Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Листата на чекање се чисти, имаме пациенти, кои, за жал, веќе не се помеѓу нас и тие треба да се чистат. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу на новинарско прашање какви злоупотреби се прават со листите на чекање и до каде се постапките за утврдување дека некои од лекарите злоупотребуваат, односно бараат мито за да ги оперираат пациентите. – За листа на чекање – сѐ уште сме во фаза на анализа. Имаме сознанија од пациенти, граѓани, ...
Обвинителството на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска во судницата во „Идризово“ презентираше докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, кои се однесуваа на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и обезбедувње, дозвола за работа, листа на вработени, како и доказен материјал обезбеден ...
Оперативниот план за вработување за 2026 година e значаен чекор во насока на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд, a посебен акцент се става на отворање на нови работни места и намалување на невработеноста. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус го става отворањето нови работни места и создавање можности за вработување, со што се настојува да се подобри економската состојба и да се намали стапката на невработеност ...
Александар Вучиќ најави дека во наредните три до четири месеци ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија. Тој посочи дека размислува за кандидатура за премиер и најави дека наскоро ќе биде претставена листата на неговата партија за претстојните парламентарни избори. Вучиќ додаде дека изборите ќе се одржат за неколку месеци, но не во јули и август, нагласувајќи дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите наредни чекори и ...
– Утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk, потсетува Министерството за образование и наука. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...
Членовите на Државната комисија за спречување на корупција на денешната 33 седница донесоа вкупно 69 одлуки, од кои најголемиот дел се за советници, градоначалници, директори на училишта, градинки, комунални претпријатија, декани на факултети но и пратеници кои по анонимни пријави, но и по сопствена иницијатива на ДКСК се оформени предмети за неподнесување на анкетен лист за имотната состојба. За дел од предметите е утврдено дека лицата кои ...
Во прекин е сообраќајот на експресниот пат Прилеп – Градско по тешката сообраќајна несреќа во која во директен судир на два автомобила загинаа две лица, а едно е тешко повредено. Сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат, попладнево потврдија од Секторот за внатрешни работи Велес. – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа ...
Општина Делчево доби нова вакумска метларка за чистење на улиците, како донација од скопската компанија „М-Д РЕНТАЛС“, а се очекува машината во наредните денови да биде ставена во функција за одржување на јавната чистота во градот. Како што информираа од Општина Делчево, станува збор за нова машина од марката „BAIYI“, произведена во 2024 година, која поседува ИСО и СЕ сертификати. Вредноста на донацијата изнесува 399.992 денари со вклучен ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. За време на посетата, информираат од МЖСПП, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот национален парк во државата. Посебен акцент се стави на ...
Започна реализацијата на првата фаза од реновирањето на спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево, проект кој се спроведува во соработка помеѓу Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, како краен корисник на објектот. Во рамките на оваа фаза како што информираа од Општината ќе се изврши целосна демонтажа на постојниот и дотраен систем за греење, како и инсталација на нов систем за затоплување кој ќе обезбеди повисока енергетска ...
Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2025/2026 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади. Исплатата на додатокот за образование, како што посочуваат оттаму, се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година; за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година; за третиот ...
Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат ...
Во село Костин Дол денеска започна асфалтирањето на патот кон месноста Папурица, проект што претставува значаен чекор во подобрување на патната инфраструктура во овој дел од општината. Како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, станува збор за долгогодишна потреба на жителите, која конечно се реализира со цел да се обезбеди подобра поврзаност и поквалитетни услови за секојдневниот живот. – Продолжуваме да градиме инфраструктура што ...
Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница. На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштов ДПД Штип, како и екиупи на штипски јавни перторијатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и ...
Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере во Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК, посочуваат дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и ...
