Во организација на Проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“, утре во Берово ќе се одржи јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведувањето на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион. Како што информираат од Општина Берово, јавната расправа ќе се ...

Владата останува на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, а според премиерот Христијан Мицкоски, податоците за првиот квартал од годинава се показател дека македонскиот БДП е еден од најдобрите во Европа. – Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 проценти, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени ...

Народната банка го објави Конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2027 година. Наградата се доделува за да се поттикне развојот на научната мисла и изработката на истражувачки трудови од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи, како и за да се афирмираат млади и стручни кадри. Право на учество на Конкурсот имаат државјаните на ...

Оперативниот план за вработување за 2026 година e значаен чекор во насока на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд, a посебен акцент се става на отворање на нови работни места и намалување на невработеноста. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус го става отворањето нови работни места и создавање можности за вработување, со што се настојува да се подобри економската состојба и да се намали стапката на невработеност ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница разгледа четири предлог-закони: Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Македонија, Предлог законот за изменување на Законот за судовите и Предлог законот за ...

Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел-дискусијата, на која говореше заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската бизнис-асоцијација. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридорот 10 и ...

Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје. Како што информираше претседателот на СјОРМ, Башким Бесими, постапката за избор на нов Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, уште ...

Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје му издаде упатен акт на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за издржување на едногодишната казна затвор. Како што соопштуваат од Кривичен суд, осудениот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година. Претходно, Апелацискиот суд Скопје делумно ја потврди првостепената пресуда во предметот за изградбата на општинската зграда во Карпош и ја потврди ...

ВРЕДИ не ветува, туку реализира. Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, ги презентираше конкретните резултати од имплементацијата на системот „One Stop Shop” на граничниот премин Блаце, кој донесе видливи придобивки за граѓаните, се наведува вп партиксото соопштение. Од 4,6 милиони патници во периодот 2024–2025 година, бројот е зголемен на 6,6 милиони во периодот 2025–2026 година, односно за повеќе од 2 милиони патници или раст ...

СВР Охрид поднела кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Дебрца за „злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. -СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во периодот од 2017 до ...

Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со извршната власт, вклучително и контактите со премиерот, не ја смета за спорна и потенцира дека таа не влијае врз независноста во одлучувањето. Во контекст на зголемените јавни критики и изјави од политичкиот врв за работата на Обвинителството, Савески истакна дека очекувањата за резултатите се ...

Финансиската стабилност на општините, продлабочувањето на децентрализацијата и новиот Стратегиски план 2026–2030 се во фокусот на втората седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, пред почетокот на состанокот. Тој посочи дека на седницата ќе се разгледаат клучни прашања поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, како и идните иницијативи на здружението. – Ќе ...

Во периодот од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“, со учество на претставници од повеќе земји и воени структури. На конференцијата, како што соопштија од Армијата, учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави – Националната гарда на државата Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. армиска команда за обука и 2. коњички полк, ...

Со 56 гласа „за“ и еден „против“, Собранието денеска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата ја избра Катерина Зајковска Скопје, дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Испразнетото место во ДКСК беше по оставката на Цвета Ристовска, откако се утврди дека иако во анкетниот лист пријавила дека нејзините синови имаат фирми, таа не пријавила дека една од фирмите учествувала во изборната ...

Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски вели дека нашата држава го има клучниот проблем да ги почне преговорите и тој проблем е билатерален, наметнат, иако од страна на нашиот источен сосед Софија постојано се вели дека ние имаме работа со Европската Унија, а не со Софија. Тој вели дека новите европски иницијативи се шанса, но блокадите мора да престанат со механизми од страна на ЕУ. Димитровски посочува дека претходната ...

Македонската економија е стабилна. Проекцијата за раст на БДП останува непроменета, Околу 3,5% до крајот на годината. Моментално во првиот квартал македонксата економија порасна за 3,3%. Според овој параметар, Македонија е меѓу првите десет земји во Европа. Според последните податоци на Евростат, растот на Македоската економија е за три пати повисок од кварталниот раст на ЕУ, кој изнесувал само 1%,. Нашиот раст е пак уште повисок и од растот ...

Пацинети пред операција биле враќани дома поради наводно лоша крвна слика, а на нивно место хирурзи оперирале други луѓе. Вработени доктори и медицински сестри во клиниките и болниците на закажани термини не се појавувале на работа. Министерот за здравство Азир Алиу на брифинг со новинарите, неофицијално откри низа злоупотреби во здравствениот систем. Тој добил бројни поплаки од пациенти кои се жалеле дека морале да прават дополнителни ...

