
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Претседателот на Собранието Африм Гаши, по однос на поднесената интерпелација за неговата работа, рече дека демократијата е можност да се ислушаат спротивставените мислења, но „ова не е интерпелација против Африм Гаши, туку против верската припадност на претседателот на Собранието“. Кој го има легитимитетот во нашата држава, порача Гаши од собраниската говорница, да суди кој може или не да биде претседател на Собранието, само зошто доаѓа од ...
Вкупно 24 пожари на отворено имало во текот на вчерашниот ден до 19 часот. Од нив, се уште активни се седум, два под контрола, а 15 изгаснати. Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека активни се пожарите меѓу селата Степанци, м.в.Кадиица – Оморани и селото Ораов Дол во општина Чашка, меѓу селата Пештани, село Кокре и село Кален во општина Прилеп, меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик – Драгоево во општина Штип, како и меѓу ...
Со надеж за здрава и негувана кожа, луѓето секојдневно се мачкаат со хидратантни креми и лосиони. Но, честопати се заборава една многу важна работа – храната што има големо влијание врз изгледот и здравјето на самата кожа. Дури и малите промени во исхраната може да ги зголемат шансите за почиста и поздрава кожа. – Како што некои видови храна можат да го влошат здравјето на нашата кожа, некои други можат да го подобрат или барем да ублажат некои ...
Попладневната дремка од околу 30 минути му овозможува на мозокот да се одмори на начин што ги прави луѓето повнимателни при работата и другите активности, според стручњаците. – Знаеме дека тоа е лесен и корисен начин за брзо зајакнување на својата будност, концентрација, продуктивност, креативност и расположение, изјави истражувачот Џејмс Маас, професор на Универзитетот Корнел. Во својата книга „Спиј за успех! Сè што мора да знаете за спиењето, ...
Училиштата во Холандија воведоа целосна забрана за користење на мобилни телефони. Телефоните во средношколските училници се забранети од почетокот на оваа година, а мерката се прошири и во основните училишта од почетокот на новата учебна година. Холандското Министерство за образование соопшти дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и ја намалуваат нивната концентрација, што негативно влијае на резултатите од учењето. ...
И во новиот состав на Европската комисија ќе има и комесар за проширување, вчера соопшти во Блед претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Таа на Бледскиот стратешки форум изјави дека прашањето за проширувањето е вратено на „врвот на политичката агенда“ на последното свикување на Комисијата. Во новото свикување овој процес мора дополнително да се забрза и да добие „целосно внимание“. -Затоа, во новиот состав на Европската комисија, кој треба ...
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на Бледскиот стратешки форум рече дека е крајно време членките на ЕУ да покажат јасна поддршка за европската интеграција на Западен Балкан. Сијарто изјави дека ЕУ не може да биде цела, посилна или поотпорна на кризи доколку не ги интегрира земјите од Западен Балкан. Тој рече дека, за жал, „има многу лицемерие во ЕУ“ кога станува збор за проширувањето, бидејќи повеќето од членките јавно зборуваат за ...
Во моментов во Италија има 24 жаришта на свински грип и оваа сложена ситуација бара крајна внимателност, изјави денеска комесарот за африканска свинска чума, Џовани Филипини. -Во моментов имаме 18 жаришта во Ломбардија, пет во Пиемонт и едно во Емилија-Ромања. Мораме да бидеме внимателни. Ситуацијата е сложена, но да се нарече драматично би било претерување. Тоа е ситуација поврзана со бран на епидемија, изјави комесарот Филипини за АНСА. ...
Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски, осомничен за две кривични дела – „убиство“ и две кривични дела – „грабнување“, а поврзани со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост, информираат од Основен кривичен суд Скопје. Оттаму дополнуваат дека јавноста ќе биде ...
