Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз, изјави дека проектот е исклучително важен и оти првата фаза веќе е отпочната. – Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација, ќе сообраќа електрична локомотива, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека тутунот се откупува по највисока цена досега и дека и откупувачите и тутунарите се задоволни. – Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу седум евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку, напротив, задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата, ...
Во текот на 2025 година имаме рекорден број на вработувања во делот на детската заштита каде што повеќе од 800 огласи за воспитувачи, негуватели и останат кадар во детските градинки беше заменет, изјави попладнево заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, одговарајќи на новинарско прашање. – Во јули 2024 година кога ја презедовме Владата и Министерството, системот за лиценцирање беше закочен. Со поддршка на ...
Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател ...
Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите за оние трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики во кој сега максималната глоба е 20.000 евра. – Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш во моите изјави се обидувам да испратам порака до тие кои се однесуват незрело, неодговорно и лакомо. На тој начин не ...
Во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола синоќа во 20:40 часот лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи. -При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник, посочуваат од Министерството. Од МВР најавуваат дека по ...
Општина Велес во соработка со Театарот „Јордан Хаџи Константинов -.Џинот“ и Општинската организација на Црвен Крст вечерва во 20 часот на големата сцена на Театарот организираат хуманитарен Божиќен концерт на кој ќе настапи српскиот актер и пејач Иван Босиљчиќ со поетско-музичка вечер насловена како „Наша вечер“. Како што информираат од Општина Велес, средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Од ...
Поголема количина боева муниција, рачни гранати и мини биле најдени во Гостиварско. Случајот во СВР Тетово е пријавен вчера, 3.01.2026 во 18:25 часот. -Во близина на патот на делницата помеѓу селата Митрови Крсти и Симница, Гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со куршуми, рамки за автоматско оружје, мини и други ...
Под влијание на нестабилна воздушна маса, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат над 15 литри на квадратен метар. Според прогнозата на УХМР, до среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. -Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата. Под влијание на нестабилна воздушна ...
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека САД треба веднаш да го ослободат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, и да ја решат ситуацијата во Венецуела преку дијалог и преговори. Во соопштението објавено на својата веб-страница, министерството наведе дека САД треба да ја осигурат и личната безбедност на Мадуро и Силија Флорес, тврдејќи дека нивното протерување од земјата го крши ...
Колумбија синоќа распореди тенкови и војници за да ја чуваат границата со Венецуела по американската воена интервенција во Каракас. По наредба на колумбискиот претседател Густаво Петро, воените сили се собраа на клучните премини со Венецуела, стравувајќи од масовни миграции или дека криминалните банди би можеле да го искористат хаосот, пренесе парискиот весник Монд (Le Monde). Петро ја осуди американската операција, додека американскиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Сопиште ќе присуствува на отворање на градинка во која има ќе има можност за згрижување на 84 дечиња. Градинката „Сонце“, како што информира владината прес-служба, се наоѓа на локација која одговара за жителите од Долно и Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци. Во неа се предвидени јасли за згрижување на дечиња до двегодишна возраст, како и две хетерогени групи за дечиња од две до четиригодишна возраст и ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат дека во сила е законската обврска за носење зимска опрема во возилата која трае до 15 март. Сообраќајот на државните патишта ...
Минималните температури денеска се над нулата во цела држава. Најладно е во Гевгелија каде утрово се измерени два степена, а најтопло во Битола каде утринската температура е 12 степени. За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд и наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени. Минималните температури денеска се над нулата во цела ...
Со повеќе од 17.000 сообраќајни незгоди и над 27.000 настрадани лица за четири години, државната статистика покажува дека Македонија има континуиран раст на опасности во сообраќајот. Во овој контекст, стартува и најобемниот систем за автоматска контрола на сообраќајот – „Безбеден град“, кој уште во тест-периодот регистрира десетици илјади прекршоци дневно, отворајќи прашање дали напредната технологија може да го прекине растечкиот циклус на ...
Кавадарци денеска одбележува 83 години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур. Од Музеј галеријата потсетуваат дека потекнувал од видно револуционерно семејство од Ваташа. За неговата активност во организирањето на македонскиот народ во борба против фашистичкиот окупатор, Страшо Пинџур бил меѓу првите прогласени народни херои во Македонија, на 29 јули 1945 година. – Во Крагуевачката гимназија се изградувал како напреден младинец и ...
