Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во Словенија од пред неколку дена важат нови одредби од Законот за странци кои предвидуваат познавање на словенечкиот јазик на основно и на егзистенцијално ниво. Според Законот услов за добивање дозвола за постојан престој, во Словенија ќе биде потребно основно познавање на словенечкиот јазик, додека за продолжување на привремениот престој поради обединување на семејството, условот ќе да биде познавање на јазикот на егзистенцијално ниво. ...
Десетици помали земјотреси, беа регистрирани во близина на првиот крак на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени, а грчките сеизмолози велат дека сè уште е рано да се каже со сигурност дека беше главниот земјотрес, додека последователните се во нормална рамка, јави дописничката на МИА од Атина. Големиот земјотрес што не предизвика никакви проблеми, беше регистриран кусо по 19 часот по локално време во морскиот дел на 12 километри ...
Во изминатите три години, мрежата „Безбедност за новинарите“ (SafeJournalists Network – SJN) регистрирала 633 напади врз новинари во регионот на Западен Балкан, од кои само 49 биле правно решени. Организацијата ги повика новинарите да пријавуваат вакви случаи до надлежните органи. „Иако мал број случаи биле решени правно во изминатиот период, новинарите не треба да се обесхрабруваат и треба да продолжат да ги пријавуваат сите видови напади до ...
Над 75 милиони Американци досега веќе го дадоа својот глас на претседателските избори во САД, користејќи го правото за рано гласање. Оваа бројка претставува нешто над 48 отсто од вкупниот број гласачи кои гласале на претседателските избори во САД во 2020 година, кога вкупно гласаа 154,6 милиони, објави американскиот портал Аксиос. Овие податоци покажуваат дека раното гласање и гласањето по пошта стануваат сè попопуларни методи на гласање. Во ...
Европската комисија започна формална постапка против кинеската платформа за онлајн продажба Tema за да истражи дали ги прекршува правилата за ограничување на продажбата на нелегални и потенцијално опасни производи на нејзината страница. Како што е наведено, Европската комисија се сомнева дека Тему го прекршува Европскиот закон за дигитални услуги (ДСА), пренесува Блумберг. Доколку се потврди сомневањето за прекршување на законот, Тему би ...
Годишната стапка на инфлација во еврозоната според прелиминарната проценка се зголеми од септемвриските 1,7 отсто на два отсто во октомври, соопшти вчера Евростат. Во октомври цените на енергенсите се намалија за 4,6 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од септември кога се намалија за 6,1 отсто. Спротивно на тоа, цените на услугите во еврозоната се зголемија за 3,9 отсто на годишно ниво, со исто темпо како и минатиот месец, а ...
Во петокот во Германија стапи на сила Законот за самоопределување, кој им овозможува на граѓаните да го менуваат своето име и пол во женско, машко или различно со изјава во матичната служба еднаш годишно, трета опција за пол која веќе постои според германскиот закон. Тоа им олеснува на трансродовите, интерсексуалните и небинарните лица да го менуваат полот во официјалните документи. Беше изгласан во април од коалицијата на левиот центар со ...
Во Софија вчера се одржал состанок помеѓу делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото поврзување. На состанокот биле прифатени трите аргументи за кои изминатиот период посочуваше министерот за транспорт, Александар Николоски во врска со железничкото поврзување на Северна Македонија и Бугарија преку Коридорот 8 – да има заеднички проект за да не се гради тунел кој не води никаде, Бугарија да го ...
Портокалово временска тревога е прогласена за неколку области во шпанските провинции Валенсија и Кастелон, откако во разорните поплави загинаа 158 луѓе. Армијата е повикана да им помогне на погодените области на Валенсија. Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите во Шпанија. Бројот на загинати достигна 158, во Валенсија и околните населени места – 155 лица, а само во Паипорта, предградие на Валенсија, загинаа најмалку 40 лица. Три ...
