
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Институтот за јавно здравје од Скопје потврди дека вториот регистриран случај на заболен од Западно-нилска треска е од Кочани, но пациентот се заразил при туристичко патување во Тунис кон крајот на минатиот месец. Се работи за 34-годишен жител на Кочани, кој на 7 јули добил на покачена телесна температура, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка, по што колабирал, а со возило на итната медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница со ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и официјално ја прифати номинацијата за кандидат на претседателските избори на конвенцијата на Републиканската партија, нагласувајќи дека се кандидира да биде претседател на цела Америка, а не само на половина од земјата. Трамп, кој носеше бел завој на десното уво, во говорот на конвенцијата во Милвоки истакна дека нема победа ако се освои само половина Америка. Зборувајќи за нападот на митингот ...
„Скопје вибрира“ – поп ап изложба на дизајн и визуелни уметности, ќе се одржи во главниот град на државава од 23 јули до почетокот на август. Како што денеска информираат „Лабораториум“ и „Лаб дизајн маркет“, во изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа. Настанот ќе им даде ...
Претседателот на САД, Џозеф Бајден е поизолиран од кога било, а многу високи функционери на Белата куќа и демократски претставници сега веруваат дека тој мора да се откаже од својата кампања за втор мандат – и тоа многу брзо. „Следните 72 часа се клучни“, рече синоќа еден демократски гувернер во близок контакт со партиските функционери и соработници. „Ова не може да трае уште долго“. Повеќе извори велат дека некои од главните советници на Бајден ...
На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 2023 година пријавени се вкупно 35 дела. Како што информираат од ДПМ, за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во 2023 г. пријавени се 14 дела: „Ѕиркачи“ (кратки прози) од Даниела Андоновска-Трајковска, издание на „Ми-Ан“; „Не кажувам“ (роман) од Петар Андоновски, издание на „Полица“; „Мина“ (роман) од Игор Анѓелков, издание на „Или-или“; „Параглајдери ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намали за 1,50 ден/лит. ...
Продолжува топлотниот бран на Балканот кој трае повеќе од 10 дена. Целиот Балкан и делови од Источна Европа се под топлотен бран од почетокот на јули, а се предвидува дека горештините ќе траат уште две недели, пишува метеоролошката служба Severe Weather Europe (СВЕ). – Ова е историски топлотен бран со дневни температури кои го надминуваат прагот од 40 степени Целзиусови. Најинтензивен е на Балканскиот Полуостров и во Источна Европа. Морињата во ...
Бразилските власти почнаа „мега операција“ во Рио де Женеиро, испраќајќи речиси 2.000 воени и цивилни офицери во 10 сиромашни населби за да ја вратат контролата врз областите во кои доминира организираниот криминал. – Безбедносните сили на државната влада се на улица и се борат против криминалните организации кои сакаат да земат граѓани како заложници, изјави гувернерот Клаудио Кастро. Полициски службеници се распоредени во западниот дел на ...
ДКСК да испита и отвори случај за џипот на Филипче, крие ли имот на друго име?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „ДКСК да провери како е набавено луксузното Ауди Q8. Дали Филипче го платил со свои пари или друг го купил за него. Доколку друг го купил зошто му го дал на Филипче и дали може да се доведе во корелација со некој тендер или можеби со фирма или поединец кои имале бенефит од власта. ДКСК да отвори случај и да ги истражи сите детали, по што мота ...
Крајно неодговорна и бесчуствителна е денешната изјава на Мицкоски кој вели дека за ден-два ќе се ставеле пожарите под контрола. Ваквите паушални изјави покажуваат дека воопшто не е загрижен, ниту ја има состојбата под контрола. Наместо да биде дел од кризниот штаб и да се информира за состојбата, тој се обидува си прави партиски прошетки во Охрид за дневни ПР промоции на проекти од времето на СДСМ, реагираат од СДСМ. „Задоцнетата реакција и ...
Пожарот над Радовиш е ставен под контрола, изјави вечерва градоначалникот на градот Ацо Ристов. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов соопшти дека локалните пожарникари ќе дежураат во текот на целата ноќ и нема да дозволат тој да се прошири. -Пожарот во Радовиш е ставен под контрола. Граѓаните да бидат мирни и безбедни. Во текот на ноќта ќе дежураме и мислиме дека до сабајле ќе биде локализиран. Беше напорно, беше ...
На територијата на Макединија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, а во доцните попладневни часови ќе има услови за мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, поизразен во североисточните делови. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) повторно ќе биде висока 10. Утринските температури се движат од 12 во источните планински области до 21 од северозападните преку централни до ...
И денеска сликата на граничниот премин „Табановце“ за влез во државава не е поразлична од останатите денови. Стотици возила чекаат да ја преминат македонско-српската граница. Според информациите се чека и над 40 минути за влез во Македонија Слична е ситуацијата и на ГП „Богородица“ за излез од Македонија кон Грција. Од АМСМ известуваат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На обиколницата ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кое, меѓудругото, повикува на разговори со Кина за „мировна конференција“ и обновување на дипломатските односи со Русија, објави германски „Билд“. Весникот наведува дека Орбан изнесол збирна оценка по неодамнешните разговори со лидерите на Украина, Русија, Кина, Турција и поранешниот американски претседател Доналд Трамп за конфликтот во Украина, ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ Моменталните цени на нафтените деривати изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,00 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар) – ...
