
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Локалните избори нема да бидат вратата за влез на ДУИ во Владата, нема да поминат интригите од Зајас и Мала Речица – се подготвува таен план за уривање на изборниот процес, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој на партиски настан на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека е време да се открие „вистината за влаканите игри кои се подготвуаат зад кулисите“. Според него, СДСМ и ДУИ имаат смислено и координирано сценарио за хаос, политичка магла и манипулации. „Со ...
Анкета објавена од израелскиот весник „Маарив“ покажа дека 62 проценти од Израелците веруваат дека сегашната влада ја изгубила довербата на мнозинството од населението. Како што објави „Тајмс оф Израел“, 27 проценти од испитаниците веруваат дека владата сè уште ја има довербата на нацијата, додека 11 проценти немале мислење за ова прашање. Анкетата се осврна и на прашањето за договорот за заложниците, каде што повеќето испитаници изразија ...
На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен пожар, под контрола е еден пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума, а изгаснати се 17 пожари, информираат од ЦУК. Изгаснати се пожарот кај Брана Езеро Козјак, во Општина Сопиште каде гореше ниска вегетација и шума, како и пожарите во Општина ...
Според податоците од Европскиот информациски систем за пожари (EFFIS), кој работи во рамките на програмата Коперник, повеќе од 1,1 милион хектари земјиште изгореле од почетокот на годината, што ја прави 2025 година година со најголема изгорена површина откако започнаа евиденциите во 2006 година. Како што објави шпанскиот „Ел Паис“, главната причина се разорните пожари што ја зафатија Европа на почетокот на август. Пожарите што го пустошат ...
Повеќе лица загинаа, а голем број други се повредени во сообраќајна несреќа на туристички автобус што денеска се случила во американската сојузна држава Њујорк, јавуваат светските медиуми. Несреќата се случила додека околу 50 патници, меѓу кои и деца, се враќале од обиколка на Нијагарините водопади кога возачот на автобусот ја изгубил контролата врз возилото, по што тоа излетало од патот. По несреќата, која се случила во близина на градот ...
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје. ДИК продолжи со работата по преостанатата четврта точка од дневниот ред на 130. седница. Денеска беше кажано дека од правната служба на ДИК било добиено писмено известување со мислење по барање на членот на ДИК, Дитмире Шеху. За четвртата точка – предлог упатство за пополнување на образец на листи за членови на совет ...
Меѓународните архитекти ангажирани во кампањите за Чаир, не зеле ни денар, туку тоа го прават од добра волја, велат Меџити и Османи. Изет Меџити од ВЛЕН додава дека Албанецот од Скопје, втор човек во Градот Бурса, не сака финансиски да профитира, туку да придонесе со знаење за родниот крај. „Значи не доаѓа за финансиски профит, туку да придонесе со знаење и искуство за родниот Скопје. Сè е бесплатно, и не само тој, туку целиот тим од Македонија ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се ...
На барање на Русија, за 26 август е закажан итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради нападот врз гасоводот „Северен тек“. Според Дмитриј Полјански, првиот заменик-постојан претставник на Русија во ОН, барањето на Русија доаѓа во светлината на новите информации за притворањето на осомничен за терористичките напади врз гасоводот во септември 2022 година, објави РИА Новости. Полјански на својот Телеграм канал изјави дека Русија ќе ...
Иако на светскиот пазар се одгледуваат главно во САД, Иран и Турција, глобалното затоплување и зголемената побарувачка ги охрабрија и другите земјоделци да се вклучат во нивното одгледување. Со оглед на високата цена на овошјето, која достигнува до 40 евра по килограм, инвестирањето во плантажи со ф’стаци може да биде многу профитабилно. Одгледувањето ф’стаци е долгорочна, но профитабилна инвестиција. Иако повратот на инвестицијата е бавен, ...
Со краткиот филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот дански „Само на земјата“ на Робин Петре, синоќа во Куршумли ан во Скопје, започна шеснаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Отворањето беше збогатено со изложба на фотографии од Томислав Георгиев, создадени во рамки на Патувачкото кино на МакеДокс во Кочани. Оваа година, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со гордост е партнер на ...
Оваа сабота на небото ќе се појави редок астрономски феномен познат како „црна Месечина“, кој се случува само на секои две до три години. Иако нема да биде драматична како затемнувањето, оваа појава предизвикува големо внимание, како кај љубителите на астрономијата, така и кај оние кои сакаат апокалиптични теории. Што претставува „Црната месечина“? За разлика од полната месечина кој го осветлува ноќното небо, „црната месечина“ се јавува кога ...
Вакцинацијата на децата пред почетокот на учебната година е клучно за да се избегнат сериозни епидемии на заразни болести кои може да го загрозат јавното здравје. Според надлежните институции, вакцините се безбедни и го претставуваат најсилното оружје за заштита на имунитетот на децата. Лекарите, покрај вакцинацијата, апелираат децата на почетокот на учебната година, но и во текот на целата учебна година, да бидат повнимателни во исхраната и да ...
Основното јавно обвинителство започна истрага против лице осомничено за производство и ширење на детска порнографија. Според обвинителството, осомничениот, 27 годишен, набавил и поседувал фотографии и видеа со детска порнографија, кои ги чувал на својот мобилен телефон и таблет во текот на одреден временски период. Материјалите во форма на фотографии и видеа на кои се прикажани експлицитни сексуални дејствија со деца ги набавил од други лица ...
Бујаре Абази, која според Министерството за внатрешни работи се сомничи за несовесно работење кога раководела со Македонски пошти, не била контактирана од институциите, а веста за кривичната пријава ја дознала од медиумите. Според Абази, во периодот кога раководела со Пошти, работела коректно, а Државниот завод за ревизија ги објавил и резултатите од работата за 2024 година, кога таа била на чело на оваа институција. „Известена сум од ...
