
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



– Партиите од владината коалиција во Германија би освоиле 30 отсто од гласовите ако парламентарни избори се одржат оваа недела, што е најнизок резултат досега, покажуваат резултатите од вчера објавена анкета на РТЛ/нтв. Социјалдемократите (СПД) на германскиот канцелар Олаф Шолц би освоиле 14 отсто од гласовите, партијата на зелените би освоила 11 отсто, а помалиот коалициски партнер Слободните демократи (ФДП) пет отсто. Конзервативната ...
Данокот за шеќер за безалкохолните пијалаци во Велика Британија доведе до значителен пад на шеќерот во исхраната на луѓето, покажуваат резултатите од долгорочно истражување спроведено од Универзитетот Кембриџ и Универзитетскиот колеџ во Лондон Само една година по стапувањето во сила на данокот на шеќер во 2018., децата внесувале 4,8 грама помалку шеќер дневно, додека возрасните имале 10,9 г. помал внос. Поголемиот дел од ова намалување се ...
Доналд Трамп размислува да го намали споделувањето на разузнавачки информации со членките на НАТО, кои зависат од САД за видот на информации што и помогнаа на Украина да се одбрани од Русија, според странски официјални лица информирани за плановите. Советниците на Трамп им кажале на сојузничките земји дека намаленото споделување на разузнавачки информации ќе биде дел од поширок план за намалување на поддршката и соработката на САД со алијансата ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со колегите од Албанија, Бугарија и Италија, Гуидо Кросето, Нико Пелеши и Атанас Запријанов, вчера во рамки на Самитот на НАТО во Вашингтон потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневропскиот Коридор VIII, за потребите на Алијансата. Ова е првиот меѓународен документ потпишан од страна на новата Влада. Целта на оваа иницијатива, како што ...
Шпанија ја победи Франција со 2:1 на првото полуфинале на ЕУРО 2024, кое се одигра во Минхен и оди во финале. Двете екипи приредија одличен фудбал, особено во првото полувреме, со прекрасниот гол на Јамал. Во финалето во недела Шпанија ќе игра со победникот од утрешното второ полуфинале меѓу Англија и Холандија. Се започна спектакуларно со шансата на Фабијан Руис уште во 5,минута. Сепак не се чекаше многу на голот, и тоа на првиот од игра кои го ...
Половина од Американците ја поддржуваат твојата теза дека е добро Америка да се меша во внатрешните работи на Македонија, ми праќа порака од Северна Каролина мојот пријател од детство Дичо Дракулевски. А втората половина? Па, се подразбира од кажаното во вајбер пораката: втората половина не ја подржува оваа политика и смета дека Америка треба да престане да се меша во внатрешните работи на други држави и „да си ја гледа работата“. Всушност, се ...
По изборите во Франција: на Мицкоски му е потешко одошто по европските избори, за Северна Македонија – тоа се добри вести. 1. Свесни дека саботирањето на Преспанскиот и Софискиот, но и на духот на Рамковниот договор им е се попровидно и пресретнато и во соседството и дома: – Давкова ќе се објаснува по медиуми, а – премиерот ќе се слика од Вашингтон… За тоа време: – само формално ќе бидат “кооперативни”, за земјата да не прерасне во доверлив ...
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Самитот на Алијансата во Вашингтон беше одликуван со највисоката американска цивилна награда – Претседателски медал на слободата. Медалот му го врачи претседателот на САД, Џо Бајден на церемонијата на отворање на Самитот на НАТО. – Господине секретар, вие го водевте овој сојуз низ еден од најважните периоди во нејзината историја. Кога почна војната на Русија во Украина, вие не се двоумевте. Денес ...
Победниците на изборите од француската левичарска коалиција Нов народен фронт (НФП) се огласија откако Емануел Макрон одби да го смени актуелниот премиер на Франција, Габриел Атал. Во соопштението што го потпишуваат четири партии од коалицијата, тие го обвинуваат Макрон за „обид за киднапирање на институциите“ и бараат мандат за формирање нова влада. „Долготрајното задржување на Габриел Атал на чело на владата може да звучи како обид за бришење ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека публиката на централниот терен на „Вимблдон“ му покажала непочитување при победата над Данецот Холгер Руне, пренесоа светските агенции. За пласман во четвртфиналето, освојувачот на 24 Гренд слем титули го надмина противникот со 6:3, 6:4, 6:2. -До сите навивачи кои покажаа почит и останаа до крајот на натпреварот, ви благодарам од се срце, го ценам тоа. На другите кои избраа да покажат непочитување, тоа ...
