Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е ...

Светската метеоролошка организација (WMO) соопшти дека 2023 година била најсушна година за светските реки во последните 30 години, поради рекордно високите температури кои довеле до сушење на водните текови и продлабочување на сушите. Во извештајот на WMO се посочува дека глечерите кои снабдуваат многу реки со вода претрпеле најголема загуба на маса во последните пет децении, предупредувајќи дека топењето на мразот може да ја загрози ...

Многу педијатри и психолози велат оти раната употреба на паметни телефони може да предизвика долготрајна штета. Така, детето не треба да има свој телефон пред да наполни шест години, смета психологот и професорка на Факултетот за спорт и физичка активност при британскиот Универзитет Шефилд Халам, Лијана Азеведо. Според неа, шестата година е критичен период во развојот на детето, пред којшто можеби не е соодветно да се изложува детето на какви ...

Закуска пред спиење му годи на телото, особено по долг, напорен ден. Сепак, она што се јаде пред спиење може или да го поддржи или да му наштети на човековиот метаболизам. Погрешна закуска може да го наруши варењето, т.е. да ги забави процесите на согорување на маснотиите, но влијае и на сонот. Во оваа смисла, според стручњаците, трите најопасни вечерни „вкусни задоволства“ се сладоледот, чипсот и крекерите. Сладоледот е една од најомилените ...

Стотици, можеби илјадници Холанѓани изгубиле пари поради пирамидалната шема за криптовалути. ОмегаПро кои ветувале огромен поврат на инвестициите се додека не пропаднала пирамидалната шема, објави весникот Де Телеграф. „ОмегаПро“ е основана во 2019 година на островите Свети Винсент и Гренадини, а седиштето било во Дубаи. Со него управуваат Германецот Дилавар С., Американецот Мајк С. и Швеѓанецот Андреас С. Компанијата се занимава со девизен курс ...

Високиот суд на ЕУ соопшти дека следниот месец ќе ја слушне тужбата за објавувањето на приватни СМС пораки што шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги испратила за да преговара за купување вакцини против Ковид-19. Случајот се фокусира на пораките што Фон дер Лајен ги размени во екот на пандемијата со Алберт Бурла, главен извршен директор на Фајзер, за да помогне да се организираат големи набавки на вакцини во ЕУ. Размената беше ...

Ураганот Милтон се засили во ураган од петта категорија од скалата Сафир-Симпсон, соопшти вчера американскиот Национален центар за следење урагани. Според извештаите, ветровите предизвикани од ураганот Милтон достигнуваат и до 257 км/ч, што го надмина прагот за петта категорија на урагани, јавија американските медиуми. Според Националниот центар за урагани ќе биде погоден западниот брег на Флорида до средината на неделата, веројатно в среда. ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 75,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 77,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денари и ќе ...

Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкун ја добија годинашната Нобелова награда за медицина за откритието на микроРНК, нова класа на ситни РНК молекули кои играат клучна улога во регулацијата на гените, објави денеска шведскиот институт Каролинска. „Годинашната Нобелова награда им оддава почит на двајца научници за нивното откритие на фундаменталниот принцип кој управува со тоа како се регулира активноста на гените“, се наведува во ...

Полицијата на Данска соопшти дека денеска во близина на Амбасадата на Израел во Копенхаген имало уште една експлозија. Експлозијата е на годишнината од упадот на Хамас во Израел. Инцидентот се случи на околу 500 метра од Амбасадата на Израел и пет дена откако беа активирани две експлозивни направи во близина на дипломатскиот објект, за што се уапсени двајца државјани на Шведска. – Се разбира, разгледуваме дали би можело да има поврзаност со ...

Американската глумица Џулија Робертс ќе биде наградена со почесен „Цезар“ за животно дело на 50. доделување на најпрестижните филмски награди во Франција на 28 февруари вгодина, објавија вчера организаторите. Џулија Робертс се прослави во 1990 година со филмот „Убава жена“ (Pretty Woman). Тогаш имала 23 години, а глумеше покрај Ричард Гир. Потоа сними уште неколку љубовни комедии што постигнаа голем успех, на пр. „Свадбата на мојот најдобар ...

Според податоците на „Евростат” за 2023 година, младите во Европската Унија го напуштаат домот на своите родители на возраст, во просек – од 26,3 години. Просечната возраст се разликува меѓу државите-членки поединечно. Највисока просечна возраст е забележана во Хрватска. Во оваа балканска земја младите во просек остануваат со своите родители до 31,8 години. По Хрватска, висока просечна возраст е забележана и во Словачка (31 година), Грција ...

Државјаните на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Украина и други земји на чии граѓани не им треба виза за влез во Европската Унија, од 10 ноември годинава на границите ќе мора да дадат отпечатоци од четири прсти и фотографија на лицето, во рамки на новиот Систем за влез и излез (ЕЕС). Според Европската комисија, ова правило не важи за деца помлади од 12 години. Оваа регулатива ќе се применува на сите ...

Владата ја укина забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро тие ќе може да се вратат, рече министерот за здравство Арбен Таравари. „Имаше една забрана од Владата од август 2022, да не можат докторите од приватните клиники или болници да се вработат во државните. Пред три недели ја поминавме на Влада одлуката да се тргне таа забрана и сега во Министерството за здравство подготвуваме ...

