
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Движењето ЗНАМ е многу блиску до договор со ВМРО-ДПМНЕ за заемна соработка и поддршка во општините Куманово и Центар, ијави денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Никола Мемов. На прашањето до каде е процесот со објавувањето на кандидат за градоначалник на Центар и преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, Мемов рече: „Многу блиску сме до договор со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна соработка и поддршка во општините Куманово и Центар. Се разговара и се ...
Конкретна и прагматична програма во неколку столбови со визија за наредните 50 години како Чаир да биде урбана општина и многу подобро место за живеење за граѓаните, најавува кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата ВРЕДИ и актуелен прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Меџити во интервју за МИА вели дека довербата од граѓаните за следните четири години ќе ја бара со мастерплан, кој ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес по повод Денот на независноста изјави дека Украинците го одбележуваат овој ден со верба во иднината, градејќи земја која ќе има доволно сила да живее во безбедност и мир. Зборувајќи од Плоштадот на независноста во Киев, тој додаде дека секој симбол таму зборува за независноста на Украина. „На овој плоштад, под нашите знамиња, нашите деца и внуци го слават Денот на независноста. Во мир и со почит, ...
Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. До петокот на собраниската веб страна освен брифингот со новинарите, Собранието немаше закажано други активности за следната недела. Одморот ...
Областа околу градот Равена, а особено градот Римини, беше погодена од силна и ненадејна бура проследена со силни ветрови и град, која се случи пред зори, околу 4:30 часот наутро. Бурата прво го погоди брегот во близина на Равена и Червија, а потоа посилно ја погоди покраината Римини, предизвикувајќи поплави. Дрвјата биле искорнати, а улиците во некои делови се претвориле во поројни реки, што предизвикало тешкотии во сообраќајот. Властите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека во наредните две недели ќе го соопшти својот став дали е возможен мир во Украина и повторно најави дека може да воведе санкции против Русија. Во изјава за новинарите во Овалната соба, тој рече дека сака да види дали рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретнат „За танго се потребни двајца, го разбирате тоа. Сакам да имам средба со двајцата. ...
Руската противвоздушна одбрана синоќа пресретнала и соборила украински дрон во близина на нуклеарната електрана во рускиот пограничен регион Курск, соопштија руските власти. Како што пренесува Би-би-си, остатоци од беспилотното летало предизвикале пожар во електраната. Но и покрај пожарот, во нуклеарната електрана не е зголемено нивото на радиоактивно зрачење, информираат оттаму. „Дронот соборен по полноќ експлодира и го оштети трансформаторот. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Поради пожар во националниот Парк Јасен, ...
Согласно Роковникот за локалните избори 2025, во тек е барањето акредитации за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. Досега за набљудување на изборите е акредитиран само Младински културен центар Битола. Рокот за барањето за набљудување започна од денот на распишување на изборите, а завршува на десет дена пред денот на гласањето, односно на 8 октомври на полноќ. Барања за набљудување на изборите може да достават сите ...
Улици полни со ѓубре, сообраќаен хаос, никакви инфраструктурни решенија, ниту еден сериозен проект за пдобар живот, наместо развој застој и назадување, велат од опозициската СДСМ за сработеното на ВМРО ДПМНЕ во изминатите четири години на локална власт. „Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран јавен простор, загрозена безбедност и уништен урбанистички ред. Тоа е сликата на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ“, рече ...
ФБИ го претресе домот на поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, со судска наредба, како дел од истрагата за национална безбедност, изјави извор запознаен со ова прашање. Репортерите на Си-Ен-Ен забележале агенти на ФБИ во близина на домот на Болтон во предградието на Вашингтон. Тие биле видени како разговараат со едно лице на тремот, а потоа најмалку четири до шест агенти влегле во домот. На прашање од Си-Ен-Ен, ...
Заштита на животната средина, изградба на патна инфраструткура, отварање на градинки, нови спортски терени, игралишта, базени, како и основни училишта, со ова денес се пофали актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за прв човек на Град Скопје, Орце Георгиевски, во давањето на отчет за сработеното во изминатите четири години. „Ние практично ја наследивме општината со над 450 дечиња на листите за чекање, во моментов пред два дена во ...
На дното на Филипинското Море, на длабочина од 6.895 метри, почива херојот на Втората светска војна – разурнувачот USS Samuel B. Roberts, познат како Семи Б. Откритието било направено на 22 јуни 2022 година од страна на милијардерот истражувач Виктор Весково и специјалистот за сонари Жереми Моризе. Семи Б бил 93-метарски придружен разурнувач дел од морнарицата на САД за време на Втората светска војна. Во октомври 1944 година, за време на ...
На овогодинешниот саем за автомобили NADA во Катманду, главната атракција не беше луксузен автомобил, туку футуристички летачки автомобил или такси. Тоа беше Deepal Flying Taxi, електричен авион со две седишта со вертикално полетување и слетување (eVTOL), кој пристигна во Непал директно од Шангај само неколку дена пред саемот. Моделот е заеднички развиен од кинескиот производител на автомобили Changan и авиокомпанијата EHang, а на саемот бил ...
Членот на Државната изборна комисија, Дитмире Шеху, за Алсат изјави дека следната недела ќе ја поднесе тужбата до Управниот суд во врска со упатството усвоено од ДИК вчера, со што се намалува бројот на советници во 14 општини. Дитмире Шеху, која е член на ДИК како предлог на ДУИ, првично побара упатството да биде усоено со консензус, повикувајќи се на одредбите од Изборниот законик, а потоа беше единствената која се изјасни против оваа одлука, ...