Поефикасна локална администрација, подобри комунални услуги, поодржлив јавен превоз и поголема финансиска стабилност на општините. Ова се дел од приоритетите во новиот Стратегиски план на ЗЕЛС за наредните пет години. Според скопскиот градоначалник во изминатите две години Владата обезбедила значителна поддршка за општините во реализација на инфраструктурни проекти, меѓу кои изградба на патишта, канализации и проекти од комуналната сфера, но, ...

Неосновани исплати поради пропусти во системот за остварување и исплата на права од социјална заштита, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). Како што информира, слабостите во системските контроли и размената на податоци меѓу институциите и недоволната ажурност и проверка на податоците за корисниците, придонеле да се исплаќаат социјални права без целосно исполнување на законските услови при што е нанесена штета на државниот Буџет. Според ...

ДУИ ја призна вината за Правосудниот испит. Шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со свои зборови го кажа она што ВРЕДИ го тврди со месеци: ДУИ додека беше на власт, не им даваше приоритет ниту на албанскиот јазик, ниту на Правосудниот испит, се наведува во соопштението од ВЕДИ. Само неколку месеци по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, ДУИ го изгласа Законот за Правосудниот испит без негова усогласеност. ...

Со изведување материјални докази од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и на преземени и непреземени ...

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот ...

Ставањето на Бугарите во Устав само ќе ја отворат пандорината кутија – следуваат акциски план, историска комисија, протоколи и 15-тина други услови. И тоа не ништо ново. Тоа е ветувањето и уцените што ги прифати владата на СДСМ и ДУИ уште во 2022 година, само што требаше да поминат 3-4 години за да тоа го види цела Европа. Премиерот Мицкоски, останува цврсто на ставот дека уставни измени без гаранции за предвидлив крај на евроинтегративниот ...

Само во 2024-та 235 луѓе во исто време земале и пензија и социјална помош со што го оштетиле буџетто за 236 илјади евра, утврди државната ревизија. Во извештајот стои дека главен проблем се пропустите во центрите за социјална работа. „Ревизорите утврдиле дека ЦСР и Агенцијата за вработување ја спроведуваат неефикасно законската обврска за изработка и следење на индивидуални планови за активација на невработените корисници на гарантирана ...

Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски вели дека со изградба на национален политички консензус позициите на државата ќе бидат посилни надвор. Очекува опозицијата да ја увиди својата грешка со прифаќање на францускиот предлог и оти со посилна позиција дома и нашите позиции надвор ќе бидат посилни. – Во разговори со амбасадори, во разговори со претставници од ЕУ, со луѓе што се упатени во условите овде, затоа што не секаде ги ...

Инвазија од бубашваби, лебарки и стаорци во Скопје. Скопјани од различни делови од градот велат дека секојдневно ги гледаат овие штетници речиси на секој чекор, како во нивните домови, влезови, гаражи, па дури и на улиците. „Стаорци не сум видел бидејќи не одам по подруми, но бубашваби има. Дома имам, колку сакаш ги има. Претежно и по скалите, кај што има излези од канализација, по вертикалите. Има, треба дератизација.“- велат граѓаните. Од ...

СДСM не излегува од криминалната матрица. Нивниот поранешен министер Николовски ќе биде запаметен по нерешените предмети, институционалниот хаос, наталожените проблеми, неисплатените плати и субвенции, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во нивно време единствено цветаше криминалот. Вчера СДСM докажа дека ги боли работата и напредокот на земјоделството во Македонија. Во неполни 2 години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплати близу 14 ...

Во просториите на СЕМОС Едукација денеска ќе бидат прогласени победниците на националниот натпревар Microsoft Office Specialist (MOS). На натпреварот учествуваат ученици од околу 20 средни училишта од целата држава, кои ги демонстрираат своите знаења и вештини во користење на Microsoft Office алатките. Победникот на националниот натпревар, заедно со својот ментор, ќе ја претставува Македонија на Светскиот Microsoft Office Specialist натпревар ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на 2 јули треба да влезе во Шутка и да издржува затворска казна. Тој речиси 5 месеци беше во домашен притвор поради што му преостануваат уште 7 месеци зад решетки. Судија од Одделот за санкции при Кривичниот суд му издаде упатен акт на Јакимовски, потврдија оттаму. Кривичниот суд во април минатата година му досуди казна затвор од три и пол години поради незаконски постапки при ...

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа. Пожарот ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.31
47%
1022
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
63%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
80%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.78
60%
1024
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.27
51%
1022
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.33
90%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
1.79
42%
1020
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
57%
1022
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.68
57%
1022
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
53%
1021
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
63%
1022
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.62
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.40

Иридиум

253540.09

Злато

133769.08

Платина

53498.84

Калај

53.45

Цинк

0.00

Сребро

2087.39

Бакар

12.73

Паладиум

39866.93