
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Во петок и сабота, по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во градот. -Имено, од 06.00 часот утре (21.06.2024) и задутре (22.06.2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до ...
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полоќ се зголемува за 1,222 денари за килограм, а не се менуваат цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Килограм Мазут М-1 НС од ноќеска ќе се продава по 45,680 денари, а останува цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ( 81 денар за литар) на ЕУРОСУПЕР БС – 98 (83 ...
Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО, откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико. По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за шеф на НАТО. За време на состанокот на Врховниот совет за ...
Џенифер Лопез и Бен Афлек, за кои се шират гласини дека се на работ на разделба, деновиве живеат одвоено, изјави неименуван извор за порталот „ЕТ“. Имено, според наводите, парот „официјално, сè уште не се разделени“, но моментно се насочени кон сопствените работни обврски. „Кога повторно почнаа да излегуваат, имаа големи надежи дека вториот пат ќе им успее. За жал, работите не одеа баш така“, додаде изворот. Неодамна беше откриено дека Бен и ...
Од денеска до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до порталот за ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. UV=9. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени. Според УХМР, нашето подрачје ќе биде под влијание ...
Уставниот суд денеска треба да одлучува по седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права помеѓу кои се и Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи и Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители. Според подносителот на иницијативата за Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, новите измени ги ограничуваат ...
Најмалку 52 лица ги загубија животите во Њу Делхи во интензивниот топлотен бран, јавија денеска локалните медиуми. Според Тајмс оф Индија, најмалку 52 тела биле донесени во болниците во изминатите два дена, главно сиромашни луѓе кои живееле и работеле на отворено. Во Индија беа регистрирани повеќе од 40.000 случаи на топлотен удар ова лето и најмалку 110 потврдени смртни случаи од 1 март до 18 јуни, кога северозападниот и источниот дел на Индија ...
Емоционалната интелигенција често се наведува како една клучна вештина за професионален успех, но се чини, исто толку е важна и во љубовта и односот кон партнерот воопшто. Кенди Виенс е авторка на книгата „Имунитет против исцрпеност: Како емоционалната интелигенција може да Ви помогне да изградите отпорност и да ја залечите Вашата врска со работата“ (Burnout Immunity: How Emotional Intelligence Can Help You Build Resilience and Heal Your ...
На Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, денес, беше потпишан договор за донација од Спорт Лаиф Треид обложувалници, за комплетно реновирање на Одделот за абдоминална хирургија, поточно на делот за пост-оперативна нега на пациентите. Донацијата во износ од 2.000.000 денари ќе овозможи реновирање на одделот на третиот кат од клиниката, попозната како „Градска болница“ во центарот на Скопје, и ќе ги опфати холот, собите за ...
На две жени ќе им се суди оваа недела поради лажни тврдења дека првата дама на Франција, Брижит Макрон е трансродова, што предизвика онлајн озборувања од страна на теоретичарите на заговор и екстремната десница. Брижит Макрон во 2022 година поднесе жалба за клевета против две жени кои во декември 2021 година објавија видео на „ЈуТјуб“ (YouTube) тврдејќи дека Брижит некогаш била маж – Жан-Мишел. Тврдењето за Брижит Макрон стана вирално само ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави конечниот ревизорски извештај на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Меѓу другото, се укажува на слабостите во функционирањето на ИТ системот на Фондот поради неколку причини, а имало слабости и неправилности и кога е во прашање постапката за упатување за лекување во странство. – Изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на ...
Поради најавените горештини, Црвениот крст на град Скопје информира дека подготвил акционен план што опфаќа теренски активности во насока на справување со топлинските бранови. – Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи, ќе биде обезбеден и ...
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот предлог за новиот владин состав, како и гласањето во Собранието во текот на викендот, се во фокусот на онлајн изданијата на грчките медиуми, кои во главно, ги пренесуваат текстовите од државната агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Во текстот под наслов „Северна Македонија – Христијан Мицкоски: На заклетвата на ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши ја закажа седницата за избор на новата Влада во сабота во 11 часот. Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа. Собранискиот Деловник предвидува седница за избор на Влада да трае најмногу два дена. Мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата, по што во Собранието се води ...
Уставното име на државата е јасно и не треба да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име – тоа е со придавката, порача вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада. Тој во интервју за ТВ Сител рече дека во заклетвата што ќе ја даде идната влада ќе го користи новото уставно име на државата исто како и при посетите во ...
