Енергетскиот објект во Унеча во рускиот регион Брјанск, низ кој минува нафтоводот „Дружба“, кој оди кон Европа, беше цел на украински напад со ракети и беспилотни летала што се случи во текот на ноќта, изјави регионалниот гувернер Александар Богомаз. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто информира дека испораката на сурова нафта од Русија до Унгарија преку нафтоводот „Дружба“ е прекината поради нападот за кој вели дека се ...

Чешката Република стана првата земја во Европската унија што тестира максимална брзина на делови од своите автопати од 130 км/ч до 150 км/ч. Тестирањето ќе започне кон крајот на септември на делница од автопатот Д3 долга 50 километри, која ги поврзува Табор и Чешке Будејовице, на трасата од Прага до Линц. На оваа делница веќе се инсталирани електронски сообраќајни знаци со променливи ограничувања на брзината. Иако сообраќајот сè уште не е ...

Вчера во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци. Како што информираат од МВР според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ...

Народното собрание на Република Српска денеска(22 август) треба да расправа за предлогот за распишување референдум во врска со одлуките на Државниот суд и Централната изборна комисија против поранешниот претседател на овој ентитет, Милорад Додик. Откако пратениците влегоа во салата на Народното собрание на Република Српска, службите ги информираа дека е примена анонимна дојава за поставена бомба. Сите се евакуирани од зградата, а полицијата ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони лица кои имаат важечки визи во САД. Целта е да се утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до поништување на визата или депортација, пренесува „Асошиејтед прес“. Тоа би значело дека сите иматели на американски визи, вклучително и туристи од многу земји, се предмет на „континуирани проверки“ кои утврдуваат каква ...

Струга има одличен почеток на сезоната, а денеска од 17 часот против Работнички на свој терен ќе ја брка и третата победа по ред. За разлика од нив, тимот од Дебар Маало не може да се пофали со успех на стартот. Фудбалерот од средниот ред на стружани, Бесмир Бојку се надева на трет триумф по ред. „Би било убаво да имаме „три од три“ после Работнички. По двете победи, атмосферата во тимот е одлична, работевме напорно изминативе неколку дена и го ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас ги предупредува западните лидери дека притискањето на Украина да отстапи територии на Русија како дел од идниот мировен договор е „стапица во која Путин сака да влеземе“. На самитот во Алјаска, Калас рече дека Путин добил „сè што сакал“ и дека тоа ќе влијае на неговиот интерес за преговори за мировен договор. „Путин само се смее, не го запира убивањето, туку го ...

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири вели дека тие нема да побараат одложување на натпревари од домашното првенство со цел да бидат поподготвени за европската сцена. Шкендија до крајот на оваа календарска година ќе игра во Европа, нејасно е само дали тоа ќе биде Лига Европа или Конференциската лига. Во некои земји клубовите бараат поместување на нивните натпревари со цел да бидат поподготвени за настапот во Европа, но Шкендија тоа нема да го ...

Грмотевици, проследени со обилни дождови и ветер, погодија делови од Осиечко-барањската жупанија околу 18 часот денес, а освен бројните интервенции на службите за итни случаи, во моментов нема пријави за повредени, пренесува Индекс.хр. Од Центарот 112 на жупанија во Осиек истакнуваат дека добиле многу повици од граѓани за последиците од невремето, кои главно се однесувале на прекини на електричната енергија, паѓање гранки или дрвја на патишта, ...

Пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во кој десетина дена гореше мешана шума, конечно е изгаснат од дождот што утринава што го зафати регионот. Сепак, властите предупредуваат дека и покрај врнежите, опасноста од повторно разгорување сè уште постои. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека на одредени места од пожарната линија сè уште може да се забележи чадење. Поради тоа, екипите ќе продолжат со ...

