Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска потврди дека во првиот квартал годинава ќе биде издадена нова еврообврзница која ќе биде во два дела, но со различна рочност. – Ќе биде во првиот квартал, работиме на тоа, ќе бидете информирани кога ќе ја започнеме целата постапка. Ќе остане во два дела, две еврообврзници по 500 милиони ера. Ако е помалку од петстотини милиони евра обврзницата не е атрактивна за инвеститорите кои ...
Буџетот во 2025 година бележи висока наплата на приходите. Со над 100% наплата од ДДВ, државната каса речиси како никогаш досега не била пополна. Највисока стапка на наплата е остварена во делот на Данокот на додадена вредност која стигна до 100.4 проценти, додека кај персоналниот данок, е 97%, информираат надлежните. За Владата ова е јасен показател за стабилноста и подобрената дисциплина во собирањето на буџетскитеприходи.Министерката за ...
Се размислува за заострување на казните за нелегалалната трговија и употреба на пиротехника со оглед на тоа што и оваа Нова година помина со енормно пукање на петарди и повредени граѓани. Миистерот за ватрешни Панче Тошковски е убеден дека потребни се поригорозни санкции и подигнување на јавната свест за употребата на пиротехника се со цел да се намали нивната употреба за време на празниците и граѓаните да се заштитат од повреди. За ...
Бугарија не престанува со провокациите. Сега за нив не постои македонски јазик, туку јазик достапен за граѓаните од Македонија. Откако премиерот Христијан Мицкоски предупреди дека на источниот сосед му пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинства, реагираа од Софија. Уште еднаш само потврдија дека имаат проблем со постоењето на нашиот јазик, кој официјално и понатаму не го признаваат. Преку соопштение од бугарското МНР изразуваат ...
2025-та – за некого година на стабилизација и зацврстување на политичката арена, за некого продлабочување кон понорот. За Македонија како држава, ова преставуваше година на свеовидна рехабилитација, за да сега конечно работите тргнат на подобро, како на политички, така и на надворешен и економски план. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по убедливата победа на локалните избори успеа да се устоличи како неприкосновена партија на поличики план, партија ...
Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на прес-конференција рече станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија и е сериозен чекор во борбата против сивата економија. Новиот електронски систем, посочи ...
Во првите девет месеци годинава реализирани онлајн трансакции вредни 693.1 милиони евра, што е раст од 30 проценти споредено со минатата година, објави денеска Асоцијацјата за е-тргивија на Македонија АЕТМ. Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 338.5 милиони евра, остварен пораст од 18 проценти. Бројот на реализирани трансакции од Македонци кон странски е-трговци се зголемил за 63.2 проценти, додека вредноста за 45 ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Битола, на паркингот на спортската сала „Боро Чурлевски“, ќе присуствува на промоција на дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Како што соопштуваат од Владината прес – служба, оваа опрема е сегмент од придонесот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните ...
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 9, а максималнаите ќе достигнат од 6 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 3, а максималните ќе достигнат до 10 степени. ...
Министерот за здравство Азир Алиу и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе се обратат на прес – конференција по повод подигнување на свеста за опасностите од употреба на пиротехнички средства. Како што информираа од Министерството за здравство, прес-конференцијата ќе се одржи напладен во просториите на ова Министерство. Министерот за здравство Азир Алиу и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе се обратат на прес – ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека венецуелската потпретседателка Делси Родригез би можела „да плати повисока цена“ од соборениот лидер Николас Мадуро „ако не го стори она што е исправно“. – Обновата на земјата не е лоша работа. Венецуела е банкротирана. Оваа земја е катастрофа во секој поглед.„Ако (Родригез) не сака да го прави она што е исправно, ќе плати многу висока цена, веројатно повисока од цената што ја плати ...
Неготинската градоначалничка Марија Нацева го посетила првото бебе во 2026 година од Неготино. -Новиот живот е најголемиот благослов и најубавиот почеток за нашата заедница. Со многу љубов и радост му посакуваме добредојде на првото новороденче од општина Неготино. Денес имав чест и огромно задоволство да го посетам првото бебенце родено во оваа година и неговата храбра мајка. Нема поубав симбол за нова надеж од првата средба со најмладиот ...
Во буџетот за 2026 година на Општина Кавадарци, има финансиски средства од милион и пол денари, од кои милион и двеста илјади денари за Општата болница Кавадарци за сервис на најмногу употребуван апарат, сто илјади денари за организирање симпозиуми по барање на приватни стоматолози, а околу 200 илјади, за првпат, за здружение за дијабетичари, формирано со цел превенција од дијабет. За ова информира претседателот на кавадаречкиот општински ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопштија попладнево од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нагласуваат дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Грчките земјоделци вечерва повторно го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила, блокада, што се очекува да трае до 22 часот по македонско, односно 23 часот по грчко време. Конкретниот граничен премин и вчера беше затворен во попладневните часови, по пауза од три дена поради празниците. На денешниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше одлучено в четврток и петок да се ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРМ, осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил „мерцедес“, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на ...
Партијата на пензионери го поздравува донесувањето на Законот за работно ангажирање на пензионери, особено што Партијата на пензионери преку својот пратеник Илија Николовски, досега двапати во Парламентот предлагаше донесување на сличен Закон, но за жал не беше прифатен од претходниот Парламент, стои во соопштението од партијата. Токму затоа овој чин го гледаме како револуционерен. Но, во исто време Партијата на пензионери има забелешки за ...
