
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека секој училишен округ во Калифорнија кој не се придржува до трансродовите политики на неговата администрација нема да добие федерално финансирање. Во објава на социјалната мрежа TruthSocial, Трамп не даде други детали за објавата, објави Ројтерс. Во Соединетите Американски Држави, училиштата го добиваат огромното мнозинство од нивното финансирање преку локални и државни извори, но ...
По јавните тврдења на професорот Сашко Кедев оти во земјава се прават непотребни кардиолошки интервенции, министерот Азер Алиу вели дека е формирана интерна комисија, а дополнително ќе се направи и независен стручен надзор со тројца експерти од европските земји, но не од соседството чиј извештај ќе биде јавно достапен и ќе претставува основа за евентуални законски измени или воведување на нови протоколи. „Заклучивме како Министерство за ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи и информира дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции. Во однос на неодамнешните тврдења за наводни непотребни медицински интервенции, изнесени во јавноста, ФЗО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на транспарентноста, почитувањето на ...
Палестинците од делови на градот Газа масовно го напуштаат градот откако израелската армија го започна првиот дел од планираната копнена офанзива, соопштија локалните власти. Израелските сили воспоставија позиции на периферијата на градот, кој е дом на повеќе од еден милион Палестинци, по откако деновиве во градот претходеа жестоки артилериски напади. Во деловите Зеитун и Сабра жителите веќе се повлекуваат кон северозападниот дел на градот. ...
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека поднесена е кривична пријава против скопјанец за „тероризам“. Тој се сомничи за лажно пријавување подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром, по што аеродромот беше затворен за сообраќај неколку часа, а планираните летови, одложени. – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР – Сектор за борба против тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на ...
Бадентеровото мнозинство е дел од Охридскиот рамковен договор, а тој пак е дел од Уставот, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали како Влада размислуваат за ревизија на ова прашање, откако претходно министерот за правда Игор Филков во интервју рече оти можеби е дојдено време да се размисли за потребата од ревидирање на Бадентеровото мнозинство. Мицкоски вели дека Рамковниот договор е исполнет во целост и оти тоа е ...
На граничниот премин со Република Србија, ГП Табановце – Прешево бил спречен обид на Србин во ранец да криумчари два часовника од марката „Ролекс“ и еден часовник „Омега“ со вкупна вредност од 2.34 милиони денари или 38 000 евра, соопштија од Царинската управа. Оттаму велат дека непријавените часовници биле пронајдени во детален преглед на возилото и патниците кои патувале со автомобил со српски регистарски таблици. Лицето кое се обидело да го ...
Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон денес објави дека владата денес одлучила градот Енкопинг на истокот од земјата да стане логистички центар на НАТО од каде што ќе се управува со движењето на трупите на НАТО во Северна Европа. Според него, одлуката доаѓа откако се завршени преговорите со Алијансата и е дел од поширока стратегија за зајакнување на присуството на НАТО во регионот. „Шведска има важна географска положба во рамките на НАТО и ...
Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко, но како што истакна, ако тоа се случи и изборите бидат неуспешни Владата има уствно и законско право и можност да именува повереници ...
Наполи испрати официјална понуда до Лајпциг за услугите на Елиф Елмас. Понудата беше 1,5 милиони евра за позајмица на една сезона, со право на откуп во јули 2026 година за сума од 11,5 милиони. Меѓутоа германскиот тим бара речиси двојно повеќе. Односно, три милиони евра за позајмицата од една сезона, и право на откуп за сума од 18,5 милиони евра, тврдат дел од италијанските медиуми. Преговорите меѓу двете страни продолжуваат со засилен ...
Силни турбуленции на летот на „Ер Франс“ помеѓу Париз и Ајачо на Корзика повредија пет лица, вклучувајќи тројца членови на екипажот, објави денес телевизијата BFM. Авионот „Ербас А320“ со 143 патници вчера се наоѓал во зона на грмотевици на голема надморска височина, што радарот на авионот претходно не го регистрирал, каде што наишол на силни турбуленции, а инцидентот се случил додека екипажот ги проверувал безбедносните појаси. По ...
Мерките и активностите на институциите не обезбедуваат соодветна и ефективна поддршка, заштита и реинтеграција на жените жртви на родово базирано и семејно насилство. Системот за заштита е сè уште недоволно развиен, а бројките за жртви и сторители на кривични прекршочни дела во врска со семејно насилство покажуваат загрижувачки континуитет, без подобрување на состојбата. Во 2023 година, мажите биле десетпати повеќе сторители на кривични дела од ...
Италијанската двојка Сара Ерани и Андреа Вавасори го освоија првото издание на новиот формат на турнир во мешани двојки на. Во финалето, тие ги победија Каспер Руд и Ига Швјонтек со 6-3, 5-7, 10-6. Со тоа, тие ја освоија својата трета титула на последните пет Грен слем турнири, а исто така ја одбранија и онаа што ја освоија минатата година во Њујорк. Ерани и Вавасори како шампиони заработија еден милион долари, а нивниот триумф им е уште подраг ...
Со традиционалното садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2025 година истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка денеска во Струга почнува 64. издание на Струшките вечери на поезијата. Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ во Домот на поезијата, а ќе продолжи со ...
Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека ниту еден од клучните политички фактори во ЕУ повеќе нема илузии за тоа кој е српскиот претседател Александар Вучиќ и каков тип влада предводи, пренесуваат денеска регионалните медиуми. Според него, Србија во сегашната состојба не може да стане членка на Европската Унија. „Прашањето е како да се дефинира ставот кон алтернативата – кон оние кои потенцијално би можеле да ...