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Дрејковиот Премин – водено подрачје помеѓу најјужната точка на Јужна Америка и Антарктикот. Чиле, држава на западниот брег од Јужна Америка, издаде предупредување за цунами за чилеанската антарктичка територија. Во извештајот на хидрографската и океанографската служба на чилеанската морнарица се вели дека е издадено предупредување за цунами за чилеанската антарктичка ...

Движењето ЗНАМ станува каприцизно. Откако влезе во владејачката коалиција, оваа партија, и покрај тоа што излезе од централно-левичарската СДСМ, изгледа дека сè повеќе се повикува на старите носталгии, провокации со Албанците, тестирање на духот на Уставот и Охридскиот договор, како и со интересите на државата. Во овој политички театар, нејзините министри, како Филков кој денес зборува за принципот на Бадентер, претходно се расправаше со ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека до 7:00 часот на територија на целата држава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворено. Од нив активни се осум, а изгаснати се 19. Активен е пожарот на терирорија на Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје „Јасен“ каде веќе подолг период гори мешана шума. Продолжува да гори и на територија на Општина Прилеп во атарот на селото Беловодица кај местото викано Ливада и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува засилен, наместа силен западен ветер со брзина од над 70 километри на час, кој ќе биде во форма на невреме. Температурата наутро ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 29 до 37 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на посетата на Унгарија, денеска имаше средба со унгарскиот министер за национална економија Мартон Наѓ, на која се разговарало за движечките проекти на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, планираниот економски раст, нови инвестиции и актуелни политики. Како што соопшти Министерството за транспорт на средбата исто така станало збор и за економските политики на Владата на Унгарија ...

Албанските политички партии реагираа на изјавите на министерот за правда Игор Филков дека дошло време да се преиспита Бадентер. Од ДУИ велат дека оваа идеја е обид на Владата, како што ја нарекуваат моноетничка, да го нападне Охридскиот договор. Тие ги споменуваат и балансерот,и албанскиот јазик кои биле проблематизирани. „Такви идеи се исклучително опасни, може да предизвикаат влошување на меѓуетничките односи, па дури и нивно разурнување. Од ...

По информациите во јавноста дека во здравствените институции се извршуваат кардиолошки интервенции без потреба, само за финансиска корист, Министерството за здравство формира комисија со странски експерти од Европа за да извршат вонредни инспекции во приватните и државните институции. Првиот човек на здравството, Азир Алиу, рече дека државата нема никакви информации за пациентите кои се лекуваат во приватните болници кои не се покриени од ...

300 вработувања на приватни специјализанти се очекува да се реализираат по локалните избори. Министерот за здравство, Азир Алиу, рече дека веќе се завршени сите административни прашања, а веднаш по локалните избори, задолжение на секој директор на клиниките е да ја заврши постапката за вработување. „Вработувањата, знаете, процедурите се завршени од административен аспект и се запрени таму каде што законот повеќе не овозможува да се продолжи со ...

Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат дека запленета била поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, а приведени биле две лица. – Денеска околу 5:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, ги лишиле од слобода Б.З., на возраст од 65 години и И.Р., 67-годишно лице, двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило ...

Против шест полициски службеници и уште две лица, јавен обвинител од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе обвинение за вмешаност во кривични дела поврзани со корупција, примање поткуп и злоупотреба на службената положба. Како што информираат од Обвинителството, првообвинетиот заедно со уште две лица – за кои постапката е во прекин – сториле кривично дело ...

Министерот за правда Игор Филков смета дека дојде време принципот на Бадентер да се преиспита. Оваа изјава дадена за „Фокус“, Филков ја поврза со злоупотреба на Бадентер од аспект на усвојувањето на законите во Собранието. „Употребата на Бадентеровото мнозинство се злоупотребува. Доколку е така, тогаш можеби дојде време да размислиме за потребата тоа да се преиспита. Македонија треба да оди напред!“, рече Филков. Кратката изјава на Филков беше ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против шест полициски службеници и две други лица. Од обезбедените докази произлезе дека првообвинетиот заедно со уште две лица, за кои истражната постапка е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. ...

