
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени кога патнички автобус удрил во мост во областа Полатли, округот на Анкара, јавија турските медиуми. Автобусот удрил во колона под мостот околу 5:00 часот по локално време, во правец кон Ескишехир. На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, медицински и спасувачки екипи. Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, рече дека првичните информации укажуваат дека возачот заспал бидејќи нема индикации ...
Етиопскиот атлетичар Ламеха Гирма е пренесен во болница откако падна на Олимпијадата во Париз. Гирма е светски рекордер на 3.000 метри стиплчез. Тој синоќа на олимписката трка на оваа делница падна при прескокнување на пречката на 300 метри до целта. Тркачот се сопна на пречка, падна и удри со главата на патеката, по што лежеше неподвижен. Лекарите кои влегоа на патеката, му го фиксираа вратот и на носилки го изнесоа надвор од арената. Од ...
Безбедносните сили во Германија се ставени во состојба на готовност поради тензиите на Блискиот Исток, објави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер, јави ДПА. „Внимателно следиме како евентуалната идна ескалација ќе влијае на безбедносната ситуација во Германија“, изјави Фесер за весникот „Рајнише пост“. Таа посочи дека ризикот од идна ескалација на Блискиот Исток е висок и ја опиша ситуацијата како „исклучително опасна“. Германската ...
СAД оценија дека со континуираните некоординирани одлуки, Косово ги загрозува можностите што Вашингтон помогна да се создадат. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер на прес-конференција нагласи дека САД се загрижени за неодамнешните одлуки на Косово, одговарајќи на прашањето дали треба да има последици за косовските власти по затворањето на филијали на Српска пошта на северот на земјата. „Ние веруваме дека тие одлуки ги ...
Минатиот месец беше втор најтопол јули досега, со што заврши 13-месечната серија во која секој месец беше најтопол, што делумно беше предизвикано од глобалното затоплување поради климатскиот феномен Ел Нињо, објави денеска Европската служба за климатски промени Коперникус. Според месечниот извештај, јули бил 1,48 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа од 1850-1990 година, додека изминатите 12 месеци биле 1,64 степени над ...
Во периодот од 26 јули до први август 2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, идентично со претходниот седмодневен период (n=25), извести Институтот за јавно здравје. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје (n=13; 52,0%), а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово. Географска дистрибуција на случаи на голема кашлица во РСМ, ...
Претседателот на Изборната комисија на Венецуела, Елвис Аморосо синоќа соопшти дека на Врховниот суд му ги предал сите записници од претседателските избори, од кого претседателот Николас Мадуро побарал да ја официјализира неговата оспорена победа. „Се што бараше највисокиот суд на државата е поднесено“, рече Аморосо. Опозицијата смета дека и Државната изборна комисија и Врховниот суд се лојални на властите. Станува збор за записници од секое ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена ...
Потпретседателката на САД, Камала Харис, официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија, откако беше избрана преку онлајн гласање на Демократскиот национален комитет. Таа е првата Црнкинка и Индијка која стана кандидат на водечка американска партија за кампања за Белата куќа. Харис е родена во Калифорнија во 1964 како дете на имигранти: нејзината мајка потекнува од Индија, а татко ѝ е роден во Јамајка. По нивниот развод, ...
Соочен со високи температури, Лион – третиот по големина град во Франција, нуди бесплатни билети за кино за жителите кои ги исполнуваат условите за место во климатизираните театри. – Соочени со силните горештини, не сме сите еднакви. Со цел сите да имаат пристап до потребните свежи простории, Градот Лион ќе дели бесплатни кинобилети. Граѓаните притоа треба да покажат документ дека користат социјално осигурување или семејна поддршка, со што ги ...
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска во Собранието поднесе интерпелација за отповикување на претседателот на Собранието, Африм Гаши, по како што рече тој – седум основи, а по скандалот со неговото лично обезбедување кое интервенираше на скопскиот аеродром по барањето на косовската претседателка Вјоса Османи да не и биде скениран мобилниот. – Станува збор за повреда на дипломатските правила за обезбедување на ВИП личности.Спикерот Гаши ...
Почина новинарот Саше Димовски, беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем. Беше Претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова. Работел во Канал 5, Сител, основач на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите. Димовски почина на 47 годишна ...
Резултатите од претседателските избори во Венецуела, на кои официјално победи претседателот Николас Мадуро, „не можат да бидат признати“, соопшти Советот на ЕУ. „И покрај тоа што се обврза да го стори тоа, Националниот изборен совет на Венецуела (CNE) се уште не ги објави официјалните протоколи од избирачките места. Поради недостаток на докази за нивно поткрепување, резултатите објавени на 2 август од CNE не можат да бидат признати“ се вели во ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе го пречека и ќе биде домаќин на косовскиот премиер Албин Курти. Како што соопштија од владината прес-служба, во рамки на посетата предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти, по што ќе следи билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни. Предвидено е Мицкоски и Курти денеска да одржат ...
Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и организацијата Save the Children (Спасете ги децата) објавија дека до 30 јули оваа година сите 625.000 запишани ученици во Појасот Газа изгубиле една цела учебна година. Меѓу нив има и 39.000 ученици кои за првпат ги пропуштиле тавџихи – завршните испити во средно училиште, се наведува во соопштението на две организации. Тоа значи дека никој од нив не може да продолжи со високо образование, а ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека размислува за свикување на комитет на експерти кој би утврдил дали епидемијата на мпокс (мајмунски сипаници) во неколку африкански земји треба да се квалификува како меѓународна вонредна состојба. Тедрос рече дека СЗО и Африканските центри за контрола и превенција на болести ги зголемуваат напорите за прекин на преносот на вирусот. „Сепак, ...
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обелодени денеска дека најверојатно нема да настапи на претстојниот грен – слем УС Опен и навести дека неговата кариера би можела многу брзо да заврши. Надал вчеравечер загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во машки двојки со сонародникот Карлос Алкараз и го заврши настапот на Игрите во Париз, откако претходно беше елиминиран во поединелчна конкуренција од Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло. Одговарајќи ...
Се проверува дали има оштетени реагенси во Институтот за јавно здравје, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат, ова денеска го потврди за МИА, директорката Марија Андоновска, која очекува Јавното обвинителство да покрене постапка околу тоа кој се имал пристап и до осигурувачите за струја за фрижидерите каде се чуваат реагенси за целата држава. Од Институтот, за случајот ги информирале сите надлежни државни органи. – Можно е ...
По информациите во јавноста дека на Институтот за јавно здравје вчера било намерно исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести, Јавното обвинителство итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело, информираат од Обвинителството. -Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето ...
Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска изјави дека координираните напади со лажни профили на социјалните мрежи од Косово врз асистентите на европратеничката Виола фон Крамон се неприфатливи, но додаде дека не може да преземе повеќе по тоа прашање. На прашањето на поранешната пратеничка во Европскиот парламент, кое Крамон го постави во април за ботските напади врз нејзиниот асистент Ѓорѓе Бојовиќ, како и врз ...
Министерството за внатрешни работи информира дека утре (02.08.) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работата на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи). Во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе ...
До крајот на денов сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8. Времето во Скопје сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе биде до 36 степени. Синоптичарите за утре најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. – Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови ...
САД се очекува да бидат многу активни во разговорите за точниот начин на спроведување на договорот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија има постабилна влада, најави помошник – државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајан. О`Брајан, како што јави Гласот на Америка на македонски јазик, на сослушување за иднината на Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, рече дека Северна Македонија страда поради ...
Повици за помош со вода стигнуваат утрово од Пехчево, во чија околина од вчера гори огромен пожар, a утрово од 6 часот камбаните бијат за тревога. Водата од водоводот во Пехчево да не се користи за пиење, а никако за наводнување на градините, бидејќи се празнат резервоарите на филтерстаницата, а водата е потребна за гасење на пожарот, повикува градоначалникот Александар Китански преку социјалните мрежи Од ЈКП „Комуналец“ Пехчево известија дека ...
Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2024 година продажбите достигнуваат 6.709.614.706 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 9.475.222.706 денари, што е за 12,5 % повеќе во според ба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за ...
Новиот балансер не е провокација за коалициските партнери во Владата, туку почитување на постојните закони, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, одговарајќи на забелешките од ВЛЕН дека новиот балансер за вработување во јавната администрација, кој се прави исклучиво според попишаното резидентно население, е провокација за Албанците оти се намалува нивниот процент. Според него, балансерот е затворена тема и тој веќе се ...
Додека не се изгласа ребалансот на Буџетот, нема да има исплата на парите од „Мој ДДВ“. Директорката на УЈП Елена Петрова вели дека со сегашниот Буџет не се предвидени средства за исплата и дека е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечие. -Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, ...
Топлотен бран вчера го зафати југот на Франција, каде се наоѓаат одредени локации за олимписки натпреварувања, а висока температура и денеска ќе има на подрачјето Париз, каде се одржуваат повеќето настани за време на Олимписките игри (ОИ). „Во поголемиот дел од југот на земјата температурата би можела да достигне и до 40 степени Целзиусови“, соопшти француската метеоролошка служба. На југозапад изутрината во 5 часот на метеоролошката станица во ...
Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, а со големи напори на противпожарните единици доцна во ноќта е спасен и манастирски комплекс. Командирот на ТППЕ Прилеп информира дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака Oд Општина Прилеп упатија апел до сите граѓани да не се потпалуваат стрништа. „Овие неконтролирани пожари претставуваат сериозна закана за нашите отворени простори, а уште полошо, можат ...
Четири локомотиви за товарни возови се очекува да стигнат во следните три-четири недели во Македонија од Србија, а за возврат ние ним ќе им дадеме стари вагони кои ќе си ги репарираат во нивната фабрика. Новиот министер за односи со заедниците Иван Стоиљковиќ, во емисија на Канал 5, појасни дека преговарал со српската страна и ова го договориле, се со цел, стоката од грчка граница да може да стигне до Табановце и понатаму во Србија. Стоиљковиќ ...