Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Во Рабат се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Министерството за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, предводени од заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, и генералниот директор за меѓународни политички прашања во Министерството за надворешни работи, африканска ...
Е-трговијата бележи континуиран раст. Во 2025 година се реализирани онлајн трансакции во вредност од 950 милиони евра, што претставува годишен раст од 32 проценти, било посочено на Годишното собрание на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТСМ. Според претседателката на Асоцијацијата, Нина Ангеловска-Станков, ова е јасен показател за зголемената доверба во онлајн купувањето, растот на понудата и развојот на дигиталните плаќања, но и ...
Иако сите услови и законски критериуми беа исполнети за посочената фирма на бизнис партнерот на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, сепак Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите потребни законски можности истата фирма да биде исфрлена и да нема можност да гради и инвестира во енергетски објекти, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Благодариме на СДСМ, кои доста добро знаат кои се фирми се во директна или индиректна сопственост на ...
Ниеден пациент на Клиниката за онкологија не е без терапија. Пациентите се третираат со заменска терапија зад чија комбинација стојат доктори, експерти во областа – истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу отфрлајќи ги информациите за недостиг и на терапија за пациентите со ретки болести. Во одговор на новинарски прашања на прес-конференција во Министерството за здравство посочи дека во разговор во претставници на Клиниката за ...
Во просториите на Владата на Македонија, првиот заменик-претседател на Владата, и министер за надворешна работа Беким Сали, оствари средба со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, Сали Арпагуш, Реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаху, како и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој. -За време на средбата се одржа плодна дискусија, со посебен акцент на зајакнувањето на братските односи меѓу двете земји, како ...
Први април, Денот на хуморот, смеата и безопасните шеги, традационално беше одбележан денеска во Скопје и во другите градови низ земјава. Најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираа создавајќи ведра и шарена атмосфера. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на Денот на шегата потсети дека радоста, смеата и детската безгрижност се најубавиот украс на ...
СДСМ на чело со Филипе е во изолација и без концепт, на „Бихаќска“ се нервозни и во политичка конфузија поради топење на рајтингот, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи и на економски раст, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата ма лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Единствен кој е во изолација е СДСМ на чело со Венко Филипче, а под менторство на Заев. СДСМ е тотално без концепт, а изјавите на Филипче се како теоретичар на заговори, ...
„Столб на македонската држава, колективна меморија“ е мотото со кое Државниот архив на Македонија денеска свечено одбележа 75 години од основањето во 1951 година, со указ на тогашната влада. По седум и пол децении постоење, предизвик на институцијата е дигитализација на документите. Директорот на Архивот, Димитар Богески, изјави дека прават анализи колку би ги чинело дигитализацијата не само на Државниот архив туку и на деветте подрачни ...
Основното јавно обвинителство Куманово продолжува со истрагата против 25-годишниот жител на селото Малотино, општина Старо Нагоричане, осомничен за две убиства. Од обвинителството информираат дека во тек е прибирање на докази и се чекаат резултатите од наредените ексхумации, обдукции и психијатриско вештачење. Како што изјави обвинителот Љубомир Лапе, издадени се и наредби за утврдување на локации преку базни станици на телефони, како и други ...
Апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS) првпат во државава денеска е извршена во обновениот ендоскопски кабинет на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија. Утре, како што најавија од Клиниката, ќе се изврши спајглас холангиоскопијата. Станува збор за две нови интервентни процедури на Клиниката, со кои ќе се овозможи попрецизна дијагностиката и помал период на хоспитализација. Директорката на ...
Рекордно е зголемен данокот на имот оваа година во Општина Карбинци, по спроведените репроценки и проширувањето на основите за оданочување, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов. Тој истакна дека Општината навремено ја завршила обврската за генерирање решенија. Според него, очекуваната наплата е зголемена за четирипати во однос на минатата година. Општината веќе ги чувствува бенефитите од ...
На објавениот оглас на Министерството за транспорт, за распределба на 47 социјални станови во Дебар, до определениот рок, 30 март, доставени се 85 барања. -До крајниот рок, до службите на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, доставени се 85 барања. Станува збор за распределба на 47 социјални станови со површина од 34 до 54 квадратни метри, изјави Арлинда Муладаути-Телќиу, директорка на Центарот. Според неа барањата со ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 април 2026. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии, кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
Кој си ти да пријавуваш – го избркале од полициска станица кога сакал да пријави насилство врз Ивана, сведочеше Мартин Саздов на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја. – Ивана сакаше да се реши убаво работата, да нема пријавувања – додаде, меѓу другото, сведокот, одговарајќи на прашања на одбраната. Дали со Ивана правевте планови како да се ...
Околу 1.000 дечиња од детските градинки и штипските основни училишта беа дел од манифестацијата „Априлијада“, која годинава заради временските прилики се одржа во спортската сала „Јордан Мијалков“-Штип. Шарени маски на принцези, принцеви, фараони, полицајци и ликови од детските анимирани филмови можеа да се видат по повод Денот на шегата. Вања Џамбазова вработена во Општина Штип вели дека оваа година домаќин на манифестацијата беше ...