Приватните превозници постигнале договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот или 40 милиони денари за пакет 1. Според Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакет 1, некои од колегите веќе се на линиите низ Град Скопје. – Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа само по една тура, сега колегите се активираат од гаражите за да почнат да возат и да ги опслужуваме граѓаните на Град Скопје, ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека сите вработени чиј работодавач е Владата, регрес за годишен одмор, односно К-15 ќе добијат кон крајот на ноември или почетоко на декември. -Во ребалансот на буџетот иако тоа во основниот буџет не беше предвидено, во ребалансот на буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која што е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска Владата како работодавач најголем има ...
Англискиот дефанзивец Крис Смолинг од оваа сезона ќе игра во Саудиска Арабија во Ал-Фахја. Иако на поранешниот англиски репрезентативец му останува уште една година до крајот на договорот со Рома, двете страни се договорија играчот да замине во Саудиска Арабија. На тоа влијаеше и тоа што Смолинг минатата сезона одигра само 12 натпревари во сите натпреварувања, а „волците“ го доведоа Ермос на стоперската позиција. Смолинг потпиша двегодишен ...
Демократската унија за интеграција им го честита првиот ден од новата учебна година на учениците, родителите и наставниците. „На учениците им посакуваме многу успех и ги поддржуваме сите наставници во напорите да ги постигнат образовните цели, но и да добијат правилно вреднување за нивниот интелектуален придонес. Изградивме училишта во Визбегово, Блаца, мала Речица, се гради во Селце, како и гимназијата Сами Фрашери во Куманово, реновиравме ...
Владата на Швајцарија пред три дена поднесе нацрт амандман на Законот за воздухопловство, со кој на швајцарските аеродроми и авиокомпании ќе им биде дозволено користење на технологија за препознавање на лица и биометриски податоци на патници. Со тоа на патниците ќе им се овозможи да се ослободат од хартиените билети или електронските билети за влез во авионот. Како што е наведено, препознавањето на лицето може да се користи при предавање на ...
Повеќе од 2.000 деца во Франција се принудени да спијат на улица, покажуваат податоците на УНИЦЕФ Франција и Федерацијата на актери на солидарноста (ФАС). -Неприфатливо е едно општество да се однесува на овој начин со своите деца. Многу сме загрижени што ситуацијата секоја година се влошува, трагедија е кога знаеме за погубните последици и за менталното здравје и за образованието, изјави претставничката на агенцијата на ОН во Франција, Аделин ...
Ако немате автобус, возете се со такси Како оди нудење и примање мито? Не знаете? Е како така, кога сите знаат. Така вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој изјави дека му нуделе мито за да помине тендерот за пругата кон Бугарија. Не кажа кој и како сакал да го поткупи, ама рече: „Знаеме како оди тоа преку канали“. Како тоа знаеме? Сите знаеме, оти секој ден нудиме мито и ни нудат мито? Или знаат само тие што се партиски лидери и партиски ...
Од денеска автобускиот градски превоз во Скопје ќе биде редуциран. Дел од приватните автобуси ќе сообраќаат само наутро, од пет часот. Еден автобус ќе вози само една тура, на една линија. Тоа се автобусите со број 45, 23, 63, 73, 61, 63, 22, 52, 54, 19 и 20. Потоа автобусите ќе останат во гаража, а возачите ќе им се приклучат на колегите кои нема да возат. Јавниот превоз организиран од страна на „Вестор транс“ денеска, пак, продолжува да ...
Наставата во школите и работата на институциите во Манила денеска се прекинати поради поплавите предизвикани од силното невреме на северот на Филипините. Две лица загинаа во невреме во градот Нага додека илјадници луѓе беа предупредени да се подготват за евакуација. Тропската бура Јаги денеска донесе ветрови со брзина од 115 километри на час североисточно од градот Инфанта во провинцијата Кезон. Невремето се движи кон регионот Лузон каде ...
За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна 2024/25 година. Учебната година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Наставата почнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има само за учениците од неколку училишта каде не е завршена на време реконструкција или набавка на опрема, како клупи и столчиња за учениците. Во 140 ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени. УГМР најавува дека следува период на претежно ...
Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи следната година во Базел – град во Швајцарија што е блиску до границата со Германија и Франција, одлучија во петокот организаторите – Швајцарската радиодифузна корпорација (СРГ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Градот ја победи Женева како домаќин на популарниот музички натпревар, а се пријави со мотото „Надминување на границите“. Германскиот пограничен регион, исто така, планира да има корист од ...
Ново истражување на авијациско-аналитичката компанија „Цириум“ (Cirium) покажа дека најдобриот и најпрометен аеродром за патнички летови во светот е „ИГА Истанбул“ во Турција. На второто место е Аеродромот во Франкфурт во Германија, а трет е „Шарл де Гол“ во францускиот главен град Париз, пишува списанието „Конде наст травелер“ (Conde Nast Traveler). Како дел од ова истражување, анализиран е бројот директни дестинации со коишто аеродромите нудат ...
Патници кои платиле за тригодишно крстарење околу светот веќе три месеци се „заглавени“ во Белфаст, Северна Ирска, па овој град практично стана нивен нов дом. Крстосувачот „Одисеја“, управуван од „Вила Ви резиденс“, пристигна на островот Квинс кај Белфаст за последните подготовки пред да тргне на првиот дел од патувањето. Бродот требаше да отплови на 30 мај, но сѐ уште е на почетната точка, поради проблеми со кормилото и менувачот. Меѓу ...
Бројот на заразени од западнонилска треска потврдени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) достигна 58 а во Институтот секојдневно пристигнуваат тестови кои се земаат од лица со симптоми на болеста. -Од Институтот, каде пред три недели имаше зголемување на случаите на енцефалитис и менингитис, велат дека има намалување на бројот на заболени од овој проблем. Курбин, Фиер и Лушња се области каде има повеќе случаи на заразени со ...
Француските власти уште во март издадоа налози за апсење на извршниот директор на Телеграм, Павел Дуров, и неговиот брат, Николај Дуров, коосновач на апликацијата за размена на пораки, според францускиот административен документ во кој „Политико“, како што наведуваат, ексклузивно имал увид. Документот покажува дека француската тајна истрага за Телеграм е поширока и дека започнала неколку месеци порано отколку што досега беше познатото. Случајот ...
Во текот на вчерашниот ден (29.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Во акцијата беа ...
Ајкула нападна и уби 16-годишен средношколец на Јамајка. Безживотното тело е пронајдено во водите северно од островот, соопштија тамошните власти. Тинејџерот Јахмари Рид живеел во Трелани, источно од популарниот туристички град Монтего Беј. Момчето, според наводите, отишло само на риболов рано наутро во понеделникот, а рибарите го пронашле неговото тело следниот ден со повреди што укажуваат на напад од ајкула, се вели во извештајот на ...
Во својот нов формат, паричната награда во Лигата на шампионите ќе скокне за 25% на минимум 2,5 милијарди евра по сезона, со резервирани 150 милиони евра за победникот во зависност само од резултатите, а потоа по 2,1 милион евра за секој освоен меч. Сумата за реми е 700.000 евра. Секое место на рангирањето носи повеќе пари – предвидено е готовинско учество од 275.000 евра по место. Тоа значи дека тимот што заврши на првото место во главната фаза ...
Во Босна и Херцеговина во 2023 година издадени се 2.449 работни дозволи, кои се пресметуваат во одобрената квота за работни дозволи за вработување странци од страна на Советот на министри на БиХ, од кои 579 се продолжени работни дозволи, а 1.870 дозволи за ново вработување, пренесува Анадолија. Овие податоци се дел од Годишниот извештај за реализација на одлуката за утврдување на годишната квота за работни дозволи за вработување странци во Босна ...
Народна банка информира дека продолжува растот на зелените кредити во портфолијата на банките и во вториот квартал од 2024 година. „Зелените кредити“ се заеми наменети за проекти кои поддржуваат одржливи, еколошки цели или цели кои придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестиции во нова еколошка технологија. Според податоците на Народната банка, во вториот квартал од 2024 година растот на „зелените кредити“ изнесува ...