Откако беше основан за прв пат во август 1936 година, Алкалоид растеше и се развиваше низ многу бурни и предизвикувачки децении за да стане модерна, извозно ориентирана компанија со речиси 3.000 вработени како што е денес. Магазинот „The Region” направи интервју со Живко Мукаетов, генерален директор на една од најдобрите и најпознатите компании во Северна Македонија, за традиција која датира скоро девет децении, брендови изградени од генерации ...
Македонија следната сезона ќе има три претставници во АБА-2 лигата. Освен шампионот МЗТ Скопје и вицешампионот Пелистер, во Јадранската лига ќе игра и екипата на Работнички, која го освои третото место во македонската лига. Веќе се познати и шеширите за новата сезона, која ќе се игра по нов формат, со четири групи со по четири екипи и со натпревари дома-гости. МЗТ Скопје, се најде во првиот шешир заедно со екипите на Подгорица, Војводина и ...
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро проневерил накит вреден 1,2 милиони долари за време на неговиот мандат, се вели во извештајот од истрагата на бразилската федерална полиција објавен денеска од Врховниот суд. Болсонаро минатата недела беше обвинет за проневера, перење пари и криминален заговор во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија, пренесува АП. Истрагата е дополнителен притисок врз лидерот на екстремната десница, кој ...
Водителката на радиото од Филаделфија, која го интервјуираше претседателот Џо Бајден на 3 јули, поднесе оставка по прашањата од неговиот тим. Андреа Лофул Сендерс, која ја води емисијата „The Source“ на локалната радио станица WURD, му постави на Бајден четири такви прашања во интервјуто што го даде по првата претседателска дебата. WURD, единствената радио станица во Пенсилванија во сопственост на црнци, рече дека интервјуто било договорено без ...
Поранешниот претседател и републикански кандидат за иден шеф на САД Доналд Трамп денеска изјави дека очекува актуелниот американскиот претседател Џо Бајден да остане во претседателската трка и покрај повиците на Демократската партија да се повлече и да го замени со помлад кандидат. Трамп оцени дека Бајден нема да се повлече токму како што рече поради неговото его. „Тие (демократите) го покриваат Бајден, но станува се потешко и потешко да се ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска побара од премиерот Габриел Атал засега да остане на својата функција поради стабилноста на земјата, соопшти Елисејска палата. Претходно, Атал пристигна во Елисејска палата за да поднесе оставка по вчерашните парламентарни избори на кои центристичкиот сојуз не успеа да го задржи мнозинството. Атал најави дека доколку Макрон не ја прифати неговата оставка, ќе продолжи да ја извршува функцијата ...
Не е планирана средба, но не е исклучено премиерот на маргините на НАТО самитот, да има билатерални средби, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за евентуална средба на премиерите Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис на маргините на НАТО Самитот во Вашингтон. – Не, не е планирана средба, но не е исклучено во рамките на активностите и на маргините на Самитот на НАТО, ...
По поднесената жалба од обвинителот за првостепената пресуда на судот за катастрофалните пожари во јули 2018 година во населбата Мати во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој загинаа 102 лица, донесена пред нешто повеќе од два месеци, денеска одново почнува судењето за сите осомничени, вкупно 21 лице, јави дописничката на МИА од Атина. Пред тричлениот Апелационен суд за прекршоци во Атина одново ќе се разгледаат ...
Францускиот претседател Емануел Макрон е во „неодржлива“ ситуација, изјави во неделата Марин Ле Пен од француската крајнодесничарска партија Национален собир (РН), откако левичарската коалиција неочекувано освои најмногу места во парламентот на изборите според изборните анкети. Проекциите на анкетарите врз основа на раните резултати покажаа дека РН е на третото место, зад левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП) и центристичкиот блок на ...
