Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени за 0.5 проценти, а за 4.4 проценти споредено со март минатата година. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени во секторите ...

Високиот национален претставник во Комитетот за градење отпорност при НАТО, Стојанче Ангелов, вчера учествуваше на годишниот состанок во седиштето на Алијансата во Брисел. На средбата, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, се дискутирало за инвестициите на сојузниците во отпорноста, цивилната подготвеност и исполнувањето на обврската од Самитот во Хаг – издвојување 5 отсто од националниот БДП за одбраната. -Определбата ...

Амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром, следната недела, од 4-ти до 9 мај, ќе патува низ целата територија на Македонија, посетувајќи ги сите поголеми градови, со цел да ги истакне и одбележи бројните силни, како долгогодишни така и нови врски и партнерства помеѓу двете земји. Посебен фокус, како што информираат од Амбасадата, ќе биде ставен на придонесот на шведските компании, резултатите од шведската реформска соработка, како и на ...

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ постави нови информативни табли со нов и модерен дизајн за националниот парк „Пелистер“. Според одлуката на менаџментот, поставувањето на новите инфо-табли е со цел да ја промовира важноста и културно-историското значење на петтоигличестиот бор молика. -Моликата позната и како Македонски Бор е пронајдена во далечната 1839 година, и тоа е само еден од поводите да продолжиме со приказната за НП ...

Полициски службеници завчера лишиле од слобода едно лице од Тетовско, откако во неговата куќа е пронајдена марихуана, соопшти Министертвото за внатрешни работи. -Завчера во 20:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(26) од с.Мала Речица, тетовско. При претрес во куќата во Тетово, во која престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана – инфрмира МВР. Лицето е задржано во полициска ...

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан пристигна во Скопје. Тој на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. -Добредојде за претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје. Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на ...

Напаѓачот кој се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа во неделата е обвинет за обид за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп. Првото рочиште на кое беше изведен напаѓачот траеше само 13 минути. Судот ја соопшти максималната предвидена казна – доживотен затвор. Напаѓачот останува во притвор, а следното рочиште ќе се одржи на 30 април. Тој „се обидел да го убие претседателот на Соединетите Американски Држави, ...

Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди поддршката за Иран за време на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Санкт Петербург. Како што јави руската новинска агенција Интерфакс, Путин изјавил дека минатата недела примил порака од врховниот верски лидер Мојтаба Хаменеи, син на убиениот ајатолах Али Хаменеи, со што се потврдува продолжувањето на стратешкото партнерство меѓу Москва и Техеран. Кремљ дополнително ...

Иран изјави дека ќе ја прекине контролата врз Ормутскиот теснец под два услови. Едниот е САД да ја прекинат блокадата, а другиот е војната да заврши. Тие исто така предложија дискусиите за поширокото прашање за неговата нуклеарна програма да се одржат во подоцнежна фаза од преговорите. Понудата им ја пренесоа на Американците пакистански дипломати. Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп веројатно нема да прифати таков предлог. Иран ...

Сајбер безбедноста повеќе не може да се третира како техничко прашање, туку како клучен фактор за отпорноста на државата и функционалноста на економијата, порачува министерот за дигитализација Стефан Андоновски. Во обраќање на бизнис-конференцијата за сајбер безбедност, во организација на Македонски Телеком, посветена на новата регулатива за безбедност на мрежни и информациски системи и предизвиците во заштитата на дигиталната инфраструктура, ...

Тригодишно дете прегазено пред очите на мајката. Ученик прегазен на пешачки премин, три деца во еден ден завршија во болница со тешки телесни повреди како резултат на сообраќајни несреќи кои се случија во Скопје и во Тетово. Сè повеќе вакви информации ги полнат полициските билтени, во кои жртви се деца. Ова го вклучи алармот кај надлежните за да стартува национална едукативна кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ за поголема ...

Доживотен затвор за таканаречениот „касап од Штип“. Основниот суд во Штип го прогласи за виновен 75-годишниот Денис Асанов за бруталното убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Убиството, поради својата бруталност и начинот на извршување, предизвика големо внимание во јавноста, а во текот на целата судска постапка Асанов не призна вина. Тој тврдеше дека ја пронашол жртвата мртва во неговиот дом, по што тројца мажи, меѓу кои го препознал и ...

По информации и дојава од американското ФБИ, македонската полиција спроведе акција за апсење на двајца онлајн измамници во тетовска Мала Речица. Станува збор за разбивање на дел од нелегален онлајн пазар вреден најмалку половина милион долари, при што биле злоупотребувани и лични податоци. Во координираната акција со ФБИ приведени се двајца 20 и 23-годишни млади лица, за кои постојат основани сомненија дека биле администратори на онлајн ...

Во пресрет на протестот, од Уставниот суд излегоа со соопштение во кое појаснуваат дека сè уште не е донесена конечна одлука за спорниот предмет. „Во конкретниот предмет е поведена постапка врз основа на изразен сомнеж за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на член 76-љ од Законот за културата“, соопшти Судот. Оттаму нагласуваат дека станува збор за втора фаза од постапката, во која допрва ќе се оценува уставноста и ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжени кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, во временскиот период од 2023 година до 27 април оваа година на различни локации принудувал на полов однос дете родено во ...

СВР – Охрид ја информира јавноста дека од утре за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези што привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеишта и Мешеишта, во атарот на Општина Дебрца. Заради безбедно вклучување на автопатската делница во близина на тие населени места, возачите на моторни возила од утре исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот ...