Европската комисија на утрешното заседание на Колеџот на комесари треба да го усвои Пакетот на извештаи за 2024 година за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ. Како што информира денеска портпаролот на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер, Пакетот ќе вклучува извештаи за напредокот на 10-те земји опфатени со процесот на проширување, вклучително и Северна Македонија. По усвојувањето на пакетот, тој ќе биде ...
Џорџо Армани е единствениот од италијанските модни великани кој сè уште лично се занимава со своите колекции. Иако во јули наполни 90 години и на негова возраст, обично, луѓето уживаат во времето внуците, правнуците и заслужениот одмор, за „Кралот на модата“ пензионирањето сè уште е „прашање на иднината“. – Можам да си дадам уште две или три години на чело на мојата компанија. Не повеќе. Тоа би било негативно… Компанијата „Џорџо Армани“ се ...
Џенифер Лоренс деновиве е актуелна со идното проширување на семејството, но и новата фризура привлекува внимание кај обожавателите и пошироката јавност. Имено, на премиера на еден филм во Лос Анџелес, Џенифер забележана во бела маица со црвена блуза врзана околу вратот и длабоки црни панталони… Но, се чини, нејзиниот заштитен знак повторно е фризурата со шишки. Инаку, глумицата последен пат се одлучи за „класични шишки“ во 2014 година на – ...
Шахистите на „Алкалоид“ одиграа нерешено 3:3 со „Туркиш Ерлајнс“ во дерби мечот на петтото коло од Европскиот клупски куп кој се одигрува во Врњачка Бања, Србија. По вчерашното изненадување кое го приреди турскиот тим совладувајќи го прворангираниот тим „СуперЧес“, денеска „фармацевтите“ имаа сериозна шанса за славје бидејќи поведоа со 3:1, но во финишот противниците успеаја да извлечат бод. Мечот започна со брза победа на Ју Јангји на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени, информираат од УХМР. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе се движи од 6 до 22 ...
Германскиот автомобилски концерн Фолксваген планира да затвори најмалку три фабрики во Германија и да отпушти десетици илјади вработени, објави синдикалниот огранок на Фолксваген во Волфсбург. Претседателката на работничкиот совет на Фолксваген во Волфсбург, Даниела Кавало истакна дека раководството тврди дека затворањето на фабрики и отказите за десетици илјади работници е поради опстанокот на концернот. Таа не наведе кои погони на ...
Европската комисија вчера со уредба воспостави дополнителни царини за електричните автомобили увезени од Кина, што ги смета за нелојална конкуренција. И покрај противењето на Германија, Брисел одлучи на данокот од 10 отсто кој веќе е во сила, да додаде до 35 отсто на возилата на батерии од кинеско производство, се вели во текстот на регулативата објавена од Комисијата на Интернет. Одлуката треба да биде објавена во Службениот весник на ЕУ ...
Владата најавува дека жестоко ќе се спротистави доколку повторно се зголемат цените. По министерот за економија, и премиерот Христија Мицкоски завчера најави дека ќе ги искористат сите алатки што им стојат на располагање со цел да се заштити стандардот на граѓаните. – Очекувам заедно со коморите, трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа, жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што ...
Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година. Ова е продолжение на трендот којшто трае неколку месеци, а според познавачите, се припишува на намалениот интерес на купувачите на електромобили. Но, и покрај тоа, електричен модел е најпродаваниот автомобил во Европа минатиот месец. Така, според податоците собрани од „ЈАТО динамикс“ (JATO Dynamics), „Моделот ипсилон“ на „Тесла“ (Tesla Model Y) е на првото место. ...
Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2024 година продажбите достигнуваат 9.997.468.062 денари, што е за 9 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 14.236.125.924 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се ...
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за нов претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се однесува кон потпретседателката Камала Харис „како кон бебе“ доколку таа биде избрана во Белата куќа и дека тоа ќе наликува како „голем шаховски мајстор да си игра со почетник“. -Ако Камала некако победи, ќе мора да се справи со Си Џинпинг, рече Трамп, говорејќи во радио емисија за ...
