Помалку прекршоци, поголема безбедност и значително помал број поплаки. Системот „Сејф Сити“ веќе дава резултати и ги менува навиките на возачите. Драстично опаѓа бројот на граѓани и фирми кои поднесуваат приговори за сообраќајни прекршоци.Според Основниот кривичен суд Скопје, во март биле поднесени само 65 приговори. “Претходниот месец до судот се поднесени вкупно 65 приговори, од кои 22 од правни лица и 43 од физички лица, за разлика од 476 ...

Позитивни исчекори кон поголема отчетност на институциите, но и предизвици во борбата со корупцијата. Ова го нотира Транспаренси Интернешнл-Македонија во најновиот извештај „Бистро-матно“ за март годинава. Како особено важен чекор се издвојува одлуката на Уставниот суд, кој од 4-ти март започна со директен пренос на седниците преку својата веб-страница и дигиталните платформи. Позитивно се оценети и активностите на Антикорупциската комисија, ...

Со само неколку клика од телефон или компјутер, отсега студентите ќе можат да ги пополнуваат образците за пријавување со лични податоци на факултетите и високите стручни школи. Министерот Андоновски и директорот на статистика, Станков појаснија дека новите услуги имаат за цел да го поедностават процесот на доставување статистички податоци за високото образование и да овозможат побрза и поефикасна размена на информации меѓу институциите. ...

Македонија ќе биде првата земја во регионот што ќе ги исполни обврските за укинување на дополнителните трошоци за роаминг во ЕУ – најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во гостување во емисијата на една од телевизиите тој објасни дека граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет додека патуваат во земјите од Европската Унија. – За роамингот ветив – ќе бидеме прва држава што ќе ги исполни ...

Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива – соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини. – Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред пиење потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ – Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира – информираа од јавното претпријатие. ...

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде што се измерени – 4 степени Целзиусови и во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе 0 степени целзиусови. Најтопло, со измерени 7 степени било во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Гевгелија. Најмногу врнежи 28 литри на метар квадратен во изминатите 24 часа се забележани во Демир Капија, а најмалку – 3 литри на метар квадратен во Виница и Лазарополе. ...

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава е намален за 3,4 % во однос на февруари лани, соопшти Државниот завод за статистика. Во секторот Рударство и вадење камен намалувањето е 6,3 %, во секторот Преработувачка индустрија 3,4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 0,4 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 година се намалил во ...

Министерството за образование и наука објави повик за полагање приемен испит на учениците што се заинтересирани за запишување во Математичко-информатичката гимназија во учебната 2026/2027 година. Приемниот испит се состои од полагање тестови во согласност со наставните програми по математика од VI до IX одделение и наставните програми по физика за VIII и IX одделение. -Кандидатот писмено се проверува со два поединечни теста по математика и по ...

Поврзаноста на владата на СДСМ под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше познато и во 2020 кога излегоа аудиоснимките, на кои Дака се слуша како разговара со заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески – Кичеец на кој му вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 метри квадратни земјиште. Кичеец бил посредник ...

Во март значително намален бројот на граѓаните и правните лица што не ја прифаќаат одговорноста за сторениот сообраќаен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд за евидентираните сообраќајни прекршоци со системот „Безбеден град“ – информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Воедно, од Кривичен информираат дека веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговор. Во март 2026 година до Основниот кривичен суд Скопје се ...

31- годишник вработен од битолско основно училиште се товари за производство и дистрибуција на детска порнографија. Тој од април 2024 до први април годинава, на компјутерските уреди и опрема кои ги користел дома, набавувал за себе и поседувал материјали со детска порнографија. Токму преку неговиот комјутер кој го користел, австралиските полицајци го лоцираат и им јавува на македонсктие истражни органи. Австралиската федерална полиција го ...

Под мотото „Светот е поубав кога сме сите заедно“, во ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка вчера беше одбележан 2 Април – Светскиот ден на аутизмот. Учениците и наставниците преку низа креативни активности испратија силна порака за прифаќање и поддршка. Училиштето беше обоено во сино – симболичната боја на аутизмот, а преку активноста „Сино срце за секого“ учениците изработија цртежи и симболи инспирирани од виножитото и знакот на ...

Од чарлиеви ангели и ѕвезди на правосудството станаа фијаско на системот. Две од нив веќе немаат функција, а третата се уште негодува зошто не ја избраа за шефица. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи специјалните обвинителки на кои одамна им се случи ерозија на рејтингот. Катица Јанева е надвор од келија со пробациска алка, а Ленче Ристоска си даде оставка бидејќи не можела повеќе да постапува во предметите Талир 1 и 2. Последиците ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Настан „Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор“, во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот во Стопанската комора. Како што соопштуваат од Стопанската комора, на настанот ќе се разговара за ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за иновации научно технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и државните универзитети. Меморандумот има за цел унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката заедница и институциите во насока на развој на иновациите, технологијата и претприемништвото. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денеска ќе го посети манастирскиот комплекс во Лешок. За време на посетата, министерот Љутков, директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски и митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, ќе направат увид во активностите за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на стариот конак. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денеска ќе ...

Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Во синоќешното гостување на една од телевизиите, тој информираше дека за овој проект се обезбедени значајни финансиски средства, дел од нив од Европската Унија. – Средства од ЕУ и наши средства 1,5 милион евра вложивме за отворање на Владин центар со одговор на сајбер ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со заменик министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи-Шаќири денеска ќе оствари работна посета на општина Долнени. Како што информираат од МЖСПП, во рамки на посетата, ќе се одржи средба со градоначалникот, по која министерот ќе изврши увид во тековните проекти што се реализираат со поддршка на Министерството, со фокус на инвестициите во водоснабдување, управување ...

Европа се соочува со ризик од енергетска криза – изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, пренесе националната новинска агенција МТИ. Тој предупреди дека укинувањето на унгарската шема за регулирани цени на енергијата би било „трагедија“ во сегашната ситуација. Сијарто денеска е на предизборна турнеја во шест населени места во текот на кампањата пред парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април. Според него, ...

Генералниот секретар на Советот за соработка на државите од Заливот, Џасем ал Будаиви денеска го повика Советот за безбедност на Обединети нации да одобри употреба на сила за ослободување на Ормуска Теснина за пловидба. – Го повикуваме СБ на ОН да преземе целосна одговорност и да ги преземе сите потребни мерки за заштита на морските коридори и да осигури безбедно продолжување на меѓународната пловидба, наведе ал Будаиви на состанокот на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја повика Европа веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија за да ја заштити својата економија од една од најтешките економски кризи во нејзината историја, што е последица на војната во Иран. Како одговор на предупредувањето на полскиот премиер Доналд Туск дека неодамнешните активности на Трамп и Орбан се како „планот од соништата на Путин“, унгарскиот премиер двојно ги зголеми своите повици за проруска ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги отфрли коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата брачна ситуација, велејќи дека тие „дури и не заслужуваат одговор“. Замолен за коментар на тврдењето на Трамп дека „сопругата на Макрон се однесува лошо кон него“ и дека „Макрон едвај се опоравува од ударот во вилицата“, францускиот претседател рече дека тие коментари не се „ниту елегантни, ниту соодветни“, објави ...

Американскиот претседател денеска ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Пем Бонди и на нејзино место го именува досегашниот заменик Тод Бланч. Бонди беше цврст застапник на политиките на Трамп за време на нејзиниот мандат, кршејќи ја долгогодишната традиција на Министерството за правда да биде независно од Белата куќа во спроведувањето истраги. Критиките за досиејата на покојниот сексуален предатор Џефри Епстин од страна на ...

Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска повторно се зголемија, пред сè поради стравот од долготрајна блокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон цената на барел нафта од вчера се зголеми за 6,45 долари и се тргуваше за 107,61 долари. На американските берзи зголемувањето беше за 10,80 долари и барел се тргуваше за 110,92 долари. Цените на нафтата на меѓународните берзи денеска повторно се зголемија, пред сè поради стравот од ...

Венко Филипче, не се грижи за ништо друго освен да си ја зачува фотелјата во СДСM, која впрочем и му ја чува на неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче ниту го интересира стандардот на граѓаните, ниту е загрижен за енергетиката која токму владата на СДСM ја уништи и ја ограби, со наместени тендери за што нивниот Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ е во бегство за милионски криминал, се вели во соопштението од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ...

Тековниот напредок во спроведувањето на реформите, како и клучните предизвици со кои се соочуваат институциите, беа во фокусот на денешниот состанок посветен на реформската агенда, на кој учествуваа претставници од релевантни институции и засегнати страни, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. -Учесниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати, со цел унапредување на системот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, на покана на британскиот министер за надворешни работи, Ивет Купер, учествуваше на виртуелен состанок на кој присуствуваа повеќе од 30 министри за надворешни работи од Европа и светот, соопшти МНР и НТ. Состанокот бил посветен на координација на меѓународните напори за обезбедување на слободата на навигација и повторно отворање на клучниот поморски коридор во ...

Неоправдани се стравувањата кај некои тутунари дека ќе има измена на законот за испкаќање на субвенциите за пријавени површини и за зелена нафта, уверуваат од Сојузот на тутунски здруженија. Оттаму тврдат дека директните плаќања од државата си остануваат исти, согласно задолжителното електронско обележување на обработливите површини. „Тоа е за да можат да ги обележат површините за да можат да ги пријават за субвенции за површина и за зелена ...

Обвинителката Ленче Ристоска требала да даде оставка многу порано, поради скандалот на СЈО со бонусите и поради политичкиот прогон врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вечерва во гостување на една од националните телевизии. -Не гледам политички притисок од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон Ленче Ристоска, меѓутоа во изминатите години гледав и те како еден политички прогон од страна на Ленче Ристоска врз ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
52%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.04
74%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.57
62%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
65%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
82%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
75%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9646

Currency

38.4775

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Цинк

3.35

Бакар

12.06

Злато

166450.52