следи истата патека околу Сонцето, па се чини дека ја следи нашата ...

Од 1 јануари 2026 година започнува примената на европските правила за декарбонизација – процес на намалување на емисиите на јаглерод диоксид (CO₂) што ги создаваат индустриските капацитети. Целта е постепено намалување на загадувањето и премин кон почиста, „зелена“ економија во согласност со европските стандарди. Во првата фаза, обврските ќе се однесуваат на челичната и цементната индустрија, два сектора кои се меѓу најголемите извори на ...

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше Татјана Соколова Ристова, законски застапник на пациентка која 13 години се лекувала на Клиниката за онкологија. Соколова Ристова пред судот изјави дека лекувањето на нејзината мајка започнало кај друг доктор, но поради лошиот однос, пациентката одбивала да продолжи со терапијата. Особено се противела на хемотерапија, стравувајќи од губење на косата. ...

Самитот на Берлинскиот процес ги собра лидерите од Западен Балкан и Европската Унија во Лондон. Непосредно пред почетокот на самитот, регионалните лидери, вклучувајќи го и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, се сретнаа со Кралот Чарлс Трети. Делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија учествуваат на денешниот самит. Берлинскиот процес, започнат во 2014 година, има за цел да ги одржи земјите ...

Наводите во решението на Граѓанскиот суд за забрана на штрајкот што на 20. месецов го најави Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) се апсолутно вистинити и законски основани. Решението е донесено од искусен судија кој има оставено белег во судот, оцени денеска Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ А.Д. Барањето за забрана на штрајк, како што посочи тој, се однесува за точно најавен штрајк, со точно определени датуми и ...

ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните избори. Кога утре би имало парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ по Донтовиот модел, со овие гласови ќе има над 60 пратеници, додека пак СДС во некои ИЕ би била трета партија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Народот го казни СДС и направи да биде на некои места низ државата, како и градот ...

Од сè уште непознати причини, автобус се забил во училишен ѕид во унгарскиот град Солнок. Се движел според распоредот, а потоа удрил во ѕидот, соборувајќи неколку дрвја по патот на раскрсницата на улиците Кошут Лајош и Дамјанич, објавува унгарскиот портал Индекс. Во несреќата учествувале 28 лица, од кои 27 биле патници и еден пешак кој за малку го избегнал возилото. 22 лица, вклучувајќи го и пешакот, се полесно повредени, додека едно лице е ...

Се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Оттаму велат дека под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, претресите ги вршат единици на Министерството за внатрешни работи (МВР), а станува збор за сомнежи за лихварство и перење пари. „Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело ...

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со Општата болница во Прилеп во која финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција. Во текот на денов приведените треба да бидат спроведени во Судот во Прилеп. Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во текот на вчерашниот ден се презедоа дејствија во врска со ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник изјави дека верува оти повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот по сегашните линии на фронтот е „добар компромис“. Тој, исто така, рече дека се сомнева оти рускиот претседател Владимир Путин ќе го поддржи таков предлог, објави Ројтерс. Зеленски пристигна во Осло во понеделник, каде што се очекува да разговара за дополнителна воена и енергетска помош за ...

Финансиската загуба од најдраматичниот грабеж во Франција во последните децении е проценета на речиси 90 милиони евра. Додека полицијата продолжува да ја бара криминалната банда зад дрскиот грабеж во неделата, париската обвинителка Лоренс Бекуо изјави за радиодифузерот RTL дека кураторот на музејот ги проценил загубите на околу 88 милиони евра. Се очекува претседателот и директор на музејот, Лоренс де Кар, да одговара на прашањата од ...

Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази подготвеност да изгради џиновски ѕид по должината на северниот брег на Јава за да заштити 50 милиони луѓе од зголемувањето на нивото на морето, објавија индонезиските медиуми. Прабово објасни дека изградбата на ѕид долг 535 километри по должината на северниот брег на Јава е решението на владата за зголемувањето на нивото на морето за околу пет сантиметри годишно поради ефектите од климатските ...

Железничката компанија „Еуростар“ ќе воведе двокатни брзи возови низ тунелот под Ла Манш од 2031 година за да ја задоволи растечката побарувачка за меѓународно железничко патување од Велика Британија, објави компанијата. Железничкиот оператор, во сопственост на француската SNCF, потпиша договор од 2 милијарди евра со производителот на возови „Алстом“ за купување на најмалку 30, па сè до 50 нови возови „Селестија“, објави „Гардијан“. Секој ...

Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес повтори дека нејзината влада нема да ја признае државата Палестина сè додека Хамас не биде разоружан и не престане да има каква било улога во управувањето со Газа. „Хамас мора да прифати дека нема никаква улога во привремената администрација и во идната палестинска држава и мора да биде разоружан за да се спречи да продолжи да претставува закана за регионалната стабилност“, изјави Мелони пред ...

СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на галсање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ, докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг јасно докажаа дека имаат што да понудат, се наведува во соопштение на СДСМ. Во текстот се додава: „ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна ...

Кинеската влада усвои нови правила што влијаат врз инфлуенсерите и креаторите на содржини на социјалните мрежи, барајќи од оние што се занимаваат со теми како што се медицината, правото, финансиите, образованието или здравството да имаат соодветни дипломи или квалификации. Според најавата, платформи како што се Douyin (кинеската верзија на TikTok) и Weibo ќе бидат обврзани да ги потврдат овие акредитиви. Во случај на прекршоци, казните можат ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека Братислава веројатно ќе го поддржи 19-тиот пакет санкции на Европската Унија против Русија доколку нејзините барања бидат вклучени во заклучоците од самитот на лидерите на блокот оваа недела. Фицо, исто така, најави дека ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц пред самитот. „Значи, ако ги видиме заклучоците што ги протуркавме, ќе ги разгледам повторно вечерва и веројатно ќе му кажам ...