Ecce Homo, кој го прикажува римскиот гувернер Понтиј Пилат додека го претставува Христос пред народот, е едно од околу 60-те познати дела на италијанскиот мајстор – кое досега не го привлече вниманието на поширокиот уметнички свет бидејќи првично му беше припишано на помал уметник. Во 2021 година беше повлечено од продажба по налог на шпанската влада, неколку часа пред да се најде на аукција по почетна цена од 1.500 евра. Сега, три години по таа ...
Летото и високите температури значат поголема потреба од хидратација, т.е. пиење вода. Соодветниот внос на течности во текот на летните месеци е клучен за одржување на оптималното здравје и спречување дехидрација. Налето, телото се соочува со повисоки температури што го поттикнуваат потењето како природен механизам за ладење. Тоа значи губење поголеми количини вода и електролити. Затоа, соодветната хидратација, поточно надоместувањето течности, ...
Шенон Доерти почина вчера по долга борба со ракот, пренесува People. „Со тешко срце потврдувам дека актерката Шенон Доерти почина. Во саботата на 13 јули ја загуби битката со ракот по долги години борба“, потврди нејзината долгогодишна колешка Лесли Слоун и додаде: „Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со своите најблиски, како и со нејзиното куче Буви. „Семејството ја бара нивната приватност во овој момент за да можат да ...
Без проблем добивавме пристап до врвот на Водно 11 години по ред, велат од Агенцијата за електронски комуникации која е инвеститор во телекомуникациската кула. Не знаат зошто баш сега Град Скопје одлучил да не им дава дозвола да го користат патот од Средно Водно до врвот, без што не може да се гради на терен Од Град Скопје, за „360 степени“ само констатирале дека АЕК „нема важечко одобрение за движење со тешки товарни возила камиони и градежна ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен. Како што ...
Нашата намера никогаш не е да се мешаме, туку да ве поддржиме – вели американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер во врска со неодамнешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски оти станало пракса странските амбасадори да се мешаат во внатрешните работи на државата. Изјавата на премиерот се однесуваше на изјавите на дел од амбасадорите во земјава оти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не треба да се распуштат – мерка што уште во ...
Најмалку 19 лица се повредени во пожар на туристички брод во близина на брегот на турското летувалиште Мармарис, од кои тројца се во тешка состојба, соопшти Командата на крајбрежната стража. – Поради пожарот на туристичкиот брод Иглс, евакуирани се 96 патници и шест членови на екипажот, соопшти Командата на крајбрежната стража, пренесуваат турските медиуми. Дрвениот брод долг 20 метри, кој се користи за еднодневни патувања, од засега непозната ...
Американскиот претседател Џо Бајден вечерва и се обрати на нацијата со најновите информации за обидот за атентат врз Доналд Трамп и за мерките што ги преземаат безбедносните служби. – Благодарен сум што Трамп е добро и се опоравува. Разговарав со Доналд Трамп. Имавме краток и добар разговор. Навистина сум благодарен што Трамп е добро и се опоравува, рече Бајден во кусото обраќање. Посочи дека во Америка нема место за ваков вид насилство, ниту за ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека по атентатот во кој беше полесно повреден во саботата, целосно го променил говорот што ќе го одржи во четврток, на последниот, четврти ден од конвенцијата на Републиканците во Милвоки. Тој изјави дека ќе повика на нов напор кон национално единство. Трамп во ексклузивно интервју за неделникот „Вашингтон Егзаминер“ изјави дека сака да го искористи историскиот момент и да ја обедини ...
Политичари во Германија изразија голема вознемиреност откако Си-Ен-Ен објави репортажа за наводен руски заговор за убиство на директорот на германската компанија за производство на оружје „Рајнметал”, која има клучна улога во обезбедувањето воена помош за Украина, пренесе ДПА. Си-Ен-Ен, повикувајќи се на пет неименувани американски и западни функционери, извести дека американското разузнавање открило планови на руската влада да го убие Армин ...
Договорот од Преспа беше историско достигнување и САД ќе работат со Северна Македонија и со Грција за да ги одржат неговите придобивки, стои во одговорот од Стејт департментот на САД, на прашање од сервисот на македонски јазик на Гласот на Америка. Како што објави медиумот, новиот премиер на земјава Христијан Мицкоски не го користеше уставното име во своите јавни изјави за време на Самитот на НАТО во Вашингтон, поради што се обратиле до Стејт ...
Коалицијата „Вреди“ ќе има седум заменици-министри во Владата. На Алијансата за Албанците му припаѓа местото заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Министерството за одбрана. На другите партии од нашата коалиција им припаѓаат Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, Министерството за спорт, Министерството за образование и наука и Министерството за култура и туризам. ...
Македонските граѓани се 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција, покажува рангирањето објавено на страницата „International IQ test“. Листата е составена врз основа на резултатите од 1.691.740 лица од целиот свет кои направиле еден ист тест за интелигенција во 2023 година. Според оваа листа, Македонците имаат просечен коефициент на интелигенција од 98,83. Тоа е блиску до општиот просек којшто изнесува коефициент 100. ...
Меѓународната агенција за рак и истражување (ИАРЦ) при Светската здравствена организација го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето, пренесува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Талк или талциум е природен минерал којшто се ископува во многу делови од светот, а потоа се користи како состојка во бебешката пудра или во некои видови козметика. „Одлуката на СЗО е заснована на ограничени докази дека талкот може да предизвика рак на ...
Одлуката на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, за одбележување на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница објавена е во Службен весник на оваа земја, известува Анадолија. Во одлуката потпишана од Ердоган, се наведува дека геноцидот во Сребреница, кој Меѓународниот суд на правдата го означи како најголем геноцид во Европа по Втората светска војна, остави мрачна трага во човековата историја поради убиствата ...