
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика денеска заминува на турнеја низ Западниот Балкан, во чии рамки в петок ќе престојува во Скопје, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, Калас во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Дополнително, Калас и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот Дијалог за безбедност и ...
Екипата на Алкалоид ќе има огромна помош на патот кон историскиот прв европски трофеј во клупската историја, откако ги распродаде сите билети за реванш-дуелот од финалето од Европската лига против АЕК, закажано за в недела во салата „Борис Трајковски“. Ова значи полни трибини и вистински пекол за гостите од Грција, како и огромна дополнителна помош за момците предводени од Кирил Лазаров во обидот да ја задржат, па и зголема предноста обезбедена ...
Предлог-кандидатот за гувернер на Народната банка, кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го достави до Собранието, ќе биде еден од кандидатите кои деновиве се споменуваат во јавноста. Ова го потврди претседателката во изјава за медиумите по денешниот Форум за културна дипломатија што се одржа во нејзиниот кабинет. Меѓу најсериозните кандидати за гувернерската функција се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска и ...
По добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите на вести, за преземање содржини без надомест, во вторникот на 20 мај, во организација на Здружението Онлајнмедиа.мк, претставници на поголема група македонски интернет портали одржаа состанок и расправаа за проблемот. На крајот од расправата, најголем дел од претставниците на интернет порталите го усогласија и го потпишаа следниот став: „Според последните измени на Законот за ...
Земјите од Европската Унија денеска (21 мај) се согласија да формираат фонд во вредност до 150 милијарди евра (170 милијарди долари) за заедничка набавка на оружје. Кредитите треба да се користат за инвестирање во воздушна и ракетна одбрана, артилериски системи, ракети и муниција, беспилотни летала и системи против беспилотни летала, како и за решавање на други потреби, од сајбер криминал до воена мобилност, појасни претседателката на Европската ...
Масивните пожари, поттикнати од климатските промени, доведоа до рекордна загуба на шуми низ целиот свет во 2024 година, според извештајот на Светскиот институт за ресурси (WRI) и Универзитетот во Мериленд. Само во тропските шуми се изгубени 6,7 милиони хектари, што е зголемување од 80 проценти во споредба со претходната година и површина приближно со големина на Панама, објави Ројтерс. Главната причина беше Бразил, кој се соочи со најлошата ...
Учениците од средните училишта во Белград најавија протест пред Министерството за образование попладнево поради планираното продолжување на учебната година, со цел да се надоместат пропуштените часови за време на прекините на работата и блокадите. „Министерството за образование, кое поради своите постапки е едно од одговорните за прекинот на наставата и блокадата на средните училишта низ цела Србија, се обидува да создаде привид на нормалност ...
Вечерва со почеток од 20 часот на „Градски“ се игра финалето од Купот на Македонија во кое за трофејот ќе се борат Вардар и Струга ТЛ. Црвено-црните петпати го имаат кренато големиот пехар од Купот на Македонија, но последен пат тоа се случило пред дури 18 години. За разлика од Вардар, Струга никогаш му се нема израдувано на овој трофеј, иако во 2023 го погледна одблизу, тогаш во финалето загуби од Македонија Ѓорче Петров на пенали. Вардар ...
Итна надградба на граничниот премин Евзони, со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното чекање за влез и излез од Грција, било одлучено на состанокот свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областа Македонија-Тракија Константинос Јулекас и секретарот на децентрализираната администрација на истиот регион Јоанис Савас, јави дописничката на МИА од Атина. Надградбата на ...
„Поразителни се последните податоци, за само еден месец, синдикалната кошничка е поскапена за 1.217 денари. Само за храна и пијалоци, трошоците се зголемени за 954 денари. Денес, на едно четиричлено семејство му требаат речиси 64.000 денари месечно – само за преживување“, велат од опозициската СДСМ. Во партиското соопштение се додава: „Ова е директна последица на неспособноста на власта која не презема ништо. Дебакл на економските политики на ...
Парламентот на Унгарија одобри закон со кој ќе започне едногодишниот процес за повлекување на земјата од Меѓународниот кривичен суд (МКС), за кој владата на премиерот Виктор Орбан смета дека станал политички. Предлог-законот за повлекување на Унгарија од Судот беше усвоен вчера со 134 гласа „за“ и 37 „против“. „Унгарија цврсто го отфрла користењето на меѓународните организации, особено кривичните судови, како инструменти на политичко влијание“, ...
Се очекува да биде објавен предлогот за нов гувернер на Народната банка од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер. Претседателката Сиљановска-Давкова вчера изјави дека името на новиот гувернер ќе биде познато наскоро. – Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и утре е во посета на Обединетото Кралство каде што ќе биде потпишан договорот Влада со Влада во рамки на договорот за стратешкото партнерство меѓу двете земји со кој Македонија добива историски најголем обем на средства за реализација на капитални проекти од шест милијарди евра. Посетата на Николоски е на официјална покана од британската влада, а следи откако Владата вчера го ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази. Дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска. На снимката што беше ...
Променливо облачно време со сончеви периоди е прогнозата за денеска од Управата захидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде од 6 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 15 до ...
Бојкотот на наставата во основното училиште „Никола Карев“ во село Нерово, општина Крушево, продолжи и денес поради лошите услови за учење. Родителите рекоа дека нема да им дозволат на своите деца да одат на училиште сè додека надлежните институции не дозволат градежни работи и не ја легализираат новата училишна зграда што моментално ја градат самите жители на селото. „Имам две деца во училиште, шесто и второ одделение. Тие се дома, нема да ги ...
