Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јордановски и стручен тим од институцијата денес го посетија манастирскиот комплекс во Лешок со цел да ја утврдат динамиката на темелна реконструкција на Конакот при црквата Свети Атанасиј, објект заштитен како културно наследство. -Веќе сме во завршна фаза за конзервација, реставрација и санација на стариот конак, кој е интегрален дел од ...

По периодот на неизвесност предизвикан од случувањата на Блискиот Исток, туристичкиот сектор постепено се стабилизира. Од кумановските туристички агенции велат дека некои од летовите и аранжманите што беа откажани во изминатиот период повторно се реализираат, а новите резервации се во тек. Од туристичките агенции информираат дека во моментот нема ограничувања за патување и дека најголемиот дел од програмите се одвива според планираното. ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека се исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството. -Реализирана е исплата од 1.021.527.000 денари кон 2.139 одгледувачи за мерката 2.6 – директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, се наведува во соопштението. Од Министерството велат дека остануваат посветени на оваа ...

Поттикнување на иновациите, поддршка на претприемаштвото и стартапите, како и развој на конкурентна економија базирана на знаење, ќе биде во фокусот на партнерството помеѓу седумте јавни универзитети и новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво (ИНОВА). Меморандумот за соработка денеска во Владата свечено го потпишаа ректори/проректори на универзитетите и директорката на ИНОВА, а значењето на иницијативата ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот. – Работиме на подготовка на документација, која очекуваме многу бргу да биде готова и да биде објавен повикот за да се избере економски оператор, кој ќе ја почне изградбата на ...

Четиринаесетте дебарски пожарникари во првите три месеци годинава имале двојно повеќе работа споредено со истиот период минатата година, евидентирајќи 114 интервенција, што е за 61 интервенција повеќе. -Од вкупниот број 67 се интервенции на отворен простор, 24 на објекти, две на сообраќајни средства, додека останатите 21 се технички интервенции. Нашата статистика потврдува дека во последните години има зголемен број интервенции. Така, во ...

Нашата политичка заложба е во 2026 година да бидеме подготвени и по налог на Државниот завод за статистика, тогаш кога ќе треба, кога ќе се донесе законот, да спроведеме електронски попис – изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, пак, вели дека следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе во 2030 година и нагласува дека целта е ...

Просторот пред спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода забрзано се трансформира во модерно урбано катче. Со врши поплочување со травертин, се гради светлечка фонтана, ќе бидат поставени нови клупи и модерно осветлување. Наскоро ќе следи и целосно хортикултурно уредување кое дополнително ќе го оплемени овој дел од населбата. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во завршните работи од изградбата на новиот сквер, ...

Консолидацијата на земјиштето не е само реформа – таа е можност. Можност за окрупнување на земјоделското производство, за поефикасно користење на ресурсите и за развој на поконкурентни и одржливи бизниси. Процесот бара заеднички ангажман на сите чинители, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тој на денешниот настан во Стопанската комора посветен на зголемување на обемот на консолидација на ...

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно ја извршува својата функција во Вишото јавно обвинителство Скопје откако Советот на јавните обвинители едногласно ја укина неговата суспензија поради утврдени пропусти во постапувањето на дисциплинска комисија. Истовремено, Советот одлучи дисциплинскиот предмет против него да се врати на повторно разгледување. Цветановски вели дека засега нема добиено официјално решение за укинување на ...

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79 годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска се презентираа докази од истрагата, како и фотографии и видео материјали од местото каде што е пронајден трупот на починатата. Додека се прикажуваа ...

Во Охрид од денеска се одржува тридневен Социо-здравствен саем, настан осмислен да поврзе институции, компании, иницијативи, здравствените работници со граѓаните околу прашања од директен јавен интерес. Настанот е насочен пред се кон ранливите категории граѓани од социјален и здравствен аспект, за зближување до институциите задолжени за грижа кон нив. Концептот е обид здравјето да се извади од институциите и да се доближи до граѓаните, преку ...

Нов кружен тек ќе се гради во новиот центар во Кавадарци, кај што ќе бидат отворени комплексот Литл Америка и Лидл, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев во изјава за медиумите, при вовед во работа за кружен тек на Северен Булевар. – Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерната и функционална урбана средина, рече градоначалникот. ...

Во завршна фаза се активностите за отворање на Центарот за дневен престој на лицата со попреченост, кој ќе биде стациониран во населбата Козле во скопски Карпош. Станува збор за дневен центар кој ќе нуди инклузивно и функционално опкружување, каде што лицата со попреченост ќе добијат стручна грижа, психосоцијална поддршка, социјализација и развој на животни вештини, информираат од Општина Карпош. Овој центар, како што велат, е резултат на ...

Македонија прави чекор напред во медицината со примена на современи методи кои ги надминуваат дури и дел од европските практики. Станува збор за третман на периферна артериска болест,кој за прв пат почна да се применува во земјава и тоа во охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања. “Во рок од два месеци во нашата установа се воведе уште една нова процедура дирекна артериска тромбендаректомија ротациона на крвни садови изразито ...

