Академија за филмска уметност и наука објави дека вкупно 317 играни филмови се подобни за разгледување на 98. доделување на Оскарите, од кои 201 филм ги исполнуваат условите за категоријата Најдобар филм. Ова претставува благ пад во однос на минатата година, кога 323 филмови беа подобни во целина, а 207 конкурираа за најдобар филм. За разлика од другите категории, кандидатите за Најдобар филм мора да исполнат построги критериуми, вклучувајќи ...

Колку публика имал македонскиот филм во кино ќе влијае на тоа дали некој треба да добие пари за следен филм или не, односно, дека треба да се земе во предвид колку претходните филмови на продуцентот и режисерот се прикажувани во Македонија, рече директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски на пресконферецијата по повод светската премиера на дебито „17“ на Косара Митиќ на Берлинале. „Убаво е сè, успех на еден-два фестивали, меѓутоа има едно ...