Регионот на Западен Балкан има предиспозиции, претприемачки дух и стратешка позиција за да биде повеќе од обичен корисник на новите технологии. Овој регион може да биде активен чинител во економијата заснована врз иновации, која ја обликува иднината, а САД се посветени да бидат партнер во тој процес, порача денеска в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс во обраќањето на завршниот дел од дводневната конференцијата „Акцелератор за дигитална ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утре во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција. Форумот, како што соопшти МНРиНТ, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за ...
Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница. На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштов ДПД Штип, како и екиупи на штипски јавни перторијатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и ...
Изгорени ридови, пеплосана вегетација и мирис на чад. Ваков пустош остави зад себе големиот пожар што вчера попладне ги зафати ридовите над Штип. Брзата интервенција на надлежните, која траеше до доцна во ноќта, спречи поголема катастрофа. Огнената стихија беше целосно локализирана, а за среќа нема повредени ниту материјална штета врз имотите на граѓаните. Пламените јазици, кои во еден момент почнаа да се приближуваат кон населбите Ново Село ...
Државата и институциите се подготвени за предизвикот од можни нови пожари во пресрет на летната сезона. Добра вест е што сите три „ер трактори“ се целосно сервисирани и подготвени за интервенција, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Воздухопловите моментално се наоѓаат во Хрватска поради силното невреме што го зафати регионот, но се очекува наскоро да бидат вратени во Македонија и ставени на располагање за евентуални интервенции при гаснење ...
Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа. – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу ...
Владата останува на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, а според премиерот Христијан Мицкоски, податоците за првиот квартал од годинава се показател дека македонскиот БДП е еден од најдобрите во Европа. – Ние остануваме на оние проекции што ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 проценти, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени вредности ...
– Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите мерки за справување со евентуални пожари сезонава. Сите три воздухоплови, вели тој, се сервисирани навреме, како и воените возила што минатата година беа пренаменети за справување со пожари. Со заклучок на Владата од 1 јули ќе се воведе забрана за движење низ шумите, а општините ги проверуваат капацитетите и евентуаните ризични локации. Мицкоски, денеска во одговор на ...
На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за измени и дополнувања на Законот за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), за индустриски зелени зони, за енергетска ефикасност, за угостителска дејност, како и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (I фаза). Предлог законот за ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика компаниите кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат законските услови, да ја искористат можноста за државна поддршка и навреме да аплицираат. Крајниот рок за поднесување на барањата, потсети, е 15 јуни. -Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги поддржува компаниите што инвестираат, отвораат нови работни места и ја ...
Собранието на Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавството и зајакнувањето на институционалното функционирање, се вели во соопштението од „Вреди“. Во двегодишниот извештај што г. Гаши го презентираше пред сопретседателите на „Вреди“, Изет Меџити и Билал Касами, беа истакнати дел од најзначајните закони и реформи, меѓу кои Законот за ...
Условите во спортската сала во Општина Кисела Вода се навистина светски, европски, можеби најсовремени од ваков тип во државата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на спортската сала „Расадник“ во општина Кисела Вода, објект кој, според него, поставува нови стандарди во спортската инфраструктура во земјата. Мицкоски истакна дека салата, со капацитет од околу 1.000 гледачи, нуди услови кои се споредливи со европските и ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе ги почне разговорите за најавената реконструкција на Владата, која, потенцира денеска во изјава за медиуми, влегува во втората половина на мандатот и политички умно е да биде подготвена на секакви сценарија, како што се и предвремени парламентарни избори. – За брзо време веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали ...
Размената на информации помеѓу царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт или т.н.зелени ленти, ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар на ЕУ, особено во областа на дигитализацијата, ...
Изутрината, повторно имаше пожар на депонијата „Краста“, лоцирана на локалниот пат Куманово-Пчиња. Како што соопшти градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во моментов состојбата на депонијата е стабилна и активно се работи на нејзино санирање. – Во раните утрински часови повторно е дојдено до самоопожарување на јужната страна од депонијата поради ефектот на подземните гасови но со брза интервенција на дежурните екипи истата ...