Фотографии и видеа кои сведочат за монструозноста на убиството, вакви беа фотографиите и видео-матрејалите кои беа презентирани на рочиштето во судскиот процес против 75-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова, во Основниот суд во Штип. Матрејалите кои го прикажуваат местото каде што е пронајдено обезглавеното тело, како и состојбата во која било, предизвикаа дискомфорт кај присутните во судницата. За ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција. Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во ...

Образец за дипломирани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи, образец за лица што стекнале назив магистер/специјалист и образец за лица доктори на науки што одбраниле докторски труд – се трите нови електронски услуги достапни на националниот портал е-услуги – uslugi.gov.mk (линк https://uslugi.gov.mk/ ). Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на промоцијата заедно со директорот на Државниот ...

Македонија прави чекор напред во медицината со примена на современи методи кои ги надминуваат дури и дел од европските практики. Станува збор за третман на периферна артериска болест,кој за прв пат почна да се применува во земјава и тоа во охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања. “Во рок од два месеци во нашата установа се воведе уште една нова процедура дирекна артериска тромбендаректомија ротациона на крвни садови изразито ...

За прв пат, по 1972 година, луѓе ја напуштија орбитата на Земјата. Астронаутите, според планот за вториот ден на мисијата „Артемис 2“, се упатија кон задната страна на Месечината. Последното палење на главниот мотор на вселенското летало „Орион“ беше успешно, велат од НАСА. На преносот во живо од „Орион“, живописните слики од Земјата полека се намалуваат, додека капсулата се движи се подалеку и подалеку во вселената. „Со успешното палење за ...

Заглавен автопат и штети кои може да надминат фантастични 150 милиони евра. Самоволието на десетина сопственици на луксузни хациенди со градини и базени во селото Ореовец ја отежнува изградбата на Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола. Дека не се работи за обични селани и обични имоти покажуваат снимките од дрон на кои се гледаат куќи со неколу ката со уредени тревници, летниковци, фонтани. Овие луѓе речиси две години не дозволуваат пристап до ...

Министерството за односи меѓу заедниците (МОЗ) соопшти дека е обезбедена значајна поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и од Канцеларијата на високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ за стратегијата за развој на интеркултурализам и општествена кохезија 2027 – 2032 со акциски план, која Министерството почна да ја изработува во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во согласност со заклучокот од седница на ...

Професорот по трудово право Лазар Јовевски смета дека потпишувањето на 60-те поединечни колективни договори со институции од јавниот и државниот сектор е историски момент во оваа сфера бидејќи, како што нагласува, спецификата е што на овој начин се навлегува многу подлабоко во однос на одредени прашања кои се поврзани, односно се од значење за самите вработени. На ваков начин, вели, има голема застапеност на подобрени права, кои се однесуваат ...

Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој денеска од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, доби одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии, се наведува во соопштението на Општина Аеродром. Овој момент не е само административен чекор, туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом. Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна ...

Поврзаноста на владата на СДСM под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше познато и во 2020 кога излегоа аудиоснимките, на кои Дака се слуша како разговара со заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески – Кичеец на кој му вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 метри квадратни земјиште. Кичеец бил посредник ...

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, во рамки на заедничката посета на Атина со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани и на Судскиот совет, Александар Камбовски остварија повеќе работни средби со високи претставници на правосудните институции на Република Грција, насочени кон зајакнување на владеењето на правото и унапредување на меѓуинституционалната соработка. Како што соопшти денеска Уставниот суд, делегацијата се ...

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија – даватели на социјални услуги, со цел да се обезбедат нови сервиси и поддршка за ранливите категории граѓани. Со повикот се поддржуваат програми што придонесуваат за инклузија, заштита на менталното здравје и превенција кај младата популација. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, средствата се наменети за индивидуализирани услуги со асистивна технологија за деца, ...

Велигденски концерт ќе одржи оркестарот на Македонската филхармонија в среда (8 април) од 20 часот, на кој, како што соопшти, ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахманинов. Диригент на концертот ќе биде Најден Тодоров од Бугарија, а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска – сопран, Исмет Вејсели – тенор, Иван Наумовски – баритон/бас и хорот „Проарс“. На програмата на концертот ќе биде и ...

Заглавен автопат и штети кои може да надминат фантастични 150 милиони евра. Самоволието на десетина сопственици на луксузни хациенди со градини и базени во селото Ореовец ја отежнува изградбата на Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола. Дека не се работи за обични селани и обични имоти покажуваат снимките од дрон на кои се гледаат куќи со неколу ката со уредени тревници, летниковци, фонтани. Овие луѓе речиси две години не дозволуваат пристап до ...

Власта на Заев и Ахмети, во 2020 година, на само еден ден по изборот на новата влада, во Тетово донесе измени во ДУП со кои директно се овозможи бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака. Станува збор за просторот на некогашниот гигант ШИК Јелак, кој тогаш е откупен од страна на Миодраг Давидовиќ – Дака, преку фирмата „Јелак Градба“, се вели во соопштениеот на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
49%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
67%
1016
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.04
73%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
61%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
64%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
80%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
75%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9646

Currency

38.4775

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Калај

50.03

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Цинк

3.35