
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август. Прашан дали ќе ги распише на 8 август, Гаши нагласи дека е возможно и оти се ќе биде во рамките на предвидените рокови. -Може да се распишат на 8 август. Се ќе биде во рамките на роковите. Изборниот законик има две одредби по кои се водиме. Прво е одредбата да не биде повеќе од 90 или помалку од 70 ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа прес- конференција на кој информира дека одржале важен состанок со Советот за странски инвестиции. Подаваме рака и на домашните, и на странските инвеститори. Не само декларативно, туку суштински низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно. Потполно сум свесен дека граѓаните сеуште живеат тешко и дека недостатокот на пари е присутен. Но ...
Предлог законот за Судски совет ги измени и уреди деловите кои се покажаа како клучни за враќање на довербата на граѓаните во правосудството, изјави министерот за правда Игор Филков, и ги повика пратениците на Собранието да ја препознаат итноста и важноста од носење на овој Закон. Судскиот совет, според Филков, е потребно да биде транспарентен и отчетен во својата работа, посочувајќи дека креирани се критериуми за избор и оценување, како и ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска на презентацијата на модернизираниот Информациски систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), упати јасна порака дека владеењето на нефункционалност, нетранспарентност и бирократски хаос завршува. Македонија влегува во нова ера на ефикасна и отчетна администрација. – Денес не претставуваме само софтверско решение, денес презентираме симбол на одлучност, на трансформација и на нова ...
На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој дискутираше за поднесените амандмани од опозицијата во врска со финансиските средства за повредените од Кочани. „Најмногу можам да ги разберам нашите граѓани, бидејќи во изминатиот период нашите граѓани беа метафорички изгорени од тоа да се случуваат случаи а правдата никогаш да не дојде. Ги разбираме граѓаните со нивната ...
Најверојатно пропаѓа интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски. На координација на пратеничките групи, на која што не присуствувал само Блерим Беџети, токму од кај интегративците, сите реагирале дека не е добро Парламентот преку интерпелација да се меша во судската власт. Собранискииот спикер Африм Гаши, вели дека се воделе согласно членот 72 од Уставот и членот 47 од Деловникот на Собранието, дека тие ...
Државата ќе ангажира 400 привремени пожарникари, граѓани кои се физички подготвени да се вклучат во гаснењето на шумските пожари. Право на пријавување имаат сите невработени лица, кои ќе добиваат месечен надоместок од 24.000 денари. Најпосветените и најуспешните меѓу нив ќе добијат можност за трајно вработување во надлежните институции. Преку оваа мерка, Владата очекува поефикасна борба со огнените стихии кои секое лето уништуваат илјадници ...
СДСM за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат. За кандидат за градоначалник за Јегуновце СДСM го кандидира Дарко Блажевски, поранешен градоначалник, кој граѓаните не го паметат по ниту еден проект, но го паметат по тоа дека беше успешен бизнисмен од позиција на избрана функција, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Имено Блажевски можеби не го реализира ветувањето да направи ...
Македонија повеќе од деценија е во фертилитетна рецесија. Повеќе од една деценија бројот на новородени рапидно се намалува, а само за последните 4 години Македонија изгуби еден град со големина на Кавадарци, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако во 2016 година сме имале 23.000 новородени дечиња, сега имаме 16.737. Годишно, во 2024 година се родиле 9.000 дечиња помалку од 2016 година. Статистиките се уште ...
Министерство за траснпорт информира дека во текот на вчерашниот ден во заедничка контрола на инспектори од Капетанија на Пристаништа Охрид, Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид, направени се зајакнати мерки и активности согласно Законот за Внатрешна пловидба во период од 14 до 20 часот. -Контролирани се 13 пловни објекти и 13 физички лица, притоа констатирани се 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба. -Алкотестирани се ...
Се уште е активен на неколку краци пожарот во близина на граничниот премин Блаце. Според Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), можна причина е догорче од цигара покрај самиот магистрален пат, а не е исклучено и да е подметнат. -Бидејќи вчера бев на местото дваесетина минути по појавувањето на пожарот и од она што можев да го видам е дека пожарот е почнат покрај самиот магистрален пат кон ГП Блаце. И најверојатно ...
По една година од формирањето на Владата, Министерството за правда презентира јасни резултати од процесот на рестартирање на правосудниот систем. Од нефункционална институција со затекнати долгови, блокирани механизми и изгубена доверба, Министерството денес се позиционира како столб на реформите и гарант на владеењето на правото. Во изминатите 12 месеци, подготвени се и доставени до Владата 22 системски закони, од кои 13 се директно предвидени ...
Денес бев на прием кај Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Ми значи неговиот благослов и неговите мудри совети, објави градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Со убав збор и добра мисла од денес ја започнувам нашата заедничка патека за Скопје. Како што ви ветив, секој ден ќе сум со вас, во сите населби и маала на терен, потенцира Ѓорѓиевски. Тој ...