Опозицијата реагира остро на изјавата на премиерот Мицкоски, кој најави дека во општините каде изборниот процес може да се покаже неуспешен поради евентуално големиот број на независни кандидати, ќе се именуваат „повереници од Владата“ на местото градоначалник. Опозицијата ова го оценува како желба за контролирање на секој сегмент на државата и целосна партизација. „Во секој сегмент имате целосна партизација на државата, но тие сега сакаат, ако ...
Фејсбук-страница именувана како „Јавен превоз во Скопје“ шири лажни информации и се обидува да измами граѓани нудејќи таканаречени „ограничени транспортни картички“ за наводно бесплатно возење. Од Јавното сообраќајно претпријатие предупредуваат граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не отвораат сомнителни линкови. Според објавата на лажната страница, на граѓаните им се нуди „шестмесечен бесплатен јавен превоз за само 120 денари“ по повод ...
Пратеникот Амар Мециновиќ ќе биде кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, информираше денеска лидерот Димитар Апасиев. Апасиев, на прес-конференција, го претстави Мециновиќ како најдобриот пратеник од Левица кој за една година мандат се има наметнато како најактивен во Собранието. „Со неговата кандидатура, бидејќи станува збор за кадар што се градеше низ партиските структури, мислиме дека за прв пат ќе успееме да ги ...
Правилата за патување во Европската Унија се одложени за Македонија и треба да стартуваат следната година, доколку повторно нема некои одлагања, а во меѓувреме сме во постојан контакт со ЕУ за координација на целокупниот процес, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред работна средба во Стопанска комора на покана на претседателот на СКСМ Бранко Азески. На средбата, како што беше најавено ќе се разговара за ...
По повеќе од десет дена борба со огнот во Јасен, врнежите помогнаа во гаснењето на пожарот, иако не целосно. Дирекцијата за заштита и спасување предупредува за нов ризик од проширување на огнот поради силните ветрови. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, врнежите кои траеја повеќе од два часа овозможија огнот да се смири, но сè уште има жешки точки. Според Ангелов, тимовите на Јавното претпријатие „Јасен“ ...
За платената политичка програма ќе бидат издвоени 66% од буџетот за избори или 397 милиони денари, а право на овие финансии ќе имаат 33 телевизии, 43 радиостаници, 8 печатени медиуми и 246 портали. Државната изборна комисија, исто така, најави дека јавното разгледување на изборниот список ќе започне утре. Тие ги повикаа граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список за да можат навреме да ги коригираат. „Нагласивме и ги повикавме ...
ДИК го усвои Упатството за бројот на советници во општините, што предизвика судири на претходната седница. Упатството е усвоено со пет гласа „за“ и еден „против“. Членот Дитмире Шеху, која беше против упатството, најави дека ќе поднесе жалба на одлуката до Управниот суд. За Шеху е спорно да се одобри вакво упатство врз основа на постоечка одлука на Владата, со која, како што нагласи, се намалува бројот на советници врз основа на пописот на ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани, како што рече, претставниците на „Студентите во блокада“ на дебата пред сите камери. „Предлагам разговор и дебата на сите наши телевизии и портали, со легитимни претставници што тие ќе ги изберат. Јас сум подготвен против… и не против, се извинувам, и тоа е она што ги потврдува моите грешки… Јас сум подготвен да влезам во дијалог, дебата јавно, со три или четири лица кои размислуваат поинаку. Тие ...
Климатските промени одамна престанаа да бидат далечна закана и Европа веќе е еден од најпогодените континенти. Во последната година, континентот се соочи со рекордни температури, катастрофални поплави, суши, и зголемена смртност поврзана со екстремни временски услови. Овие настани не се случајни, туку директна последица на глобалното затоплување, кое веќе ги менува животите, економиите и здравјето на милиони Европејци. Жештината како тивок ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчера на улицата „Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил и електричен тротинет. Во несреќата повредени се 13-годишно девојче што управувало со тротинетот и нејзината 12-годишна сопатничка. Возачот на автомобилот го напуштил местото на несреќата. „На 21.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. ‘Васил Ѓорѓов’ во Скопје се ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека градот Газа може да биде уништен ако Хамас не се согласи да се разоружа и да ги ослободи сите заложници. Изјавата на Кац дојде откако израелскиот кабинет одобри планови за голем напад врз Газа и покрај широкото меѓународно и домашно противење. Во понеделник, палестинското движење Хамас, кое САД и ЕУ го сметаат за терористичко, прифати предлог од катарските и египетските медијатори за ...
Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против 27-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Според информациите, осомничениот со месеци набавувал и поседувал фотографии и видеа со детска порнографија на својот мобилен телефон и таблет. Од Обвинителството велат дека осомничениот материјалите во форма на фотографии и видеа на кои биле прикажани очигледни полови дејствија со деца ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45 468 денари и е повисока за 8.4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти. Намалување на просечната ...
Трошоците за живот постојано се зголемуваат. Вредноста на минималната синдикална кошничка за август е 65.507 денари, додека во споредба со јули е зголемена за 179 денари. Сојузот на синдикати на Македонија известува дека за семејствата кои имаат изнајмен стан од 60 квадратни метри, синдикалната кошничка е 80.882. Од податоците за минималната синдикална кошничка, јасно е дека по завршувањето на активните владини мерки, вредноста на минималната ...
Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор. Предвиденото јавно наддавање ќе се изврши доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи. Доколку се заокружи постапката со која што покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ во државава ќе добиеме нов мрежен оператор, според оценката на ...