Пратеникот Илир Демири учествува на дводневната седница на Комисијата за социјален развој, образование, истражување и наука на Парламентарното собрание на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), во Анкара. Главна тема за дискусија на седницата е: „Употребата на вештачката интелигенција во образованието“. Седницата била отворена со поздравен говор на претседателот на Комисијата, Рефик Озен, по што следело обраќање на заменик ...

Во 2023, 2024 и во 2025 година бројот на жени опфатени со скрининг на рак на грлото на матката се намалува, од 64.000 во 2023 година на 33.000 во 2025 година, што значи за период од три години имаме опфат од само 32 отсто од жените наместо посакуваната цел на опфат од 70 до 75 отсто. Поради тоа, во Македонија секоја година се дијагностицираат 24 жени на 100.000 со рак на грлото на матката. Тоа е двојно повеќе од Србија, речиси тројно повеќе ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска присуствуваше и се обрати на форум на тема „Идентификација на еколошките приоритети на општина Тетово“. На форумот присуствуваше и Билал Касами, градоначалник на Општина Тетово. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, на форумот беше соопштена и една значајна новина на локално ниво – Општина Тетово ќе биде првата општина која системски ...

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денеска оствари средба со штипскиот гимназијалец Даниел Христов, кој освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, едно од најреномираните и најпредизвикувачките меѓународни натпреварувања во оваа научна област, на кое учествуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет. Во писменото соопштение од општина Штип се наведува дека градоначалникот упатил искрени честитки за ...

– Фирма од Гостивар на која и била одземена лиценцата за работа, бесправно им наплатила на станари 208.500 денари за реновирање и уредување на внатрешни простории во зградата. Како што соопшти МВР, поднесена е кривична пријава не само против правниот субјект, туку и против В.Д.(44) од Гостивар кој неовластено се послужил со паричните средства. -СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и В.Д.(44) од Гостивар поради ...

Во Министерството за локална самоуправа денеска беа потпишани договори за реализација на два инфраструктурни проекти во Општина Берово, насочени кон подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на граѓаните. Како што информираше градоначалникот Петар Ружински, станува збор за реконструкција на крак 1 и крак 2 од улицата „15-ти Корпус“ -За реализација на оваа активност се одобрени 2.677.646 денари, како и за оградување и ...

Во индустриската зона „Чуката“ во Пехчево отпочнаа градежни работи за изградба на дел од улицата 1. Со ова како што информираат од Општината се започнува реализација на нов инфраструктурен проект во зоната. -Проектот очекуваме да придонесе за унапредување на условите за работа на постојните капацитети, како и за создавање подобри предуслови за привлекување на нови инвестиции и економски развој на зоната, истакнаа од Општина Пехчево. Оттаму ...

Општина Делчево е подготвена за одржување на првиот Бизнис-форум кој ќе се реализира под мотото „Заедно да подадеме рака на развојот“, а кој има за цел да ги обедини бизнис-секторот од пограничниот регион, институциите и локалната самоуправа. Настанот претставува платформа за размена на идеи, визии и можности за економски развој на Делчево и поширокиот регион, со посебен акцент на унапредување на деловната соработка и привлекување нови ...

Во единственото средно училишта во Дебар, гимназија „28 Ноември“, во учебната 2025/2026 година образованието го завршуваат 111 ученици, што е за 15 помалку од минатата учебна година, додека во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, 23 или тројца ученици повеќе споредено со минатата година. -Во нашата образовна институција средното образование го завршуваат 111 ученици, од нив 30 со настава на македонски јазик, при што за државна матура се ...

Безбедноста и здравјето при работа не трпи импровизации, политиканство и суети и не смее да биде тема само кога ќе се случи трагедија, кога ќе загине работник. Оваа област бара индивидуална и колективна одговорност зашто не се сведува само на физичка заштита, туку подразбира и системска грижа за менталната благосостојба на луѓето, за организацијата на работата, за превенцијата на стресот и создавањето работни средини во кои секој ќе може да ...

Земјоделците повторно ќе можат да ги користат финансиските средства од ИПАРД програмата. Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, навремено реагираше и го активираше националниот механизам, поврзан со случајот во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделците, побарано беше од Брисел да се изврши вонредна контрола со цел да не се дозволи да се фрли црна дамка врз институциите и земјоделците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. ...

Доживотна казна затвор доби 74-годишниот штипјанец Денис Асанов, кој лани ја убил 79-годишната Борјанка Николова од Штип, по што го распарчил нејзиното тело. Дел од нејзиниот труп беше пронајден во дворот од неговата куќа, а останатите делови од телото не беа пронајдени, иако полицијата, заедно со штипското комунално претпријатие „Исар“ извршија претраги и на депонијата „Трештена скала“ во Штип. Судијката, Јулијана Недкова денеска во ...

На маргините на UNECE Resource Management Week 2026, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари серија значајни средби со високи претставници на Обединетите нации, меѓународни институции и експерти од енергетскиот сектор, во насока на зајакнување на соработката во процесите на енергетска транзиција, одржливо управување со ресурси и регионална интеграција, информираат од Министерството. Божиновска ...

Повеќе од 600 прилепски првачиња денеска присуствуваа на едукативната театарска претстава што се одржа во големата сала на Центар за култура „Марко Цепенков“, во организација на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и Општина Прилеп. Претставата со наслов „Застани, погледни, па на пешачки помини“ е дел од едукативната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. -Сакаме ...