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, септември се карактеризира како просечно топол месец со просечни количества врнежи на ниво на државата во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20, но со поизразено количество врнежи во северозападот на државата. Како што информира УХМР, средномесечната температура се движела од 11,8 степени во Лазарополе до 21,9 во Гевгелија. Споредено со просечните ...

Пропустите во начинот на финансирање на координацијата и испораката на вакцини од страна на ЕУ, резултираше со нивни недостиг во земјите партнери на Унијата, се наведува во Извештајот на Европскиот суд на ревизори во врска со ревизорската контрола на финансиската поддршка на блокот на здравствени проекти во Демократска Република Конго, Бурунди и Зимбабве во периодот од 2007, па до почетокот на оваа година. Судот на ревизори посочува дека еден од ...

Имињата на добитниците на Нобеловата награда ќе бидат објавени од 7 до 14 октомври во Стокхолм и Осло, објавено е на веб-страницата на одборот за доделување на наградата. Како што се наведува, прво традиционално ќе биде објавено името на добитникот на Нобеловата награда за физиологија или медицина на 7 октомври во Стокхолм, додека добитникот на наградата за физика ќе биде познат ден подоцна, чие име ќе биде објавено во Кралската шведска ...

Aмериканските власти поднесоа обвиненија против 10 лица за нелегална продажба на околу 70 милиони опиоидни таблети, соопшти Министерството за правда на САД. Според Министерството, ова е најголемата акција досега против дистрибутерите на опиоиди и други лекови кои често се злоупотребуваат, чија вредност на црниот пазар достигнува 1,3 милијарди долари. Обвинетите се поврзани со фармацевтската индустрија, вклучувајќи трговски претставници и ...

Три лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово. Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп. Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат ...

Пожарот кој вчера утрото избувна во станбена зграда во Чаир сè уште е активен соопштуваат од ЦУК. Борбата на пожарникарите за гасење на пожарот во подрумски простории траеше во текот на целата ноќ. На помош било повикано и специјално противпожарно возило на Армијата. Гаснењето на пожарот се одвиваше отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали. ...

Бројот на работниците во индустријата од јануари до август годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1.4 отсто. Во август 2024, пак, во споредба со август претходната година, нивниот број е намален за 0.5 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична ...

По острите критики од Израел, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вчера (2.10) недвосмислено го осуди иранскиот ракетен напад. „Како што требаше да биде јасно вчера во контекст на осудата што ја изразив, уште еднаш најостро го осудувам вчерашниот масивен ракетен напад на Иран врз Израел“, рече тој за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк. Гутереш по иранскиот напад го осуди „проширувањето на конфликтот на Блискиот ...

Граѓаните на ЕУ сметаат дека најмногу се изложени на ризици поврзани со влијанието на климатските промени, но и од безбедносните и социјалните предизвици, па затоа мнозинството од нив сметаат дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготви за реакција во случај на елементарни непогоди и вонредни ситуации, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар пред два дена објавени Како што соопшти Европската комисија, во ...

Повеќето германски компании, поточно 70 отсто, очекуваат во иднина да постигнат поголема продуктивност благодарение на вештачката интелигенција (ВИ), е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања од Минхен. Резултатот покажува дека многу компании го гледаат потенцијалот во вештачката интелигенција, коментира шефот на истражувањето од Институтот, Клаус Волрабе. Според него, сите компании ќе треба да ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остро го осудува ракетниот напад врз Израел, извршен од страна на Иран, како и терористичкиот напад во Тел Авив, во кој загинаа шест цивили. Амбасадата на Македонија во Тел Авив веќе стапи во контакт со израелските надлежни институции за да потврди дека меѓу жртвите и повредените нема македонски државјани. Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството апелира до ...

Главните берзански индекси во САД регистрираа вчера значаен пад додека цените на нафтата растат по извештаите за ракетните напади на Иран врз Израел. Индексот S&P 500 падна околу 1,3 отсто во тргувањата вчера на пладне, откако завчера вечерта завршија на рекордно ниво. Приносите на државните обврзници исто така паднаа. Приносите паѓаат како што цените растат, а загрижените инвеститори често се насочуваат кон ултра-безбедните државни ...

Тајван приземји стотици летови, затвори училишта, канцеларии и финансиски пазари пред пристигнувањето на тајфунот Кратон, при што е забележан еден смртен случај и обилни дождови го погодија јужниот дел на островот. Официјални лица во клучниот пристанишен град Каосиунг, кој ќе биде во центарот на бурата, им порачаа на луѓето да останат во затворени простории и да ги избегнуваат морето, реките и планините, предупредувајќи на повторување на ...

До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА. -Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите ...

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите, извести МТСП. „Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. ...

Бројот на жртвите на ураганот Хелена во шест американски држави се искачи на над 130, а милиони луѓе останаа без струја или пристап до интернет. Спасувачките тимови во западните делови на Северна Каролина се обидуваат да стигнат до луѓето чија судбина се уште е непозната, три дена откако ураганот Хелена го опустоши југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави. Бројот на загинати продолжува да расте бидејќи работниците за итна помош ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
38%
1026
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
44%
1026
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
60%
1026
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1027
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.85
36%
1026
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
6.26
38%
1023
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
68%
1023
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
57%
1024
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
50%
1025
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
53%
1026
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
52%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941