Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
На Клиниката за гастроентерохепатологија во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје денеска ќе се одржи настан по повод започнувањето на две нови медицински процедури: Холангиоскопија и Апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS). Настанот ќе се одржи во обновениот ендоскопски кабинет на Клиниката. Како што информираат од Клиниката почесен гостин на настанот ќе биде проф. д-р Петко Караѓозов, професор по ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни. Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-с.Лисец. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената ...
Поданоста и слепата послушност кон Зоран Заев, Венко Филипче го чини топење на, и така неговиот и партиски слаб рејтинг, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. На Филипче и СДСM, не им беа доволно и не извлекоа поука од последователните катастрофални изборни порази, каде дојдоа на одвај 130 илјади гласа, па продолжи дословно да ги исполнуваат желбите на Заев, со поставување на негови луѓе во раководните партиски тела, и да слушаат лоши ПР ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи, почнува национална превентивна кампања насочена кон унапредување на безбедноста на пешаците во сообраќајот. Кампањата ќе опфати низа активности, вклучувајќи едукативни содржини, јавни настани, работилници, медиумски пораки и теренски активности, со посебен акцент на правилното користење на пешачките премини, почитување на ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се измерени -3 степени и 57 сантиметри снежна покривка, а температура под нулата е измерена и во Mаврови Анови (-1 степен). Нула степени во Лазарополе и Kрушево, 1 степен во Ѓуриште, Пожаране, Радовиш и Пожар, 2 степена во Берово и Тополчани, 3 степени во Претор, 4 во Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Виница, Тетово, Струмица и Куманово, 6 степени во Скопје – Зајчев Рид, Велес, ...
Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај и потпретседателот на Здружението „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора, Никола Ангеловски, потпишаа Меморандум за соработка. Целта, на документот потпишан во Тирана, е заедничка промоција на македонските национални малцинства во Република Албанија и Република Црна Гора на национално и меѓународно ниво. -Искажавме интерес за градење на партнерство во спроведување на ...
Папата Лео Четиринаесетти вчера изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран. „Се надевам дека бара излез“, рече папата кога го праша новинар пред неговата резиденција во Кастел Гандолфо во близина на Рим. „Се надевам дека бара начин да се намали количината на насилство, на бомбардирањето“. 70-годишникот е првиот поглавар на Католичката црква од Соединетите Американски Држави. Папата беше ...
Кина би можела оваа година да се соочи со обилни поплави и суша во различни делови на земјата, јави државната телевизија ЦЦТВ, повикувајќи се на Министерството за водни ресурси на Кина. Телевизијата наведе дека сезоната на поплави, која почнува денеска на 1 април, ќе донесе посилни поплави на северот на земјата, додека тајфуни би можеле да ги погодат внатрешните подрачја. Од април до мај, делтите на Бисерната Река, покраините Фуџијан и ...
Во многу земји ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден на шегата, 1 април, а луѓето на овој ден традиционално смислуваат безопасни, симпатични шеги за да се забавуваат и да ги насмеат своите ближни. Во некои земји 1 април се одбележува само претпладне, додека во некои луѓето се шегуваат во текот на целиот ден. Во Велика Британија, Австралија и Јужноафриканската Република шеги се прават само до пладне, а оној кој ќе ги направи ...
Во Германија од денеска на сила е новата регулатива за формирањето на цените на горивата на бензинските станици, по остриот раст на цените по почетокот на кризата на Блискиот Исток. Според новите правила, бензинските станици смеат да ги зголемат цените само еднаш дневно, и тоа напладне. Целта е да се ограничат ценовните флуктуации и да се обезбеди поголема транспарентност. Намалувањето на цените и натаму ќе биде дозволено во секое време. ...
Амбасадата на Грција, во соработка со NOVA International School Скопје, денеска ќе организира универзитетскиот саем Study in Greece, на кој ќе бидат претставени академските можности што ги нудат грчките државни универзитети за меѓународни студенти. На саемот ќе учествува платформата Study in Greece, заедно со претставници од пет водечки грчки државни универзитети, кои ќе презентираат програми за дипломски и магистерски студии на англиски ...
На Факултетот за образовни науки во Штип денеска ќе се одржи работилница на тема „Планирање час со Noticing: Како вештачката интелигенција им помага на наставниците да ги доразвијат сопствените идеи“. Настанот е посветен на современите начини на примена на вештачката интелигенција во образованието, со акцент на унапредување на наставните практики и поттикнување на креативноста кај наставниците. Работилницата ќе ја водат ко-авторите д-р Елена ...
Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е предлог-одлуката за одржување надзорна расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација,предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“. ...
На сцената на Македонскиот народен театар денеска во рамки на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Како што информираат од МНТ, претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот ...