На македонските патишта ќе се користат иновативни решенија за да се подобрат условите за безбедност и да се дигитализира управувањето со сообраќајот. Ќе се поставуваат Интелигентни транспортни системи (ИТС) а со првичните активности е опфатен Коридорот 10 и веќе се евалуираат понудите од шест странски компании кои конкурираа на тендерот за избор на изведувач. ИТС системите треба да бидат поставени на 200 километри патишта до крајот на 2027 ...
Полициски службеници од ОВР – Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – За настанот е известен јавен обвинител, таа е спроведена во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додадоа оттаму. ...
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 2, а максималните ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа прес-конференција на која се осврна на „вонредната“ воена операција спроведена во главниот град на Венецуела во текот на ноќта и утрово по негова наредба. Тој рече дека била употребена „преголема“ американска воена сила „од воздух, копно и море“. Трамп изјави дека американските сили отишле против „силно утврдена воена тврдина“ во срцето на Каракас за да го доведат Мадуро „пред лицето на ...
Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил денеска изјави дека САД извршиле „подмолен и кукавички напад од грб“ во кој биле убиени цивили и воени професионалци, но дека народот на јужноамериканската земја бил обединет и мирен. – САД воено ја нападнаа Венецуела за да ја погазат волјата на нејзиниот народ и да ја украдат нејзината нафта и други ресурси, рече Гил во телефонски разговор од Каракас со шпанското национално радио РНЕ. – ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази избалансиран став во врска со американските напади врз Венецуела и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесе ДПА. – Надворешна воена акција не е вистинскиот начин да се стави крај на тоталитарните режими, се вели во денешното соопштение од официјалната резиденција на Мелони. Истовремено, Мелони нагласи дека нејзината влада смета дека „дефанзивната интервенција“ против хибридните ...
Младиот Стивен Ивановски, кој беше исчезнат во пожарот во Кран – Монтана, е пронајден починат. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа. Информацијата ја потврдија и од македонската Влада. – Има потврда од Берн, телото е идентификувано. За жал, станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК. изразуваме длабоко жалење и сочувство, велат од Владата. Ивановски се водеше за исчезнат по пожарот во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја поздрави акцијата за приведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Во објава на платформата X, Муцунски ја поздравува објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата. – Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, пишува ...
Со присуство на Македонци од сите делови на Мала Преспа и пошироко и претставници на македонската Амбасада, денеска во Пустец, седиште на истоимената општина, беше одржан Саем на македонска традиционална кујна. – Настанот беше организиран од страна на македонскиот активист Панде Симонофски, со поддршка преку Јавниот повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од дијаспората на Министерството за надворешни работи и надворешна ...
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американски специјалци. Засега нема официјална потврда за автентичноста на фотографијата, ниту кој е изворот. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“. – Соединетите Американски Држави успешно ...
Главната обвинителка на САД, Пам Бонди, во објава на социјалните мрежи денска најави дека уапсениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга „наскоро ќе се соочат со целиот гнев на американската правда, на американска територија во американските судови“. Таа посочува Мадуро е обвинет од американски федерален суд по најмалку четири обвиненија, вклучувајќи прекршоци поврзани со нарко-тероризам и поседување оружје „против САД“. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека за време на американската воена операција во Венецуела, во која беше уапсен Николас Мадуро, имало неколку повредени припадници на американските сили, но немало загинати. Во своите најнови коментари за воздушните напади и апсењето на венецуелскиот претседател, Трамп за „Фокс Њуз“ изјави дека американските сили претрпеле мал број повреди, но дека операцијата била спроведена без смртни случаи на ...
Во периодот од 17 до 21 часот по македонско, односно од 18 до 22 часа по грчко време, по пауза од три дена поради празниците, грчките земјоделци повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила. Земјоделците од северна Грција, кои од 1 декември поставија блокада на Евзони, претпладнево одржаа протест низ градот Килкис (Кукуш) и стигнаа до политичката канцеларија на ...
Планинар е изгубен на подрачјето на Националниот парк Пелистер во близина на локацијата позната како „Антена“. Акцијата за негово пронаоѓање е во тек. – Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех, информира Центарот за управување со кризи. Случајот е пријавен во СВР Битола и во Националниот парк Пелистер – Битола, по што екипи ...