Пепко го повлекува од српскиот пазар производот PLU 607141 „Art&Craft“ 26 парчиња печати за деца: серија 202403 поради не исполнување на безбедносните стандарди, јави дописникот на МИА од Белград. Резултатите од анализата утврдија дека производот не ги исполнува барањата на Регулативата (ЕК) 1907/2006 од 18 декември 2006 година за регистрација, евалуација, одобрение и ограничување на хемикалии (REACH) поради надминување на содржината на ...

Скопје утринава е на осмото место по загаденост на амбиенталниот воздух во светот, со индекс на загадување од 162, според последните податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“. Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 60,2 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 73,2 микрограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град е 12 пати поголема од годишната вредност на ...

Најстудено утрово е во Берово со седум степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури утрово се измерени и во Струмица (-5), -4 во Скопје – Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија и Велес, -3 во Скопје – Зајчев Рид, Прилеп и Кавадарци, -2 во Крива Паланка и -1 во Виница и Гевгелија. Нула степени утрово се измерени во Битола и на Попова Шапка, 1 во Маврови Анови, Охрид и Крушево и 2 степена во Претор. -Утрово е сончево, по ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 ...

Како што се наближуваат новогодишните празници, многу луѓе се загрижени дека токму овој период ќе се здебелат. Фитнес-инструкторот од Австралија, Тајсон Арон тврди дека може дури и да се изгубат до 10 килограми до Божиќ, со две едноставни промени и доволна доследност. – Ако сакате да изгубите пет до 10 килограми отсега до Божиќ, сè што треба да правите се 8.000 чекори секој ден. Тоа како минимум, но идеално е да направите повеќе од 10.000 ...

Побелувањето на косата е природен процес. Сепак, седите влакна кај некои луѓе може да се појават многу порано отколку што тоа е вообичаено. Д-р Асиф Ахмед од британкиот Универзитет на аутемптон тврди дека седата коса и заморот може да бидат признаци на недостаток на бакар, пренесе порталот „Кликс“. – Вашето ниво на бакар е директно поврзано со седата коса, како и со целокупното здравје на кожата, нивото на енергија и метаболизмот… Недостатокот ...

Аксел Витсел најверојатно ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот на сезоната. Клубот од Мадрид не преговара за нов договор со дефанзивецот и најверојатно нема да го обнови неговиот договор, пренесува „Relevo“. Белгиецот во јануари ќе наполни 36 години, додека Атлетико, според изворот, има намера да го подмлади тимот и да ја растовари сметката за плати. Во тековната сезона во шпанската Ла Лига, Витсел одигра осум натпревари на кои оствари една ...

Времето наутро ќе биде студено со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Како што информираат од УХМР, во Скопје времето наутро ќе биде студено со услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево ...

Фолна киселина ќе биде прописно и законски додадена во производството на интегрално пченично брашно во Велика Британија, со цел спречување и намалување вродени дефекти… Имено, оваа супстанција би можела да спречи околу 200 случаи на дефекти на невралната туба кај бебињата, што значи подобро здравјето и за малечките, и за бремените жени, соопшти британската Влада. Властите им даваат рок на производителите до крајот на 2026 година да ги направат ...

Американскиот производител на автомобили „Џенерал Моторс“ пред неколку дена преку електронска пошта информираше приближно 1.000 работници во сите сектори дека повеќе не смета на нив поради реорганизација и желба да се намалат трошоците, пренесува Си-Ен-Ен повикувајќи се на анонимен информиран извор. Некои отпуштања се последица на лош учинок, а некои се резултат на промена на приоритетите на компанијата, додаде изворот. Портпаролот на Џенерал ...

Стапката на невработеност во Франција порасна во третиот квартал од годината на 7,4 отсто од 7,3 отсто во претходниот квартал. Ова го посочуваат најновите податоци на Националниот статистички институт (Insee), објавени вчера и цитирани од ДПА. Бројот на невработени во Франција се зголеми за 35.000 лица во вториот квартал од годината и достигна 2,3 милиони луѓе. Невработеноста кај француските 15-24-годишници скокна на највисоко ниво од 2021 ...

Од денеска до 15 март возачите во возилата со учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема. -Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на ...

Предложениот закон во Австралија ќе бара од социјалните мрежи да дејствуваат за да спречат штета на корисниците како што се малтретирање, предаторско однесување и алгоритми кои нудат деструктивна содржина, соопшти денеска австралиската влада. -Предложениот закон ќе воведе обврска на дигиталните платформи да ги чуваат Австралијците безбедни и да спречат штета на мрежите, рече министерката за комуникации Мишел Роланд. Предложените измени на ...

На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година за да се изборат со последиците од климатските промени, покажува студијата објавена денеска од група водечки економисти од организацијата IHLEG. Резултатите од студијата, која беше претставена во Баку на самитот КОП29 (COP29), сугерираат дека не треба да се чека до 2035 година, кога се очекува богатите земји да се согласат да ги распределат овие средства, пренесува Гардијан. ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен кај правните лица во градот Загреб за август годинава изнесува 1.513 евра, што е номинално за 0,5 отсто повеќе во однос на јули и за 13,3 отсто повеќе во однос на август лани. Според податоците на Градската управа за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање, највисока просечна месечна нето-плата кај правните лица за август е исплатена во индустријата за вадење сурова нафта и ...