Научниците работат на метод што истовремено би го решил проблемот со нуклеарниот отпад и би произведувал чиста енергија Проблемот со нуклеарниот отпад ги мачи сите земји во светот каде што се создава. Во повеќето случаи нуклеарниот отпад се складира во специјални буриња, а потоа се складира во подземни резервоари. Сепак, ова всушност не е трајно решение за отстранување на отпадот. Затоа, научниците со години се обидуваат да откријат како да го ...

Астролошките прогнози откриваат дека септември 2025 година ќе биде период во кој судбината одеднаш ќе го промени правецот за четири хороскопски знаци. Рак Раковите во септември ќе се најдат во период каде што напорната работа од минатото ќе почне да дава опипливи резултати, и материјални и емоционални. Месецот носи подароци, но и предизвик – како да го зачувате она што сте го стекнале и да пронајдете рамнотежа помеѓу дарежливоста и разумното ...

Научниците објавија изненадувачко откритие: топењето на арктичкиот морски мраз драматично се забави во последните 20 години, без статистички значајно намалување на површината од 2005 година. Овој феномен се случува и покрај континуираниот раст на емисиите на јаглерод и зголеменото задржување на топлината во атмосферата, пишува The Guardian. Истражувачите веруваат дека природните варијации во океанските струи, кои го ограничуваат протокот на ...

ДУИ смета дека Владата ја нарушува правичната застапеност во општините со намалување на бројот на советници. Според нив, оваа одлука е спротивна на Уставот и законите. За ова прашање пред неколку дена се водеше дебата на седница на ДИК, но конечна одлука не беше донесена. „ДУИ изразува длабока загриженост за инсистирањето на Владата да ја спроведе одлуката донесена во септември 2024 година за намалување на бројот на општински советници, одлука ...

Црн чад и денеска покри дел од Скопје откако избувна пожар што зафати неколку бараки на поранешна фабрика во населбата Карпош 4, што ги загрижи граѓаните. По интервенцијата на скопските пожарникари, пожарот беше локализиран. Еден пожарникар беше повреден, и му беше пружена медицинска помош. Поради специфичноста на пожарот, високата температура и немањето на притисок врз хидрантите во таа област, пожарникарите побарале цистерни за вода и од ...

Корисниците на Gmail речиси секогаш се нападнати од хакери. Не само затоа што хакерите сакаат да добијат пристап до нивните е-пошти (а потоа и до чувствителни финансиски и деловни информации), туку и затоа што за многу услуги, најавувањето со Gmail е доволно. Откако хакерите неодамна добија пристап до базите на податоци на Salesforce на Google, се зголемија обидите за фишинг. Прво меѓу компаниите што ги користат услугите на Google, а потоа и ...

Криптовалутите ги поттикнаа светските финансиски институции, особено централните банки на развиените земји, да бараат начини за „дигитализација“ на парите. Европската централна банка е меѓу лидерите, а неодамна и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, го повика Европскиот парламент брзо да дејствува за да обезбеди закон за дигитално евро. – Си мислам дека постои многу силна политичка мотивација да се оди напред што е можно побрзо, решително. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека секој училишен округ во Калифорнија кој не се придржува до трансродовите политики на неговата администрација нема да добие федерално финансирање. Во објава на социјалната мрежа TruthSocial, Трамп не даде други детали за објавата, објави Ројтерс. Во Соединетите Американски Држави, училиштата го добиваат огромното мнозинство од нивното финансирање преку локални и државни извори, но ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
30%
1025
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.57
42%
1027
weather icon

Загреб

30ᴼ / 27ᴼ
0.51
43%
1027
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
37%
1026
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.71
26%
1025
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
61%
1027
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
6.71
34%
1023
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
20%
1023
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
34%
1023
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
36%
1025
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
5.14
41%
1026
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
41%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976