Во Општина Гевгелија вечерва во 18 часот ќе се одржи трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ почна на 18 март од општина Босилово. Како што најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, посетени ќе бидат над 30 општини и повеќе од 120 населени места. Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава во Белата куќа, рече дека очекува САД да ја „довршат работата“ во Иран „во рок од можеби две недели, можеби неколку дена подолго“. На новинарско прашање кога САД ќе бидат „надвор или готови со војната“ во Иран, Трамп одговори: „Мислам за две или три недели“, пренесе ДПА. – Ќе си заминеме затоа што нема причина да го правиме ова – продолжи Трамп. Тој подоцна дообјасни дека иако промената на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа изјави дека изборите во Србија, без да прецизира дали тоа се однесува и на парламентарни и на претседателски избори, ќе се одржат до крајот на годината, а можеби и до Видовден, 28 јуни. – Ги бараа, ќе видиме кога ќе бидат изборите – изјави Вучиќ за телевизијата Информер. Тој додаде дека владата ќе ја почитува одлуката на народот на тие избори, како и да одлучи. Вучиќ по повод синоќешниот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да присуствува на денешното сослушување на Врховниот суд на САД за прашањето за правото на државјанство по раѓање, што го прави првиот актуелен претседател на САД што присуствува на усни аргументи во највисокиот суд во земјата. Судиите на Врховниот суд на САД денеска ќе ја разгледаат жалбата на Трамп на пресудата на понискиот суд, со која се поништи неговата извршна наредба, со која се ограничува ...
Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштањето во употреба на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто во Општина Гази Баба. Во февруари лани кога почна реконструкцијата, беше посочено дека Домот на културата ќе биде на површина од 1.000 квадратни метри. Вкупната инвестиција изнесуваше 84.240.000 денари, средства обезбедени од Владата. Беше нагласено дека објектот ќе се гради според европски стандарди, ќе биде енергетско ...
Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Од УХМР информираат дека поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз, каде што ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Во фокусот на разговорите, како што соопшти МНРиНТ, ќе бидат натамошното унапредување на билатералните ...
Јавното обвинителство денеска соопшти дека синот кој го уби таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. – Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција, наведува Обвинителството во денешното соопштение. Триесет и ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД ја гледаат „завршната фаза“ од војната со Иран, како и дека по конфликтот ќе треба да ги преиспитаат односите со НАТО. „Ја гледаме завршната фаза. Нема да биде денеска, нема да биде утре, но е наскоро“, изјави Рубио во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“. Војната започна на 28 февруари, со американско-израелски напади врз Иран, на што Техеран возврати со напади врз Израел ...
Први април, Денот на шегата, ширум светот се одбележува како ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги. Во нашата земја, традиционално, најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираат низ градот, создавајќи ведра и шарена атмосфера. Градот оваа година повторно ќе биде исполнет со детска радост на манифестацијата „Априлијада“. ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој од престојува во официјална посета на земјата, денеска ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претседателката Сиљановска-Давкова вчера го пречека Милатовиќ со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“ по што следуваа тет-а-тет средба и заедничка ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика земјите што не помогнаа во нападите на САД и Израел врз Иран да купат американска нафта и да одат во Ормуската Теснина и „едноставно сами да си ја земат“. Трамп особено ги издвои Велика Британија и Франција како некорисни во едномесечната војна, која ги потресе глобалните пазари, ги зголеми цените на енергијата и доведе до тоа Иран ефикасно да го запре сообраќајот на танкерите за нафта ...
Работа на Владата не е да проверува кој седи и каква е сопственоста на фирмата која аплицирала за инвестиции во енергетски објекти, туку дали ги исполнува условите и законските критериуми, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Им благодариме на СДСМ што не информираа дека фирмата која ги исполнува условите ХРОНОС СУМ е во сопственост на контрoверзниот бизнис партнер на Заев, Миодраг Давидовиќ-Дака, што е јасен показател во понатамошната ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград попладнево беше отворена изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова. На отворањето на изложбата директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров нагласи дека нема поголем предизвик во денешното турбулентно време да се зборува и да се посакува човекољубие. – Тоа е првата причина за ...
Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат, а никако да сработат на страна на правдата цели 10 години, нека си го стават прстот на чело и нека си ги постават следните прашања, се вели во соппштението на ВМРО-ДПМНЕ. 1. Дали не треба кривично да одговараат што крадеа народни пари од СЈО ...
Во Корча се одржа информативна тркалезна маса со претставници на националните малцинства од Југоисточниот регион на Албанија, при што посебно внимание беше посветено на македонската заедница, како важен дел од ова подрачје, објави Општина Пустец, која територијално припаѓа во округот Корча. На средбата се дискутираше за значењето на слободната и точна само-идентификација на граѓаните кои припаѓаат на националните малцинства, како важен ...