Согласно правилата за заштита на рибниот фонд за време на мрестот, од почетокот на мај се воведува едномесечна забрана за риболов на два вида риба на Дебарско Езеро. – Поконкретно се воведува забрана за риболов на клен во периодот од први до 31 мај, како и забрана за риболов на крап од 5 мај до 10 јуни. Од 15 мај до 30 јуни ќе има забрана за лов на црна мрена а колку за потсетување во тек е забрана за риболов на скобал, која трае до 15 мај, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување на една од националните телевизии говореше за процесот на интеграција во Европската Унија, билатералната поддршка, Планот за раст и Реформската агенда. Говорејќи за спроведувањето на реформите, министерот истакна дека нивната реализација не е прашање на субјективна перцепција, туку на мерливи резултати. -Прашањето дали се спроведуваат реформи не е субјективно ...

Прашањето за уставните измени може да се стави на маса во оној момент кога ќе изградиме доверба преку јасни гаранции, барем некој минимален меѓусебен реципроцитет во делот на почитувањето на човековите права. Тоа е нашето очекување, на тоа работиме, вели шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. Во гостувањето на една од националните телевизии, Муцунски рече дека кардиналните грешки направени од претходната влада не може да се решат ...

По речиси една деценија, вечерва од овој простор испраќаме силна порака за поддршка, континуитет и јасна определба дека уметноста мора и треба да има свое заслужено место во нашето општество. Ова го истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во Музејот на современата уметност на отворањето на изложбата на откупени ликовни дела на конкурсот на Министерството за култура и туризам за 2026 година. Љутков нагласи дека годинава се ...

СВР Битола поднела кривична пријава против три лица кои земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка. -Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги лишија од слобода Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ – соопшти Министерството за внатрешни ...

Проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, е реизбрана за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на УКИМ денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање избираше меѓу двајцата кандидати за нов ректор – Биљана Ангелова и Дарко Данев. -Врз основа на член 175, алинеја 10, членовите 180 и 181 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” ...

Коалицијата „Вреди“ на 9 мај официјално ќе прерасне во единствена политичка партија чии копретседатели ќе бидат Изет Меџити и Билал Касами, додека функцијата генерален секретар ќе ја извршува Беким Сали. Како што беше најавено на денешниот брифинг со новинарите, новиот политички субјект ќе биде структуриран со пет потсекретаријати, со рамномерна распределба од по 20 отсто за сите пет политички партии кои моментално се дел од коалицијата. ...

Клиничката болница во Тетово ќе добие еколошки систем за греење. Проектот за замена на системите за греење со еколошки алтернативи е поддржан преку ИПА 3 програмата за чист воздух и се очекува да се реализира во периодот 2026/2027 година. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска беше во посета на Клиничката болница во Тетово каде во разговор со директорот на болницата Ерзен Елези беше истакнато дека оваа ...

Под мотото „Чествување за бесмртните“ општина Велес денеска ја одбележа 123 годишнината од Солунските атентати и саможртвата на гемиџиите за Македонија, со која младите интелектуалци во најголем број велешани, сакале да го свртат вниманието на Европа за поробена од Турците, Македонија, а кои серија настани се одржале во Солун на крајот на април во 1903 година. По тој повод делегација на општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев ...

Обвинителството на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани презентира медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот, во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица. Во судницата во „Идризово“ обвинителката Наташа Сарамандова ги презентира вештачењата за 157 лица со тешки телесни повреди, како и 65 оштетени, кои добиле телесни повреди. Од сите повредни во ...

Советот на Општина Маврово и Ростуше, на предлог на градоначалникот Онер Јакупоски, донесе одлука насочена кон поттикнување на локалниот економски развој и поддршка на младите претприемачи. -Новата мерка предвидува конкретна поддршка за физички лица на возраст од 18 до 29 години кои се постојани жители и сакаат да основаат сопствено трговско друштво (фирма) на територијата на нашата општина, информираа од општината. Додаваат дека главниот ...

Директор за инвестиции и менаџмент, а не доктор или неврохирург. Фирма сместена во индустриска зона, а не некоја позната болница. Извадена во 2023-та година, а трае до далечната 2033-та. Досега необјавени документи за златната виза на докторот Венко Филипче, кои Алфа ги доби од свиркачи и ексклузивно ги објавува, покажуваат сосем друга реалност од таа што ја кажа лидерот на СДСМ. Златната виза, која вообичаено ја добиваат богати бизнисмени, ...

Врсничкото насилство во скопската населба Ѓорче Петров ја стави во фокус и безбедноста меѓу децата во училиштата. Бруталниот случај каде 3 малолетни девојчиња присилувале соученичка да јаде измет од куче, ја навредувале и потоа и физички ја малтретирале предизвика шок за јавноста. Во тек е истрага, а на разговор се повикани 14 лица меѓу кои и родителите на ученичките, а постапува и обвинителството. Надлежните потенцираат дека е неопходен ...

Нашата држава работи на десет критични точки, кои се обемни, а една од нив е реформите на Изборниот законик – истакна денеска министерот за европски прашања Беким Сали, кој одговараше на новинарско прашање дали е пристигнат извештајот на Европската комисија за 2025 година. – Една од специфичните точки е Изборниот законик, кој бара поголем, поширок консензус, не можеме тоа да го направиме преку ден, само за да го исполниме тој чекор затоа што ...

Фини момци

4 минути - МРТ
weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
34%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
36%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
56%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
0.81
40%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
64%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
3.6
40%
1015
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
8.23
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
52%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Злато

166450.52

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39