Од денеска до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. -Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во ...
Собранието на денешната петта седница ги избра составите на Буџетскиот совет на Собранието и на Советот на Собранискиот канал. За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија е избран Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се избраа пратениците – Бојан Стојаноски, Ели Панова, Игор ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,14 % во однос на одлуката од 14.6.2024 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло ...
Поконкретни информации за новата цена на електричната енергија што треба да важи од 1 јули годинава ќе имаме во текот на наредната недела по завршувањето на тендерот на ЕВН хоум за набавка на електрична енергија. Досега сме имале многу потешки периоди и никогаш не сме дозволиле да има сериозна промена на цената на струјата и секогаш сме воделе сметка да го сочуваме стандардот на граѓаните и сега ќе се водиме исклучиво од нивните потреби, порача ...
Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа. Гласањето за новата влада се очекува да се случи овој викенд. Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ. Кандидатите за членови на владата од коалицијата „Твоја ...
Уставниот суд мора да реагира по допрен глас, да донесе времена мерка за стопирање на законот за локална самоуправа и да инсистира актуелната владеачка структура да спроведе регуларни избори за општините во кои градоначалници прават трансфер во извршната власт, изјави професор доктор Борче Давитковски, во Топ тема на ТВ Телма. Вели дека спротивното е противуставно од два аспекта и може да се реагира за загрозување на правото на граѓаните за ...
Со Договорот од Преспа ѝ покажавме на Европа дека можеме да решаваме проблеми, изјави поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. „Не бев задоволен и среќен да живеам во регион кој во Европа и светот е познат како регион на премногу проблеми, а премалку решенија“, рече тој. Димитров се осврна на тоа како Договорот од Преспа ќе се третира во Македонија и Грција кога на власт се партии кои биле против тој договор. „На долг рок мора ...
Еден од фаворитите на ЕП – Франција, со тежок минимален успех од 1:0 го започна првенството над Австрија во средба од групата „Д“. „Петлите“ ги зграпчија трите бода по автоголот на Максимилијан Вебер во 38. минута, по кој се израмни со Холандија, која ја победи Полска со 2-1 во другиот натпревар од групата. Избраниците на Дидие Дешан се соочија со сериозен отпор од тимот на Ралф Рангник, поради што натпреварот не помина според очекувањата на ...
Романија ја победи Украина со убедливи 3:0 во Минхен во првиот натпревар за двете селекции на ЕП 2024. Во 29. минута Николае Станчу со прекрасен гол го отвори резултатот, а Разван Марин постигна уште еден убав гол за Романците во 53. минута. Само четири минути подоцна, Денис Драгуш со уште еден гол стави крај на неизвесноста на натпреварот. Прилично лоша партија за Украинците имаше голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин, кој направи грешка при ...
Словачка го приреди големото изненадување во групата „Е“ и успеа со минимални 1:0 да победи против фаворитот Белгија. Ова беше прв натпревар за двете селекции на нивниот старт на ЕП 2024. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во седмата минута, кога Иван Шранц погоди за Словаците. Белгија доминираше во поголемиот дел од мечот, но Ромелу Лукаку направи најмалку три големи промашувања, Јоан Бакајоко и Леандро Тросар исто така не успеаја ...
Во општина Брвеница започнале реконструктивни активности во две основни училишта, финансирани од Министерството за образование и наука. Станува збор за основното училиште „Кочо Рацин“, кое целосно ќе се обнови, односно ќе се замени кровот, фасадата, внатрешните врати и подови, соопштија од МОН. Во соопштението се посочува дека е ова прва инвестиција откако е изграден објектот во 1958 година и ќе биде заокружена за шест месеци. Второто училиште е ...
Поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас вчера му ја дадоа Наградата за мир „Преспа“ на медијаторот во разговорите за името Метју Нимиц. Зоран Заев, со објава на неговиот фејсбук-профил од Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина, вели дека со поддршката и посветеноста на Нимиц, двете земји успеаја да изградат меѓусебна соработка и да се дојде до решение не само за името, туку да се ...
Денеска се случи трагедија на Галичица, кога возило излета во провалија. Регионалниот ЦУК Охрид, извести, во врска со паднатото возило на планина Галичица, дека прво била утврдена точната локација, на место викано „Превој“ на планината Галичица. Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“. Според екипите што се на терен на местото на настанот ...
Од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до ...