Ерлинг Халанд вчера постигна еден гол за својот тим на гостувањето кај Виљареал во триумфот од 0-2. Со тоа Халанд го израмни рекордот на Кристијано Роналдо, а следниот меч може и да го урне. Норвежанецот погоди на 12 последователни меча во сите натпреварувања, и така сега е на исто рамниште со легендарниот португалски стрелец. Халанд постигнуваше голови против Брајтон, потоа против Финска, Молдавија, со Манчестер Јунајтед, против Наполи, ...

Серија на земјотреси ноќеска се случиле на тлото на Средна и на Јужна Америка. Првиот земјотрес беше во Аргентина, во провинцијата Ла Риоха со јачина од 5,7 степени. Епицентарот се наоѓал приближно 188 километри северозападно од градот Сан Луис, дом на околу 183.000 жители. Шест минути подоцна се случил моќен земјотрес во Костарика, во провинцијата Сан Хозе со јачина од 5,9 степени. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), ...

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, предупреди дека здравствената криза во Газа е „катастрофа“ што ќе трае со генерации. Тој повика на значително зголемување на хуманитарната помош за да се задоволат непосредните и долгорочните потреби на населението на територијата, објави Би-Би-Си. Гебрејесус нагласи дека прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври овозможи поголем проток на ...

Француската полиција сè уште интензивно трага по четворицата осомничени кои во неделата извршија дрска кражба во прочуениот Лувр, при што успеале да побегнат со непроценлив накит. Според весникот „Ле Фигаро“, во потрагата се вклучени шеесет истражители од специјалната единица BRB, кои ги следат сите можни траги, вклучително и ДНК материјали пронајдени на предмети што крадците ги оставиле зад себе. Како што јавува „Ле Паризиен“, полицијата ...

Лука Дончиќ маестрално ја отвори новата сезона во НБА лигата, но Голден Стејт Вориорс лесно триумфираше над Лос Анџелес Лејкерс, со резултат 119-109. Плејмејкерот од Словенија постигна 43 поени, со 12 скока и девет асистенции, но ниту тоа не беше доволно за почетно славје. Проблемот беше што имаше поддршка само во Ривс, кој постигна 26 поени, со пет скока и девет асистенции. Двајцата заедно постигнаа 69 поени, остатокот од тимот заедно 40! ...

Цените на златото денес малку закрепнаа откако нивниот спектакуларен пораст беше нагло запрен претходниот ден. Вчера, цената на овој благороден метал падна за повеќе од 5 проценти, што претставува најголема распродажба во повеќе од една деценија, пишува CNN. Падот на цената на златото, кое традиционално се смета за безбедно засолниште во неизвесни времиња, дојде откако инвеститорите одлучија да го заработат профитот по рекордниот пораст. ...

Просечната цена за закуп на метар квадратен станбен простор во општина Карпош во третиот квартал изнесува 357 денари, во Центар 355, а во Аеродром 327, покажуваат денеска објавените податоци од Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава. Од 1 јули до 30 септември евидентирани се вкупно 2.184 закупи. Најголем број, 787, се закупи на станови (36 проценти), по што следуваат закупите на деловни простори, 740 (34 проценти), на ...

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против поранешната директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ за продолжени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа, како и прекршувања на Законот за трансформација во редовен работен однос. Обвинителството утврдило дека со повеќе злоупотреби во текот на 2022 и 2023 година, обвинетата предизвикала штета на домот преку ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени“, се вели во прогнозата на синоптичарите. И во главниот град ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. „Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени“, ...

Во обраќање од Белата куќа, Трамп нагласи дека Москва одбива да се согласи на прекин на огнот долж постојната линија на фронтот, што, според него, претставува клучна пречка за одржување на самитот. „Им реков: ‘Пресечете и запрете ги сите активности на линијата на фронтот. Одете дома. Престанете да се борите, престанете да убивате луѓе’“, изјави Трамп, поддржувајќи го предлогот за замрзнување на конфликтот што веќе доби поддршка од Киев и ...

Во астрологијата, октомври традиционално се смета за период на барање рамнотежа и преиспитување на вредностите. Тоа е момент на транзиција од меката енергија на Вага кон трансформирачката моќ на Скорпија – време кога, според хороскопот, е важно не само да се зачува внатрешниот мир, туку и да се биде подготвен за длабоки промени. Младата месечина на 21 октомври 2025 година се јавува во знакот на Вага, што значи дека главните теми на овој ...

Секој може да биде херој во очите на своето дете, но само еден е семеен херој во очите на сите! Новата Opel Frontera е совршен SUV! Од Еуроимпекс бевме поканети да се запознаеме со најновиот модел на Opel, новата Opel Frontera во дворот на Roosty во прекрасна германска атмосфера. На самата прмоција на моделот имавме можност да видиме две прекрасни верзии. Едната во промотивната Kanyon портокалова боја во GS ниво на опременост, а другата во ...

Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени утре По наредба на Основното јавно обвинителство Прилеп, Управата за финансиска полиција започна постапка поврзана со наводи за злоупотреби во работата на прилепската болница. Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени утре. Се очекува активностите да вклучат преглед на документација и други мерки кои ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
993
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.27
99%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
999
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
91%
1000
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Бакар

11.66

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.07

Злато

157055.75

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Цинк

3.33

Родиум

336779.07