Според прелиминарните резултати од вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, што рано утринава ги објави француското Министерство за внатрешни работи, левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП) освои 182 места во националното собрание, објави Монд. Жан-Лук Меланшон, лидер на левичарската коалиција Нов народен фронт (ДПА) Политичкиот сојуз на актуелниот француски претседател, центристичкиот блок Заедно, освои, според тие ...
Две лица се повредени во тепачка во дискотека во Клагенфурт. Полицијата успеала да спречи понатамошни расправии во болницата. На 07.07.2024 година дошло до физичка пресметка меѓу 22-годишен маж од Македонија, кој живеел во Клагенфурт и 21-годишен маж од Клагенфурт. Дваесет и едногодишното момче од Клагенфурт со повреди на лицето и расекотини било донесено во Клиниката во Клагенфурт од страна на итната помош. 22-годишниот државјанин на Македонија ...
Британскиот крал Чарлс денеска му го довери мандатот за формирање нова влада на Велика Британија на лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер, по убедливата победа на неговата партија на парламентарните избори. Назначувањето на Стармер за премиер беше потврдено од Бакингемската палата. „Кралот го прими на аудиенција уважениот Кир Стармер и побара од него да формира нова влада. Стармер ја прифати таа понуда“, соопштено е од Бакингемската ...
На граничните премини Табановце и Богородица утрово за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути, информираат за МИА од АМСМ. Викендов се очекува зголемен интензитет на сообраќајот поради летните одмори. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е летен ...
Вулканот Етна на Сицилија еруптираше исфрлајќи лава и густ чад, но немаше големи облаци од пепел над италијанскиот медитерански остров, а нема информации за штета. На снимката се гледа како лава и остатоци полека течат по планината, а истражувачите ја набљудуваат ерупцијата во близина. Етна е еден од најактивните вулкани во светот, а особено е активен во близина на југоисточниот кратер. Тој е и најголемиот активен вулкан во Европа, висок околу ...
Во Франција вo недела ќе бидат распоредени 30.000 полицајци и жандарми, за време на вториот круг од парламентарните избори, од кои 5.000 ќе бидат во Париз, поради опасност од немири, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен. Дарманен рече дека стравува дека на денот на изборите, 7 јули, „ултралевите“ или „ултрадесничарите“ би можеле да создадат „неред“, пренесува Фигаро. Распоредувањето на „исклучително голем број“ полицајци ...
Министерот за правда Игор Филков упати честитка до aмбасадорката на САД , Н.Е. Анџела Прајс Агелер по повод 4 Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. ,,Благодарност за силната и континуирана поддршка за консолидирање на мирот, демократијата и стабилноста во регионот, како и за остварување на стратешките надворешно-политички цели на Република Северна Македонија. Да го негуваме и понатаму големото пријателство, заеднички да ...
Години наназад, вклучително и оваа, средношколците кои се дел од тимовите што ја претставуваат Македонија на научни олимпијади ширум светот каде што го веат македонското знаме и од каде што донесуваат бројни признанија и медали, мака мачат да најдат средства за воопшто да стигнат на тие натпревари, велат од Левица. „Наместо последните седмици пред натпреварувањата да ги вложат за што подобро да се подготват, тие се принудени да одат од една до ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши остварил средба со посебниот советник за Западен Балкан Анжеј Франгеш, на која, како што соопшти собраниската прес-служба, изразил благодарност за заложбите на Словенија да назначи специјален претставник за Западен Балкан, со што ја потврдува својата посветеност на европската перспектива на земјите од Регионот, вклучително и нашата земја. – Словенија е искрена, пријателска земја, силен поддржувач на ...
Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од кандидатурата за претстојните избори и нагласи дека е подготвен да победи во ноември. -Дозволете ми да го кажам ова што е можно појасно: се кандидирам, никој не ме тера. Не заминувам. Во оваа трка сум до крајот и ќе победиме, рече претседателот, пренесен од американските медиуми. Како што беше најавено претходно, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и ...
Кинеската метеоролошка управа денеска соопшти дека очекува температурите да бидат релативно високи во повеќето области низ земјата во текот на следните неколку месеци. Земјата има невообичаено топло време во поголемиот дел од годината, со просечни температури од март до мај на највисоките нивоа од почетокот на евиденцијата во 1961 година, пренесува Ројтерс. Метеоролозите предупредија дека ова ќе биде второ лето по ред на екстремни горештини, ...