Таму каде некогаш се слушаше џагорот и смеата на децата, помешан со мирисот на шеќерна волна, повторно се раѓа надеж, а просторот од каде можеше да се види цело Скопје од панорамското тркало и каде секој мал чекор значеше радост, ќе заживее со нов сјај. Градските власти го најавија скопскиот Луна Парк кој некогаш значеше симбол на колективното детство на Скопје. Ветија дека повторно ќе им биде вратен на граѓаните. За две години отсега, на ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот празник, учествуваа во хуманитарната акцтивност за приготување на повеќе од 250 топли оброци, наменети за најранливите категории сограѓани и поделени во пунктот за бездомници на Црвениот крст. -Среќата е најголема кога се споделува со другите, од срце! Во пресрет на најубавиот празник, денешниот ден го ...
Зголемен е извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти во 2025 година споредбено со 2024 година, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Во интервју за емисијата „Аграр“, Трипуновски посочува дека според податоците на Државниот завод за статистика во периодот јануари–октомври 2025 година во споредба со истиот период во 2024 година, извозот на земјоделски производи е зголемен за 5,5 проценти, што ...
Шеесет годишен скопјанец е последната жртва од неодговорното возење во Скопје. Според последните инфромации, синоќа пред 21 часот, 40 годишна жена од Скопје, управувајќи го својот мерцедес, удрила во пешакот.Смртта ја констатирал лекар од брза помош. Безбеден град е системот кој се очекува да го реши проблемот со брзото возење, посебно со проблемот на сообрајќајки со смртни последици од неприлагодената брзина.Според информациите од МВР бројот ...
Фотографии и видеа од уапсениот венецуелски претседател Николас Мадуро го обиколија светот. Тој и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк. Мадуро е задржан во притворскиот центар во Бруклин каде чека судење по обвиненијата за трговија со дрога и оружје..излегоа и пвите детали за апсењето на венецуелската претесдателска двојка.. Мадуро и неговата сопругата сакале да се сокријат во челилно засолниште но не стигнале навреме да ја ...
Промената на животниот стил е една од главните причини за сѐ поголемиот број разводи. Потребна е поголема одговорност и побрзо созревање на единките, нагласува Јован Велески, клинички психолог од прилепската болница, анализирајќи зошто се зголемува бројот на разводи на браковите. Според статистичките податоци од Државниот завод за статистика, минатата година бројот на склучени бракови е намален за 1.600, додека бројот на разведени бракови е ...
Нова детска градинка беше отворена денеска во Сопиште. Детската градинка „Сонце“ ќе овозможи згрижување и воспитание на 84 деца од предучилишна возраст и се наоѓа на локација што ќе одговара и на жителите од Долно Соње, Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци. Во неа се предвидуваат јасли за згрижување дечиња од 0 до 2-годишна возраст, како и две хетерогени групи за дечиња од 2 до 4-годишна возраст и група за дечиња од 4 до 6 – годишна возраст. ...
Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го тоа што Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик. Во изјава за медиумите претседателот на Владата кажа дека се случило тоа за што ги предупредил партнерите во Брисел – „дека и најдобриот Акциски план за малцинствата да го направиме, тој ќе биде одбиен од Бугарија“. – Ниту една ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вели дека последната и претпоследната откупна сезона за тутунот се едни од најуспешните досега. Во интервју за емисијата „Аграр“, Трипуновски посочува дека просечната цена на откупот е околу 420 денари. – Сликата во минатото беше трактори на улиците, негодувања и откупни цени кои беа далеку под денешното ниво. Денес имаме откуп на тутун каде што согласно квалитетот се ...
Полициски службеници привеле 40-годишна жена по сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопското село Волково, во која животот го загубил еден пешак. Како што се посочува во билтенот од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила синоќа околу 20:55 часот на улицата „100“. Четириесетгодишната М. С. од Скопје, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Г. И. (60), исто така жител на ...
До крајот на годината градскиот воз во Скопје ќе стане реалност. Проектот е од исклучително значење за главниот град и приградските општини, а првата фаза веќе е започната вели премиерот Христијан Мицкоски. Очекувањата на Владата се дека со овој железнички превоз значително ќе се растовари сообраќајот во Скопје и драстично ќе се намали користењето на патничките моторни возила, бидејќи возот ќе биде брз, удобен и достапен за граѓаните од ...
Македонија стои зад аргументите на стратешкиот партнер САД– ова е ставот на премиерот Мицкоски во однос на случувањата во Венецуела. Тој вели дека меѓународните експерти треба да коментираат дали се работи за кршење на меѓународното право при спроведувањето на претседателот на Венецуела Николас Мадуро и најавата за судење во САД. Повеќе загрижува, според него, громогласната тишина на европските и светки земји, кога меѓународното право се ...
Продолжува истрагата за трагедијата во Кран-Монатана. Идентификувани се уште 16-ет тела – жртви од пожарот во локалот наречен „барот на смртта“. Вчера биле идентификувани уште осум тела, со што бројката се зголеми на 24. Полицијата потврди дека меѓу жртвите има државјани на Швајцарија, Италија, Турција, Романија и Франција, а меѓу нив е и македонскиот државјанин, 17-годишниот Стивен Ивановски. „Броиме над 40 жртви и приближно 115 повредени, ...