Премиерот Христијан Мицкоски, ги обвинува ДУИ и СДСМ дека подготвуваат скриени сценарија за поткопување на локалните избори. Според него, поранешните партнери се обидуваат да го спроведат планот преку, како што вели, „длабоката држава“ и нивните луѓе распределени во судството, изборната комисија и други институции. Мицкоски, исто така, ги отфрли гласините за можно вклучување на ДУИ во владата по локалните избори во октомври. Тој рече дека ...
Албанската опозиција го смета за скандалозно усвојувањето на упатството од страна на ДИК, со што се намалува бројот на советници во општините. Бујар Османи од ДУИ, вели дека ова е почеток на враќање на етничката мајоризација и е обид да се врати времето пред Охридскиот договор. Тој најави жалба до Уставниот суд. „Тоа е неуставен чекор, законот вели, бројот се одредува врз основа на бројот на жители, не пишува за резидентни или нерезидентни ...
Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните. Четири години кои наместо развој и проекти за граѓаните, донесоа само разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени за граѓаните и бројни скандали со тендери, се наведува во соопштението од СДСМ, што го пренесуваме интегрално. Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните ...
Според научните истражувања, колку сте паметни зависи од интелигенцијата на едниот родител. И како изгледа тоа од таа научна гледна точка? Познато е дека жените имаат XX хромозоми, а мажите имаат XY хромозоми. Хромозомите се наоѓаат во клетките и се одговорни за пренесување на гени. Истражувањата тврдат дека интелигенцијата доаѓа директно од тие значајни X хромозоми, а бидејќи нашите мајки имаат XX хромозоми, постои двојно поголема шанса нашата ...
Недостатокот на паркинг места во Клиничкиот центар продолжува да биде секојдневен предизвик за граѓаните. Додека не се најде трајно решение за овој проблем, тие се принудени секој ден да се соочуваат со големи тешкотии, да губат време во потрага по паркинг место и често се принудени да паркираат автомобили надвор од Клиничкиот центар. Министерот за здравство Азир Алиу, пред неколку дена изјави дека следната недела се очекува да почнат работите ...
Украински државјанин загина на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце, откако во него удрило возило „фолксваген голф“ со германски регистарски ознаки. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека несреќата се случила на околу 200 метри од граничниот премин. „Патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од Б.С.(22) од Косово, со ...
Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври. Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарско на вчерашната седница ги повика граѓаните од денеска до 11 септември на полноќ да се извршат увид во ...
Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами денеска истакна дека тоа што е извршено намалување на бројот на советници во одредени општина нема етничка основа како што го претставува опозицијата од албанскиот политички блок. Тој се произнесе по ова прашање по барање на новинарите од настан во Тетово. – Јас ценам дека ова нема етничка основа, иако албанската опозиција се обидува тоа да го користи за нивните дневни ...
Министерството за здравство воведе електронски модул за донации – ќе се следи кој и што донира преку министерството и јавните здравствени установи, информира министерот за здравство Азир Алиу. На веб-страницата donacii.zdravstvo.gov.mk ќе има детален преглед на секоја донација, со наведени податоци за донаторот, вредност на донацијата, како и информации за предметот на донацијата, односно дали се донирани медицински материјали, апарати и слично. ...
Расмус Хојлунд еден од непожелните играчи во системот на менаџерот Рубен Аморим е чекор поблиску до новиот клуб. До крајот на преодниот рок, Данецот, ќе го засили Наполи. Италијанскиот шампион мораше да реагира на пазарот откако се повреди Ромалу Лукаку.Вчера, како што објавија италијанските медиуми, Наполи ги заврши клучните преговори. Со фудбалерот клубот го договорил должината на договорот и платата. Манчестер јунајтед е информиран за сè, па ...
Ние ќе се менуваме и надоградуваме и усовршуваме врз основа на потребите и барањата на граѓаните. Тие што добро ме познаваат знаат дека ниту една функција не е загарантирана ниту вечна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан, по повод отчет за четиригодишната работа на градоначалниците. Посочи дека токму затоа, веднаш после локалните избори ќе има промени во партијата, како и реконструкција и подобрување на ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие избори на површина ќе излезат се уште живите непринципиелни коалиции на криминалот, корупцијата и личните интереси. „Еден човек ми вели го готвите ДУИ да ви биде партнер во владата. Мојот директен одговор е ДУИ уште долго ќе биде во опозиција, затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за ...
Демократската унија за интеграција реагира на вчерашната одлука на Државната изборна комисија за намалување на бројот на советници во дел од општините. Според ДУИ станува збор за „етничко надгласување“ и намалување на бројот на советници исклучиво во албанските општини. Одлуката на ДИК ја оценуваат како срамна и обвинија дека ВМРО-СДСМ и ВРЕДИ се против Албанците. „Оваа одлука не е само политички штетна за Албанците, туку претставува и опасен ...
ДУИ се преправа дека е загрижена за правичната застапеност на Албанците, но, вистината е горчлива – тие ја создадоа неправдата што ја осудуваат денес, велат од ВЛЕН. Законот за попис, како што велат, е дело на министрите и пратениците на ДУИ, кои го подготвија и предложија, а потоа и го гласаа законот со кој „сограѓаните од дијаспората се третирани како странци во сопствената земја“. „Резултатот е јасен и трагичен: бројот на Албанците не е ...
Нова пол-позиција за Марк Маркез. Шпанецот е на добар пат да ја обезбеди титулата во Мото ГП шампионатот, а сега беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Унгарија. Возачот на Дукати го имаше најбрзиот круг на патеката „Балатон Парк“ – 1:36.518. По него следеа Марко Бечеки од Априлија и Фабио ди Џанантонио. Педро Акоста излета од патеката рано во последната квалификациска рунда. Тој сигурно ќе ја започне трката од седмата позиција, а ...