Министерството за здравство соопшти дека веќе се координира за проверка на тврдењата споделени во јавноста за можни непотребни медицински интервенци, како и спроведување на итни и вонредни надзори со цел добивање на целосната слика. Дополнително, како што се посочува, министерот за здравство Азир Алиу веќе најавил дека комплетната дигитализација на здравствениот сектор ја опфаќа и двонасочната размена на информациите меѓу јавните и приватните ...
Владата сè уште не ја завршила проверката на лиценците што им биле доделени на компаниите за преработка на канабис за медицински цели.Проверката на лиценците беше најавена откако дел од компаниите, канабисот го продаваа на црниот пазар наместо тој да се користи за медицински цели. Премиерот најави дека ќе биде објавено кој министер на која компанија издал дозвола за преработка на канабис. Портпаролката на владата, Марија Митева, вели дека ...
И осум месеци по бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државната лотарија Прпарим Бајрами, властите не ги лоцирале иако велат дека се преземаат активности за обезбедување на бегалците. Како што нè информираше Јавното обвинителство, против нив е распишана меѓународна потерница и тие соработуваат и со странски органи. ОЈО: „Јавното обвинителство ги презема сите дејствија во негова надлежност за обезбедување на ...
Во сообраќајна несреќа во западен Авганистан загинаа 73 лица, вклучувајќи 17 деца, од кои повеќето биле во автобус што превезувал авганистански мигранти што се враќале од Иран, пишува Би-би-си. „Автобусот, на пат кон Кабул, се запалил откако се судрил со камион и мотоцикл во покраината Херат. Сите во автобусот загинаа, како и две лица од другите возила“, изјави Ахмадула Мотаки, директор на талибанците за информации и култура во Херат. ...
Две лица загинаа, а уште две се повредени во свлечиште што синоќа го погоди автопатот RN 205 во Горна Савоја, на патот помеѓу Шамони и Паси, објави BFM. Според информациите од жандармеријата, жртвите – пар роден во 2002 година – биле на задното седиште од своето возило кога се случило свлечиштето. Возачот, на возраст од 54 години, се здобил со тешки повреди и бил однесен во болница, додека неговата сопруга, сопатничка, е полесно повредена и е ...
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа и засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните ќе достигнат од 30 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Температурите ќе се движат од 17 до 36 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова шума ...
Ништо не ги спречува политичките функционери да користат државни ресурси за време на изборната кампања. И покрај предупредувањата и законските прописи, старите практики на предизборни вработувања, користењето државни возила и простории за партиски интереси, како и притисокот врз административните службеници, се повторуваат и овој пат. Ситуацијата станува почувствителна, бидејќи за прв пат во пресрет на изборите нема претседател на Државната ...
Мекелен изминатиот викенд учествуваше на настанот For The Love Of Fantasy во Лондон, каде што на сцената му се придружија колегите од оригиналната трилогија: Илајџа Вуд (Фродо Бегинс), Шон Астин (Семвајз Гемџи), Били Боид и Доминик Монахан. Според Deadline, Мекелен за време на панелот потврдил дека ликовите Гандалф и Фродо ќе се појават во претстојниот филм „Господар на прстените: Лов на Голум“ (The Lord of the Rings: The Hunt for Gollum), кој ...
Царинските службеници на граничниот премин „Богородица“ спречиле обид за криумчарење на 4 577 парчиња небезбедни лекови, кои биле сокриени во багажниот простор на изнајмено возило. Возилото го управувал косовски државјанин, а по деталната контрола, Одделението за истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено дело криумчарење. Лековите, кои вклучуваат аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори во стаклени вијали, биле ...
Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт против Б.Н. во предметот „Адитив“, отфрлајќи ги приговорите на одбраната. Истовремено, поднесен е обвинителен предлог против уште три лица за кривично дело „оддавање службена тајна“, а се разгледува и можноста за спојување на обвиненијата. -Ја информираме јавноста дека Советот за оцена на обвинителен акт со КОК ООА 47/25 против Б.Н. за кривичните дела од чл. 394, чл. 275-в и чл. 273 од КЗ поднесен како ...
Flex Pay потпиша ексклузивен договор за соработка со Capital transfer doo претставник на Ria Money Transfer, една од водечките глобални мрежи за парични трансфери. Со потпишувањето на овој договор, клиентите сега ќе можат да испраќаат и примаат пари преку Ria – една од најбрзорастечките мрежи за парични трансфери во светот, присутна во над 190 земји и со повеќе од 500.000 локации глобално. Услугата ќе биде достапна преку Flex Pay, а ...
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е здравствена установа со висока репутација во земјата и регионот, изградена во текот на изминатите 25 години. Болницата е дел од втората најголема групација на болници во светот и препознатлива по врвниот медицински тим од 260 доктори, кој на секој пациент му пристапува со професионалност, стручност и целосна посветеност. Благодарение на овој пристап, во нашата болница секоја година се регистрираат над ...
„Немаме пристап до многу јавни институции. Во некои од нив нема лифтови за лица со посебни потреби, додека во општините нема тротоари што би ни овозможиле да се движиме во инвалидски колички“, велат членовите на здружението СОС Вита, кои побараа во секоја општина да се назначи советник со посебни потреби, кој би се ангажирал во идентификување и решавање на проблемите што директно ја засегаат оваа категорија граѓани. Според претседателот на СОС ...
Научниците за прв пат ја намалија генетската азбука на животот на само 57 кодони, создавајќи синтетичка бактерија со најизменет геном на Земјата. Кодоните се основните единици на генетскиот код и дејствуваат како „зборови“ во „генетски јазик“ што рибозомите го „читаат“ за да состават протеински синџири. Кодонот е низа од три нуклеотиди што се наоѓаат на молекулата на информативна РНК (mRNA). Тој ја специфицира позицијата на одредена ...