Општина Илинден денеска ја одбележа 25-годишнината од смртта на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерство за одбрана на Македонија загина во Вејце на 28 април 2001 година. По тој повод, пред спомен-плочата во населеното место Бунарџик беше положено свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на неговата жртва. Почит оддадоа членови на семејството на Петковски, делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар ...

Започна поставувањето на 40-те камери, системот „Безбеден град“ во туристичките центри Охрид и Струга ќе почне да функционира пред почетокот на летото. Граѓаните задоволни, велат на овој начин значително ќе се подобри безбедноста, посебно во шпицот на сезоната кога владее сообраќаен хаос, а по улиците неконтролирано се дивее. – „Не сакам да звучи неубаво, но лудило е, навистина е лудило од поединци. Секоја чест на останатите, но навистина е ...

– Претседателот на Собрание, Африм Гаши, во Љубљана оствари официјална средба со претседателот на Собрание на Република Словенија, Зоран Стевановиќ. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, биле потврдени одличните односи и стабилното партнерство меѓу Македонија и Словенија, со посебен акцент на потребата од интензивирање на меѓупарламентарната соработка и градење нови мостови на соработка во области од заеднички интерес. ...

Дигитализацијата на плаќањата бележи постојан напредок во изминатиот период, поддржан од активната улога на Народната банка во унапредувањето на платежната инфраструктура, како и од инвестициите на банките во современи технолошки решенија- ова го истакна директорката на Дирекцијата за платни системи Биљана Доновска Гечева, во интервју за емисијата „Бизнис објектив“. Таа нагласува дека Законот за платежни услуги и платни системи овозможи влез ...

Денеска пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци. Во согласност со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на „Kosovо Finance Forum 2026“, каде се обрати на тема „Градење доверба на финансиските пазари во Западен Балкан“, информираат од неговиот Кабинет. Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакнал дека довербата е клучен предуслов за инвестиции, економски развој и стабилност, особено во време на динамични економски и геополитички промени. Тој нагласил дека европската интеграција ...

Прекуграничното управување и зачувување на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка е главната цел на новиот европски проект LIFE DinPin Bear (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048), кој до 2031 година ќе го спроведуваат девет европски држави, вклучително и Македонија, под водство и координација на германската организација „Евронатур“. Во рамки на проектот, претставници на Македонско еколошко друштво (МЕД) и Министерство за животна ...

Делегација на Партија за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на посетата на Измир оствари средби со здруженија на иселеници од Македонија, се наведува во соопштението од ТХП. На средбите беше нагласено значењето на иселениците како силен мост помеѓу двете земји, при што беа разменети мислења за предизвиците со кои тие се соочуваат. Посебно внимание беше посветено на прашањето за добивање ...

Млади од Охрид учествуваа во теренска акција за воспоставување еколошки противпожарни појаси во подрачјето на Белчишкото Блато, во рамки на проект насочен кон превенција од пожари и заштита на природните вредности. Акцијата ја спроведе Здружението „Екоменолог“ од Охрид во рамки на проектот „EcoFire Youth Ambassadors – Интеграција на управување со пожари, наследство и одржливост на Охридското Езеро“. Во активноста учествуваа ученици од ОУ ...

Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид. Кај пет од жртвите обдукциското мислење од Институтот за судска медицина исто така констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат на недостиг на воздух и кислород во околната средина. Обдукцијата на три од жртвите што ...

Во контекст на вчерашните јавни настапи поврзани со измените на Законот за Влада, сведочиме на сериозна конфузија, некоординираност и очигледен раскол во редовите на СДСМ, истакна на прес-конференција Никола Мемов од Движење ЗНАМ за Наша Македонија. Во текот на само еден ден, од иста политичка адреса стигнаа различни, меѓусебно неспоиви пораки. Наместо јасно дефиниран став и политичка конзистентност, јавноста доби изјави што се разликуваат и ...

Во текот на минатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 620 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини на територијата на градот Скопје. Како што информираат од јавното претпријатие, реализирани се две поголеми интервенции во чиишто рамки се отстранети обемни диви депонии во скопските општини Чаир и Гази Баба. Во општината Чаир е интервенирано на улицата Славеј планина, во ...

Проширувањето треба да остане процес базиран на заслуги, но да не биде попречен од краткорочни политички пресметки. Aко стандардите се исти, тогаш и третманот треба да биде ист – истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши, на меѓународната конференција „Западен Балкан во вителот на новата геополитика на безбедноста“, во рамките на третиот меѓународен состанок на пријателите на Западен Балкан во Љубљана, организирана од Nizami Ganjavi ...

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите, кои го следат процесот во судницата. ...

Нова транша од 176,6 милиони денари или приближно 2,9 милиони евра се трансферирани од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Ова е втора транша во оваа година што се пласира кон Развојната банка, а оттаму кон комерцијалните банки, преку кои се пласираат средствата кон крајните корисници, компаниите. Досега во домашната економија вкупно се пласирани 14 милијарди денари или 227,3 милиони евра. – Владата ги ...

Градоначалникот Тони Коњановски приреди прием за актерите учесници на Интернационалниот фестивал на монодрама кој деновиве се одржува во Битола. За време на приемот, градоначалникот Коњановски беше информиран од директорот на НУ Центар за култура Сашо Илковски за текот на фестивалот и фестивалските новини, а гостите на фестивалот споделија импресии од престојот во Битола. Како што е познато, годинава на Интернационалниот фестивал на монодрама ...

Фини момци

4 минути - МРТ
weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
34%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
36%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
56%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
0.81
40%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
64%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
3.6
40%
1015
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
8.23
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
52%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Иридиум

253540.09

Злато

166450.52

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89