Во 79. година од животот почина академик Илбер Ортајли (1947 – 2026), историчар од Турција и член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав од 27 мај 2009 година, наведува МАНУ во соопштение. Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека на 13 март 2026 г., во 79-тата година од животот, почина акад. Илбер Ортајли, член на МАНУ надвор од работниот состав. Акад. Илбер ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска остварил средба со претседателот на Дијанетот, Х. Сафи Арпагуш, реис-ул-улема на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, амбасадорот на Турција во нашата земја, Фатих Усулој, како и со претставници на исламските верски заедници од Германија, Австрија и Италија. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши го поздравил одржувањето на Самитот на верските лидери на Балканот ...
По повеќе од 10 години, извршено е ажурирање на листата на есенцијални лекови, која е особено значајна и служи како клучен инструмент за обезбедување критични терапии за јавно здравје и можност за инклузија во процеси на покриеност на трошоците преку здравственото осигурување. Првпат на листата има лекови за контрацепција, како и лекови за никотинска заменска терапија. Ажурирањето на листата овозможува усогласеност со современите клинички ...
Министерот за здравство Азир Алиу очекува предлог-законот за заштита од пушење наредната недела да помине на владина седница. Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во Министерството за здравство, тој нагласи дека се синхронизирани со сите институции. – Знаете дека се синхронизиравме со сите институции. Денеска доаѓам од една работна група и по пресот, ќе продолжиме. Ценам дека наредната недела веќе ќе помине на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше веќе во затвор, како десетици луѓе беа судени за тероризам, а заштитени сведоци под присила давале искази за случувањата на 27 април во Собранието, но и за пренесувањето на ингеренциите за пожарот во модуларната ...
Општина Илинден успешно ја реализираше пролетната акција за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, со цел превенцијата и заштита на граѓаните од заразни болести. Акцијата се реализиараше во рамки на програмата за заштита на населението од заразни болести за 2026 година. Со оваа акција, информираат од локалната самоуправа, беа третирани 1073 шахти на јавните површини, со цел ефикасно намалување на присуството на глодари, додека ...
Македонија спроведе многу работи што беа побарани од Европската Унија, земјата отсекогаш покажувала реформски капацитети, подобри и од многу други земји кандидати, но сè уште нема почнато преговори и е западната во еден вид политичка немилост во самата Унија, односно во ситуација кога нема политичка волја да се забрза процесот. Ова го заклучија денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ, ...
Со цел активно вклучување на сите засегнати страни во унапредувањето на положбата на жената, зајакнување на општествената кохезија, правичната застапеност и меѓуетничката доверба, како и за економско јакнење на жените преку создавање поволна бизнис-клима и обезбедување системска поддршка за развој и промоција на женското претприемаштво, потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, и претседателката на ...
Ние сме единствена држава што ги намали цените, единствена држава во регионот и можеби најдобра во Европа што се однесува до цените на нафтата и нафтените деривати. Од аспект на количини, граѓаните да бидат спокојни, има доволно. Ситуацијата ќе ја следиме и во зависност од неа така ќе реагираме – вели премиерот Мицкоски. Тој додава дека предизвици ќе има, но, како што нагласува, иако тие не зависат од нас, туку од глобалната состојба, Владата ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој е во дводневна посета на земјата. Како што објави Мицкоски на „Фејсбук“, посетата претставува значаен чекор во зајакнувањето на пријателските односи и соработката помеѓу нашите две земји. – Разговаравме за продлабочување на економската, политичката и регионалната соработка, како и за заедничките европски перспективи. Продолжуваме да градиме ...
Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван, а овие мекотелни политичари, кои се дел од мекото ткиво на македонскиот идентитет, јас сум убеден дека по следните парламентарни избори, ќе заминат во историјата и никогаш повеќе нема да ни се повторат – изјави денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ поврзани со евроинтегративниот процес. – Тоа е позната ...
Обвинителството е подготвено и нема да дозволи застои во судските постапки поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кои се обвинети полициски службеници за тешки дела против општата сигурност – изјави денеска обвинителката Спасенка Андонова по одложувањето на главната расправа против 13-те полицајци во Основниот кривичен суд Скопје – Застои во поглед на постапувањето по сите предмети нема да има, без оглед на тоа кој се јавува ...
Собраниската комисија за еднакви можности на мажите и жените денеска донесе одлука да се одржи надзорна расправа на која ќе се расправа за тоа колку институциите ги спроведуваат законите за превенција и заштита од семејно насилство. Одлуката беше донесена едногласно, а надзорната расправа треба да се одржи во рок од 15 дена. Иницијатори за одржување ваква надзорна расправа се пратеничките Жаклина Пешева од ВМРО-ДПМНЕ и Моника Зајкова од ...
За 4,2 процента е намалено индустриското производство во февруари годинава во споредба со истиот месец од минатата година. Најголемо влијание врз падот на индустриското производство, според Државниот завод за статистика (ДЗС), има намалувањето на производството во одделите: Производство на облека со 5,4 отсто; Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 13,5; и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со ...
Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за речиси 7,5 проценти – најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како што рече, од формирањето на оваа Влада досега платите во образованието се зголемени за 20-ина проценти. – Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор што го имаме за нови 7,5 проценти. Тоа значи дека од формирањето на оваа Влада, од ноември 2024 година до ...