Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода денеска ќе биде пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски Владата. По тој повод општината организира целодневен настан под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“. – Во текот на целиот ден посетителите ќе ...
Изминатата година поставена е нова насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара, се наведува министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на министерската функција. – Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и ...
Демагошката програма на СДСМ полна со празни и излитени флоскули, на Венко Филипче не му носи никакви позитивни резултати или пак посакуван ефект, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и последните анкети кои повторно покажуваат огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДСМ. Потиснат од ваквите резултати на јавното мислење, каде народот јасно потврдува дека не гледа опција во СДСМ, Филипче се впушта во романса со Бугарија ...
Изгаснат е пожарот над градот Штип, потврди градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Пожарникарот водич во Територијалната Противпожарна единица-Штип Дарко Коцев вели дека околу полноќ кога пожарот е ставен под контрола, екипи на ТППЕ во текот на ноќта контролираа со цел повторно да не се разгорат пламените јазици. – Попладнето кога го добивме повикот за пожарот, на терен излеговме 23 пожарникари, односно имавме целосна мобилизација на ...
Почнат е процесот за приклучување на Македонија кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“. Роамингот како дома претставува една од најконкретните придобивки од европската интеграција, која директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните преку пониски трошоци и полесна комуникација во странство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во таа насока, законската рамка во земјава е веќе усогласена со европските директиви и регулативи во ...
Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица, соопшти Царинската управа. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени ...
Во рамки на меѓународниот симпозиум што го организираа Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај, гувернерот на Народната банка Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата, како што информира Кабинетот на Славески, беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за ...
На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварија средба со бугарската претседателка Илијана Јотова, , се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова. Во фокусот на разговорот беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската ...
Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања!, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објава на социјалните мрежи по средбата со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова, што се одржа на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија. Во фокусот на разговорот со Јотова, како што вели, беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската евроинтеграција. – Изразивме ...
Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. МИА информираше дека попладнево од гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вечерва на ...
Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени. Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип. Градоначалникот на општина Штип ...
Собранието вечерва, со 62 гласови против, 21 „за“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните ...
Со забрзано темпо се спроведуваат реформите поврзани со европската интеграција на земјата, оцени евроамбасадорот Михалис Рокас. Според него, и покрај одредени доцнења во исполнувањето на обврските, во изминатиот период е постигнат видлив напредок во нивната реализација. Рокас очекува до крајот на месецот Собранието да ги разгледа и усвои преостанатите реформи, по што Европската комисија ќе ја направи конечната оценка за постигнатите ...
Немојте да изнесувате само политички флоскули дека нешто е катастрофално. Дворот беше премногу валкан и презадолжен – таква ситуација наследивме од вашите седум години власт. Да имавте барем малку доблест да работите домаќински и економски, денеска ќе беше многу поинаква ситуацијата – им порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на пратениците од опозицијата, кои бараат негова интерпелација. Трипуновски ...
Водата на скопската територија е безбедна за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг- активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие биле земени 40 примероци од скопската водоводна мрежа. – Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ...
Претставници на Министерството за внатрешни работи од Одделот за внатрешна контрола биле во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Како што соопштија попладнево од МВР, делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, предводена од помошник на министерот, м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржала работна посета на ...
На маргините на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Албулена Хаџиу, вршител на должноста претседателка на Република Косово. На средбата обете изразија подготвеност за унапредување на македонско-косовските односи во интерес на стабилноста и европската иднина на регионот. Сиљановска-Давкова упати честитки за успешното спроведување на ...
Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговорите на земјата со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите поврзани со историската комисија – изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). – ...
Нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев, одлучи вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги потврди одлуките што претходно денеска ги донесе ИК за со кои се избрани над 30 нови претседатели на општински комитети на партијата. ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партискиот прес-центар по седницата на ЦК, се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија. – Миле Лефков е ...
Филмот „Утре наутро“ триумфира во регионот – освои пет награди и обезбеди регионална телевизиска дистрибуција. Воедно, најавено е и новото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“, кој ќе се одржи од 8 до 15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија. Кој е патот до меѓународен успех, кои се најголемите предизвици за домашните автори и каков е интересот за фестивалот „Преку езерото“? Мила Тодорова разговара со режисерот Јани Бојаџи. Филмот ...
Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, како што информираат од МФ, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. -Ова претставува 92 отсто ...
Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“, што се одржува во Скопје во организација на Амбасадата на САД, во име на Бирото за киберпростор и дигитална политика (CDP) при Стејт департментот. ...
Фемицидот да се третира како најтешко кривично дело со можност за доживотен затвор, заострување на казнената политика, силен институционален одговор, професионализација на службите, законска одговорност, се вметнати во заклучоците што денеска ги изгласаа членовите на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите на 9-тата седница. Претседателката на Комисијата, Жаклина Пешевска, рече дека по исцрпните дискусии изнесени на јавната ...
Ние видливо ставаме фокус на полициентричен развој на државата преку поддршка на сите општини бидејќи развојот не смее да се концентрира само на едно место или само во еден регион – истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински пред членовите на собраниската Комисија за локална самоуправа образложувајќи го предлогот за изменување и дополнување на стратегијата за регионален развој на земјава за периодот 2021 – 2031 година. ...
Генералниот секретар Марина Димовска предводи делегација на службата на Собранието, во состав Бобан Стојаноски, заменик на генералниот секретар, Елена Доцевска-Божиновска, државен советник за политички систем, Сања Богатиновска, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на политичкиот систем, Данчо Јаневски, раководител на сектор за работни тела на Собранието од областа на финансискиот и економскиот систем и јавните ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на мониторинг-комитетот за инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање Сали истакна дека Македонија останува целосно посветена на ...
Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес. Тоа е стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан – порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржа денска во Софија ...
Денеска завршува учебната 2025/2026 година. Година која беше подобра од претходната и во која воведовме многубројни новини во воспитно-образовниот процес во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на ...
Економскиот развој на Македонија за ВЛЕН е тесно поврзан со продлабочувањето на стратешките партнерства и конкретната соработка со пријателските земји, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Во таа насока, по повеќе од 12 години, Македонија и Турција го обновуваат дијалогот на високо ниво за патниот транспорт, што претставува значаен чекор кон зајакнување на економската и институционалната соработка меѓу двете земји. Во Скопје, ...
Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Како што информираат од ...