По завршувањето на владината мерка за ограничување на бруто профитната маржа, Синдикалната минимална кошничка со која се пресметуват трошоците за живот за Мај во однос на Април, бележи раст од над 1200 денари. Вредноста на синдикалната кошничка за мај изнесува 63 908 денари, а само за храна бележи зголемување од 954 денари. ССМ – трошоци за живот на едно четиричлено семејство за месец мај „ Само за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство ...
Источниот сосед не прифатил промена на условите и уставни измени со одложено дејство, но и покрај тоа претседателката Гордана Сиљановска Давковаверува верува дека е можно да се изнајде решение за бугарското вето. Бугарската страна овој став го потврдила и за време на посетата на претседателот на европскиот совет Антонио Кошта, но Според Давкова, тоа што европски земји се нудат за медијатори во преговорите со Бугарија, сепак е знак дека тие не се ...
Со 85 кривични пријави за помалку од пет месеци и штета од речиси 240 илјади евра, Царинската управа оваа година открила сериозен обем на царински криминал. Дикректорот на Бобан Николовски, вели дека откриле серија неправилности во криминали со употребувани возила, како и злоупотреби на царински исправи со увоз на храна,чија цел била избегнување плаќање на давачки кон државата. „Годинава до ОЈО гокк и до ОЈО одделениот за истраги при секторот ...
До февруари 2026 година со градинките во Струга ќе управува Министерството за социјална политика, демографија и млади, откако на 19 февруари годинава на Рамиз Мерко му беа одземени ингеренциите над струшките градинки, поради непочитување на насоките кои претходно му биле дадени. Сепак најголем проблем со кој градинката со години се соочува е нерешениот статус на двaесеттина негувателки, воспитувачки и друг помошен персонал кои работат со Договор ...
Легендата на Формула 1 спортот, Жак Вилнев, го критикуваше Мекларен за начинот на кој реагираше тимот за време на неделната трка во Имола, на која имаа второ и трето место. Канаѓанецот, кој е поранешен шампион со Вилијамс (1997), ја пронајде слабоста на Мекларен и рече дека не биле доволно агресивни. Макс Верстапен лесно го помина Оскар Пиастри во првата кривина и победи доминантно, фаќајќи го австралијанецот „на спиење“. „Покажаа дека се ...
Фудбалскиот Клуб Валенсија подготвува тужба против Нетфликс токму поради документарниот филм за Винисиус. Документарецот го следи животот на Винисиус во последните неколку години, а еден од деталите на филмот е снимка од натпреварот кој се одигра на „Местаља“ на 21. април 2023 година. На тој натпревар Винисиус доби големи навреди од навивачите на Валенсија, а токму извиците од трибините се идната тема на спорот и евентуална тужба. Валенсија не ...
Во длабочините во близина на островот Јонагуни, во крајниот југозападен дел од Јапонија, има низа подводни формации кои предизвикуваат вчудовидување со својата големина и геометрија. Некои научници веруваат дека може да има траги од изгубен град стар пред повеќе од 10 илјади години. Според нивните тврдења, овие монументални структури – слични на пирамиди, тврдини и храмови – можеби биле дело на древна цивилизација. Еден од најгласните ...
Разрешувањето на уставната судијка Елизабета Дуковска, која беше на функцијата две години иако нејзиниот избор беше незаконски, создаде нов правен предизвик. Професорот по уставно право Мерсим Максути не го дели истото мислење со Уставниот суд, кој информира дека одлуките што ги гласаше судијката Дуковска нема да бидат преиспитани бидејќи се конечни и извршни. Максути нагласува дека и покрај фактот што ова е нов предизвик за Уставниот суд, ...
Во меѓувреме, вицепремиерот Изет Меџити уверува дека албанскиот јазик нема да биде засегнат. Меџити потсетува на изборот на разрешената судијка на Уставниот суд, нагласувајќи дека времето на заробено судството заврши. „Во 2023 година, за време на владата на ДУИ на Артан, Парламентот избра судија во Уставниот суд без воопшто да ги разгледа другите кандидатури, како што е предвидено со закон. Оваа судијка беше толку важна за ДУИ што Парламентот ...
Претставници на полското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент постигнаа договор околу Предлог-регулативата за управување со границите, со што ќе им се овозможи на земјите членки постепено да почнат да го воведуваат дигиталниот Систем за контрола на влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на Шенген зоната. – Благодарение на овој договор, земјите членки ќе можат да го користат новиот систем за управување со границите со ...
Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Законските одредби, за кои на 26 февруари годинава Уставниот суд поведе постапка, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната ...
Европскиот фронт повторно ја критикува владата за доцнење на законот за правична етничка застапеност. На пратенички прашања, пратеничката Рина Рушани од Фронтот вели дека вработувањата продолжуваат, додека Албанците се изоставени. „Во последните два дена имаме над 30 работни места во државните институции каде што Албанците се 0. Можеме ли да кажеме дека Албанците конечно се исклучени од работни места и тоа како резултат на вашето молчење? Дали ...
303 луѓе на 100.000 жители се изложени на ризик од загаден воздух, додека во главниот град околу 1.200 луѓе умираат годишно како резултат на загадувањето. Според невладината организација О2, Македонија дише чист воздух само еден и пол месец, додека останатите 11 месеци постојано се соочува со високи концентрации на ПМ 2,5 честички. Владините програми за намалување на загадувањето на воздухот велат дека не дале никакви резултати. Центарот за ...
Отстранувањето на Елизабета Дуковска од Уставниот суд не оспорува ниту еден случај за кој Уставниот суд веќе донел одлука, а каде Дуковска учествувала во донесувањето на одлуката, вели првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Според него, одлуките на Уставниот суд се конечни и во никој случај не може да има никакво повторно разгледување. Судијата Осман Кадриу остро ја коментираше одлуката на Управен. „Дали е можно за избран судија, ...