Со целосната имплементација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси, правиме разлика. Од хаос кон систем. Од пристрасност кон дигитална евиденција. Од импровизација кон стратегија. Оваа реформа ја носиме во време кога граѓаните одамна го изгубија трпението. И со право. Затоа што долго време имаше една логика- администрацијата како партиски плен, институциите како приватен имот. Ние градиме систем. А Информациониот систем за ...
Портпаролот на Владата на Македонија, Марија Митева, Стојанче Ангелов директор на ДЗС и директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ одржаa прес- конференција во Медија центарот на Владата. – Со особена чест и одговорност имам за цел да зборувам за новата мерка на Владата која што е опфатена со оперативниот план за вработување и е со назив „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“. Ова е програма која се спроведува за прв пат во нашата држава. Со ...
Проекти и мерки реализираа во изминатиот период Владата и Министерството за здравство. Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на здравствениот систем и на креирање активно здравство. Нашата визија за активно здравство е систем што однапред планира, ги решава проблемите и ги мери резултатите. Продолжуваме со поддршка од Владата заеднички да ги спроведуваме новите мерки и реформи во областа на здравството, рече денеска министерот за ...
Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози. Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за ...
Соопштение на коалиција ВРЕДИ: „Партијата на Црната листа, Демократската Унија за Интеграција, со функционери обвинети за корупција и контрола над судството, која им служеше на антиалбанските интереси повеќе од две децении, денес има дрскост да обвини дека наводно Македонија се внесува во „српскиот свет“. Токму оваа политичка партија со години ги затвораше очите пред дестабилизирачките проекти на Србија во регионот, станувајќи нивна алатка на ...
Од Министерство за јавна администрација информираа дека денес ќе се одржи настан „Модерен ИСУЧР – Паметно управување со човечки ресурси во јавната администрација“. На настанот по повод презентација на нова модерна верзија на ИСУЧР, свое обраќање ќе имаат министерот за јавна администрација, Горан Минчев, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и премиерот на Владата Христијан Мицкоски. Презентацијата на Модерен ИСУЧР – Паметно ...
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, рано утрово извести дека пожарот што вчера вечерта изби крај патот, Скопје-Блаце, успешно е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот беа вклучени повеќе екипи, од кои два полициски и еден армиски хеликоптер, и исто така за прв пат беа ставени во употреба новите возила на ДЗС, еден Пинзгауер и еден Хермелин. Пожарот зафатил поголема површина, но со помошта на хеликоптерите е локализиран и ставен под ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на 7 и 8 јули 2025 година ќе оствари работна посета на Париз, во рамки на интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Македонија. Предвидени се средби со високи претставници на Владата на Француската Република, меѓу кои со министерот делегиран за Европа при француското МЕиНР – Бенжамен Хадад, со генералниот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Хаг, каде ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп. – Централни теми во разговорите ќе бидат напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Холандија, како и иднината на процесот на проширувањето на ЕУ, и во тој контекст, натамошната холандска ...
Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во врска со пожарите низ државата „За разлика од годините наназад оваа година Владата одвои повеќе ресурси и средства со коишто борбата против пожарите ќе се поедностави, а капацитетите се зголемуваат. СДСМ ја оставија државата без опрема за гаснење пожари и без луѓе. СДСМ 7 години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари. За разлика од тогаш денес Владата има конкретен план за справување со ...
Димитар Костадиноски, градоначалник на општина Јегуновце во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“ рече дека како градоначалник успеал да ја екипира општинската администрација за да општината претставува сервис за сите граѓани. Тој исто така посочи дека општината немала Јавно комунално претпријатие, но тој формирал и е многу значајно за самата општина и за граѓаните. -Прво мое ветување што беше пред да станам ...
Либералната партија (ФДП) го предложи Прпарим Авдили како свој кандидат за градоначалник на швајцарскиот град Цирих. Тој сам ја сподели оваа информација преку објава на Фејсбук. Авдили во објавата се осврнува на своето потекло, нагласувајќи дека неговото семејство има корени од Куманово, но дека неговиот живот се врзал за Швајцарија, каде што е израснат. – Израснав во Цирих како дете на семејство со мигрантско потекло. Моето образование го ...
По пожарот што денеска зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост. -Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот ...
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска денеска беше во Зелениково и од таму заедно со градоначалникот Коста Маневски порачаа дека и на претстојните избори ќе издвојуваат убедлива победа. Бојковска нагласи дека со Владата веќе обезбедиле 500 милиони евра за општините од коишто од овој дел одат и за инвестиции во Општина Зелениково. -Во Зелениково се гради градинка, се реконструира амбулантата, се градат пешачки патеки, се гради ...
Министерството за внатрешни работи информира дека поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила. МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје. -Сообраќајот за патнички моторни возила е пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, ...
Топлотниот бран со температури до 41 степен продолжува и во следните два дена, а освежување продор на посвежа воздушна маса од север се очекува од задутре. Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најави сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Попладне има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен ...
Утрово има зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, каде времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...