Во пожар во дом за стари лица во шпанскиот град Вилафранка де Ебро, кој се случи во текот на ноќта,загинаа најмалку 10 лица, соопштија утрово локалните служби за итна помош преку објава на социјалната мрежа Икс. Службите за итна помош во регионот Арагон не објавија дополнителни детали во нивната објава, но шпанските медиуми известуваат дека во домот се наоѓале 82 лица. – Пожарот започна во резиденција за стари лица наречена „Жардинес де ...

Високопреработената храна, како што се грицки, зашеќерени напитоци, индустриски леб, овошен јогурт, житарки и алтернативи за месо – сѐ тоа е поврзано со забрзаното биолошко стареење. Тоа, поради високата содржина на калории, шеќер, масти и сол во намирниците, посочува ново истражување на Медитеранскиот невролошки институт „Неуромед“ во Поцили, Италија. – Покрај тоа што е нутритивно несоодветна, таа е богата со шеќер, сол и заситени или ...

Катедралата Нотр Дам во Париз ќе се отвори за јавноста на 7 декември, пет години по разорниот пожар што го привлече вниманието на светот. Елисејската палата вчера соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе одржи говор пред катедралата. Филип Жост, претседател на јавната институција задолжена за обновата на катедралата, најави дека свечениот настан ќе биде проследен со настапи на истакнати уметници. Тој ја опиша програмата со ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска ...

Времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), информираат од УХМР. Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. В Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури. ...

На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација за време на Втората светска војна. Со повеќе настани на кои ќе присуствуваат претставници на локалната и централната власт денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. Така, по овој повод на партизанските гробишта во ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат. Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време (17:00 часот по македонско време), се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп ...

Експертите и јавните лица се едногласни во однос на ставовите дека родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромиси. Водителот Жарко Димитриоски и хрватската актерка и амбасадор на УНИЦЕФ Мирна Медаковиќ-Степинац ја отворија првата регионална конференција на Becutan, која броеше близу 200 посетители од Македонија и од регионот. Разбирајќи ги ...

Биткоинот урива нови рекорди со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, и пред да затворат берзите синоќа достигна 89.000 долари, за да се врати и да остане на околу 87.500 долари. Во меѓувреме, по растежот вчера акциите на Тесла малку намалија од вредноста. Фјучерсите во САД беа малку пониски откако главните берзи S&P 500, Dow industrials и Nasdaq Composite достигнаа највиско ниво. Исто така, профитите од обврзниците се зголемија. ...

Скопје и денеска се наоѓа меѓу десетте најзагадени градови во светот, според податоците на платформата „Ај-Кју-Ер“. Главниот град и понатаму се соочува со сериозен проблем со загадувањето на воздухот, при што концентрацијата на штетните честички значително ја надминува дозволената граница. Според најновите мерења, индексот на квалитет на воздухот во Скопје изнесува 129, што укажува на нездрав воздух. Примарни загадувачи се фините честички ПМ2.5 ...

Албанската влада следната година планира да потроши 1,6 милијарди евра за проекти од областа на инфраструктурата. Инвестициите вклучуваат проширување на автопатот Тирана-Драч, коридорот 8, реконструкција и изградба на новото пристаниште во Порто Романо. Според буџетот за 2025 година, зголемено внимание ќе добијат јавните инвестиции во инфраструктура, патишта, железници и други програми, со зголемување од 100 милиони евра во однос на оваа година. ...

Националната единица за борба против хулиганизмот на француската влада гледа потенцијал за големи немири околу натпреварот од Лигата на нации меѓу Франција и Израел и мечот го прогласи од најголем ризик. Повеќе од четири илјади полицајци и безбедносни лица се повикани да го одржуваат редот и законот во Париз, а особено во областа „Стад де Франс“ каде што ќе се игра натпреварот. Франција, исто така, стравува од неконтролирани насилни демонстрации ...

На Попова Шапка утрово најстудено со измерени – 5 степени Целзиусови, во Гевгелија најтопло со 7 степени. Во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево се измерени – 2 степени, 0 во Крива Паланка, Виница и Берово, 2 степени во Битола, Прилеп и Штип, 3 во Тетово и Куманово, 4 степени Целзиусови во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Струмица и Кавадарци. УХМР информира дека во изминатите 24 часа до 08 часот утрово најмногу дож ...

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Билјана Ангеловска, денеска по повод Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, ги додели наградите за најдобри научници и уметник на годината во повеќе научно-истражувачки подрачја. – Традиционално УКИМ доделува награди и признанија на своите најдобри научници. Денес ги одбележуваме исклучителните достигнувања, напредните истражувања и неуморната потрага по знаење на дел од ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10 % во однос на одлуката од 8.11.2024 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
94%
1019
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
1019
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
68%
1020
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.78
96%
1021
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
98%
1020
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
82%
1015
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1017
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
92%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
93%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Родиум

258813.51

Бакар

11.02

Калај

43.93

Сребро

2159.30

Платина

64478.87

Злато

139515.92

Паладиум

54591.97

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Алуминиум

2.95