Имајќи ги предвид најновите случувања, се уште сум апсолутно убеден, повеќе од кога било, дека кандидатите за членство во ЕУ би можеле да бидат подготвени за прием во Унијата до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и МИА. – Ако сакаме поголема стабилност, поголема безбедност, просперитет во иднина, не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да ...
Годинешниот состанок на Антарктичката комисија (CCAMLR) повторно не успеа да постигне договор за заштитени подрачја. Набљудувачите соопштија дека земјите-членки не успеале да се согласат за формирање заштитени морски зони во Источен Антарктик, Веделовото Море и водите кај Антарктичкиот Полуостров, регион каде живеат пингвини, фоки и китови кои се под закана од климатските промени. Министерот за земјоделство на Германија, Џем Оздемир, изјави ...
Приходите на Панамски Канал во фискалната 2023/2024 година, што заврши во септември, стагнираат и се задржаа на ниво од претходната фискална година поради сушата. Приходите изнесуваат 4,99 милијарди долари, додека добивката е зголемена за 9,5 проценти и изнесува 3,4 милијарди долари. Преку Панамски Канал во 2023/2024 година поминаа 423 милиони тони товар и 27,3 бродови дневно, што е за речиси една четвртина помалку од претходната година. ...
Повеќе од 2.700 болнички лекари масовно поднесоа оставки како дел од организираниот протест поради условите за работа, пренесе ДПА. Синдикатот на лекарите ЛОЗ соопшти дека ова претставува повеќе од половина од болничките лекари во земјата. Тие се подготвени да ги повлечат оставките само доколку Владата исполни голем број барања кои вклучуваат нова болничка опрема и ангажирање дополнителен персонал. Досега не е постигнат договор со новиот ...
Светската здравствена организација објави дека повеќе од осум милиони луѓе се заразиле со туберкулоза, што е најголем број откако здравствената агенција на Обединетите нации почнала да води евиденција. Околу 1,25 милиони луѓе починале од туберкулоза минатата година, според новиот извештај, во кој се додава дека туберкулозата најверојатно ќе се врати како „најголемиот убиец во светот“ од заразните болести, откако беше заменета со КОВИД-19 за ...
Во првата половина на 2024 година, просечните цени на електричната енергија за домаќинствата во Европската Унија бележат мал пораст, од 28,3 евра за 100 киловат-часови (kWh) во втората половина на 2023 на 28,9 евра за 100 kWh. И покрај намалувањето на цената на енергијата, снабдувањето и мрежните услуги, кои беа намалени за два отсто во споредба со втората половина на 2023 година, вкупните цени се зголемија за два отсто бидејќи владите ги ...
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, по навредливата изјава на претседателот Џо Бајден за неговите поддржувачи, кои ги нарече „ѓубре“, синоќа на еден од последните митинзи пред изборите, во Висконсин оддржа говор во флуоросцентен елек каков што носат ѓубреџиите, а на самиот настан допатува со камион за ѓубре. „Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите. На митингот, тој ...
Членови на Европскиот парламент повикаа да се укине промената на сметање на времето во писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое ДПА имала увид. Часовниците во Европа се вратија еден час назад во текот на ноќта од сабота кон недела. Во писмото се вели дека сегашниот систем е застарен и оти укинувањето на промената на времето, исто така, се усогласува со посветеноста на Европската унија за поедноставување, ...
Во 2023 година регистрирана е рекордна концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, што неизбежно ќе доведе до зголемување на температурата следните години, соопшти Агенцијата на ОН, Светска метеоролошка организација. Според податоците на Светската метеоролошка организација, нивото на трите главни стакленички гасови – јаглерод диоксид, метан и азот оксид, кои придонесуваат за глобалното затоплување, повторно се зголемија минатата ...
Најновото истражување на компанијата Валикон, спроведено во четири земји од Западен Балкан, покажува дека ставовите на граѓаните за потенцијалниот победник на претстојните претседателски избори во САД се поделени, објави Ал Џезира. Разлики има и во перцепцијата за влијанието на тие избори врз меѓународните односи, особено кон ЕУ. Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември, а кандидати се Доналд Трамп од Републиканската партија и ...